Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Иако сите услови и законски критериуми беа исполнети за посочената фирма на бизнис партнерот на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, сепак Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите потребни законски можности истата фирма да биде исфрлена и да нема можност да гради и инвестира во енергетски објекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на прес – конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ. „Благодариме на СДС, кои доста добро знаат кои се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари. Филипче посочи дека политиките на власта јасно укажуваат на тоа дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не сака Македонија да биде членка на Европската Унија. „Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака земјата да ...
ВМРО-ДПМНЕ реагира на ставовите на Венко Филипче, оценувајќи дека Социјалдемократскиот сојуз е во политичка изолација, без јасен концепт и во конфузија поради, како што велат, падот на рејтингот. Од партијата тврдат дека изјавите на Филипче се „небулозни“ и дека наместо да делува како сериозна опозиција, настапува со, како што наведуваат, неконзистентни позиции. Во соопштението се посочува дека Филипче е „синоним за криминалното владеење“ на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека обвинителот работи под диктат на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи за партизација на судството. „Затоа што работи по диктат на Христијан Мицкоски. Има ли поголем доказ од ова да се спасат предметите во коишто ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истражување и судски процеси. Па има ли поголем доказ? Ова е само дел од востановената пракса уште од почеток од на владата кога се инсталираа и членови ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дека се најавени зголемувања на платите во образованието и кога би можело да се очекува тоа, изјави: „Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор којшто го имаме за нови 7,5%. Или што би се рекло, ако почнеме од ноември месец 2024, до сега, еве до денеска, над 20% за година и половина се зголемени ...
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека поради глобалната нестабилност и војната со Иран, Велика Британија треба да ја зајакне соработката со Европската унија, особено во безбедноста и економијата. Тој оцени дека последиците од конфликтот би можеле да се чувствуваат со генерации и да доведат до раст на цените на енергијата, слично на кризата од 1970-тите. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше ...
По повеќе од десет години Министерството за здравство ја ажурираше есенцијалната листа на лекови и во неа првпат стави лекови за одвикнување од пушење и контрацептивни средства. Координаторот на работната група која ја ажурираше есенцијалната листа на лекови, професорот Зоран Стерјов, кажа дека е зголемен и бројот на антиинфективни лекови и ажурираната листа има значително поголем број лекови. „Во есенцијалната листа за прваат имаме и ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Дијанетот, Х. Сафи Арпагуш, реис-ул-улема на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, амбасадорот на Турција во нашата земја, Фатих Усулој, како и со претставници на исламските верски заедници од Германија, Австрија и Италија. На средбата, претседателот Гаши го поздрави одржувањето на Самитот на верските лидери на Балканот во Скопје, истакнувајќи дека тоа ...
Јас ги уверувам граѓаните дека во овој момент состојбата е стабилна и не гледам апсолутно никаква причина за страв од немање енергенси, воведување на не знам какви кризни состојби и во делот на пазарот на електрична енергија и во делот на пазарот на нафта и нафтени деривати. Што ќе се случува за месец, два, три, пет, не знаеме, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на отворањето на Домот на културата во ...
Под влијание на циклонска активност од денес ќе има врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и западните подрачја ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), информира УХМР. Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој ќе достигнува и над 70 km/h, особено во североисточните делови. Пообилни ...
Појасна слика за степенот на спроведување на законите, подзаконските акти, протоколите и политиките за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, начинот на постапување на надлежните институции во рамки на нивните законски овластувања, нивото на координација меѓу институциите и капацитетите на системот во кадровска, организациска и буџетска смисла, постоењето на евентуални системски слабости во практичната примена на ...
„Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат жалење поради престанокот на работата на македонскиот сервис на Радио Слободна Европа. Од таму велат дека ова е уште еден тежок удар врз критичкото, професионално и јавно одговорно новинарство, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот и на глобално ниво, во време кога на јавноста ѝ е потребно повеќе проверено ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, учествуваше на настанот „Традиции што нè поврзуваат: Градејќи ја иднината заедно“, кој се реализира во рамки на програмата „Суперучилишта“ – иницијатива на земјите од Западен Балкан насочена кон зближување на младите, нивно поврзување надвор од границите и создавање трајни пријателства. Настанот се одржа во СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје, како училиште домаќин, во ...
Рано утринава, Жупанискиот центар 112 Вуковар добил известување од оперативно-комуникацискиот центар на вуковарско-сремската полиција за група од околу 30 лица заглавени на подрачјето кај Штитар, помеѓу коритото на реката Сава и насипот кај Бабина Греда. Веднаш била започната итна акција за пребарување и спасување, а поради непристапниот терен за чамци, биле ангажирани и силите на системот за цивилна заштита. На терен излегле припадници на ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека сериозно размислува за повлекување на САД од НАТО, повторно доведувајќи ја во прашање целта на алијансата. „НАТО денес е непрепознатлив“, рече Трамп во интервју за британскиот весник „Телеграф“. Тој додаде дека никогаш немал доверба во алијансата. „НАТО никогаш не ме убедил. Отсекогаш знаев дека тие се хартиен тигар, а Путин го знае тоа“, рече тој. Трамп остро ги критикуваше сојузниците во ...
Министерството за надворешни работи на Бугарија со официјална реакција ја изрази својата поддршка во однос на официјалното писмо на организации на бугарската заедница во Република Северна Македонија, во врска со ревидираниот нацрт-Акциски план за заштита и унапредување на правата на заедниците, предложен од владата на земјата, јавува Трибуна. Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи: ...
Најмалку 18 лица загинаа кога чамец со мигранти потона во близина на западната турска покраина Мугла денеска, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека напорите за пребарување и спасување продолжуваат во областа. Крајбрежната стража соопшти дека бродот бил забележан во 6 часот наутро по локално време во близина на брегот на округот Бодрум во Мугла и се обидел да избега и покрај повторените предупредувања да застане. Бродот подоцна потонал ...
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на отворањето на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба, од кадешто порача дека е исклучително задоволен што по речиси една година е сведок на неговото пуштање во употреба. „Јас немам што да додадам на тоа што ете го кажаа и градоначалникот и министерот, само сакам да кажам дека сум исклучително задоволен што еве после отприлика една година, се сеќавам тогаш директно од пат дојдовме овде кога ...
Најстарата внука на Доналд Трамп, Каи Медисон Трамп, се појави со својот брат Спенсер на финалето во женска конкуренција на Мајами Опен 2026 и веднаш го привлече вниманието на публиката. Од трибините на стадионот Хард Рок во Мајами Гарденс, тие го гледаа натпреварот помеѓу Арина Сабаленка и Коко Гоф, а најголемо внимание привлече 19-годишната Каи, која во последните месеци сè повеќе ги полни медиумските рубрики. За сончевото попладне во ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе предупреди дека наредните месеци би можеле да бидат тешки поради енергетската криза предизвикана од војната на Блискиот Исток. „Наредните месеци можеби нема да бидат лесни. Сакам тоа отворено да го кажам. Ниту една влада не може да вети дека ќе ги отстрани притисоците што ги предизвикува оваа војна“, рече тој во ретко обраќање до нацијата. Тој додаде дека владата ќе направи сè што може за да го ублажи ...
Во текот на летниот период на Водно ќе има континуирано присуство на спасители-волонтери од Црвениот крст, подготвени да интервенираат во евентуални непредвидени ситуации, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој денеска објави дека екипи на градските претпријатија го расчистуваат Водно. „Водно е местото каде што граѓаните го наоѓаат својот мир, свеж воздух и природна убавина што го збогатува секојдневието. За скопјани – ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамет Хоџа, посветена на состојбата и предизвиците во имплементацијата на ИПА проектите во секторот животна средина. „На средбата беше констатирано дека, и покрај значајната финансиска поддршка од Европската Унија, реализацијата на проектите се соочува со сериозни предизвици, ...
Сите билети за концертот на Дино Мерлин на стадионот „Кошево“ во Сараево беа распродадени за само еден ден. Почетокот на продажбата за концертот што е најавен за 31 јули ги надмина сите очекувања, со повеќе од 500.000 посети и речиси 5 милиони прегледи на страницата за продажба на билети, пренесува „Дневни аваз“. Обожавателите чекаа од утрото вчера и денес на продажните места и на adriaticket.ba за да ги добијат своите билети. Оваа рекордна ...
Порано беше скромна замена за леб, направена од основни состојки што ги имаше секоја куќа. Денес, сè уште е едноставна, но многу повеќе од тоа – мека, миризлива и совршена со речиси секое јадење. Постојат јадења што не бараат многу, но даваат сè – мирисот на домот, топлината на кујната и чувството дека само малку е доволно за да имате нешто навистина добро дури и кога посните јадења се на масата. Таква е посната проја – едноставна, брза и ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави дека нема да има казни ниту истрага за инцидентот во кој воени хеликоптери летаа близу до домот на пејачот Кид Рок во Нешвил. „Му благодарам на Кид Рок. Суспензијата на американскиот воен пилот е укината. Нема казни. Нема истрага. Продолжете, патриоти“, напиша Хегсет на Икс. Во текот на викендот, Кид Рок објави видео на социјалните мрежи од два напаѓачки хеликоптери AH-64 Apache како летаат ...
Иако се вели дека возраста е само бројка, врските во кои има поголема разлика во годините се соочуваат со бројни пречки – од осуда од околината и различни ставови во семејството до некомпатибилни животни навики. Затоа, се поставува прашањето – дали постои идеална разлика во годините што ги зголемува шансите за успешна љубовна врска. Психолог: Помала разлика во годините се смета за попожелна Според психологот Елоис Скинер, помала разлика во ...
Обединетите Арапски Емирати се подготвуваат да им помогнат на САД и нивните сојузници да го отворат Ормускиот теснец, со што ќе станат првата држава од Персискиот Залив што директно ќе се вклучи во војна откако беше цел на ирански напади, објави „Волстрит журнал“. Според арапски претставници, ОАЕ лобираат за резолуција на Советот за безбедност на ОН што би дозволила таква акција. Дипломатите од Емиратите ги повикаа САД и воените сили од ...
Под влијание на циклонска активност ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз. Во рамки на посетата, ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, ...
„На меѓународниот ден на шегата во Македонија ништо не е смешно. Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ се сами по себе несериозна шега но за жал тие се трагедија за иднината на Македонија и за граѓаните. Граѓаните живеат тешко, платите се најниски во Европа, работниците едвај врзуваат крај со крај“, велат од СДСМ. „Економијата оди надолу. Во јануари 2026 година има пад на индустриското производство за 9,4% и историски пад од 61% на странските ...