
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Ќе готвиме и ќе се забавуваме со турското шоу "Снаи и свекрви", ексклузивно на МТМ - ПРВА СКОПСКА од 8 арпил, секој работен ден во 18:30 и 22:30 часот. Турско кулинарско шоу преку кое ќе научите да готвите, но во меѓувреме, ќе се забавувате и релаксирате. Во "Снаи и свекрви", невестите подготвуваат храна во студиото, а нивните свекрви ги гледаат на екранот и судат како готват. Кога ќе истече времето, свекрвите дегустираат без ...
Помпезно најавената конфискација на имотот на „Трансмет“ во вредност од 17 милиони евра, со која требаше да се обестшети државата поради наместен тендер во РЕК Битола во 2011 година, се претвори во пародија на механизмот конфискација. Имотот, која сега е на име на државата, постојано се раскрчмува преку извршители бидејќи предност да си ги наплатат побарувањата имаат други доверители, како фирми и банки Повеќе државни институции, на ...
Авантурите на главните јунаци кои започнаа во 1987 година, во хит серијата „Полна куќа“, продолжуваат во 2016, со нови сезони и друг наслов „Преполна куќа“. Дејството продолжува околу 20 години по завршувањето на оригиналната приказна, кога Дени Танер ( Боб Сагет) е подготвен да се сели од семејниот дом кој досега го делел со неговара ќерка Диџеј (Кендис Камерон Бјур), која пак од неодамна е вдовица. И покрај двоумењата, ...
Погледнете го новото издание на емисијата ,,360 степени” емитувано на ТВ Алсат на 25 март 2022 г. Емисијата третира две теми: -Кој ја добива војната со информации во контекст на инвазијата на Русија во Украина, на која дебатираат Емир Хасановиќ (Институт за стратешки дијалог, Лондон) и Сефер Селими (Democracy Lab, Скопје); -Зошто Владата го повлече предлог-законот за правно признавање на родот, на која разговараме со Маја Морачанин, ...
Очите на светската политичка елита свртени кон Украина - кои ќе бидат одлуките на вонредниот НАТО самит во Брисел? И додека Западот дебатира, а Зеленски бара помош, во Украина се повеќе градови се срамнети со земја и се случува хуманитарна катастрофа. Како до мир? Колку Европа и САД калкулираат во санккциите кон Путин на сметка на заштита на личните интереси, а врз грбот на Украинците? Руската инвазија нема да го приближи Западен Балкан кон ЕУ, ...
Од завчера официјално започна пролетта. Уште пред да пристигне, на југоистокот на земјата се садат раноградинарски култури во пластеници. Ристо Велков во Василево одгледува рана пиперка, краставици, домати и зелка. Но, оваа година, вели, бербата ќе биде понеизвесна. Климата е фактор веќе години наназад, но поради војната во Украина драматично поскапеле и репроматеријалите. „Дали нашите земјоделски производи, пред се градинарски, ќе бидат ...
Дирекција за безбедност на класифицирани информации или скратено ДБКИ. Ова е институцијата надлежна за заштита на тајни информации и нивна размена со НАТО и Европската Унија, а ги издава и т.н. безбедносни сертификати – документи со кои одредени лица добиваат пристап до тајните информации на државата, НАТО или ЕУ. „Самите безбедносни проверки за тоа дали некое лице претставува или не безбедносен ризик ги вршат надлежните служби. Кај ...
Српскиот пејач Ацо Пејовиќ последниве месеци го сврте вниманието на јавноста поради маестралните изведби во филмот „Тома“. Песната „Полноќ“ стана хит, а во студиото на „Репортер“ ја запеа „Проклета е оваа недела“, песната на која по првата проба, му рекле: „Тоа е тоа, еве кој ќе го пее Тома во филмот“. Пејовиќ деновиве беше во Скопје за да го најави концертот на 9 април. Кога е тука, ...
Пејачката Ивона Јовановиќ ослабе 60 килограми и првпат во животот облече фармерки. Шест месеци по операцијата на желудникот вели дека конечно е задоволна кога ќе се погледне во огледало. „Веќе ја немам онаа лажна самодоверба. Кога се затворивме во пандемијата, дознав многу работи за себе, на пример дека се прејадував не затоа што сум била гладна, туку за да го скријам стресот. Денес животот ми е сменет, вежбам јога, медитирам, посветена ...
За граѓаните брашно и зејтин со ограничени количини, за функционерите бифтек по багателни цени. Владата се пофали дека буџетарите допрва ќе штедат. Колку ценовникот од функционерскиот ресторан на виделина ја извади цела иронија? Колку четири години по контраверзниот чин на гласање на законот за употреба на јазиците, меѓу неколку сета антикризни економски мерки. Владата донесе уредба за двојазични полициски униформи - беше толку приоритетно? ...
Март 2020. светот е во паника, новиот вирус се шири забрзано. На мапата на Ковид-19 се наоѓа и Македонија. Стра и исчекување и многу нови наративи. Потребни и непотребни набавки на правење залихи на тоалетна хартија, брашно и шпагети. Смртноста во Македонија расте, Вакцинацијата доцни, но забрзани се шират теориите на заговор. Медиумите наспроти или заедно со лекарите? Коронавирусот и дезинформациите - како е со светот, на Балканот и во ...
Шефот на Делегацијата на ЕУ вели дека е загрижен од растечката политичка поларизација, особено во Собранието, поради што им порачува на „различните политички групи да седнат и да кажат – да, не се согласуваме за многу нешта, но се согласуваме за државните интереси, се согласуваме за ЕУ-агендата и за тоа дека сакаме да напредуваме„. „Тоа значи дека ќе има помалку употреба на европското знаме за да се скрати дебатата, но и ...
Очите на светот за џабе свртени кон Анталија, средбата меѓу Русија и Украина очи в очи не донесе никакво поместување. Дополнително преговорите во Турција не ја сопреа руската агресија - цивили, меѓу кои и деца, и натаму гинат. Зошто Западот го остави Зеленски сам, како што и тој обвинува? Какви последици може да очекува земјава од што се разбуди на црната листа на Путин? Колку руската инвазија врз Украина ќе биде тригер за брза интеграција на ...
Флориан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и експерт на БИЕПАГ (The Balkans in Europe Policy Advisory Group), во интервју за 360°, зборува за импликациите врз Западен Балкан во контекст на руската агресија на Украина. Бибер, кој важи за одличен познавач на регионот, не мисли дека има директна закана за безбедноста на Балканот, но и предупредува дека Русија, иако ограничена, сепак има одредени можности за дестабилизација. Слаба точка, ...
Македонија почнува да ги брои економските штети. Овоштарите во загуба, Украина го откажа откупот на јаболка. Во прашање и пласманот на праските. Градинарите на чекор до криза, руско украинскиот пазар за пласман на македонски зеленчук изгубен. Русија и Украина најголеми извозници на житарки. Какви ќе бидат последиците за земјава? Има ли владата план како ќе им помогне на заемјоделците? Во каква кондиција се стоковите резерви? За состојбите, ...
"Екатерина Велика", раскошна и возбудлива серија на руската продукција за една од најзначајните жени во европската историја во 18. век. Во средиштето на приказната е Софија Фредерика, ќерка на осиромашен пруски кнез чии родители се подготвуваат да ја пратат во Русија како би станала невеста во царскиот дворец, желба на тогашната Царица која сака да го ожени нејзиниот внук. Така започнува авантурата на младата девојка, која доаѓа во ...
Ги купивме истите (основни) продукти на 28 февруари (последниот ден со замрзнати цени) и во неколку наврати од 1 март наваму (откако влезе во сила одлуката за замрзнати маржи) за да видиме дали има разлики во цените и какви Проценката на компаните е дека највисоката маржа во трговијата на мало не треба да биде пониска од 20 проценти, додека маржата во трговијата на големо треба да се постави на 10 проценти, велат од Стопанската комора 28 ...
Композиторот и продуцент Јован Јованов неколку години живее во Канада. Деновиве е во Скопје. Вели имал малку луфта овој период па можел да дојде. Првпат беше гостин во студот на „Репортер“, па со него зборувавме сешто. „Кога сум во Канада, ми фалат пријателите од Скопје. Да можам да ги преселам сите таму блиски, ќе биде супер. А, кога ќе дојдам во Скопје, уште од аеродром ме нервира менувачот на колата затоа што е мануелен, па ...
Од речиси секое украинско семејство има член кој директно учествува во одбраната на земјата. Таков е случајот со Олена Сомер која живее во Финска, а потекнува од Одеса, град на југот на Украина од каде доаѓа најсилниот руски удар Сомер, чии брат и чичко се борат во украинската армија, во интервју за „360 степени“ раскажува за состојбата и животот на нејзините роднини во Одеса по почетокот на руската инвазија врз Украина. ...
Замрзнати депозити на руски олигарски во европски банки, европското небо се затвори за руските авиокомании, финален удар за руската централна банка. До сега невидени драконски санкции од Европската унија за Русија. Путин го кажа она од што се плаши светот и нареди готовност на нуклерните сили. Дали не дели чекор од Трета светска војна? Судбината на Киев ќе ја исцрта судбината на Европа, на светот. Искра надеж во најавените преговори меѓу Киев и ...
Украинката Татјана Урбанович, која околу 10 години живее во Скопје, во интервју за „360 степени“ говори за состојбата во која се наоѓаат нејзините роднини и пријатели во различни украински градови. Зошто иако имале опција, не ги напуштиле родните огништа и каква помош очекуваат од Северна Македонија? Погледнете го видеото. 360°: Татјана Урбанович, што велат вашите роднини и пријатели, како во овие моменти се живее во Украина? Па, ...
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека Украина нема да се предаде или капитулира во преговорите со Русија и дека подготвеноста на Русија да зборува без никакви предуслови, ултиматуми и барања е веќе победа за Украина. „Значи, мислам дека фактот што Русија е подготвена да разговара без никакви предуслови, без никакви ултиматуми, барања кон Украина, веќе е победа за Украина“, рече Кулеба на брифингот, ...
Победата на Андреа Коевска на македонскиот избор за Евросонг за многумина беше изненадување. Дури и таа вели дека сè уште не може да поверува оти песната Circles победи, па во мај ќе ѝ се исполни детскиот сон да пее на Евровизија во Торино. „Никогаш не сум била поспремна во животот. Слушнав секакви коментари, ама се трудев да не ги читам негативните. На луѓето не им беше јасно како еден анонимец може да победи. И не им се лутам. Јас ...
Оставете ги слатките и подгответе се за „Фитнес“ на МТМ - ПРВА СКОПСКА ТВ. Од 3 март на најдобрата скопска телевизија МТМ започнува нова руска хумористична серија. Затоа, бидете одлучни и намалете го вишокот на килограми. Подгответе се за смеа и забава, но и малку вежбање со рускиот хит ситком "Фитнес", од понеделник до петок во 22 часот. Што се случува кога една девојка со поприлично вишок килограми, ја губи ...
„Куќата на Европа“ во Крива Паланка во петокот го прослави првиот роденден. Кога се отвори, беше втора во земјава и оттогаш функционира како „место на новата генерација“ во градот во кој се наоѓа, но и во целиот североисточен регион. Идејата на постоењето на Куќата на Европа е да биде простор каде младите ќе можат не само да се дружат, туку и да учат и да разменуваат идеи. Во првата година од постоењето во објектот во ...
Иницијативата за воведување квоти за соодветна застапеност на лицата со попреченост во изборната администрација, но и на кандидатските листи за пратеници и за советници доаѓа од невладини организации кои со години се активни во оваа сфера и одблиску ги гледаат аномалиите на правната рамка, но и на нејзиното спроведување За идејата прашавме дел од политичките партии од кои, очекувано, добивме различни одговори – дел поддржуваат воведување ...
Кога децата се богатство, не е важно дали се рожба или посвоени. Животна приказна за еден македонски подвиг-две посвоени деца во еден родителски дом, искрено со Радмила Живановиќ. Општините и јавните претпријатија веќе направија долгови од 100 милиони евра. ЗЕЛС бара нови владини донации, премиерот Ковачевски одговара рационализирајте си ги трошоци, интервју со Горан Герасимовски градоначалник на Центар, една од најбогатите општини. МИА и БТА ...
Една од темелните вредности на Уставот е поделбата на државната власт на извршна, законодавна и судска. Иако во теорија законодавната власт, односно Собранието, би требало да ја контролира извршната власт, односно Владата, до скоро не беше така дури и за елементарни прашања. По 30 години демократија, Собранието лани првпат доби независен буџет и собраниска служба. Законските измени што го овозможија тоа беа иницијатива на претседателот Талат ...
Зошто одговорните во надлежните институции во Македонија немаат никаква одговорност за случајот со малата Ембла, но и генерално, со многу случаи кои ги покажуваат сите дефекти на македонскиот систем - Владимир Лазовски од Министерството за труд и социјала отфрла каква било одговорност. Говорат Александар Матовски-Цако, младото момче кое со Даунов синдром има потешкотии во општеството за разбирањето за неговата различност, Ребека Јанковска, како ...
Кога на почетокот на пандемијата тогашниот министер за здравство, Венко Филипче, секојдневно одржуваше пресови за да ги соопшти бројките на заразени и починати од корона, меѓу пораките што ги добиваше беа и оние на извесна Лиде Лиде. Таа постојано го канеше на кафе и со своите шеговити коментари за кратко време се најде во центарот на вниманието. Малкумина тогаш знаеја дека зад Лиде Лиде се крие Лидија Гиновска, која во разговор за ...