Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На осмиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 50 ракописи. Конкурсот беше отворен на 2 септември 2025 година и траеше заклучно со 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата ќе биде објавен на 2 септември 2026 година. Пристигнатите необјавени романи за возрасни, напишани на македонски ...
На 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја ...
Во просториите на Природно научниот музеј во Дојран на 13 јуни во 11 часот ќе биде отворена изложба на акварели насловена ВОДА, ПТИЦИ, КАМЕН од авторката Славица Талеска. Таа со триесетина слики во акварел ќе се претстави на поширокиот круг на љубителите на сликарската уметност. Називот на изложбата упатува на три мотиви кои се инспирација и обработка во акварелите на Талеска – водата како поврзаност со целиот свет, птиците како симбол на ...
Кон „Калигула“ по текст од Албер Ками, режија Ѓорги Ризески. Вториот фестивалски ден на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ заврши со претставата на Кумановскиот театар, кој по три години моќно се враќа на фестивалската сцена. Претставата „Калигула“ носи свеж и алтернативен пристап кон ликот на прочуениот римски император и неговото контроверзно владеење, поставувајќи го во современ сценски контекст како слободен човек и уметник кој твори во име на ...
Претставничка на Левица, Евгенија Станкоска учествуваше на собир на европските левичарски партии посветен на борбата против економската нееднаквост и моќта на крупниот капитал Членката на Централниот комитет на Левица, Евгенија Станкоска, учествувала на меѓународниот настан „Tax the Rich“, кој се одржал во Милано во организација на Европската лева алијанса. Од партијата информираат дека Станкоска била дел од дебатите посветени на растечката ...
Живот посветен на образованието, а душа вљубена во уметноста. Тоа е приказната на Снежана Илиева, чиј творечки пат и богат ликовен опус се заокружени во монографијата „Исповед за акварелот“, која ќе биде промовирана утре, 9 јуни, со почеток во 18:00 часот, во просториите на Порта Македонија. Монографијата претставува сведоштво за повеќе од три децении творење во една од најсуптилните сликарски техники – акварелот, како и одбележување на 25 ...
Купувањето стан за многумина изгледа како далечна цел, но сè поголем број финансиски и пазарни експерти укажуваат на една важна вистина а тоа е дека домот не е трошок, туку долгорочна инвестиција. Прашањето денес не е дали недвижноста е скапа, туку колку ќе чини ако со купувањето се доцни пет или десет години. Според аналитичарите на пазарот на недвижности, најголемата грешка што ја прават луѓето е што цената ја гледаат само низ призмата на ...
Во Македонскиот културен центар во Тирана вчера беше отворена значајна изложба со која се одбележаа 30 години од постоењето на Ликовната колонија Кавадарци. На изложбата се претставени дела од 30 ликовни уметници, создадени за време на нивниот престој на колонијата, а авторите доаѓаат од повеќе земји – Северна Македонија, Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Грција, Англија и Турција . Куратор на изложбата и организатор на уметничката ...
Бесплатна проекција на филмот „Плати и жени“ на Атанас Георгиев ќе се одржи вечерва во 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. Проекцијата е во рамките на програмата „Македонски филм. На големо платно“. Филмот ја раскажува приказната за Марко и Атанас, не кои им е потребен европски пасош и подготвени се да направат речиси сè за да дојдат до него – вклучително и да „купат“ сопруга. Со 7.000 евра тие тргнуваат во потрага по жената од своите ...
Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ денеска ќе ја реализира првата дигитална изложба на фотографии под наслов „Во ритамот на народот“ во комплексот Македонско село. Изложбата ќе биде проследена со кратки видеа кои ја доловуваат богатата традиција и културното наследство на народот. Посетителите ќе имаат можност, покрај дигиталната презентација, да уживаат и во живи изведби. Членовите од првиот ансамбл на „Орце Николов“ ќе приредат ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј претставува траен духовен и цивилизациски темел на словенската писменост, култура и идентитет. „Нашата земја е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото“, порача Љутков, нагласувајќи дека македонското духовно и културно наследство продолжува да живее преку ...
Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот детски хор „Бамбино“ вечерва ќе го одржи првиот солистички концерт. Конципиран е како музичко патување со песни од пет континенти, а децата ќе пеат на осум различни јазици. – Ова е круна на нашиот целогодишен вложен труд и работа и сакаме тоа да го презентираме пред вас. Ви ветуваме вистинско прекрасно доживување и уживање во прекрасните звуци и ритми на различни култури низ светот, под ...
На 10 јуни (среда), со почеток во 19.00 часот, во Центарот за култура – Дебар ќе се одржи мултимедијалниот концерт „Неми слики – жива музика“ единствен музички проект посветен на уметноста на немиот филм. Пред публиката ќе настапи Пламенка Трајковска – гудачки квартет, кој во живо ќе изведува музика синхронизирана со проекција на избрани неми филмови. Концертот претставува ретка можност публиката да го доживее спојот на филмската и музичката ...
На Меѓународниот поетски фестивал Брегот на поетите во Даниловград (Црна Гора), македонскиот поет Христо Петрески ја освои највисоката и единствената награда Александар Секулиќ. Во образложението на Стручната жири-комисија составена од универзитетски професори, критичари и писатели се вели дека Петрески се наградува за креативниот и творечки лирски опус со осведочени уметнички вредности. Христо Петрески настапи и на Тркалезната маса на тема ...
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе одбележи 165 години од излегувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“, со свечен настан што ќе се одржи во Спомен-собата „Т’га за југ“. Како што е наведено во соопштението на библиотеката, одбележувањето е посветено на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов за македонскиот јазик, книжевност и културен идентитет. Настанот ќе го отвори директорката на ЈУ Градска ...
Триото „Интерарт“ од Битола составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, како и пијанистката Татјана Божиновска, ќе одржи концерт во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб на 10 јуни 2026 година. Пред хрватската публика уметниците ќе изведат разновидна програма со дела од L. Hugues, G. Shocker, A. Rubtsov, J. M. Damase, како и од македонскиот композитор Марко Виденовиќ. Концертот претставува ...
Со завршната церемонија одржана на плоштадот „Скендербег“, денес заврши првото издание на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, настан што четири дена по ред го претвори Скопје во центар на книгата, културата и албанскиот јазик. Саемот обедини десетици издавачки куќи, автори, истражувачи и љубители на книгата од Северна Македонија, Косово и Албанија, носејќи илјадници наслови, книжевни промоции, дискусии и културни содржини кои го ...
НУ Народен Театар Битола учествуваше на официјалната прес-конференција во рамките на Меѓународниот фестивал Бабел Фаст во Трговиште, Романија. На прес-конференцијата, покрај директорот на НУ Народен Театар Битола, Васко Мавровски, присуствуваа и директорот на Театарот „Тони Буландра“ од Трговиште и директор на Бабел Фаст фестивалот Мек Ранин, како и уметничкиот директор на фестивалот Бабел Фаст, Ливиу Келоју. Во своето обраќање, директорот на ...
„ЗВУКОТ НА КОРЕНИТЕ“ е насловот на најновиот музички албум од композиторот и инструменталист, маестро Гоце Џуклески. Корените зборуваат најгласно, а најчесто се слушаат токму преку музиката и преку традицијата, вели Џуклески. Овој музички албум е 26. по ред, а тоа значи дека, како што е познато, обемно и разновидно е целокупното дело на Џуклески. Имено, со години и со децении тој успешно и професионално се вложува во македонската музичка ...
Отворањето на македонската филмска панорама започна со проекцијата на филмот „Медена земја“, пред полната кино-сала, на која присуствуваа дипломатки претставници од повеќе амбасади во Кина, дел од малата македонска „дијаспора“ во Пекинг, (како и од соседскиот регион, т.н. Западен Балкан), но и домашна публика од пекиншката културна и интелектуална сцена. Вистинскиот потег на организаторот на манифестацијата, амбaсадата на Македонија во Кина и ...
Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински" го одбележува 60 јубилеј. Во пресрет на фестивалот ТВ 24 разговара со актерот Марко Трајковиќ од Кумановскиот театар „Трајко Прокопиев". Во интервјуто се зборува за неговите први фестивалски настапи, за магијата на играњето пред различна публика, за промените низ кои минува современиот театар и за предизвиците со кои се соочуваат актерите денес... Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински" го ...
Кон претставата „Црнила“ по текст на Коле Чашуле а во режија на Дејан Пројковски. Вториот фестивалски ден на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во официјалната програма се најде претставата на театарот-домаќин, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Режисерот Дејан Пројковски, според најавите пристапува кон текстот на Коле Чашуле не само како историска драма, туку како психолошко-политичка студија за предавството, моралниот распад, ...
Синоќа, на Менхетен проекција имаше „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, кој е првиот македонски филм кој се прикажал на филмскиот фестивал Трибека (Tribeca), во Њујорк. Американската премиера на филмот во рамките на фестивалот основан од Роберт де Ниро, се одвиваше пред преполна сала и со долга сесија на прашања и одговори, но и пофалби и комплименти за режисерката Дина Дума. Богатата дискусија после проекцијата разви ...
Македонскиот театарски фестивал во Прилеп го слави својот јубилеј Достоинствена и емотивна вечер сведочеше публиката во гледалиштето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и целата македонска нација преку директниот пренос на МТВ1, на свеченото отворање на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Вечерта на петти јуни беше во знакот на паметењето и колку е тоа важно за секоја култура. Во таа чест беше и проекцијата ...
Шефот на студиото „Лајонсгејт“ кое стои зад биографскиот филм за Мајкл Џексон изјави дека се подготвува продолжение и дека новиот филм можеби нема хронолошки да продолжи таму каде што заврши „Мајкл“. Приказната за животот на Мајкл Џексон, кого го игра неговиот внук Џафар Џексон, досега заработи 715 милиони долари на киноблагајните ширум светот. Филмот заврши со натписот „Неговата приказна продолжува“, што навести дека ќе се снима продолжение. ...
Детално смислен концепт и интензивни подготовки претходеа на реализацијата на јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а тоа беше голем предизвик за уметничкиот директор и селектор Ана Стојаноска. Јубилејното издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп почна на 5 јуни и ќе трае до 12 јуни, кога ќе бидат доделени наградите и ќе настапи Београдско народно позориште со претставата „Црно ...
Култниот филм „Таксист“ одбележа 50 години од премиерата со специјална проекција на 25. издание на филмскиот фестивал Трајбека во Њујорк, што беше повод да се соберат режисерот Мартин Скорсезе, сценаристот Пол Шрадер и актерските ѕвезди Роберт де Ниро и Џоди Фостер. „Очигледно, има нешто во овој филм што не умира. Доколку ја одбележувавме 50-годишнината во 1976, ќе зборувавме за филм од 1926. Така што, тоа е многу чудно“, кажа Шрадер. Објавен ...
Директорот Оливер Белопета на прес-конференцијата во пресрет на фестивалот, соопшти дека се држеле до стандардната концепција и сите изведувачи доаѓаат со специјални проекти. Иако се работи за јубилеј, рече, не се амбицирале да направат нешто специјално или програмски да го прошират фестивалот поради тоа што буџетот е ограничен и не постојат инфраструктурни услови за концертите. Како што посочи, со години бараат летна сцена поради тропските ...
Одлични рецензии објавија бугарските медиуми за премиерата на реномираниот македонски режисер Слободан Унковски, кој неодамна ја постави „Скржавецот“ од Молиер во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Унковски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека изборот на „Скржавецот“ („Скаперникот“ на бугарски) е резултат на желбата на Народниот театар за враќање кон значајните дела на класичниот репертоар и на неговите идеи за нивна нова интерпретација. Темата ...
Осврт кон делото „Пердув/Перо“ на вајарот Андреј Митевски кое беше официјален подарок од Македонија на римскиот папа Лав Четиринаесетти, по повод Денот на македонските просветители св. Кирил и Методиј Пишува: Јасмина Котевска, историчарка на уметност Пердувот низ историјата и културите отсекогаш бил повеќе од обичен природен облик. Тој се појавува како симбол на духот, слободата, мислата и преминот меѓу видливото и невидливото. Во древниот ...