Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат на патот кон шумата, со цел, како што наведуваат, да го заштитат она што не штити нас. Во пораката упатена до медиумите, жителите истакнуваат дека иако навидум се десетици луѓе од мало преспанско село, зад нив стои поголема поддршка, со иста цел и заложба. Тие наведуваат дека сечата над селото не е само уништување на дрвја, ...

Пожарот што синоќа, непосредно пред полноќ, избувна во облакодерот на „Вјесник“ на Славонска авенија, се гаснеше речиси цел ден. Загрепските пожарникари полни 17 часа работеа на локализација и целосно гасење на огнот што зафатил повеќе ката од зградата, пренесе Индекс. На терен биле 93 пожарникари со 30 возила, а целиот дел околу облакодерот бил блокиран. Како што наведува Индекс, среќа е што нема повредени, но причината за пожарот сè уште не е ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека полските власти „се заглавиле во проблеми“ поради сомневањата дека украински граѓани се вмешани во саботажа на железницата во Полска. „На местото на Полјаците, Германците и Французите, јас би се замислил. Да се потсетиме на „Северен тек“: експлозијата, Украинците. Полска го апси осомничениот, Германија бара екстрадиција. Што прават Полјаците? Тие не екстрадираат. Ако продолжат да си играат ...

Полска ќе ја зголеми нивната состојба на закана на одредени железнички линии и ќе ја штити клучната инфраструктура со војска, соопшти премиерот Доналд Туск откако биле оштетени шините на пруга што води кон Украина. Туск информираше дека е побарано воведување трето ниво на закана поради терористички закани, а тоа ќе се однесува на одредени пруги, додека остатокот од земјата ќе остане на второ ниво. Премиерот соопшти дека Полска идентификувала ...

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и наводите за реформите во делот на Кривичниот законик, Законот за парнична постапка и АКМИС-от, рече дека Министерството за правда во изминатите 18 месеци има доставено во владина процедура и подготвено повеќе закони кои се дел од Реформската агенда, нешто што во изминатите години не било ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на регионален министерски состанок со колегите од земјите од Западен Балкан предводен од италијанскиот министер за јавна администрација, Паоло Зангрило. Средбата се одржа на маргините на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим. Фокус на состанокот беше во насока на напредокот во реформите во регионот, зголемување на ...

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто, како што информираат се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените. Анкетната комисија, појаснуваат од СДСМ, треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди ...

Денес, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари работна средба Викторија Трајков, заменик министерката во Министерството за европски прашања на Република Македонија. Средбата беше посветена на можностите за реализација на нови проекти финансирани од странски фондови, со акцент на инструментите на Европската Унија кои би донеле директни и одржливи бенефити за жителите на Општина Кисела Вода. Градоначалничката ја запозна заменик ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува, како што е соопштено, јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции. Овој стратешки документ, ...

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, по претставка поднесена од родителите на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. На седницата ќе присуствуваат и самите подносители, со цел нивната претставка формално да се разгледа пред пратениците. Мециновиќ посочи дека ...

Кремљ објави дека ниту еден руски претставник нема да отпатува во Турција за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој утре ќе биде во Анкара во обид да ги оживее мировните напори за ставање крај на конфликтот во Украина. „Не, утре нема да има руски претставници во Турција“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите. Зеленски рече дека утре ќе отпатува во Турција за да се обиде да ги „оживее“ ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави гласањето на Советот за безбедност на Обединетите нации за усвојување на резолуцијата предложена од САД, со која се одобрува воспоставување на Меѓународните сили за стабилизација во Газа како дел од планот од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека планот ќе помогне да се стави крај на владеењето на палестинската милитантна група Хамас и да се прошири ...

Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Моника Зајкова, шефица на Делегацијата; Мимоза Муса, членка и Ели Панова, заменик-членка на Делегацијата, учествува на 23. Есенски состанок на ПС на ОБСЕ, што се одржа од 16 до 19 ноември 2025 година во Истанбул, Турција. Во време кога се одбележуваат 50 години од формирањето на ОБСЕ, оваа парламентарна конференција беше отворена со засилени апели за ревитализирање на ...

Ако СДС продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо одошто некој таму сака да признае, изјави Викторија Андоновска од ВМО-ДПМНЕ. „СДС и натаму по изборниот пораз без решение, без ниту една промена во раководството. Партијата тоне, а Венко Филипче се држи за функцијата како да е приватна сопственост. Во СДС веќе отворено врие. Членови, активисти и поранешни функционери јавно бараат реформи и ...

Денес ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), особено во текот на ноќта. Локално ќе има услови за невреме со силен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, информира УХМР. Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во ...

На 15 ноември, во КСП Центар – Јадро во Скопје се одржа мултимедијалната вечер „Години на опасно живеење“ – урбан културен собир што ги спои перформансот, филмот, видеото, графичкиот дизајн и електронската музика во една динамична, но многу интимна вечер, јавува ИМА. Интеркултурен хаб Скопје го отвори просторот за шест млади авторки и автори од најживата линија на скопската културна сцена, кои критички ѝ пријдоа на стварноста и храбро ги ...

Образованието е заедничка општествена одговорност. Министерството за образование и наука не може самостојно да креира ефективни и долгорочни образовни политики доколку тие не произлегуваат од реалните потреби и предизвици што ги посочуваат општествените чинители. Во таа смисла, особено значајна е улогата на бизнис заедницата, која најдобро ги согледува динамичните барања на пазарот на трудот и потребата од практично применливи знаења и вештини. ...

Европската комесарка за проширување Марта Кос денес изјави дека Европската Унија се подготвува за нови членови водена од прашањата за мир, демократија и безбедност, како и дека Унијата издвојува три насоки на работа на патот кон проширување на ЕУ. На отворањето на Форумот на ЕУ за проширување, таа како прва насока издвои дека секој напредок постигнат со идните земји-членки мора да биде кредибилен и дека кандидатите мора целосно да се усогласат ...

Со одбележувањето на Светскиот ден на предвремено родени бебиња, 17 ноември, Клиника „Жан Митрев“ повторно се придружи кон глобалната иницијатива за поддршка на најмалите борци и нивните семејства. Во пресрет на меѓународниот ден, фасадата на клиниката беше осветлена во виолетова боја, симбол на чувствителност, посебност и надеж за сите предвремено родени деца ширум светот. Годинава, одбележувањето се одвива под мотото „Силни почетоци за ...

Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани: – 2 употребувани фотоапарати SONY и CANON со објективи од 50 мм кои при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Брисел-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, биле пронајдени сокриени во ќеса над првите седишта. Вредноста на апаратите е проценета на ...

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците, извести Центарот за управување со кризи. Од ЦУК апелираат на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон ...

Општина Аеродром ја воведува мерката за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом. „Мерката беше донесена на првата седница на Советот на Општина Аеродром, со што јасно се потврдува определбата дека токму младите се основата на развојот на заедницата“, велат од Општината. Ова право можат да го остварат лицата што исполнуваат следниве услови: лица кои имаат ...

Европа падна во втор план во решавањето на геополитичките прашања поради сопствените структурни проблеми, кои ја лишија од можноста за брзи и решителни акции, оцени политичкиот коментатор на британскиот весник „Фајненшл тајмс“, Гидеон Рахман. „На почетокот на својот мандат како претседател на Европската комисија, Фон дер Лајен изрази желба да предводи „геополитичка комисија“. Сепак, ЕУ останува настрана, дури и кога војните се водат директно на ...

Хрватската фудбалска репрезентација го одигра својот последен натпревар на гостински терен од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Црна Гора. Иако натпреварот беше мирен, по натпреварот се случи инцидент, објавува навивачката веб-страница Hooligans.cz. 17.11.2025, After match Montenegro – Croatia, in Montenegro, a column of Croatian fans was attacked with stones, when the Croats got out of the bus, the attackers fled into the ...

Бриџит Џонс, откачената хероина, им се придружи на Мери Попинс, Хари Потер и други сакани филмски ликови со своја статуа на лондонскиот Лестер Сквер. Добитничката на Оскар, Рене Зелвегер, која го игра главниот лик во сите четири филмови за Бриџит Џонс, вчера присуствуваше на откривањето на статуатата по повод 25-годишнината од објавувањето на првиот филм „Дневникот на Бриџит Џонс“. „Доста е лудо. Малку е чудно. Не е нешто што некогаш би го ...

Корисниците не треба слепо да веруваат на сè што им кажуваат нивните алатки за вештачка интелигенција (АИ), изјави денес за Би-би-си шефот на матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“. Извршниот директор на компанијата, Сундар Пичаи, изјави за британскиот медиум дека моделите на АИ се склони кон грешки и ги повика корисниците да ги користат заедно со други алатки. Пичаи ја нагласи важноста на богат информациски систем, наместо да се потпираат ...

Република Хрватска е ко-сопственик на деловниот комплекс „Вјесник“, а делот што се запали синоќа се користи за сместување на архивите, додека другиот дел од зградата што Министерството за просторно планирање го користи за работа на службените лица не беше зафатен од пожарот, објави Министерството. „Пожарот што избувна вчера околу 23 часот во облакодерот „Вјесник“ на Славонска авенија во Загреб се прошири вертикално, а огнот се прошири на ...

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги игнорира барањата на базата во партијата и ја занемарува потребата од реформи, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче доживеа дебакл на изборите со само 120 илјади гласа и 6 општини ја уништи довербата кај граѓаните и членството на партијата. Единствен приоритет на Филипче е исполнување и реализација на барањата и планот ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко. Заедно со ...

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува утре. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација. „Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1032
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1029
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.0
93%
1032
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.01
75%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
99%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 8ᴼ
1.34
83%
1030
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1030
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Злато

139470.53

Цинк

3.03

Калај

42.35

Сребро

2128.87

Бакар

10.93

Алуминиум

2.90

Иридиум

145787.60

Родиум

258009.74

Паладиум

52470.02

Платина

61733.50

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88