Search

Петар има дијагноза аутизам, оди во средно училиште, а дома прави тестенини

Родителите на децата со попреченост најмногу се плашат од фактот дека еден ден ќе нема кој да се грижи за нивните деца и затоа им е важно да се осамостојат што е можно повеќе и да најдат работа. Еден таков позитивен пример е осумнаесетгодишниот Петар Чоп од Слуњ, кој со помош на семејството произведува домашни тестенини, за кои веќе е награден.

Секој ден прави домашни тестенини, а додека се меси тестото, мора да ги измери и пакува претходно исушените тестенини. Сето тоа го прави додека посетува редовно училиште во Карловац. Инаку, тој има дијагноза од спектарот на аутизам. Со помош на асистент отишол во редовна градинка, основно училиште, а сега завршува средно градинарство.

Целата приказна погледнете ја во продолжение:

Извор: index.hr

Најново

Последни колумни