Главниот критериум на создавање на програмата беше уметничкиот квалитет – и годинава на публиката да ѝ го понудиме најдоброто од светската и домашната музичка и сценска уметност, со акцент на актуелни уметници кои денес настапуваат на најпрестижните светски сцени, вели Цуцковски Клучот за успехот е континуитетот, квалитетот и личните професионални контакти кои се градат со години, особено во услови на сè поголема конкуренција меѓу европските ...

На 40-дневниот фестивалски репертоар, кој ќе стартува на 12 јули со гала-концертот „Љубов“ на големата оперска ѕвезда Ермонела Јахо од Албанија и на американскиот тенор Чарлс Кастроново, публиката ќе има можност да ужива во педесетина неповторливи настани од областа на класичната музика, џезот, балетот и театарот. – Како директор на фестивалот, чувствувам особена одговорност, но и привилегија, да бидам дел од приказната што веќе со децении ја ...