Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Министерството за надворешни работи на Иран изјави дека американските предлози за завршување на конфликтот се „нереални, нелогични и прекумерни“. Портпаролот на министерството, Есмаил Багаеи, на утринската прес-конференција изјави дека ова се однесува на планот од 15 точки што САД го испратија до Иран претходно, преку посредник. Тој додаде дека сè уште „нема директни преговори“ со САД, но разговорите се водат исклучиво индиректно, ...
Директорот на Државниот архив, Димитар Богески, и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално потпишаа поединечен колективен договор кој обезбедува зголемување на платите за 7 отсто, почнувајќи од месец март, со постепена реализација во наредните три години. Овој договор претставува значаен чекор кон подобрување на статусот и условите за работа на архивистите и административниот ...
Во Кривичниот суд почна судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел сопругата Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната малолетна ќерка. На денешното рочиште сведочеше мајката на Ивана, која пред судот опиша долг период на нарушени односи во бракот и, како што посочи, страв и притисок кај нејзината ќерка. Таа наведе дека во почетокот од бракот односите биле стабилни, но со текот на ...
Украински дронови нападнаа цели во јужниот руски град Таганрог, важен центар за руските воздухопловни сили, при што загина едно лице, а осум се ранети, изјави градоначалничката Светлана Камбулова за ТАСС. Таа рече дека биле погодени бројни згради и бизниси. Градот на источниот брег на Азовското Море е дом на фабрика за авиони и две фабрики што произведуваат дронови и делови за беспилотни летала. Повеќе од 60 дронови беа пресретнати над ...
Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие ...
Утре и задутре (вторник и среда) во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. МВР спелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. Текстот Посебен режим на сообраќај утре и ...
Советот на јавни обвинители не утврди притисоци врз обвинителката Ленче Ристоска и едногласно ја одби нејзината иницијатива, во која таа тврдеше дека нејзината самостојност била нарушена поради надворешни влијанија поврзани со предмети против ВМРО-ДПМНЕ. Ристоска во поднесокот навела дека е изложена на напади од политички структури на партијата, посочувајќи изјави на премиерот и содржини објавени на партиската веб-страница. Сепак, Комисијата ...
Министерството за животна средина и просторно планирање и Синдикалната организација на Министерството денеска направија значаен исчекор кон унапредување на работничките права на вработените, со потпишување на првиот колективен договор од ваков вид, соопштија од Министерството. Со договорот се предвидува постепено зголемување на платите на работниците во Министерството, по 7 отсто почнувајќи од март 2026 година, со дополнителни зголемувања во ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека, по дадена насока до директорот на ЈП „Градски паркинг“, во Реонскиот центар на општина Аеродром каде се воведува зоната Д12, продолжува да важи постојното правило според кое сите резиденти, физички и правни лица ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без надоместок. Од Град Скопје информираат дека одлуката е донесена како одговор на барањата и реакциите ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека разговарал со рускиот претседател, Владимир Путин, и дека Србија добила продолжување на договорот за гас за уште три месеци под, како што рече, многу поволни услови. „Разговаравме буквално за сите области и она што беше од исклучително значење за мене и за што му се заблагодарив на претседателот Путин е што добивме уште едно тримесечно продолжување на договорот за гас под многу поволни ...
Во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) се одржа консултативен настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, со учество на градоначалници, претставници од општините, институциите и меѓународните партнери. Настанот го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој ги поздрави присутните и даде краток вовед за ...
Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток. Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец, јавува УХМР. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на ...
Советничката група на СДСМ во Општина Аеродром побара итно одржување седница на Советот со цел привремено одложување на примената на зонското паркирање во зоната Д12 во Реонски Центар. Од СДСМ предлагаат Советот да усвои заклучок со кој ќе се задолжи градоначалникот Дејан Митески, во координација со Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, да преземе активности за одложување на воведувањето на зонското паркирање во Реонски Центар, но и да се ...
Во време кога паметните телефони станаа дел од секојдневието, границата меѓу корисна навика и претерана употреба е сѐ потенка. Според астрологијата, некои хороскопски знаци имаат поголема склоност кон дигитална зависност поради потребата за комуникација, внимание или информации. Близнаци – Постојано бараат нови информации и комуникација. Брзо се вклучуваат во повеќе разговори и стануваат анксиозни ако пропуштат нотификација. Лав – Телефонот ...
Израелските медиуми известуваат дека избувнал пожар во рафинеријата за нафта Базан во северниот град Хаифа по ракетен напад. Според првичните снимки и извештаи, на местото се видливи пламени и чад по последниот напад. הירי מאיראן ולבנון: שריפה פרצה בבתי הזיקוק בחיפה בעקבות נפילה@rubih67 צילום: תומר נגלי pic.twitter.com/HHWYCUNPDm — כאן חדשות (@kann_news) March 30, 2026 Рафинеријата претходно беше цел на 19 март за време на иранските напади, ...
Израелските медиуми известуваат дека избувнал пожар во рафинеријата за нафта Базан во северниот град Хаифа по ракетен напад. Според првичните снимки и извештаи, на местото се видливи пламени и чад по последниот напад. הירי מאיראן ולבנון: שריפה פרצה בבתי הזיקוק בחיפה בעקבות נפילה@rubih67 צילום: תומר נגלי pic.twitter.com/HHWYCUNPDm — כאן חדשות (@kann_news) March 30, 2026 Рафинеријата претходно беше цел на 19 март за време на иранските напади, ...
САД испратија дополнителни 2.500 маринци и 2.500 морнари на Блискиот Исток, со што вкупниот број на американски војници во регионот достигна повеќе од 50.000, околу 10.000 повеќе од вообичаеното. Зголемувањето на бројот на војници доаѓа во време кога претседателот Трамп ги разгледува следните чекори во едномесечната војна со Иран, објави „Њујорк тајмс“. Иако сè уште не е јасно со што ќе бидат задолжени маринците од 31-та експедициска сила, ...
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија. Во рамки на посетата Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања. Потоа, премиерот ќе има свое обраќање на бизнис форумот во Будимпешта, насловен „Ден на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека американските и иранските претставници се состанале „директно и индиректно“ и дека новите лидери на Иран биле „многу разумни“. Неговите коментари дојдоа откако Пакистан, посредникот меѓу Техеран и Вашингтон, изјави дека се подготвува да биде домаќин на „значајни разговори“ во наредните денови за да се стави крај на едномесечната војна. Talking to reporters aboard Air Force One, ...
СДСМ преку соопштение за јавност оцени дека економската состојба на граѓаните е најјасен показател за реалниот „рејтинг“ на власта, нарекувајќи ја таа слика „паричник анкета“. Од партијата посочуваат дека додека цените на храната, сметките и горивото континуирано растат, платите остануваат најниски во Европа и недоволни за достоинствен живот. „Постои една анкета која власта не може да ја манипулира, не може да ја нарача и не може да ја ...
Исечок од говор на американскиот претседател Доналд Трамп од самитот Future Investment Initiative во Мајами масовно се споделува на социјалните мрежи. Трамп во говорот ги опишуваше американските противракетни системи и пресретнувањето на проектили, користејќи кратки, повторувачки и поедноставени изрази. „Морате да го видите тоа, тоа е многу кул. Проектили лансирани, проектили лансирани, проектили лансирани. Да, лансирани. Во ред, подготвени ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека Сoцијалдемократскиот сојуз и лидерот Венко Филипче се наоѓаат во длабока криза која, како што наведуваат, не може да се прикрие со пи-ар стратегии. Од партијата велат дека обидите на опозициската партија да се претстави како жртва и да ја релативизира реалноста се „сè попровидни“, додавајќи дека иронијата кон анкетите не ја менува состојбата на терен. „Обидите за создавање нов имиџ преку склопените ...
Познатата Мараја Кери повторно се надмина себеси откако едно од нејзините видеа на TikTok стана вирално. Пејачката се сними себеси како секојдневно пазарува намирници, а може да се каже дека снимката дури и ги налути луѓето. Нејзината претходна изјава е сè уште добро позната, во која откри дека не знаела дека има месечни сметки или дека некој ги плаќа, а потоа се „извлекла“ со изјава во која тврдеше дека електричната енергија во Америка е ...
Азир Алиу Во светот на медицината постојат области што ја покажуваат техничката и научната моќ на современото здравство. Но трансплантацијата открива нешто уште поважно, а тоа е моралната зрелост на едно општество. Во 2024 година, глобално се извршени рекордни 173.727 трансплантации на органи, а во Европа 44.021 трансплантации. И покрај тој напредок, на крајот на истата година 94.644 пациенти во земјите на Советот на Европа сѐ уште чекале ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од објектите на Техномаркет, Старџим и Кам на булеварот Босна и Херцеговина и ВФВ Поликлиника (општина Бутел); · во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од потрошувачите на улицата Коце Металец (куќите од улицата Зеничка до улицата Гемиџиска) во ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на улицата Борис Трајковски 216, прекинато водоснабдување ќе има објектот на фирмата ЕГТ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. Текстот Без вода денеска објектот на фирмата ЕГТ е превземен од МАКФАКС. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ...
Синоќа, во близина на булеварот Климент Охридски, ТППЕ Струмица со четири противпожарни возила и единаесет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запален помошен објект во откупен пункт за старо железо, при што беа зафатени и дел од материјалите кои беа во непосредна близина, информираа струмичките пожарникари преку социјалните мрежи. „Пожарот беше во разгорена фаза и гаснењето беше доста отежнато поради тешкиот пристап за ПП ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел – одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена ...
Познатиот пејач Марк Ентони (57) и неговата 26-годишна сопруга Надија Фереира го открија полот на своето бебе на социјалните мрежи. За потсетување, Марк Ентони и моделот Надија Фереира објавија кон крајот на јануари оваа година дека го очекуваат своето второ дете. Веста воодушеви многу обожаватели на познатиот пејач, бидејќи ова е осмо дете на Марк, а негово второ со убавицата, 31 година помлада од него. Сега, пристигна „ажурирање“ на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека американските сили извршиле успешни напади врз повеќе цели во Иран. „Голем ден во Иран. Многу долго барани цели беа елиминирани и уништени од нашата голема војска, најдобрата и најсмртоносната во светот. Бог да ве благослови сите!“, напиша Трамп. Војната меѓу САД, Израел и Иран започна кон крајот на февруари, кога американските и израелските сили започнаа ...