Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Околу 10,3 милиони странски туристи ја посетија Шпанија во мај, што е за 9,5 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година и претставува нов рекорд за мај, објави денес Шпанскиот национален институт за статистика (INE). Најмногу туристи се од Велика Британија, речиси 2,2 милиони, што е зголемување од 6,1 процент во споредба со мај минатата година. По нив следуваат Франција со околу 1,3 милиони посетители и раст од 11,1 проценти, ...
Истражување на Државниот завод за статистика (ДЗС): Македонија сè уште претежно се грее на дрва, но енергетската слика полека се менува Истражувањето на Државниот завод за статистика открива четири големи промени во навиките на македонските домаќинства за користење огрев. Имено, дрвата остануваат прва опција, инвертерите освојуваат, а фотоволтаиците „срамежливо“ влегуваат во домовите… Резултатите од едно пообемно истражување за потрошувачката ...
На редовната седница, Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година. Според Извештајот, во првиот квартал од 2026 година, банкарскиот сектор ја задржа својата стабилност со високо ниво на солвентност и задоволителна ликвидност, и добар капацитет за справување со претпоставените шокови, како што покажуваат резултатите од спроведените стрес-тестови. „Кредитирањето и ...
Највисокиот суд на Европската комисија ја потврди казната од околу 4,1 милијарди евра (4,67 милијарди долари) изречена на „Гугл“ за она што го смета за нарушување на конкуренцијата на пазарот. Пресудата се однесува на начинот на кој „Гугл“ ја користел доминантната позиција на оперативниот систем Андроид на пазарот на мобилни уреди и тоа е една од најголемите антимонополски казни во историјата на Европската Унија – пишува Ројтерс. Уште во ...
Институтот за економски истражувања и политики – Finance Think беше дел од еден голем проек кој е во рамки на пошироката регионална иницијатива за зелена транзиција и индустриска конкурентност во Западен Балкан. Експерти од повеќе области подготвија анализа на политики и јавната дискусија за економските импликации од зелената транзиција, политиките за декарбонизација и Механизмот за јаглеродно гранично приспособување кое е познато како CBAM ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ги отфрли барањата од банкарскиот сектор за намалување на капиталните барања, оценувајќи дека постојните нивоа на капитал не го ограничуваат кредитирањето и остануваат клучни за зачувување на финансиската стабилност. Претседателката на Надзорниот одбор на ЕЦБ, Клаудија Бух, изјави на конференција на централни банкари во португалскиот Синтра дека нема докази дека повисоките капитални барања ги спречуваат ...
Органското производство во земјава е со најголем раст во последниве неколку години. Најновите статистички податоци за 2025 година покажуваат дека обработливата површина под органско производство е зголемена за 24,6 проценти во однос на претходната година. Лани со органско земјоделско производство се занимавале 931 производител, а вкупната обработлива површина достигнала 5.145 хектари. Од нив, 3.243 хектари се сертифицирани органски површини, ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Приштина учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, каде што министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница разговараа за забрзаната интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар на електрична енергија и природен гас, за енергетската безбедност и зајакнувањето ...
Златото го продолжи закрепнувањето по говорот на претседателот на Федералните резерви (Фед) на САД, Кевин Ворш, кој ги намали шпекулациите дека централната банка би можела да ги зголеми каматните стапки оваа година за да се справи со инфлацијата. Златото поскапе за дури 1,2 процент и се тргуваше околу 4.080 долари за унца, откако на претходната трговска сесија затвори со раст од 0,6 проценти, прекинувајќи ја дводневната серија на падови. ...
Секоја година, со почетокот на летната сезона, се појавуваат информации за конфискација на храна на граничниот премин Евзони. Потоа доаѓа до израз дебатата за тоа колку цигари е дозволено да се внесат преку границата, а бројките одат до две или три кутии по лице, што не е точно, пишува Nikana.gr. Иако контролите често се поблаги за патниците од Македонија и Србија, постојат јасни правила што е важно да се следат за да се избегнат ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно продлабочување, со посебен акцент на енергетиката, инфраструктурните проекти и зелената транзиција. Во фокусот на разговорите беа можностите за унапредување на соработката во областа на ...
Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, и Cineplexx лансираат нова активација во Македонија под името „Светла, камера, крипто!“, давајќи им можност на посетителите на киното да го откријат светот на криптовалутите на едноставен и достапен начин, а воедно да освојат и вистински награди. Станува збор за прва соработка од ваков тип меѓу Binance и кино-мрежата во Балканскиот регион, а кампањата комбинира ...
Пазарите на капитал ширум светот забележаа пад, предводен од силната распродажба на акциите на производителите на полупроводници, што повторно ги разгоре стравувањата дека годинашното силно рали на компаниите поврзани со вештачката интелигенција можеби било пребрзо и претерано. Најсилен удар претрпе јужнокорејскиот пазар, каде индексот Kospi, во кој доминираат компании што се дел од синџирот за изградба на инфраструктура за вештачка ...
Сонцето уште не е качено до највисоката точка, а бетонските плочи веќе печат. Железото на скелињата гори под прстите, прашината се лепи на лицето, а маиците на работниците се жива вода уште пред пладне. На 40 степени, градилиштата не запираат. Машините бучат, крановите се вртат, цементот се меша. А луѓето? Луѓето молчат и работат. „Што да правиме, мора да се издржи. Ако не дојдеш, нема дневница“, вели еден градежен работник, со шише вода во ...
Синдикалната потрошувачка кошничка на Црна Гора(SPK) за вториот квартал од оваа година изнесува 2.110 евра, според истражувањето на Центарот за образование, информации и синдикални истражувања (CEISI), кој работи во рамките на Унијата на слободни синдикати на Црна Гора (USSCG). Во споредба со првиот квартал од оваа година, синдикалната потрошувачка кошничка забележала зголемување од 20 евра или 0,96 проценти. Од вкупно десет категории трошоци ...
Цените на нафтата паднаа во средата на меѓународните пазари под 72 долари, одразувајќи ја проценката на инвеститорите дека Иран и САД наскоро ќе усогласат рамка за преговори што ќе ги отстрани пречките за нормализација на сообраќајот низ Ормускиот теснец. Барел сирова нафта на лондонскиот пазар во текот на попладнето чинеше 71,89 долари и беше поевтин за 1,06 долари во споредба со вчерашното затворање на тргувањето. Од нашата мрежа ...
Некои од најбогатите технолошки компании во светот потрошија милијарди долари во последните години за да го намалат бројот на вработени и да го реструктуираат своето работење. Ова го покажува анализата на Business Insider врз основа на најновите годишни извештаи на големите американски компании. Во анализата е вклучена таканаречената група технолошки компании „Величествените седум“ – Apple, Microsoft, Meta, Amazon, Nvidia, Tesla и Alphabet. ...
Од Исланд до Македонија, потрошувачките цени значително варираат низ цела Европа. Новите податоци на Евростат покажуваат каде секојдневните производи и услуги чинат најмногу и зошто цените сами по себе не ја говорат целата приказна. Евростат ги базира своите индекси на годишните национални просечни цени за повеќе од 2.000 производи и услуги. Кои земји се најскапи, а кои се најевтини? Во рамките на Европската унија, разликата е многу изразена, ...
Политиката на САД кон Западен Балкан сè повеќе се обликува околу енергетиката, првенствено извозот на американски течен природен гас, пишува „Економист“. Весникот наведува дека од 2021 година, пловечкиот терминал за течен природен гас на хрватскиот остров Крк стана „клучна европска точка“ за увоз на течен гас, „главно, но не исклучиво од Америка“. Според „Економист“, Крк е дел од причината зошто целите на САД и Европа во регионот, кои се ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја демантира објавата на порталот Рацин. мк Преселба на документи од министерството на земјоделие на денот кога настапува промена во ресорот. Во дописот до нашат редакција се наведува: „Почитувани, во врска со објавениот текст на порталот Рацин со наслов „Преселба на документи од министерството на земјоделие на денот кога настапува промена во ресорот”, Министерството за земјоделство, ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да го продолжи трговскиот договор на САД со Мексико и Канада, започнувајќи деценија долг период за укинување на северноамериканскиот трговски договор, додека бара промени за враќање на производството во својата земја. Одлуката, објавена по шестгодишна ревизија на договорот меѓу САД, Мексико и Канада, го одржува договорот на сила уште 10 години со годишни ревизии пред да ...
Добивај вести на Viber Просечната цена на увезен природен гас за снабдување на домаќинствата, за работа на индустријата, за производство на електрична енеггија и за топланите, во текот на минатата година се зголемила за дури 22,5 отсто. Ова го потврдува Регулаторната комисија за енергетика во својот извештај за 2025, каде што се вели дека просечната увозна цена се зголемила од 27,6 на 33,8 денари за нормален метар кубен за една година. Цената ...
Европската Унија воведе царина од 3 евра за пратките од трети земји, што значи дека производите од „Тему“, „Алиекспрес“ и „Шеин“ ќе поскапат. Со реформата се укинува досегашното ослободување од царина за пратки со вредност до 150 евра, па практично сите комерцијални пратки што влегуваат во ЕУ ќе подлежат на царинска постапка. Целта е да се заштити европскиот пазар од напливот на евтини производи од Кина. Според домашните експерти, дел од таа ...
Добивај вести на Viber Платите во државната администрација се тема која останува енигма, поради што привлекуваат уште поголем интерес. Единствен начин да се открие како се движат примањата кај вработените во државните институции се годишните извештаи на институциите, кои согласно законост се должни да ги објават или испратат до Собранието. Државниот завод за ревизија неодамна го објави Годишниот извештај за работењето, а водено го достави и ...
Големи количества иранска нафта се натрупуваат на море, додека Исламската Република се соочува со тешкотии да најде купувачи пред истекот на 60-дневниот рок што го одобри Вашингтон. Повеќе од 58 милиони барели иранска сурова нафта и кондензат се наоѓале на танкери заклучно со 1 јули, според податоците на „Вортекса“ (Vortexa) и пресметките на „Блумберг“. Кај повеќе од 90 отсто од танкерите нема јасна крајна дестинација. Како пријавена ...
Добивај вести на Viber Многу граѓани кои сè уште не ги резервирале своите одмори бараат прифатливи цени за сместување и локации преку Јадранското Море кои нема да ги однесат во длабок минус. Во ова пребарување, црногорскиот крајбрежен град Сутоморе се издвојува како апсолутен победник во категоријата прифатливи одмори. Според најновите извештаи, ова место нуди цени што тешко се надминуваат во остатокот од Јадранот. Имено, во овој град може ...
Добивај вести на Viber Веројатно не би ни помислиле, но ниту златото ниту дијамантите не можат да се споредат со синтетички метал кој е сосема непознат за пошироката јавност, а според проценките на индустријата, за еден грам калифорниум-252 треба да се издвојат дури 23 милиони евра . Превисоката цена е донекаде оправдана кога ќе научите како да ја користите. Имено, мала количина од овој метал ги напојува нуклеарните алатки што се користат ...
Рускиот претседател Владимир Путин често нагласува дека Русија има најнизок сооднос долг-бруто домашен производ (БДП) меѓу земјите од Г20, што е клучна позитивна карактеристика на економијата на земјата. Но, војната во Украина почнува да го менува тоа, објавува „Bloomberg“. Меѓународните санкции поради војната во голема мера ги прекинаа странските извори на финансирање за руската економија. Кремљ сè повеќе се потпира на скап домашен долг за ...
Добивај вести на Viber Турскиот извоз е во пад. Турскиот извоз во мај забележа остро намалување од 9,5 проценти на годишно ниво и изнесуваше 22,46 милијарди долари, покажуваат прелиминарните податоци од турскиот Завод за статистика. Во истиот период, увозот се намалил за 10,8 проценти и достигнал 28,07 милијарди долари. По падот на извозот и увозот, трговскиот дефицит на Турција во мај изнесувал 5,6 милијарди долари, што е за 15,6 проценти ...
Цената на златото падна под 4.000 долари за унца и е на добар пат за најлош квартален резултат во повеќе од една деценија, откако очекувањата за зголемување на каматните стапки во САД и намалувањето на интересот од малопродажните инвеститори предизвикаа нагло распродажба на пазарот. Во изминатите три месеци, вредноста на златото се намали за речиси 14 проценти, иако на почетокот на годината достигна рекорд од речиси 5.600 долари за унца, а ...