Граѓаните на Бугарија, според најновите податоци на Евростат, се изложени на најголем ризик во ЕУ од запаѓање во сиромаштија и социјална исклученост. Нешто повеќе од 30 отсто од Бугарите, приближно 28 отсто од Романците и 27 отсто од Грците се соочени со таков ризик, додека од другата страна на табелата, со најмал процент на граѓани врз кои надвиснува сиромаштијата, се Чешка со само 11,3 отсто, како и Словенија и Холандија со околу 15 проценти ...

Во текот на изминатата година, повеќе од 93 милиони луѓе во Европската Унија беа изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Тоа е 21 процент од населението. Ова значи дека тие живееле во домаќинства кои имале барем еден од трите ризици од сиромаштија и социјална исклученост: ризик од сиромаштија, тешка материјална и социјална депривација и живеење во домаќинство со многу низок интензитет на работа, истакнува Европскиот завод за ...