Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран нема да им дозволи на Соединетите Американски Држави да одредат кога ќе започне или кога ќе заврши војната, нагласувајќи дека одлуките на иранското државно раководство за одбраната и дипломатијата се водени исклучиво од националните интереси и националната безбедност. На прес-конференцијата, Багеи коментираше за медиумските извештаи дека Иран и ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави дека владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носат резултати. „Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во ...
Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата, праша Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. ...
Акутната фаза на епидемијата во Гостивар е во смирување, а во консултација со Комисијата за заразни болeсти решивме да одредиме засилен здравствен надзор за постакутната фаза, односно фокусот сега е на хепатит А и Е и на други заразни болести, изјави министерот за здравство, Сашко Клековски. „Алерт до матичните лекари и здравствените институции во Гостивар сега фокусот да го стават на следните предизвици. Сега фокусот е на хепатит А и Е и ...
Министерот за здравство, Сашко Клековски, денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, „црвените светла“ закасниле, како што рече. Тоа значи едно: Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не контролирал ништо, обвинија од СДСМ. Од партијата велат дека Клековски признал појава на жолтица, нешто што, ...
Мицкоски тврдеше дека е нормално државата да зема пари на заем од јавните претпријатија и дека тоа не значи банкрот, велат од СДСМ. „Денеска имаме кривични пријави. Според пријавата, “давањето позајмица на Јавното претпријатие за државни патишта не претставува трошок за маршутни навигациски уреди и служби“. Со ова дејствие, пријавените ги пренамениле средствата собрани од авиокомпаниите, за цел која е целосно надвор од рамките на ...
Општина Крушево информира дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење. Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата, како што појаснуваат, беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, дека „црвените светла“ закасниле. Резултатот е цел Гостивар отруен, над 4,000 граѓани разболени, кажа на прес-конференција, Кристијан Дојчиновски од СДСМ. Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ, како што рече, не ...
Цената на горивата на почетокот на август ќе се намали по двете поскапувања во јули. Премиерот Христијан Мицкоски денес, при посетата на Илинден, кажа дека очекува поголемо намалување на цените. „Знаете дека на две недели се анализираат акцизите. Сега завршува онаа втора половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот. И врз основа на тие параметри ќе се делува на цената на нафтените деривати. ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите во областа на животната средина, со фокус на подобрување на управувањето со отпад, зајакнување на транспарентноста, усогласување на националното законодавство со европските стандарди и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните, истакна на прес-конференција Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во рамки на Реформската агенда, презентирани се активностите што ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува во Скопје од 28 до 31 јули 2026 година. Во своето обраќање, Сали изрази благодарност до Владата на Република Турција, Директоратот за прашања на Европската Унија и турските партнери за континуираната поддршка, искрената ...
Премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Општина Илинден, истакна дека низ државата во моментов се реализираат повеќе од 1.200 проекти финансирани преку средствата пренасочени од централниот буџет кон општините. „Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од проектите се завршуваат, дел се во ...
Брзиот начин на живот честопати нè наведува да избираме брзи и практични решенија за оброци, но експертите предупредуваат дека квалитетот на исхраната директно влијае на енергијата, расположението и општото здравје. Нутриционистите истакнуваат дека дневната исхрана треба да се базира на разновидна и непреработена храна. Зеленчукот, овошјето, интегралните житарки, мешунките, рибата, јаткастите плодови и квалитетните извори на протеини треба ...
Истражувањата покажуваат дека три црвени сокови можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок и со тоа да се намали ризикот од сериозни здравствени проблеми, како што се срцев удар и мозочен удар. Високиот крвен притисок, или хипертензија, е еден од најчестите здравствени проблеми кај возрасните. Тоа е состојба во која срцето мора посилно да пумпа крв низ телото, што со текот на времето става дополнителен товар на крвните садови и ...
Тела на пет новороденчиња беа пронајдени денес во семејниот дом на еден пар во Оринџ, јужна Франција. Според извор близок до истрагата, полицијата ги открила остатоците од бебињата во картонски кутии. Откритието се случи само еден ден откако мајката вчера роди здраво бебе, објавува „Ле Паризиен“. Извор запознаен со случајот вели дека жената, родена во 1994 година, вчера вечерта го родила своето трето дете. Тоа била уште една бременост што ја ...
Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија. Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија, обвини Кети Штерјова од СДСМ. „СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ. ...
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените локални избори во Гостивар. Филипче во повикот за поддршка на Валбон Лимани вели дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локална власт, со цел да се обезбеди поддршка за сите граѓани на Гостивар, кажа на денешната прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ако Филипче ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во рамки на претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Ленинова“. Во тек е поставување на втор слој асфалт на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со улицата „Илинденска“, во должина од 412 метри. Се асфалтира и кружниот тек на крстосницата со улицата „Орце Николов“. Ова сообраќајно решение останува како трајно, бидејќи ...
Градоначалникот на Москва објави дека руската престолнина била цел на напад од повеќе од 390 украински дронови, а гувернерот на регионот изјави дека во нападите биле оштетени и станбени згради. „Повеќе од 390 дронови се упатиле кон Московскиот регион“, но „повеќето од нив биле неутрализирани многу пред да стигнат до градот“, напиша Сергеј Собјанин на апликацијата Телеграм, прецизирајќи дека „81 непријателски дронови биле уништени на пристапот ...
Роузи Хантингтон Вајтли ужива во одморот заедно со Џејсон Стејтам и нејзините деца, а среќното семејство моментално е на Малта, каде што Роузи повторно позира во предизвикувачко бикини. Убавицата ја покажа својата извајана фигура во серија мали бикини за време на луксузниот семеен одмор. Моделот (39) моментално ужива на Малта со актерот (59) и нивните две деца – деветгодишниот син Џеко и четиригодишната ќерка Изабела. Двојката веќе објави ...
Националниот медицински истражувачки центар за радиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство, заедно со Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, го доби првото одобрение во светот за mRNA антитуморска вакцина, која би можела да стане достапна за возрасни пациенти со неоперабилен или метастатски меланом, беше објавено на веб-страницата на Националниот медицински истражувачки центар за ...
За првпат, сите ученици во прва година од средните училишта во Скопје ќе добијат бесплатни униформи. „Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ. Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и ...
„Тасним“, иранска телевизиска станица блиска до иранската Револуционерна гарда, синоќа објави видео во кое повикува на атентат врз Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, и нивниот син Барон. Видеото е насловено како „Каде да се убие Меланија Трамп“. Во видеото се тврди дека неговите автори имаат „доверливи информации“ за движењата на првата дама. Како доказ за нејзиното присуство на локација, тие наведуваат ...
Елени заробени во пламен, гуштери кои не можат да избегаат од топлината, живеалиштата се сведени на пепел – дивите животни плаќаат висока цена во пожарите во Франција. Околу 42.000 хектари шума западно од Бордо изгореа од средата, а властите стравуваат дека топлотниот бран прогнозиран оваа недела би можел да ги разгори пламените јазици. „Домови, обработливо земјиште и возила изгореа во Жиронда, а дивите животни претрпеа катастрофални ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Вчера (27.07.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, полицијата спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на возачи на мотоцикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во контролата биле изречени вкупно 59 санкции, од кои една за возач на лесно електрично возило (тротинет), 34 за управување мотоцикл без заштитен шлем (кацига), една за истечена полиса за ...
Сури, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, официјално го промени своето презиме и сега е Ноел, што е средното име на нејзината мајка. Ова е потврдено со податоци од регистарот на гласачи првично објавени од Page Six. 20-годишната студентка на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург се регистрираше за гласање под името Сури Ноел уште во октомври 2024 година. Таа го користеше истото име неколку месеци претходно, на матурата во средно училиште во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека лично ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за тврдењата дека Русија му помага на Иран да напаѓа американски цели на Блискиот Исток. Трамп им рече на новинарите во „Ер Форс Уан“, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски два дена претходно тврдеше дека Москва му обезбедува на Техеран сателитски снимки од американски и воени објекти од Заливот за време на американската војна ...
Претставникот на Демократската партија во Конгресот на САД, Џејми Раскин, вчера објави започнување истрага против ФИФА поради сомневање за корупција и можна трговија со влијание помеѓу организацијата и администрацијата на Доналд Трамп. Раскин, врвниот демократ во Комитетот за правосудство, во неделата испрати писмо до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Во него се наведува дека истрагата ќе се занимава со „континуираната кампања“ на ФИФА ...
„Џонсон и Џонсон“ понуди да плати до 5,5 милијарди долари за да реши десетици илјади тужби во Соединетите Американски Држави. Во тужбите се тврди дека нејзината бебешка пудра и други производи со талк во прав предизвикуваат рак на јајниците. Предложената спогодба има за цел да стави крај на долготрајната правна битка што го прогонува здравствениот гигант со години. Компанијата со седиште во Њу Џерси ги негира обвинувањата дека нејзините ...