Од печат излезе романот „Изгубените женски ракописи“ – четврта авторска книга на македонската писателка Дијана Петрова. Станува збор за постмодернистички, историографски роман во кој преку главната наративна приказна е прикажан развојот на македонската книжевност, почнувајќи со периодот дури од 13 век, а со акцент на 19 век, како најважен период за македонската нација и култура. Со помош на постмодернистичките техники се прикажува и ...

На 9 и 10 јули (четврток и петок) од 20.00 часот на сцена 105 во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Повик“, чиј автор и режисер е Јован Ристовски, а Марта Дојчиновска е костимограф. Во претставата играат: Марија Стефановска, Катерина Аневска, Николе Стефано, Маја Андоновска Илијевски, Наталија Ристеска, Марија Талеска – Бабар. Влезот е слободен. Влезниците можат да се подигнат од билетарницата од ...

Со концерт посветен на 150-годишнината од раѓањето на големиот шпански композитор Мануел де Фаља, македонскиот КИЦ во Загреб свечено ја заокружи својата концертна сезона. Бројната публика уживаше во извонредната изведба на Дуото Бадивуку-Кастратовиќ, составено од истакнатите македонски уметници Сихана Бадивуку (виолина) и Маја Кастратовиќ (пијано), кои со својата виртуозност, префинета музикалност и исклучителна сценска комуникација приредија ...

Во фокусот на регионалната фестивалска сцена е EXIT to Montenegro – новиот настан на црногорското крајбрежје кој се одржува во две фестивалски поглавја од 3 до 6 јули и од 28 до 31 август. Со овој проект во организација на EXIT – најголемиот фестивалски бренд од Балканот – Улцињ, Велика плажа, Будва и Бечиќи ова лето ќе бидат една од највозбудливите точки на европската фестивалска сцена. Откако веќе беа потврдени настапите на дел од ...

Режисерот Леон Ристов го живее својот сон да раскажува филмски приказни, меѓу два света – Македонија, каде ја засака филмската уметност и Соединетите Американски Држави, земјата на филмската индустрија, каде се образуваше и има поголеми можности да среќава соработници и да работи на тоа што сака. Тој беше меѓу десетте млади режисери што Санденс институтот ги избра да учествуваат на програмата Sundance Institute Ignite x Adobe Fellowship. ...

ТАТКО (КОЛНАТИ СМЕ, ИРИНА) We’re Cursed, Irina Коле Ангеловски / Македонија / 1973 / 84 мин Меѓу селските момчиња кои заминуваат во војска е и тукушто оженетиот Дамјан, единствениот син на воденичарот Витан. Младата жена останува во куќата на свекорот. Минуваат денови во познатото секојдневие за двајцата. Упатени еден на друг, тие заеднички го носат бремето на работата во воденицата и околу имотот. Во долгите и монотони вечери, младата Ирина ...

Кога двете најголеми фолклорни сили на Балканот ќе ги здружат своите чекори, гласови и срца, сцената гори, а историјата се пишува во живо! Подгответе се за незаборавно аудио-визуелно доживување и емотивен спектакл каков што ретко се гледа. Македонскиот непокор и гордост преку НУ „ТАНЕЦ“ и хрватската безвременска традиција преку АНСАМБЛ „ЛАДО“ се спојуваат во совршена симфонија на традицијата, младоста и врвната уметност. Ова лето, бидете дел ...

На 9 јули (четврток) со почеток во 20:30 часот, Кинотеката на Македонија ве поканува на ОМАЖ – СТЕФАН СИДОВСКИ СИДО, вечер посветена на еден од најзначајните автори на македонскиот аматерски филм, филмски педагог. Филмовите на Сидо се препознатливи по својата интелектуална провокативност, сатиричен пристап и филозофски идеи, преку кои отвораат прашања за човекот, моќта, технологијата и современиот свет. Неговото творештво остави траен белег ...

Здружението за промоција на уметност и театар МАНА, во копродукција со Македонскиот народен театар, на 28 јули премиерно ќе ја изведе претставата „Вонземјани“ на сцената на МНТ. Автор на текстот е Игор Кузмановски, а режијата ја потпишува Васил Михаил. Според авторот, „Вонземјани“ не е приказна за суштества од други планети, туку за човекот денес и неговото постепено отуѓување. Вонземјаните како метафора во современиот човек кој, губејќи ги ...

Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи под отворено небо ова лето на 8-ми август на Ракометното игралиште во Битола, ќе биде С.О.С. фестивал. Замислен како музички настан со префинето селектирана концертна програма од врвни македонски музички артисти, тој е и своевиден повик на музичка борба против увезениот турбофолк, шундот и кичот. Токму затоа учесниците на С.О.С. фестивал се жанровски различни, но врвни македонски музички ѕвезди кои ...

„Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду од Кипар ќе го отвори годинашното петто издание на Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“, што ќе се одржува од денеска до 15 јули во Дојран, Струмица и во Гевгелија. Во рамките на програмата на фестивалот ќе се одржат проекции на два филма во чест на Тони Наумовски, годинашниот лауреат на единствената награда за високо актерско достигнување во уметноста на филмот „Мето Јовановски“, ...

На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан вечер во 20, 30 часот во рамки на годинашното „Скопско лето“ ќе се одржи мултимедијален перформанс под наслов „Тело од оган“ на Игор Јосифов. „Тело од оган“ го испитува прагот меѓу материјалната трансмутација и естетската појава. Уметникот зафаќа запечатена структура, изведувајќи го чинот на согорување како намерна уметничка методологија. Преку ова внатрешно согорување, уметничкото дело се ...

Тили Норвуд, актерката со вештачка интелигенција која предизвика мешани реакции во Холивуд, е избрана за нејзиниот прв долгометражен проект. Филмот се нарекува „Misaligned“, и е продуциран од „Партикл 6“, студиото за вештачка интелигенција кое ја создаде актерката, објавува „Вараети“. Проектот е претставен како комедија-драма сместена во „Тиливерс“, надреален дигитален свет сместен во облакот. Наместо класична заднинска приказна, филмот ...

Со целовечерен концерт исполнет со богатството на хрватската фолклорна традиција, Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска ЛАДО го затвори јубилејното 65. издание на Балканскиот фестивал во Охрид. Настапот, како што информираат организаторите, беше проследен со голем интерес, а публиката ги награди изведувачите со долги аплаузи и овации. Во рамките на концертната програма беа изведени повеќе препознатливи кореографски постановки, меѓу ...

Истражувањата на Градиште кај Црнобуки и Велушка Тумба во Пелагонија открија дека под Пелагонија се крие историја стара осум милениуми. Археолозите открија монети од македонскиот и од римскиот период што ги дефинира објектите во IV до I век пр. н.е., стопански објекти, поплочена улица и едни од најголемите неолитски печки во Европа. Тие донесоа значајни нови откритија, кои ја потврдуваат долгата и континуирана историја на населување на овој ...

Македонската алпинистка Илина Арсова повторно освои нови височини, споделувајќи дел од својата најнова авантура на Андите. Според неа, престојот таму е „вистинска храна за душата“, спој од моќни планини, богата традиција и искуство во алпинизмот. Во текот на ова лето, Арсова успешно се искачи на два нови врва, Јанапача (5.460 метри) и Чопикалки (6.354 метри). Во експедицијата ѝ се придружиле нејзината пријателка Кори и мала група алпинисти. ...

Во Македонскиот културно информативен центар во Тирана, вчера вечер (06.07.2026) се отвори изложбата „Живи артефакти – Трансцеденција“ на Филип Јовески. Изложбата привлече големо внимание и донесе бројни посетители, поради уникатниот спој на традиционалната уметност и современите технологии. Постетителите имаа можност интерактивно да ја следат изложбата, бидејќи дел од уметничките дела оживуваа преку мобилна апликација. Изложбата на Филип ...

МЕМЕНТО Memento Димитрие Османли / Македонија / 1967 / 97 мин МЕМЕНТО е снимен во 1967 година и ја раскажува приказната за Јана која низ разговори и реминисценции со германскиот диригент Вили Милер се сеќава на своето миното и семејната трагедија што ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје. Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, студентка. Нивната ...

Познатиот македонски композитор и продуцент, Николa Мицевски, продолжува со успесите не само на домашната туку и на меѓународната сцена, каде што ја афирмира македонската музика. Неговата авторска композиција (Time) влезе во финалето на „Интерконтинентал мјузик авардс“ во категорија музика на светот. Кaко што самиот посочи, ова за него петставува огромно задоволство и чест. – Навистина сум среќен што мојата композиција влезе во конкуренција ...

Работилница за сценска изведба и вокален коучинг со Магдалена Алексовска на 6-7 јули | 17.00 до 20.00 часот. Оваа интерактивна работилница е наменета за пејачи над 15 години кои сакаат да ги унапредат своите вокални и сценски вештини. Учесниците ќе имаат можност да работат на интерпретација, глума, сценско присуство, дикција, комуникација со публика и самодоверба. Преку практични вежби и индивидуален пристап, работилницата ќе им даде на ...

Постојат згради што ја менуваат панорамата на еден град. Но, многу поретки се оние што го менуваат начинот на кој луѓето живеат. Разликата не е во висината, ниту во фасадата или бројот на катови. Таа се крие во архитектурата што го подобрува секојдневието, преку природната светлина, функционалниот простор, чувството на приватност и поврзаноста со околината. Токму затоа најголемите светски архитекти никогаш не зборувале само за згради. ...

Со заедничка изложба вчеравечер во Центарот за култура АСНОМ се заокружи годинешното издание на Меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2026“ која ја организира Здружението на ликовни уметници Драудакум. Ова беше 21-вото издание на манифестацијата. Над 30 уметници од Македонија како и од Австрија, Хрватска, Албанија, Грција, Косово, Турција, Италија и Србија изминатите неколку дена во Гостивар ги создаваа своите дела во рамки на колонијата и ...

На осмиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 50 ракописи. Конкурсот беше отворен на 2 септември 2025 година и траеше заклучно со 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата ќе биде објавен на 2 септември 2026 година. Пристигнатите необјавени романи за возрасни, напишани на македонски ...

Од 8 до 15 јули, филмската магија се враќа на југот. Фестивалот „Преку езерото“ слави пет години со нов, амбициозен концепт. Настанот за првпат се децентрализира и се шири во три града. Нов термин. Светска премиера. Фокус на иранскиот филм. Преку 30 остварувања во селекцијата. Зад овој голем филмски триаголник стои Јани Бојаџи. Во ова интервју, тој открива како се менаџира ваков логистички предизвик. Зборува за соработката со „Креативна ...

Во среда 8.7.2025 година во Центарот за култура во Битола ќе се одржи премиерата на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Претставата е во копродукција со Центарот за култура. Играат актерките Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска, преводот е на Тамара Стојаноска и Никола Стојаноски, дизајнот на звук, избор на музика на Лука Тошев, дизајнер на постер и рекламен материјал е Бојана ...

Поп-пејачката Луна го промовираше новиот сингл „Ритуали“, како најава на нејзиниот прв студиски албум „Атлас“, кој има 15 песни. Албумот е снимен во соработка со продуцентот Лазар Цветкоски. „Возбудена сум што конечно ја споделувам музиката на која работев подолго време. На албумот ‘Атлас’ има 15 песни. Секоја е различна и носи своја емоција. Посебно е чувството кога си автор на своите песни. Оваа година имав чест да соработувам со познати ...

Новото издание на „Матица македонска“ е еден од водечките наслови во кампањата „Со книга на плажа“ – Лето создадено од приказни Неодамна објавениот роман „Црвениот парфем“ од Тереза Ревај е еден од насловите што го обележуваат годинашното книжевно лето во „Матица македонска“. Станува збор за историски роман со силен читателски магнетизам – приказна за еден мирис што станува трага, за едно семејно исчезнување што не престанува да боли и за ...

Сараевскиот уметнички колектив „Хелем Нејсе“ го најави првиот долгометражен филм базиран на нивната култна анимирана серија „Bruca Braca Bruda Brada“, попозната под кратенката BBBB. Новиот проект е насловен „Bruca Braca Bruda Brada – Зомби апокалипса“ и претставува голем чекор напред за продукцијата, која досега беше присутна првенствено преку кратки епизоди на YouTube и социјалните мрежи. Серијата BBBB ги следи четирите главни ликови – Бруц, ...

Синоќа во Ресен во дворот на Домот на културата „Драги Тозија” свечено беше отворено 24. издание на Интернационалната театарска манифестација „Актерот на Европа“, фестивал кој повеќе од две децении претставува симбол на културниот дијалог, уметничката извонредност и поврзувањето на народите преку театарската уметност. Во рамките на свеченоста, наградите ги додели претседателот на советот на Општина Ресен, Коста Замановски. За „Актер на Европа ...

Изложбата „Фрагменти од НАС“ претставува интимно визуелно истражување на жената како слоевито суштество — тело, мисла и дух — изразено преку специфичниот јазик на лумен принтот, фотографски процес во кој сончевата светлина делува како ко-автор. Во оваа серија, уметницата му дозволува на моментот да се случи природно, да се впие и да остави трага. Просторот на изложбата е концептуално поделен на три столба на постоењето, претставени преку три ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32