Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
„Особено сме горди што Европската Унија го препозна усвојувањето на Патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација како конкретен и опиплив резултат на нашата посветеност. Овие стратешки документи претставуваат темел за изградба на поефикасни институции, посилно владеење на правото и поголема доверба на граѓаните во правосудниот систем“, се наведува во соопштението. Министерството за правда, се додава во него, ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. — реклама — По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава. ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ц.Џ. (32) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот на катастарска парцела во дебарското село Рајчица неовластено и спротивно на одредбите од Законот за градење изградил објект за домување. — реклама — По документирањето на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава. ...
Вчера попладне скопјанец бил пронајден во својот дом во Аеродром со повреди од нож. Сам се повредил при пад во кујната. - На 04.06.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден повреден со нож Д.Б.(46) од Скопје, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и според првичните сознанија и ...
Дваесет и едногодишен жител на Куманово е приведен откако не застанал на полициски знак за запирање додека управувал мотоцикл, информираше Министерството за внатрешни работи. Според информациите, настанот се случил на 4 јуни околу 23:50 часот, кога полициски службеници од СВР Куманово го привеле Ј.С. (21) од Куманово. Претходно, тој управувал мотоцикл и не постапил по наредбата за запирање дадена од полицијата, по што продолжил да се движи. ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре, (сабота), ќе биде домаќин на меѓународна конференција на којшто ќе биде промовирана „Скопска иницијатива“, заедничка активност која ги обединува регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии за демократски, европски и просперитетен Западен Балкан, информираат од оваа партија. „Скопската иницијатива“ како што појаснуваат, ја покрена претседателот на СДСМ, Венко Филипче со што, ...
Утре, 6 јуни, поради одржување на ревијална трка со почеток во 17:00 до 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено трката почнува со старт од Порта Македонија, потоа десно долж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до ...
Светот го одбележува а кај нас, последниве години мине незабележано, денот на животната средина на коj ако се навратиме само деценија наназад ќе се присетиме на дискусии и настани за подигање на свеста за заштитата на природата како и одговорноста што сите ние ја имаме во напатениот Велес од загадување со тешки метали. Воглавно лидери за организирање и спроведување на активностите беа граѓанските здруженија. Овој ден е воспоставен од страна ...
Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на локалната патна мрежа. Во рамки на активностите, денес беше започнато асфалтирање на улицата „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино. Станува збор за улица со вкупна должина од 550 метри и широчина на коловозот од 6 метри, со изградба на тротоар со широчина од 1,5 метри и отворен одводен канал долж целата улица за прифаќање и одведување ...
Премиерот Христијан Мицкоски денескат од самитот ЕУ-Западен Балкан на Тиват порача да бидеме трпеливи бидејќи ова се моменти кога ЕУ јасно кажува дека процесот на проширување е жив. Тој изјави дека, главна задача на Владата е да го зачува и унапреди евроинтегративниот процес, но овојпат без да се жртвува националното достоинство, како што, според него, се случувало во минатите децении „Наша цел е да останеме држава којашто испорачува најмногу ...
Добивај вести на Viber Шеесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека во семејната куќа пронашла предмет што наликувал на експлозивна направа. Според информациите од МВР, таа на 3 јуни околу 10 часот чистела шкаф со алат, кога го забележала предметот. На него имало натпис „СРБ“ и „БР. М75 школска“. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Целото известување од МВР На 04.06.2026 околу ...
Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за 13-те полициски службеници обвинети во предметот „Пулс“ каде во пожар загинаа 63 лица и околу 200 беа повредени. Според обвинението, критичната вечер полицајците не ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехника што довело до пожар во ноќниот клуб. Главната расправа продолжува со изведување на докази на обвинителството. Рочиштето го следи Марија Котовска. Во скопскиот Кривичен суд ...
Додека компаниите сè почесто алармираат дека не можат да најдат соодветен кадар, а илјадници млади дипломираат секоја година, останува прашањето – дали дипломата сама по себе е доволна? Како високото образование да одговори на потребите на современата економија и дали е време универзитетите и бизнис секторот да станат вистински партнери? На конференцијата во организација на Стопанската комора на Македонија се отвори дебатата за новата улога ...
Повеќе од 25 милиони евра вложени, над 100 километри реконструирани локални патишта и нови најави за почисти градови. Владата и локалните власти денеска ги презентираа плановите за подобрување на патната инфраструктура, транспортот и јавната хигиена. Освен нови патишта, најавени се и нови возила за комуналните претпријатија, претоварни станици и дополнителни контејнери … Ана Јосифоска известува. Повеќе од 25 милиони евра вложени, над 100 ...
Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Од нашите информации добиени од свиркачи, Стефан Богоев митото го договарал во директна комуникација со Александар Спирковски – Џемо, преку вибер конверзација. Џемо кој ја застапувал фирмата која го добила тендерот вреден 18 милиони денари, договорил и финансиски ...
Директорка на СБ за Косово и Македонија Карол Межеван напомена дека урбаната мобилност е исклучително важна. -Македонија станува сè поурбанизирана држава. Околу 60 проценти од населението живее во градовите, а таму се концентрирани и сè поголем дел од економските активности. Затоа урбаната мобилност претставува сериозен предизвик. Ова не е само прашање на транспорт. Станува збор за тоа како луѓето се движат, како стигнуваат до работните ...
Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта неделава од Македонија испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската Агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од фронтранерите Црна Гора и Албанија, истакна денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и ...
Касија Сентиќ Габер ќе студира политички науки, човекови права и право на Универзитетот „Колумбија“, преку дуална програма по политички науки (Sciences Po). Таа е примена и на други реномирани универзитети, меѓу кои Лондонската школа за економија и политички науки и Универзитетот во Единбург, како и останати универзитети во Велика Британија, Ирска и Германија. Касија е добитничка на целосната стипендија НОВА – Борис Трајковски, а нејзиниот ...
Парична награда од 10.000 денари доби секој ученик и наставник-ментор кој е дел од победничкиот тим од основното училиште „Дане Крапчев“ во населба Ченто, кој освои второ место на престижниот меѓународен натпревар „First Lego League“ во категоријата роботска игра. „Денес имав особена чест во Општина Гази Баба да ги примам учениците од ООУ „Дане Крапчев“, кои испишаа историја освојувајќи го второто место во светот на престижниот натпревар ...
Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки. Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во намерата да стави крај на дивеењето на трибините, без разлика од кого доаѓа. Почитувањето на противникот, ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, утрово гостуваше во студиото на Радио Лидер, каде што зборуваше за постигнатото во претходните неполни две години. Тој истакна дека во овој период биле реконструирани пет спортски сали, а започнала изградбата на уште три нови. Ристовски соопшти дека биле изградени и уредени над 50 спортски игралишта низ државата. Според него, во изминатиот период биле изградени и седум базени. Министерот во емисијата ...
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека остварил пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. -Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изнесе сериозни обвинувања за наводен криминал и корупција поврзани со Царинската управа во времето кога со неа раководеше Стефан Богоев. Според партиските информации добиени од свиркачи, поранешниот директор на Царина ја договарал сумата за местење на јавната набавка во директна комуникација со претставник на фирмата која го добила договорот. „Митото од ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција ги презентираше актуелните меѓународни и дипломатски постигнувања на земјава, упатувајќи притоа остри критики до опозициската СДСМ. Според партијата, последната посета на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, и обезбедените милионски средства од Планот за раст се реален доказ за опипливиот реформски напредок на Македонија на европскиот пат. ...
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, заедно со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Кристоф Зомер, денеска се обратија на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“. На настанот присуствуваа претставници на општините и јавните комунални претпријатија – корисници на проектот, државни институции, меѓународни организации, донатори и развојни ...
Денес во Тиват остварив средба со германскиот канцелар Фрудрих Мерц, во рамки на Самитот ЕУ Западен Балкан. Разменивме мислења за европските перспективи на регионот, предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и важноста од продлабочување на соработката и европската интеграција. Ваквите средби претставуваат можност за градење нови партнерства и зајакнување на врските кои се од значење за иднината на нашиот регион. Денес во ...
Според сведоштвата на нашите читатели, огнот брзо се проширил, а додека траел пожарот имало и граѓани кои чекале автобус на постојката што се наоѓа под самата Железничка станица каде секојдневно поминуваат и повеќе стотици автомобили. Граѓаните кои се нашле во близина сведочат дека густ чад се ширел низ Железничката станица, што привремено ја намалило видливоста и предизвикало непријатност кај минувачите. На терен интервенирале екипи на ...
„Битола не е тема на конзерваторски проект. Ние не сме археолошки локалитет, туку град. Треба да правиме проекти за ревитализација на градот, а на за конзервација“, реагираше архитектката Билјана Најдовска на јавниот форум за уредување на плоштадот Гоце Делчев, откако стручни лица кажаа дека за тоа ќе биде потребно одобрение од Управата за културно наследство. Законот за старо градско јадро, донесен во 2015, со заштита опфати голем дел од ...
Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски, по билатералната средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Тиват, изјави дека е исклучително задоволен од разговорите и дека Европската Унија јасно покажува дека процесот на проширување останува активен. Тој посочи дека Владата ќе продолжи да работи на реформите и на европската агенда, но притоа, како што рече, нема да дозволи да се загуби националното достоинство. „Имавме билатерална ...
Љубителите на македонската музика ќе имаат можност да уживаат во концерт на музичката група „Бели Мугри“, кој ќе се одржи утре 6 јуни 2026 година (сабота) во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево, со почеток во 19 часот. Настанот е замислен како вечер посветена на современата македонска музика, а организаторите најавуваат богата музичка програма исполнета со препознатливи мелодии, авторски композиции и современи аранжмани кои ја негуваат ...