Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Златото и среброто достигнаа рекордни максимуми откако Министерството за правда на САД се закани дека ќе ги гони Федералните резерви, оживувајќи ги грижите за нејзината независност, а протестите во Иран ја поддржаа потрагата по азил, објави Блумберг. Фјучерсите за злато во САД беа на 4.587,35 долари за унца од 7:50 часот наутро по наше време, а среброто се приближуваше до 85 долари за унца откако претседателот на Федералните резерви, Џером ...
Добивај вести на Viber Декември донесе празнична прадост и многу добивки за играчите на ВЛТ. Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 67.001.570 денари или нешто повеќе од милион евра, на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија во перидот од 01.12.2025 до 31.12.2025. Овие бројки се убав доказ за илјадници нови среќни приказни. Среќни бројки во декември: 3РОЈАЛ џекпот добитници → заедно поделија 31.255.989 денари 18 ...
Цената на јајцата во малопродажбата од денеска е сериозно намалена, или поточно кажано е вратена на претходното ниво пред вртоглаво да се зголеми. Дел од маркетите веќе од денес ја имаат намалено цената за околу 60 до 80 денари за табла од 30 јајца, односно за 30-40 денари за табла од 10 јајца, додека според најавите од добавувачите дел од маркетите цената би ја ревидирале во наредните денови. Па така табла од 30 јајца која се продвала за ...
Австриската влада во моментов финализира своја индустриска стратегија, која треба да ги одреди клучните технологии за иднината на земјата. Целта е да се обезбеди перспектива за производниот сектор по три години на криза и економска неизвесност. Идејата на прв поглед изгледа едноставно, но предизвикот е многу поголем. Дали Австрија може навистина да влијае на глобалниот пазар со едeн стратегиски документ? Во момент кога економската ситуација е ...
Секоја криза, без исклучок, има ист редослед на удар. Прво некако тивко, речиси незабележливо, почнува кај оние што и претходно живееле на работ. Кај луѓето што немаат заштеда, немаат „резерва“, немаат простор за маневар. Тие што и во нормални времиња броеле денови до плата, во криза почнуваат да бројат оброци. И тоа не е случајност, ниту морална категорија, туку чиста економска логика. Кризите ретко доаѓаат со сирени. Најчесто почнуваат со ...
Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на домашните ценовни притисоци, а регистрираниот месечен раст е статистички изобличен од цените на авионскиот превоз, оцени гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалната мрежа Х („Твитер“). Месечната инфлација во декември 2025 година, во споредба со ноември, изнесува 0,4 проценти, при што растот се должи исклучиво на категоријата транспорт, ...
Нема никаков напредок околу прашањето за зголемување на минималната плата. Владата како да нема слух за барањата на синдикатите и за потребите на работниците за зголемување на платите и наместо да бара решение сака да остане настрана од проблемот. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека не гледаат „светло во тунелот“ , односно позитивни вибрации од страна на Владата и работодавачите за поголемо зголемување на платите од законското ...
Добивај вести на Viber Поранешниот премиер и специјален владин претставник за олеснување на затегнатите односи со Бугарија, Владо Бучковски, презема фирма и стана бизнисмен. Професорот по римско право од пред Нова година е единствен сопственик на Хербос Дооел Скoпје, фирма регистрирана на почетокот од 2025 од Ристо Коруноски. Управител е Елисавета Коваческа Коруноска. Регистрираната дејност е трговија на големо со пијалаци. Булковски ја ...
Хотелот на стадионот на англискиот фудбалски клуб Блекпул воведе казни до 2.500 фунти (околу 2.900 евра) ако го гледаат теренот низ прозорецот на своите соби за време на натпреварите, објавува GB News. Хотелот „Стадиум Блекпул ФК“, управуван од синџирот хотели „Радисон Индивидуалс“, на својата веб-страница наведува дека гостите во таканаречените „Executive Pitch View“, луксузни соби со директен поглед на теренот, мора да ги спуштат завесите ...
Добивај вести на Viber Во повеќето европски земји каде македонските граѓани се иселуваат, стапката на невработеност е ниска. Овие држави имаат едноцифрени стапки на невработеност, нешто што не е случај со Македонија. Германија, земја каде се преселија многу Македонци е со стапка на невработеност од 3.8 отсто според Евростат. Словенијa бележи 5 отсто невработеност, а Холандија има 4 отсто невработеност. „Точно е дека Словенија е успешна и ...
Судскиот совет денеска треба да ја одржи 534. седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои за престанокот на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност. Дневниот ред опфаќа и расправа по Пресудата на Управниот суд У‑5 бр. 380/2025, за уставната судијка Елизабета Дуковска, како и по Известувања за ...
Добивај вести на Viber Празниците се време кога паричниците се истегнати, како поради новогодишните и божиќните празници, така и поради бројните прослави по разни пригоди. Затоа, јануари е најдолгиот месец за многумина поради сложената финансиска состојба и значителниот недостаток на средства. Се поставува прашањето како да се испланира домашен буџет за празниците, како мудро да се трошат парите и кои купувања треба да се „прескокнат“ во тој ...
Берзите влегоа во новата година со нова енергија. Американскиот индекс S&P 500 во петокoт се искачи на нови врвови и оствари неделна добивка по објавувањето на најновиот извештај за работни места во САД. Широкиот пазарен индекс се зголеми за 0,65 отсто и затвори на 6.966,28 поени, што е нов рекорден крај на тргувањето. Исто така, достигна нов рекорден максимум за време на тргувањето. Nasdaq Composite се зголеми за 0,81 проценти и ...
До кога ќе можат централните банки да ги користат референтните каматни стапки за да ја креираат монетарната политика е прашање што неодамна го зачна Светскиот економски форум (СЕФ) од каде што алармираа дека стареењето на населението претставува растечки предизвик за ефикасно користење на овие алатки. Оттаму укажаа дека се очекува уделот на населението на возраст од 65 години или повеќе речиси да се удвои до 2054 година. Со оглед на тоа што ...
„Сигурна работа“ долго време беше една од најупотребуваните фрази во разговорите за иднината. Родителите ја користеа како заклучок, наставниците како совет, а општеството како тивка гаранција дека ако човек „се фати некаде“, животот ќе тргне по предвидлива линија. Денес таа фраза звучи поинаку. Не е исчезната, но е испразнета. Како збор што сè уште се изговара од навика, а веќе не значи истото. Сигурноста порано се мереше едноставно: редовна ...
Нивото на пополнетост на подземните складишта на гас (GSF) во Германија и Франција падна под 50 проценти, соопшти руската нафтена компанија Газпром. „Според податоците од Гас Инфраструктура Европа (GIE), од 9 јануари, 48,2 проценти од резервите на гас останале во подземните складишта на гас во Германија и 49,2 проценти во Франција“, се вели во соопштението на компанијата. Студеното време што пристигнува во Европа го поттикнува забрзаното ...
Добивај вести на Viber Монтажните куќи добиваат сè поголемо внимание како брза и практична алтернатива на класичната градба, бидејќи цената по квадратен метар е помеѓу 1.200 и 1.600 евра. Иако претходно се поврзуваа со понизок квалитет и пократок животен век, новите технологии и материјали овозможуваат трајност до 100 години, а цените по квадратен метар се движат помеѓу 1.200 и 1.600 евра. Сепак, сè уште постојат многу сомнежи за реалните ...
Финансии / Банкарство ИНДЕКСОТ НА ЉУБЉАНСКА БЕРЗА ГО ДОСТИГНА РЕКОРДОТ ПО ПОВЕЌЕ ОД 18 ГОДИНИ 11.01.2026 Сподели: По повеќе од 18 години, индексот SBITOP на Љубљанската берза достигна рекордно високо ниво. Минатата недела акциите на Сава Ре пораснаа најмногу, за дури 16 проценти, по што следуваа акциите на Пристаништето Копер, кои пораснаа за 14 проценти. Двете акции за кои станува збор веќе беа во првите редови на растот минатата година, ...
Биткоинот ја завршува првата трговска недела во 2026 година со стабилизација на цената околу 90.000 долари, откако не успеа да ја пробие психолошки и технички важната граница од 95.000 долари. Во однос на истиот период лани, најпознатата криптовалута бележи пад од околу два процента. По краткотрајното закрепнување во текот на неделата, биткоинот повторно се најде под нивото кое претставуваше ценовен плафон по октомвриската распродажба, со ...
Добивај вести на Viber Во третиот квартал од 2025 година, кредитниот ризик во банкарскиот систем бележи дополнително подобрување и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор. Вкупната стапка на нефункционални кредити се намали на 2,3 проценти, што претставува нов историски минимум, покажуваат податоците од Народна банка на Република Северна Македонија. Подобрувањето произлегува од намалениот обем на нефункционални кредити кај двата ...
Добивај вести на Viber Во минатото, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) складираа големи резерви на нафта под земја. Денес тие прават нешто слично, но со вода за пиење. Земјата сега складира десалинизирана вода во подземни резервоари поврзани со градскиот водоводен систем. Водата се пумпа во градската мрежа по потреба, а подземното складирање е безбедно и контролирано. Зошто подземни резервоари? Главната причина е екстремната клима. ...
Родовиот јаз во платите е добро документиран феномен низ цела Европа. Во Европската Унија (ЕУ), жените заработувале 12% помалку од мажите во 2023-та година, според податоците на Евростат, што значи дека заработувале само 88 евра за секои 100 евра заработени од мажите. „Euronews“ објавува дека јазот е уште поголем кога станува збор за пензиите. Во 27 европски земји, вклучувајќи ги и земјите надвор од ЕУ, жените добиваат значително пониски ...
Познатиот инвеститор Мајкл Бари, кој во изминатите месеци привлече внимание со своите критики за бумот на вештачката интелигенција, презема стратегиска позиција против компанијата Орекл. Неговиот потег е значаен показател за можните предизвици во технолошкиот сектор. Бари, познат по своите проницливи инвестициски анализи, објави детали за своите финансиски позиции преку платформата Субстек. Неговите опции против акциите на Орекл сугерираат ...
Хрватска, Црна Гора, Словенија веќе ги објавија огласите за вработување во текот на сезоната, а понудените плати достигнуваат и до 2.200 евра месечно. Работодавците се децидни дека и покрај тоа што знаат дека треба да растат платите за да ги задржат младите, мораат да бидат внимателни за да не го загрозат опстанокот на компаниите. – Сите држави во околината имаат повисоки квоти за увоз на работници од нас. И Србија е далеку пред нас, таму, ...
Добивај вести на Viber Германија, економскиот мотор на Европа, се подготвува да ја исклучи една од најдолготрајните технологии на модерната ера. Втората генерација на мобилна телефонија, попозната како 2G или GSM, која го најави ерата на дигиталната мобилност и текстуалните пораки во раните 1990-ти, станува историја. Водечките телекомуникациски оператори во Германија објавија конкретни планови за затворање, предизвикувајќи бран ...
Најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2026 година покажуваат тивко, но исклучително значајно поместување на економскиот центар на гравитација во Европа. Според податоците за номиналниот БДП по земји, Романија е позиционирана точно на средината од европскиот ранг – пред Чешка, Грција, Португалија, Финска, Унгарија, па дури и пред Луксембург, а само малку зад Данска. За земја што пред десет години се сметаше за периферија ...
Во петок, Доналд Трамп повика на воведување на едногодишен 10% лимит на каматните стапки за кредитни картички, истакнувајќи дека американската јавност е неправедно оптоварена со високи трошоци. Преку неговата платформа Truth Social, тој изрази загриженост за финансиските оптоварувања со кои се соочуваат граѓаните. Предлогот има за цел да ја заштити потрошувачката моќ и да ги намали економските притисоци врз просечното домаќинство. Трамп смета ...
Синџирот на продавници Market Basket доби забележително признание во најновото национално истражување на синџирите за намирници, рангирајќи се како втор најдобар во Соединетите Американски Држави. Ова впечатливо постигнување го истакнува квалитетот, услугата и вредноста што оваа компанија ги нуди на своите потрошувачи. Извештајот детално ги анализира различните аспекти на работењето на синџирите за намирници, вклучувајќи ја достапноста на ...
Технолошките акции во Азија започнаа силно во 2026 година, а инвеститорите се надеваат дека нивниот импулс и надмоќност во однос на американските конкуренти ќе траат цела година. Стратезите на Goldman Sachs Group Inc. имаат препорачано поголема изложеност и очекуваат дополнителни добивки, делумно поттикнати од растечката побарувачка поврзана со вештачката интелигенција и разумните вредности на акциите. Citigroup Inc. наведува дека ...
Киев ја прифати понудата на група инвеститори за ископ на едно од најперспективните наоѓалишта на литиум во украинската држава по тендерот за договор за поделба на производството што беше објавен во летото, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на двајца анонимни украински функционери. Украинската влада сè уште треба формално да го потпише договорот, но двајцата функционери изјавија за „Њујорк тајмс“ дека одлуката во суштина е донесена од ...