Тони Михајловски, првенец на Македонскиот народен театар е добитник на наградата за најдобар актер на вечерта, доделена веднаш по изведбата на претставата „Народен пратеник“ на јубилејното 30. издание на фестивалот „Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац. Претставата „Народен пратеник“, по текст на Бранислав Нушиќ и во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, беше изведена пред фестивалската публика и ...

Актерот Тони Михајловски ја доби наградата за најдобар актер на фестивалот „Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац, за улогата во претставата „Народен пратеник“. Во ист ден, во Велес, актерката Тања Кочовска првпат доби фестивалска награда во Македонија, освојувајќи признание за најдобра споредна женска улога на фестивалот „5РЕ“, исто така за улога во „Народен пратеник“. Двајцата се дел од ансамблот на Македонски народен ...