На 16 мај (сабота), од 12:00 до 15:00 часот, Public Room станува место каде филмот излегува од екранот и се претвора во игра, разговор и креативна авантура! „Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“ е внимателно осмислена викенд-програма за деца од 5 до 12 години, во која секоја сцена продолжува низ детската имагинација. Преку проекција на избран детски филм, ликовна работилница, групни активности и драмска игра, децата не само ...

Изложба „Резолуција на остатоците“ на Зорица Зафировска ќе биде отворена денеска во галеријата „Империјал 1“ во Културно Информативниот центар во Скопје. Изложбата, како што се наведува во најавата ги преплетува фрагментите и трагите од градот оставени од неговите жители: пораки, почва, траги од гуми, градежен, дрвен и билен отпад – во тактилна архива што го мапира времето, трудот и еколошките сеќавања. Изложбата содржи пронајдени материјали ...

На 19 мај 2026 година со почеток во 20:00 часот, во Кинотеката ќе биде прикажан култниот македонски филм „Големата вода“ во режија на Иво Трајков. Филмот низ поетска и емотивна атмосфера зборува за пријателството, стравот, надежта и загубеното детство. Во главните улоги настапуваат Сашо Кекеновски, Маја Станковска, Митко Апостоловски, Верица Недеска и легендарниот Мето Јовановски. Сценариото го потпишуваат Иво Трајков и Владимир Блажевски, ...

Во книжарниците на „Матица македонска“ пристигна книгата „Овој пат се бирам себеси“ од Дизграм, објавена од „Панили“ – прво македонско издание на авторот што за кратко време стана еден од најпрепознатливите книжевно-медиумски феномени во регионот. Книгата, во препев од српски на македонски јазик на Кристина Краличин Павлеска, доаѓа како силна, емотивна и исклучително привлечна новост за сите читатели што бараат книга за самопочит, внатрешна ...

Во четвртокот вечер, во Сули Ан, официјално беше отворена изложбата „Декада на трансформации“ на уметникот Бојан Ковски и фотографот Бојан Стоилковски, проект што се одбележа десет години творештво на Ковски во областа на body-art уметноста и визуелната трансформација. Настанот привлече голем број посетители, уметници, јавни личности и љубители на современата уметност, а атмосферата беше исполнета со позитивни реакции, емоции и ...

Неодамна излезе од печат дебитантското дело на младата гостиварка Анастасија Антеска „Лево од срцето, близу општината“ , а романот ја доживеа својата промоција вечерва во Гостивар. Книгата е лична исповед, приказна која раскажува за животот од раното детство, домот, љубовта кон театарот, училиштето, крстопатот помеѓу детството и светот на возрасните, скршеното срце и вербата во љубовта. На настан исполнет со емоции, споделување делови од ...

На 35. издание на Друмеви театарски празници, што се одржа во Шумен, Бугарија, актерот Коста Ангов за улогата на Мажот во претставата „Деца на светот“ ја освои наградата за најдобра машка улога. „Деца на светот“ е според текст на Стефан Цанев, а во режија на Васил Михаил. За наградата одлучи жирито во состав: Николај Гундеров – режисер и претседател на жири-комисијата, Стефан Спасов – режисер, Љубомир Нејков – актер, Иван Димитров – драматург ...

Кочани, 15 мај 2026 (МИА) - Во рамките на „Филм под отворено небо“, публиката оваа година ќе има можност не само да ги гледа филмовите, туку и да запознае дел од уметниците зад нив. На настанот што започнува вечерва на Споменикот на слободата во Кочани и ќе трае до 17. мај, ќе присуствуваат Гоце Цветановски — режисер на првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ и Игор Ангелов — актер и главен лик во ...

Филхармонијата го најави својот традиционален концерт на отворено, на кој оваа година ќе биде изведено едно од најпознатите дел од класичната музика, „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Концертот ќе се одржи на 20 јуни на добро познатата локација во скопскиот Градски парк од 21 часот. Диригент ќе биде Најден Тодоров од Бугарија. „Кармина Бурана“ е сценска кантата што германскиот композитор Карл Орф ја компонирал меѓу 1935 и 1936. Се заснова на 23 ...

Во фокусот на дневниот ред е изборот на нов претседател на Друштвото, по претходно распишан конкурс, како и изборот на нови членови на Управниот одбор, Уметничкиот совет и Надзорниот одбор. Гласањето за новото раководство ќе биде тајно. На Собранието ќе бидат разгледани и извештаите за работата на актуелното раководство за изминатиот мандат. Пред членовите ќе се најдат извештаите на претседателката проф. д-р Јана Манева-Чупоска и на Управниот ...

Евровизиската еуфорија кулминира вечерва со големото финале на 70-тото јубилејно издание на Eurovision Song Contest 2026, кое годинава се одржува во Vienna. На сцената ќе настапат 25 земји, а милионски аудиториум ширум Европа ќе го следи изборот на новиот евровизиски победник. Според најновите прогнози на обложувалниците, Finland и натаму е главен фаворит за победа и од почетокот на евровизиската недела се наоѓа на врвот на листите. Веднаш ...

Едукативниот центар во Музејот на Македонија продолжува со работилници за пензионери- нов простор за дружење низ креативност. Секој вторник од 10:00 часот: • моделирање и боење на глина и глинени садови • играње домино со музејски предмети Бројот на учесници е ограничен на 15 лица, а пријавувањето може да го направите на телефонскиот број 070 226 177 Од Музејот истакнуваат дека овие средби се можност за активно исполнето време низ креативно ...

Второто издание на „Мувинг Балканс – Шоукејс за современ танц“ од 13 до 16 мај се одржува во Нови Сад, Србија, со програма која носи избор на десет современи танцови продукции и шест Денс Скејп пичинг проекти од Балканот. Првото издание на „Мувинг Балканс“ минатата година се одржа во Љубљана, Риека и Загреб и имаше фантастично влијание во меѓусебното запознавање и остварување долгорочна комуникација меѓу учесниците од независната танцова ...

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 332, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (16-17.5.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со Адријана Данчевска Ровчанин, кореографка и танчерка: Танцот отсекогаш бил мој природен начин на изразување – во Нови Сад се одржува второто издание на „Мувинг Балканс“, платформа што ја сплотува независната танц-сцена на ...

,,Васил и пријателите,, беа насловени двата концерта со кои обоистот – маестро Васил Атанасов ги одбележа неговите 5 децении богата плодна музичка кариера во Музејот на македонската борба. Овие јубилејни концерти на маестро Васил Атанасов (едниот во неговиот роден град Струмица, а другиот во Скопје), претставуваат редок и значен настан за македонската музичка сцена-не сако како одбележување на личен јубилеј, туку и како сведоштво за една ...

„Нетфликс“ соопшти дека филмот „Narnia: The Magician’s Nephew“ на Грета Гервиг ќе има широка кинодистрибуција следната година и ќе се прикажува повеќе од 45 дена, што е прв таков потег на стриминг гигантот. Напишан и режиран од Гервиг, филмот е првата адаптација на книгата на К. С. Луис од 1955 која го истражува потеклото на Нарнија. Ќе биде објавен во кината на 12 февруари, а достапен на „Нетфликс“ од 2 април. Ова е значително отстапување за ...

Во просториите на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоцијата на книгата “Четворката на светлината – современи митови за храброст, добрина и чудесни патешествија“ од авторот Игор Трајковски – Фоја, дело поддржано од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес.Настанот помина во исклучително топла и инспиративна атмосфера, во присуство на бројна публика, љубители на литературата, ...

Во времето на забрзаната потрошувачка, на хиперпродукцијата и на цивилизациската бучава што постојано создава нови слики, нови предмети и нови потреби, изложбата „Дамки“ на Перо Кованцалиев се појавува како тивок, но длабоко вознемирувачки визуелен чин. Ова не е изложба што се обидува да го освои гледачот со спектакл, ниту со декоративна убавина, таа функционира како простор на трага, како археологија на исчезнувањето, како визуелна ...

Петтата вечер од фестивалот RUTA во Камерен театар 55 беше одбележана со гостувањето на претставата „Мојот сопруг“ во продукција на Драмскиот театар од Скопје, заснована на расказите на Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ, напишаа од Камерен театар 55 на својот фејсбук профил. Преку моќни исповеди и интимни приказни, претставата ги доведува во прашање врските, стереотипите и положбата на жените во современото општество, отворајќи ...

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ го објави новиот, дванаесетти број на електронското списание „(е)Лит“, кое и овојпат носи богата литературна и уметничка содржина. Како што информираат од здружението, покрај редовните рубрики, новиот број е збогатен и со нови содржини кои ќе продолжат да се развиваат како серијали и во следните изданија. Акцентот, меѓу другото, е ставен на ...

Во архитектурата и градежното инженерство, теренот врз кој се поставува објектот не е пасивна подлога, туку активен структурен фактор што директно влијае врз стабилноста, трајноста и безбедноста на градбата. Конфигурацијата на земјиштето, неговата наглост, геолошки состав, носивост и присуство на подземни води ја дефинира основната логика на темелење и често ја одредува и формата на самата архитектура. Како што истакнуваат инженерите од ...

Во современата архитектура постојат градби што фасцинираат со технологија, естетика или инженерска комплексност. Но постојат и објекти што успеале да создадат нешто многу поретко, колективна глобална мистерија. Меѓу нив, речиси без конкуренција, се издвојува Denver International Airport, (Интернационалниот аеродром во Денвер) што со децении е предмет на архитектонски анализи, културолошки дебати и безброј теории на заговор. Отворен во 1995 ...

Најновиот албум на „Максимовски јунајтед“ (Maksimovski United), бенд кој претставува авторски проект и музичка визија на басистот и автор на музика Ѓоле Максимовски, е со наслов „Холимуд“ (Holymood). Промоцијата на албумот ќе се одржи на 17 мај, во 12 часот на пладне, во „СK 02“ во Дебар Маало во Скопје. Музиката на албумот претставува рефлексија на амбиентот во кој живее и твори авторот. „Holymood“ е чувство, атмосфера и простор каде ...

Пробиштип денеска (16 мај) ќе го организира првото издание на панк-рок фестивалот „Хаос фест“, со учество на пет домашни бенда. Настанот ќе се одржи во клубот „Бункер“, а свирките почнуваат во 18 часот. На првото издание ќе настапат „Сајд квест“ од Прилеп, „Прв ред“ од Пробиштип и скопските групи „Флукс“ (фото), „Лоши деца“ и „Дископс“. Влезот е 500 денари. Пробиштип исто така е домаќин на метал и рок фестивалот „Рудар фест“, чие 12. издание ...

Од денеска до недела во Прилеп се одржува манифестацијата „Денови на Крали Марко“. Манифестацијата е трдиционална, а сите настани оваа година се во рамките на одбележувањето на 631 година од загинувањето на Крал Марко, личност од преданијата, но и од историјата, значајна за средновековниот Прилеп. Крали Мареко загинал на 17 мај 1395 година. Во рамките на манифестацијата, денеска во Заводот и музеј во Прилеп беше отворена изложбата ...

Бранка Д. НАЈДОВСКА Ѓорче Ставрески е еден од најзначајните современи македонски режисери. Роден во Скопје 1978 година, а дипломирал филмска и ТВ-режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2004 година. Неговата филмографија вклучува дела како „Дали си маж“ (2023), „Розов филм“ (2003) и „Скопје-Ремикс“ (2012), но најпознат е по неговиот дебитантски долгометражен игран филм „Исцелител“ (2017). Филмовите на Ставрески (кој е и ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Во рамки на 54. фестивал „Мајски оперски вечери“, в сабота во Националната опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Тоска“ од Џакомо Пучини. Како што информира НОБ, таа е една од најмоќните и најемотивни опери на Пучини, приказна исполнета со љубов, страст, љубомора и опасност, каде секој момент носи нова неизвесност. -Музиката на Пучини ја води драмата со неверојатна енергија, создавајќи атмосфера што ...

Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Во КСП Центар-Јадро вечер со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски. Монографијата, објавена од Темплум, претставува обемно истражување на историјата, културата и општествениот развој на Галичник. Графичкото уредување на изданието е дело на самиот автор. На настанот ќе се обратат рецензентите проф. д-р Димитрије Бужаровски и м-р Владимир Таневски, а ...

Кочани, 15 мај 2026 (МИА) - Со претставата „Хаос“ на Народен театар Штип вечерва во 20:15 часот свечено ќе биде отворено 63. издание на Драмски аматерски фестивал, чиј традиционален домаќин е Кочани. Претставата е режисерско остварување на Александар Ивановски, работена по текст на Мика Милиахо. Во текот на петте фестивалски дена, на сцената на Центар за култура „Бели мугри“ ќе бидат изведени вкупно девет претстави. Од нив, четири се од ...

Во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола свечено беше отворена изложбата посветена на големиот македонски уметник Васко Ташковски, роден во Нижеполе, 31 август 1937, македонски сликар, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот.За делата и творештвото на Васко Ташковски зборуваше д-р Драган Ристевски, ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.18
47%
1020
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.36
61%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.99
58%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.62
76%
1023
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.26
56%
1021
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.67
78%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
45%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.44
56%
1018
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.47
54%
1019
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1021
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 32ᴼ
0.45
35%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
6.08
100%
1020
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Паладиум

38195.09

Платина

51923.46

Алуминиум

3.20

Кобалт

56.29

Калај

50.56

Иридиум

233896.68

Бакар

12.33

Сребро

1902.84

Злато

131072.82

Родиум

249168.29

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89