Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Непосредно пред продолжувањето на неговата голема турнеја низ Латинска Америка, 35-годишниот британски музичар Ед Ширан откри дека веќе еден месец страда од херпес зостер, Тој ја сподели веста на својот Инстаграм профил, каде што откри и дека ја избричил главата како симбол на нов почеток во животот. – Имам херпес зостер веќе еден месец. Не би му го посакал на никого, но закрепнувањето оди добро – напиша тој. Според клиниката Мајо, херпесот ...
Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски објави трогателна порака за момчето кое по 24 години отиде на местото каде неговиот татко загина за Македонија. Со тешки чекори и силни емоции, застана таму каде што заврши една приказна, но започна вечниот спомен за храброста и жртвата. - По 24 години, Кико за прв пат застана на светата земја кај Вејце… Не како дете што го бара таткото — туку како човек што ја носи неговата жртва во срцето. Тоа ...
Пејачката Дара Бубамара се најде во центарот на голем медиумски скандал откако во јавноста се појави приватна аудио снимка со интимна содржина и разговори од нејзиниот личен живот. Според информациите што кружат во медиумите, снимката наводно е направена без нејзина дозвола, во приватен разговор, а потоа е пуштена во јавност, што предизвика огромен бран реакции и шпекулации. По објавувањето на материјалот, Дара Бубамара се огласи и остро ...
Роден е како едно од шесте деца во семејство со српско потекло во с. Мирковци, недалеку од Винковци – Славонија, Република Хрватска. На 14 години оди да учи во Загреб, каде подоцна запишува и Филозофски факултет кој никогаш не го завршува. По стапките и насоките на неговиот татко, започнува да се занимава со карате, каде ќе дотурка до црн појас 2 дан. Ќе има и обиди да стане рок ѕвезда, откако же го оформи својот бенд со необично име – ...
ОВЕН Ова е добар ден да уживате во мир и тишина и да обрнете внимание на вашиот внатрешен свет. Одвојте време за медитација и поврзување со природата за да се чувствувате повеќе поврзани со вашата околина. Избегнувајте стресни ситуации и конфликти. БИК Денеска може да се чувствувате беспомошно или изгубено поради вашите работни обврски и пренатрупан распоред. Не се откажувајте лесно, туку искористете го ова како мотивација да продолжите ...
Од две работи, тиквички и павлака, совршено ладно предјадење, лесно за правење и декоративно. Состојки: за кори: 2 големи тиквички 3 јајца 5 лажици брашно сецкан магдонос сол за фил: 600 грама кисела павлака 2 чешниња лук и мелен бибер Подготовка: Изрендајте ги тиквичките, додадете сол и оставете ги околу 10 минути да се исцеди водата. Вклучете ја рерната на 180 степени. Матете 3 јајца со миксер околу една минута, додадете ги исцедените ...
Раскажуваме нова приказна за храбра мајка, овој пат главната хероина ни е познатата адвокатка Весна Тренкоска. Таа е самохрана мајка на три сина, Калин и Лазар, кои ги добила од првиот брак и Мартин кој го добила во вториот брак. Сите три деца се плод на љубов, но судбината не сакала децата да растат заедно со татковците. Тренкоска се разведувала два пати, како што вели, одбирала погрешни партнери, со пороци. – Првиот брак се случи на многу ...
Додека многу луѓе автоматски го поврзуваат летниот одмор со море, плажи и високи температури, сè повеќе луѓе избираат планини, свеж воздух, природа и активен одмор за да избегаат од секојдневниот живот. А за оние кои бараат поинаква, но сепак поприфатлива верзија на нивниот летен одмор, словачкиот град Попрад би можел да биде идеална дестинација, истакнуваат туристичките блогери. Познат како „прифатлива верзија на Алпите“, овој град нуди ...
Првата дама Меланија Трамп се појави во впечатливи дизајнерски комбинации при средбата со британското кралско семејство, а сега може да се открие приказната зад нејзината стилска гардероба. Британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила пристигнаа во Вашингтон на четиридневна државна посета, и покрај безбедносните грижи по неодамнешниот обид за атентат врз Доналд Трамп. Првата дама избра креации од американски дизајнери при средбите со ...
Долгорочните дефицити и беспарицата ќе бидат минато од 5-ти мај! За овие два знака ќе започнат 10 години просперитет во кои нема да им недостасуваат пари. Доста од грчеви во стомакот секој пат кога треба да платите сметка или да ја проверите состојбата на банкоматот. Од 5-ти мај сè ќе се промени радикално! За два хороскопски знака започнува период од 10 полни години просперитет, кога парите престануваат да бидат проблем и стануваат нешто што ...
Слаткарницата „Глејдс Хоуммејд Кендис“ во туристичкиот град Гатлинберг повторно била цел на упад од мечка, што е четврти ваков инцидент во објектот, пренесуваат локални медиуми. Според снимките од надзорните камери, животното насилно ја скршило стаклената врата, влегло внатре и ги превртело полиците, по што извадило и консумирало слатки производи. Сопствениците изјавиле дека со децении се занимаваат со производство на слатки, но дека ...
Музичкиот продуцент Дејан Костиќ откри дека хитот на Александра Пријовиќ „Дам, дам, дам“ бил наменет за Михајло Веруовиќ Војаж. Соработката со Дејан Костиќ ѝ ги донесе на Александра Пријовиќ песните „Дам, дам, дам“, „Психо“, „Марш“ и други, а музичкиот продуцент рече дека раскинувањето на соработката се должи на лошата енергија меѓу нив. Одговарајќи на прашања од гледачите во рубриката „Прашања на Инстаграм“ од емисијата „Амиџи шоу“, Костиќ ...
Нора Шаќири објави ретка слика со својот син Ијан, кој овој месец наполни шест години. Поранешната директорка на Театар „Комедија“ и познато ТВ-лице, ги разнежни своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи со емотивна фотографија со својот син. На фотографијата се гледа искрената и нераскинлива врска помеѓу мајката и синот, додека уживаат во заедничките мигови во топлите пролетни денови. Откако во април 2020 година стана мајка, Нора не ...
Ѕвездата од „Паркот Јура“, Сем Нил (78), потврди дека го победил ракот, четири години откако му беше дијагностициран рак на крвта во стадиум 3. Тој го припишува своето закрепнување на имунотерапијата, која ја примил откако хемотерапијата не успеала. Во интервју за „7 њуз Аустралија“ објавено на 26 април, Нил даде детали за својата борба. – Имав еден вид лимфом. Бев на хемотерапија, што беше прилично болен процес, но ме одржа во живот – рекол ...
Охрид, 29. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Lady Gaga и Doechii го објавија својот нов заеднички сингл „Runway“, кој е дел од саундтракот на претстојниот филм „The Devil Wears Prada 2“. Во филмот, песната се слуша во сцена сместена за време на Неделата на модата во Милано, кога се снимаат моменти кога моделите се подготвуваат зад сцената. Филмот ја продолжува приказната за легендарната Miranda Priestly, која ја игра Meryl Streep, фокусирајќи се на ...
Научниците укажуваат дека нарушувањето на нивото на невротрансмитерите може да игра важна улога во појавата на тинитус – постојано зуење во ушите, што отвора врата за нови терапии. Тинитусот, состојба што милиони луѓе ширум светот ја опишуваат како постојано зуење, свиркање или зуење во ушите, може да биде потесно поврзан со хемијата на мозокот отколку што се сметаше претходно. Новото истражување укажува на значајната улога на клучен ...
Ајурведската практика на користење вода изложена на сонце е поврзана со подобра енергија, варење и здравје на кожата. Водата „наполнета“ со сонце е интересна ајурведска практика која ги комбинира сончевата светлина и водата со цел подобрување на здравјето и рамнотежата на организмот. Овој метод се базира на верувањето дека сонцето како извор на енергија може да ја „оживее“ водата и да ги зголеми нејзините корисни ефекти. Во Ајурведата, тоа ...
За Моника и Нина, ќерките на Мики и Светлана Црнокрак, се почесто може да прочитаме во домашните медиуми. Наследничките на една од најхармоничните познати брачни двојки во Македонија, не ретко редат титули за убавина, ама и за нешто кое е далеку од модата. Заслугата за ова ја има помалата Нина која освен тоа што и таа како мама тато и дада сака да учествува на избори за убавина и ја негува модната традиција на Црнокрак, Нина негува страст и ...
Дознајте што ѕвездите имаат да ви кажат. Овен Среда ви носи наплив на енергија и потреба да преземете иницијатива. Можеби ќе сакате да ги забрзате работите, но важно е да не прескокнувате чекори. Фокусирањето на една цел ви носи конкретни резултати и чувство на задоволство. Бик Денес ви се допаѓа стабилноста, но околностите може да бараат да бидете пофлексибилни од вообичаено. Не се спротивставувајте на промените бидејќи тие можат да ви ...
На свечена церемонија одржана во рамки на Самитот и Бизнис форумот на иницијативата „Три мориња“, компанијата Pantheon Atlas ДОО и округот Сисак-Мославина потпишаа договор за соработка за развој на Pantheon AI – еден од најамбициозните проекти за вештачка интелигенција и дигитална инфраструктура во Европа. Станува збор за центар за податоци и иновативен кампус во Топуско со капацитет од гигавати, кој претставува најголема приватна инвестиција ...
Џиџи Хадид и актерот Бредли Купер се заедно од 2023 година, а својата врска ја чуваат во строга тајна. Минатата година беше објавено дека славната двојка планира свадба во 2026 година, и дека, според извор, Бредли веќе ја побарал раката од мајката на Џиџи, Јоланда Хадид. View this post on Instagram A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) Многумина го опишаа овој потег како потег на вистински господин, а за да биде работата поинтересна, ...
Хуманоста и солидарноста повторно добија силна потврда преку објава на социјалните мрежи, споделена од охриѓанката Зорица Спасовска, која понуди бесплатен одмор за семејства со деца со посебни потреби. Во нејзината објава стои дека сите родители кои не се во можност да си дозволат летување, можат да престојуваат во апартмани лоцирани веднаш до плажа во Трпејца, во периодот од 5 мај до 5 јули – целосно бесплатно. Гестот брзо се прошири на ...
Во последната деценија, модата во Македонија, особено кај младите жени станува поле на интензивна дебата- дали се работи за слободен израз или за наметнат модел на сексуализирана естетика? Одговорот не е едноставен. Тој лежи на пресекот меѓу културни норми, медиумско влијание и индивидуален избор. Според дефиницијата на сексуализација, таа се јавува кога вредноста на една личност се сведува на нејзиниот изглед и сексуална привлечност, често ...
Натпреварувачката Сара Новчиќ е позната како една од највеселите учеснички во „Ѕвездите на Гранд“, но зад насмевката што ја донесе на снимањето се криеше многу посериозна приказна. Имено, иако изгледаше весела и енергична на сцената, таа откри дека пристигнала на снимањето и покрај здравствените проблеми, и тоа директно од Ургентниот центар. Пејачката не беше единствената што се соочи со влошена здравствена состојба. Нејзиниот дуелист и ...
Брисел– Европскиот парламент ги одобри првите правила на ниво на Европската Унија за подобра заштита на мачките и кучињата. Според новите правила, во иднина, мачките и кучињата во ЕУ мора да бидат идентификувани преку микрочипови и регистрирани во интероперабилни национални бази на податоци за справување со незаконска трговија со животни. Обврската ќе важи за продавачите, одгледувачите и засолништата за миленичиња, четири години по ...
Единаесет видови рак стануваат сè почести меѓу младите луѓе во Англија, покажува една голема анализа. Целосното објаснување зошто стапките на рак се зголемуваат сè уште им е непознато на научниците. Но, студијата открива дека долгоротрајниот тренд на пораст на прекумерната тежина веројатно има одредена улога, иако тоа воопшто не е целата приказна, пишува Би-би-си. Научниците од Институтот за истражување на ракот и Империјал колеџот во Лондон ...
Музичката индустрија во 2026 година дефинитивно ги урна „ѕидовите“ меѓу жанровите. Повеќе не станува збор само за маркетинг трик, туку за нова ера во која публиката одбива да биде ставена во „фиоки“. Според анализите на Billboard и GRAMMY, колаборациите меѓу различни музички светови, како кантри-рап или К-поп со западниот звук, веќе не се егзотика, туку главен модел за создавање хитови. Дигиталната култура и алгоритмите го научија ...
Односот родител – дете на големо се дискутира деновиве во јавноста по случајот со сурово врснично насилство во Ѓорче Петров - случај кој го следи и полицијата. Голем број стручни лица деновиве ги споделија своите ставови во кои искажаа загриженпст што насилството е во постојан пораст меѓу младите! Како е можно деца на 12,13 години да прават такви сурово работи како мачење животни, гасење цигари од кожа на друго дете, од каде „идеја“ за ...
Марија Микиќ неодамна се разведе од Јован Пантиќ, со кого има две деца. Пејачката помина низ многу тежок период бидејќи се соочи и со здравствен проблем, кој за среќа го реши. Во тој момент, нејзината мајка ѝ беше најголемата поддршка, а сега Марија ја покажа за првпат на социјалните мрежи. Судејќи според најновата објава, двете имаат исклучително блиска врска. Двете дами го одвоија денот за себе и отидоа на фризер. Модерно облечени, ...
Австралиската актерка Ребел Вилсон сведочеше на судењето за клевета во Сиднеј, покренато од нејзината колешка Шарлот Мекинес. Вилсон се појави на суд во вторникот, 28 април, каде што беше испрашувана од адвокатите на актерката која глумеше во нејзиното режисерско деби, „Деб“, пренесува „Пипл“. Мекинес ја тужи Вилсон поради објавите на Инстаграм од 2024 и 2025 година. Во објавите, Вилсон тврди дека продуцентката на филмот, Аманда Гост, ...