Кинескиот премиер Ли Кјанг изјави дека Кина влегува во нова фаза на економски развој која, покрај домашниот напредок, отвора нови можности и за глобалната економија, нагласувајќи дека земјата ќе остане посветена на политиката на отвореност и меѓународна соработка. На отворањето на 17. Годишен состанок на новите шампиони на Светскиот економски форум, познат како Летен Давос, во Далијан, Ли го претстави концептот „China Opportunity 2.0“, ...

Меѓународниот аеродром Скопје пушти во употреба два нови безбедносни скенери со компјутерска томографија, инвестиција вредна околу еден милион евра. Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, изјави дека со ова скопскиот аеродром станува првиот на Балканот што користи ваква технологија. Новите скенери ќе овозможат побрза и поефикасна безбедносна контрола, а патниците повеќе нема да мора да ги вадат лаптопите, таблетите и мобилните телефони од ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард изјави дека ризиците за инфлацијата и економскиот раст во еврозоната станале помалку изразени. „Мислам дека ризиците што ги имаме - нагоре кога станува збор за инфлацијата и надолу кога станува збор за економскиот раст - сега веројатно се значително поизбалансирани отколку пред неколку недели, поради она што се случува и што се одвива со голема брзина“, изјави таа во средата ...

Добивај вести на Viber Секојдневно се води дебата за тоа дали цените на хрватскиот Јадран излегле од контрола. Сепак, како што пишува Oslobođenje.ba, посетата на Трпањ покажува малку поинаква слика. Ценовниците на рестораните и кафулињата покажуваат дека сè уште можете да најдете разумни понуди, особено во споредба со најпознатите туристички центри. Сепак, Трпањ остава впечаток на место кое сè уште не подлегнало на прекумерните зголемувања на ...

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова го покажува најновиот Индекс на енергетска транзиција 2026 (Energy Transition Index) на Светскиот економски форум, според кој Македонија е една од земјите со најголемо подобрување во ...

Никој не го гарантира квалитетот на дивоизградените објакти, смета професорот Јосиф Јосифовски од Градежниот факултет во Скопје и порача дека е страшно голема бројката од над 900 нови дивоградби регистрирани лани. Тој за „Локално“ изјави дека голем проблем се и постоечките дивоградби, како и за кои е дозволена легализација, а се изградени до 2011 година. Според него, за нив мора да има некаков вид на стручна контрола, пред да се дозволи ...

Фјучерсите за кафе и шеќер продолжија со раст на берзите во Њујорк и Лондон, откако неповолните временски услови во клучните региони за одгледување ја зголемија загриженоста околу понудата. Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно. Вашата претплата е успешна. Најактивниот договор за арабика порасна за дури 3,1 отсто, откако претходниот ден забележа најголем дневен раст во текот на денот од 2021 година. ...

Добивај вести на Viber Германските граѓани кои бараат нов стан се соочуваат со рекордно зголемување на кириите, бидејќи рекламираните кирии во големите градови пораснале речиси четири пати побрзо од реалните заработки, според најновиот извештај на порталот за недвижности Immowelt. Според официјалните податоци, платите во Германија бележат кумулативен раст од само 5,1 процент во последните три години, додека цените за изнајмување во одредени ...

Добивај вести на Viber Турција е заинтересирана за приклучување кон Единствената евро платежна зона (SEPA), а надлежните финансиски институции веќе работат на ова прашање, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Тој го изјави ова како одговор на новинарско прашање за разговорите што ги одржа во Анкара во вторник со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и ...

Просечната месечна нето плата исплатена по вработен кај правни лица во Хрватска за април оваа година изнесуваше 1.552 евра, што е номинално за 7,9 проценти повисока од претходната година, а реално, или кога ќе се земе предвид инфлацијата, за два проценти, објави во среда Централниот завод за статистика. Меѓутоа, во споредба со март оваа година, просечната нето плата е номинално за 0,2 проценти пониска, а реално за 1,8 проценти. Највисоката ...

Меѓународниот аеродром „Скопје“, со кој управува „ТАВ Македонија“, воведе нова опрема за безбедносна проверка, во вредност од еден милион евра. Станува збор за инсталација на два уреди за напредна проверка на рачниот багаж со компјутерска томографија, како и за две нови автоматизирани транспортни ленти. Од компанијата информираат дека новата технологија значително ќе ги унапреди безбедносните стандарди, ќе ја зголеми ефикасноста на контролата ...

„Мајкрософт“ се подготвува да објави нова рунда отпуштања како дел од своите напори за контрола на трошоците, според извори запознаени со работењето на компанијата. Се очекува отпуштањата да влијаат на илјадници работни места, вклучувајќи ги одделите за продажба и консултантски услуги и одделот за видео игри Xbox, објавува Business Insider. Се очекува новиот бран отпуштања да биде помал од минатогодишниот. Овој пат, отпуштањата ќе влијаат на ...

Се уште е рано да се прогнозира каква цена на струјата ќе плаќаат домаќинствата догодина. Таа зависи од повеќе фактори. Експертската јавност со први коментари по тврдењата на премиерот Мицксоки, дека во 2027 мата струјата ќе поевтини и покрај тоа што ЕСМ ќе треба да испорача само 70 наместо, 100 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата. Познавачите сметаат дека без разлика што во моментов цената е ниска заради зголеменото ...

На шалтерот сè почнува едноставно. „Ми треба кредит“. А потоа доаѓа прашањето што ја сече целата приказна: „Каде сте вработени?“ За оние што немаат редовна плата, тука најчесто почнува нервозата. Не затоа што секој невработен е ризичен клиент, туку затоа што банките најмногу веруваат во редовен прилив. Плата, пензија, договор, закупнина. Нешто што се гледа на сметка и што може да се следи. Кредит за невработено лице не е невозможна мисија, но ...

Тренд на пораст на измамите при онлајн пазарење, проблематично и купувањето преку социјалните мрежи Од година на година се прошируваат продажбата и пазарењето преку интернет, тренд што е присутен насекаде во светот, како и кај нас. Македонските граѓани во првите девет месеци од 2025 година реализирале онлајн трансакции вредни 693,1 милиони евра, според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, додека во 2024 година потрошиле над 280 милиони ...

на камен-темелникот, компанијата официјално ја започна изградбата на новиот маркет, кој не само што ќе ја прошири продажната мрежа, туку ќе донесе и директен поттик за локалната економија. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на Lidl во Македонија, насочен кон создавање нови работни места, поддршка на домашното производство и воспоставување на најсовремени малопродажни стандарди. Пред присутните високи гости и претставници на ...

Акционерот АЛТА банка АД Белград се стекна со дополнителни 40 обични акции во АЛТА банка АД Битола, со што дополнително го зголеми својот удел во банката. Според известувањето објавено преку Македонската берза, АЛТА банка АД Белград сега поседува вкупно 372.114 обични акции, односно 95,1754 проценти од вкупниот број обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола. Известувањето е објавено согласно Правилата за котација на Македонската берза, ...

Најголем број милионери во светот живеат во Соединетите Американски Држави, покажува најновиот извештај на UBS,најголемата швајцарска мултинационална банка. Од вкупно околу 57,5 милиони милионери во светот, повеќе од 23,6 милиони, односно над 40 проценти, се жители на САД. Само во текот на 2025 година, во земјата се создале повеќе од 440.000 нови милионери, што е повеќе од 1.200 дневно. По бројот на милионери следува Кина, каде што живеат ...

Со владината реконструкција, ВЛЕН ќе преземе раководење со три министерства – правда, култура и туризам, како и односи меѓу заедниците, додека ќе продолжи да ги води и ресорите за европски прашања, животна средина и економија и труд. Според предложениот состав на Владата, Беким Сали останува на позицијата прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања. Во рамки на промените се укинува функцијата вицепремиер задолжен за ...

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата за работа за продолжување на работата на Српската нафтена индустрија за уште 30 дена, до 31 јули, објави министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. „OFAC штотуку нè информираше дека лиценцата за работа за продолжување на работата на НИС е продолжена за уште 30 дена – до 31 јули. На овој начин, рафинеријата Панчево ...

Најлесната семејна мерка за штедење струја е и најпознатата: „Гаси го светлото!“ Се слуша по ходници, во дневни соби, во детски соби, во канцеларии. Некој станал од маса, си заминал во друга просторија, а зад него останала сијалица да гори како да чека некого. И тогаш следи истата реченица. Малку нервозно, малку домаќински. Но прашањето е едноставно: колку навистина се штеди? Одговорот не е спектакуларен, ама не е ни за потценување. Се штеди, ...

Глобалниот пазар на нафта влегува во период на зголемена неизвесност бидејќи сообраќајот низ Ормускиот теснец и понатаму се одвива забавено поради безбедносните ризици и тензиите меѓу Иран и САД. Иако по договорот за прекин на огнот преминот е делумно обновен, многу бродови и понатаму го одложуваат испловувањето или користат ограничени рути, што влијае на извозот на нафта од земјите од Персискиот Залив и ги зголемува трошоците за транспорт и ...

Добивај вести на Viber Подгответе се за новата учебна година навреме и без стрес. Летото е совршен момент за паметно планирање и полесни подготовки, а токму затоа „Литература.мк“ и оваа година ја носи најочекуваната Back to School акција. Под мотото „Училишни обврски? Завршени во јули!“, почнува сезоната на големи попусти и на практични купувања што го олеснуваат почетокотна учебната година. Акцијата трае од 1 до 30 јули 2026 година, и носи ...

Инфлацијата во еврозоната се намали повеќе од очекуваното, бидејќи напорите за мир на Блискиот Исток ги намалија глобалните цени на нафтата. Потрошувачките цени се зголемија за 2,8 отсто во јуни во однос на пред една година, и за 3,2 проценти во однос на претходниот месец, соопшти Евростат во среда. Тоа е помалку од средната проценка од 3 проценти во анкетата на „Блумберг“. Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните производи како ...

Министерството за правда на САД и 17 држави постигнаа спогодба со три големи производители на јајца во врска со обвинувањата дека нелегално ги фиксирале цените на американскиот пазар со години. Властите тврдат дека помеѓу јуни 2022 и март 2025 година, Cal-Maine Foods, Versova и Hickman’s Egg Ranch преговарале за понуди за испраќање до Urner Barry Publications, чиј индекс влијае на цените што продавниците за храна, рестораните и другите ...

Џонсон Мети неодамна објави дека е постигнат договор за преземање на „Cormetech“ (Корметех), водечки и брзорастечки американски производител на катализатори за селективна редукција на процесот на катализација (SCR – Selective Catalytic Reduction) кои обезбедуваат контрола на емисии за стационарно производство на енергија и индустриските апликации. Се очекува купувањето на Корметех да заврши во јули 2026 година по добивање на вообичаените ...

Под власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, македонската економија доживува тотален колапс, додека премиерот продолжува да лаже дека сме “трета економа во Европа“, велат од СДСМ. „Фактите се непобитни: Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% – од 1,2 милијарди евра во 2024 на само 468 милиони евра во 2025 година. Ова е еден од најлошите резултати во регионот. Индустриското производство во ...

Добивај вести на Viber Со големо задоволство и гордост споделуваме стратешка новост која означува ново поглавје во нашиот развој – деловниот екосистем на Flex Group официјално се проширува со лансирањето на Kave Home на македонскиот пазар! Основан во Шпанија и присутен во повеќе од 80 земји ширум светот, Kave Home е интернационален бренд создаден за современи домови, во кои дизајнот, комфорот и функционалноста постојат во совршен баланс. ...

Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии има исполнето осум чекори, од вкупно 22 чекори коишто ги исполни ...

Лаптоп, добра интернет-врска и клиент од странство. За многумина тоа веќе не е „работа од соништата“, туку сосема обичен работен ден. Од стан во Аеродром, соба во Битола, кафуле во Охрид или викендичка некаде над Скопје, македонските дигитални работници пишуваат код, прават дизајни, монтираат видеа, водат реклами, средуваат веб-страници, преведуваат, пишуваат текстови и одговараат на пораки за фирми што никогаш не ги виделе во живо. Прашањето ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1025
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
84%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.2
94%
1029
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.54
92%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.68
72%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
85%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
1.79
79%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 3ᴼ
3.6
97%
1031
Currency

61.613

Currency

54.966

Currency

73.818

Currency

38.074

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2483

Currency

0.67204

Currency

0.34743

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Иридиум

321507.47

Родиум

295786.87

Сребро

1666.05

Злато

130856.75