НОВАТА СЕРИЈА НА АВТОРОТ НА „ПИКИ БЛАЈНДЕРС“ Е ЗА ПОДЕМОТ НА СКА СЦЕНАТА ВО АНГЛИЈА

Лондон, (Би-Би-Си)

Би-Би-Си објави трејлер за „Овој град“ (This Town), новата серија на авторот на „Пики блајндерс“, Стивен Најт, која зборува за подемот на ска сцената во Англија. Дејството се случува во 1981 година и следи четворица млади луѓе кои сакаат да формираат бенд среде големите политички и економски немири во Бирмингем.

Серијата ќе има шест епизоди, а режисер е Пол Витингтон, кој работеше на „Круна“. Насловот на серијата е инспириран од песната „Град на духови“ (Ghost Town) од групата „Спешлс“.

Премиерата ќе биде на 31 март.