Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Во Ново Лисиче во тек е исцртување на паркинг-места како дел од активностите за воведување зонско паркирање во оваа населба. Штом заврши обележувањето и поставувањето на информативните табли, зонското истовремено ќе се воведе и во Ново Лисиче и во Реонски центар, населби кои имаат исклучително сериозен проблем со паркирањето. Колку воведувањето на зоната Д, која ќе овозможи бесплатно паркирање за жителите и наплата од 25 денари за час за ...
Јасни пораки, но и стари услови донесе 23-тата конференција на КОСАП што се одржа во Струга. Евроамбасадорот Михалис Рокас уште еднаш ја потврди определбата на Брисел за почеток на преговорите, но децидно потсети дека обврските за уставните измени од 2022 година остануваат на маса. Рокас денеска од Струга повика на меѓусебна доверба и конструктивност во претстојниот период. И додека Брисел инсистира на уставните измени, кај нас се анализираат ...
Проектот за брз автобуски превоз, кој со години беше во застој, повторно е ставен во фокусот на градските власти во Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потврди дека соработката со Владата и Светската банка е клучна за придвижување на прелиминарната фаза. Овој систем се смета за столб на новата стратегија за урбана мобилност, која има за цел да го намали сообраќајниот метеж и да понуди одржливи алтернативи за движење низ главниот град во ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, истакна дека Министерството и Владата се посветени на изнаоѓање трајни решенија за еколошките предизвици во државата, со посебен фокус на аерозагадувањето. Според Хоџа, квалитетот на воздухот е прашање што ги засега сите граѓани, бидејќи загадувањето претставува еден од најсериозните еколошки предизвици со кои се соочуваат македонските градови. Тој посочи дека веќе се ...
Шок и заблуда повторно кај повозрасните лица, непознати лица повторно се јавуваат од странски броеви, соопштувајки им дека нивните деца или блиски имаат повреда, треба да им се изврши операција, а за им бараат големи износи на парични средства. Од СВР Штип потврдуваат дека во измниатиот период има зголемен број на вакви случаи и апелираат на големо внимание. Доколку граѓаните добијат вакви повици, потсетуваат дека веднаш треба да пријават на ...
Судењето за Талир два за за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на ВМРО ДПМНЕ влезе во фаза на завршни зборови. Обивнителот Кристијан Смилевски во завршниот збор побарал судијката да изрече осудителна пресуда за екс прмиерот Никола Груевски и соодветна санкција со оглед на тоа дека тој е веќе осудуван. Тој за Телма рече дека побарал и одземање и конфискација на партиското седиште и другиот имот што веке е замрзнат. Предложил и да се укине забраната за ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на ...
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, јавно реагираше преку социјалните мрежи на неодамнешните изјави на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Георгиевски сподели видео од интервјуто на Таравар, придружено со коментар што предизвика реакции во јавното мислење. Тој нагласува дека по многу години независност, политичките односи и перцепции во земјата добиваат нов правец. „По 35 години независност, ...
Иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нова динамика на интеграција на Западен Балкан, претставува уште една потврда на она што го говори СДСМ, дека има расположение во ЕУ за прошрување но Македонија мора да ги спроведе реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот, се вели во соопштението од СДСМ. „Нашата заедничка цел е да ја комплетираме Унијата како вистинска Европска Унија. За да ...
Приходите на обложувалниците и на фирмите за игра на среќа растат од година во година. Тоа значи дека сè повеќе наши сограѓани наоѓаат задоволство во обложување или ја испробуваат среќата на разни апарати. За некого можеби тоа е кусо задоволство со буџет од 100 денари еднаш во неделата, но за многумина е зависност. Анализата на Пари во соработка со Бизнис мрежа открива дека минатата година вкупниот приход на друштвата што приредуваат игри на ...
Целосно се завршени работните активности за имплементација на SCADA системот во филтер станицата во Штип. Како што информираат од ЈП Исар, активностите биле завршени до три часот по полноќ и водоснабдувањето е целосно нормализирано. Оттаму упатија благодарност за разбирањето и трпението. Имплементацијата на системот беше неопходна, бидејќи пред година и пол беше утврден сериозен проблем со загуби на вода од 58 до 63 проценти. Со ...
Неконтролираниот увоз го гаси македонското сточарство – алармира сточарот Бајрам Омер од Лакавица. Тој вели дека додека домашните производители се борат со пад на цените на јагнињата и овчото млеко, пазарот се преплавува со поевтино месо и млеко од странство, што дополнително ги турка на колена. „Нашето млеко е чисто и квалитетно, ама кој да го плати кога се носи увозно?“, вели Омер. Според него, наместо поддршка, сточарите добиваат нелојална ...
Пад на цените на доматот и пиперот на првиот петок од Јуни на пазарот во Штип, граѓани купуваа во поголеми количини. Пиперката денеска се продаваше по 60 денари, доматите по 70. Иако за дел граѓани пазарот беше евтин, за друг дел остана скап, ниските месечни примања одраз за ситуација. Велат скапо или евтино, мора да се купат основните производи за да се поминат деновите до следниот петок. Дополнително гледаа можност за да си купат рака цреши ...
Промоцијата на првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип се одржа денес во салата на Советот на Општина Штип. Настанот, кој по четврти пат го организира Општина Штип, има за цел да им оддаде признание на најуспешните ученици. Како што истакна градоначалникот Иван Јорданов, со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања. Од општината порачаа дека вложувањето во ...
Лекарската комора нема да му ја одземе лиценцата за работа на анестезиологот Ваљтон Дервиши од клиничката болница во Тетово, кој незаконски снимаше пациентки и ги објавуваше во живо на социјалната мрежа Тик-Ток. Од Лекарската комора тврдат дека на пациентите не им пречело тоа што докторот ги споделувал видеата на социјалните мрежи. Ова според нив е причината поради која судот не побарал од нив да му ја одземат лиценцата на Дервиши. Без таква ...
Голема гордост за Македонија! Младиот Македон постигна извонреден успех на натпреварот „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“, каде што најпрво освои златен медал во екипна конкуренција. Покрај тимскиот успех, тој го постигна и највисокиот индивидуален резултат меѓу сите учесници на натпреварот. Како круна на неговото извонредно достигнување, Македон беше награден со престижната George Lenchner Medal, признание кое се ...
В понеделник, во организација на „Биди зелен“, Сојузот на извидници на Македонија и Општина Центар, од 19:00 до 21:00 часот, во „Паркот на франкофонијата“ ќе се одржи настанот „Вело учи и вози“ – ден посветен на забава, учење и одржливи навики преку велосипед и активности на отворено. Во програмата се предвидени: учество на диџеј Гето Руд и добра музика, вело кино и кратки екофилмови, обраќања и презентации, како и забавни извиднички ...
– Како главен град и најголем урбан центар во Македонија, Скопје секојдневно се соочува со сериозни предизвици како сообраќаен метеж, зголемен број возила, потреба од поефикасен јавен превоз, подобра пешачка и велосипедска инфраструктура и намалување на загадувањето. Токму затоа, Планот за одржлива урбана мобилност е важен чекор кон системско, долгорочно и европски усогласено планирање на градот – истакна скопскиот градоначалник, Орце ...
Проф. Бранко САРКАЊАЦ Историјата им дава на припадниците на еден народ гордост. Велат, особено ако систематски се негирани и стигматизирани како инфериорни, ако им се одзема правото да имаат свои записи за својата историја и култура. Јасно, националниот интерес е секаде во светот главна морална и онтолошка претпоставка на секоја историја. Од позицијата на Македонија и на оспорен идентитет ние имаме и други претпоставки за кои треба да водиме ...
Скопјанка била повикана во полициска станица бидејќи физички го нападнала малолетниот син. - На 04.06.2026 во 18:00 часот во Полициската станица Карпош полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со О.Ѓ.(43) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 15-годишен син, информираа од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Скопјанка била повикана во ...
Членовите на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска гласаа дека е прифатлив и го проследија на натамошно читање предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Како што информира заменик-министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасиевиќ-Варџиски, основната цел на измените на Законот е да се воспостави фискално одржлива рамка ...
Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, денеска ги прими акредитивните писма од новиот македонски амбасадор Веле Трпевски. -Првично, на средбата со амбасадорот Трпевски, Бегај ги пофали многу добрите меѓусоседски односи и соработката меѓу Албанија и Македонија. Ја изрази својата посветеност на понатамошно зајакнување на овие односи во интерес на граѓаните, регионалната стабилност и заедничката европска перспектива, соопштија од кабинетот на ...
Јуни 2026 година носи мали или големи промени за повеќето знаци, но за два хороскопски знака овој месец би можел да означи почеток на сосема ново поглавје во нивните животи. По долг период на чекање, преиспитување и чувство на заглавеност, тие се соочуваат со настани што би можеле да го променат правецот на нивната иднина. Тоа се Водолија и Рак. Водолија Време е за смели потези. Водолиите влегуваат во период кој би можел целосно да им го ...
Финансиската полиција и Обвинителството за организиран криминал отворија истрага поради сомнежи за злоупотреби при јавна набавка за одржување хигиена на гранични премини и царински терминали, а еден од осомничените и сега притворени е поранешниот директор на Царина, личност на неделата: Стефан Богоев Накратко, Обвинителството соопшти дека се истражуваат сомнежи за местење тендер, противзаконито влијание и примање награда/поткуп поврзан со ...
Евроамбасадорот Рокас со порака до Македонија – европскиот нон-пејпер за Западен Балкан е обид за забрзување на процесот на пристапување. Ова следува еден ден по веста дека владите на Берлин и Париз во заеднички документ се залагаат за први чекори во интеграцијата уште пред полноправното членство. Според документот, исполнувањето на одредени критериуми за прием ќе биде наградено со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар и со ...
Судот анализира дали полицајците можеле да реагираат навреме Со презентирање видеодокази, мобилни листинзи и стручни анализи, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Главното прашање на денешното рочиште беше дали полицајците имале доволно време да реагираат пред избувнувањето на пожарот во кој животот го загубија 63 лица. ...
Од Министерството објаснуваат дека ова унапредување на примената на Е-дневникот е направено со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. -Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува интелигентно ...
Единаесетти век или учебникот по историја за седмо одделение во Македонија односно за шесто во Бугарија. Ова е точката на која заглави работата на комисијата уште пред шест години, а од која не може да се помрдне ниту новиот состав повеќе од една и пол година. Вчера и денес во Скопје се одржа 42-та средба на мешовитата историска комисија, единаесетта со новиот состав, која како и претходните заврши без никаков напредок, поместување или ...
„Може на некого тоа да му се допаѓа или да не му се допаѓа, но ја цениме искреноста и на Франција и на Германија што ја соопштија реалната состојба внатре во Европската Унија, којашто трае можеби во последниве седум, осум години. Дека апетитот за нови полноправни членки со целосни права и обврски (право на вето, гласање и слично) не е толку голем како што бил пред 13 или 15 години. Но, од друга страна, не нудат статус кво, туку нудат фазна ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку објава на социјалните мрежи предупреди на можни безбедносни ризици поврзани со организирање настан на кров од објект за кој, како што тврди, претходно била изречена забрана за користење. Јакимовски потсети дека минатата година општината забранила одржување забави на кровот на објектот поради безбедносни причини и наложила отстранување на пристапните скали. „Денес истиот ...