Рекордни 54 пожари има во земјава, а 19 пожари ќе горат и ноќва, изјави вчеравечер директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Тој дополни дека ризичен е и атарот во кумановско, како и селото Негрево и Пехчево. И во кратовско и неготинско пламените јазици навлегуваат во одредени села. Голем пожар има и на територија на Македонски Брод. Ангелов ги повика сите жители кои живеат во напуштени села да ги напуштат своите домови, ако забележат дека големи ...

Деветгодишно девојче им подлегна на повредите здобиени во напад со нож во градот Саутемптон, Англија. Таа е третата жртва на нападот, кој се случи за време на час по танц во мирниот англиски крајбрежен град во понеделникот околу пладне. Локалната полиција потврди дека деветгодишно девојче е третата жртва на напад со нож во Саутемптон. Според полицијата, девојчињата кои во понеделникот ги загубиле животите биле на шест и седум години. Во ...

На 29.07.2024 во 14.43 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Плачковица, во близина на влез во с.Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.И.(23) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.Ј.(23) од Штип, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил ...

Исплатата на парите од „мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот, појаснува директорката на УЈП Елена Петрова. Таа вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата и оти е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије. „Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. ...

Кривичниот суд на својата веб страница објави дека судењето по повод убиството на Вања и Панче ќе започне на 4 септември. Во соопштението се вели дека расправата требало да започне денес но по предлог на Основното јавно обвинителство таа е одложена. „Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на ...

Почина Сања Крстиќ од Смедерево, млада мајка на две деца на која ѝ беше дијагностициран малигнен тумор на грлото на матката, а пријатели и познаници преку социјалните мрежи се збогуваат со оваа жена-лавица. – Сања, почивај во мир, стои во описот на нејзината фотографија објавена на Фејсбук страницата „Спаси нечиј живот“. Сања долго време се бореше со кобниот тумор на грлото на матката. Таа беше посветена мајка и не сакаше да се откаже. Иако ...

Синоќа изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад, а пожарот ја зафати и околната шума на планината Беласица, информираа од Територијалната против - пожарна единица на Струмица. Пожарот избувнал околу 18 часот вчера, а потоа брзо се раширил и ја зафатил блиската шума на исток кон Беласица. „ТППЕ Струмица веднаш испрати две против – пожарни возила и шест пожарникари на местото на пожарот. Успешно беше спречено неговото ширење кон ...

Овен Вашите идеи ќе бидат високо ценети на работа. Искористете ја оваа можност да ги презентирате вашите иновативни предлози и да ги покажете своите способности. Денес ќе почувствувате силна врска со партнерот. Уживајте во длабоки разговори и интимни моменти кои ќе ја зајакнат вашата врска. Физичката активност ќе ви донесе олеснување и ќе ви го подобри целокупното здравје. Бик Бидете трпеливи и дозволете стратешкото размислување да го води ...

Комисијата за финансирање и буџет денеска во Собранието на Република Северна Македонија ја почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот откако во саботата заврши општата расправа која траеше три дена. Од поднесените 58 амандмани денеска претпладне Комисијата не го прифати амандманот поднесен од повеќе пратеници од Социјалдемократскиот сојуз со кој се бараше зголемување на средствата за плати и надоместоци на плати. Амандманот не беше ...

Вчера во 15.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Нов булевар Гевгелија“ во Гевгелија, И.К.(76) од Струмица, управувајќи патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус „волво“ со гевгелиски регистарски ознаки. И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршиле ...

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера исчезна 12-годишното девојче Амела Јелениќ, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи, повикувајќи ги сите граѓани доколку имаат некаква информација за ова дете, да се обратат до најблиската полициска станица. Таа е родена на 7 октомври 2011 година во Нашице, а нејзиниот престој е во Годињак. Висока е 155 см, има кафени очи, а бројот на стапалото и е 36. Во моментот на исчезнувањето ...

Автобус се запали во скопската населба Бутел 2. Според информациите од терен, чад го зафатил целото возило, стаклата се распукале, а на помош притрчале луѓе кои се обиделе да го изнаснат пожарот пред да пристигне противпожарната бригада. Засега нема информации за повредени лица, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот. Пред две недели кај Транспортниот центар под Железничката станица во Скопје се запали двокатен автобус на ЈСП, а ...

Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне, беше реализиран транспорт со хеликоптер на младиот Леонид Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија, а за кого на 10 јули 2024 година од неговиот татко беше упатено барањето до Центарот за управување со кризи, за воздухопловен транспорт. Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени. Во координација ...

Овен Денеска бидете внимателни со деталите, особено кога комуницирате со колегите. Фокусирајте се на ефикасноста и на организацијата за успешно завршување на задачите. Ќе почувствувате потреба за длабоки емотивни врски, па покажете ја својата страст и внимание на саканата личност. Изразете ги вашите чувства и покажете ѝ колку се грижите. Бик Вашите аналитички способности ќе бидат истакнати денеска. Користете ги за да ги идентификувате можностите ...

Некои жени се природно доминантни и бестрашни. Овие особини честопати доведуваат до тоа да се истакнат во општеството, без разлика дали се работи за деловниот свет, личните односи или социјалните активности. Да видиме кои се овие знаци и зошто нивната доминација доаѓа до израз: Лав Жените родени во знакот Лав се познати по својата харизма, самодоверба и природна лидерска способност. Лавиците сакаат да бидат во центарот на вниманието и природно ...

Американската ѕвезда Лејди Гага синоќа настапи на отворањето на Олимписките игри, а интересно е што нејзиниот настап беше однапред снимен. Лејди Гага беше една од првите ѕвезди на Олимпијадата во Париз, но изведбата, која беше прикажана на ТВ и екраните на брегот на Сена, беше претходно снимена. Како што јави АП, но и бројни француски медиуми, поради неизвесните временски услови, беше емитуван и претходно снимен перформанс на скалите покрај ...

Познатиот руски астролог Василиса Володина предвидува дека претставиците на четири хороскопски знаци ќе имаат голема среќа на сите полиња во август годинава. Русинката вели дека „судбината ќе има свои миленици, на чија врата ќе се појави торба со подарои – емотивни и материјални“, пренесува „Сенса“. Имено, голема среќа ќе имаат претставниците на следните хороскопски знаци – Овен, Лав, Стрелец и Риби. Василиса Володина тврди дека ги чека период ...

Полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас околу 3 часот утринава го лишија од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија. -Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото ...

Студентите ќе добиваат квалитетна храна во студентските домови. Министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за новинската агенција „Мета.мк“ рече дека прво ќе се изврши проверка на начинот на кој досега работеле студентските домови, врз основа на поплаките што досега стигнале во министерството, а потоа контролите ќе бидат на редовна основа. -Досегашните поплаки за работењето на студентските домови ги проследивме до Државниот ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Овен Овни, денеска е совршен ден за носење важни деловни одлуки. Вашата креативност и одлучност ќе го доживеат својот врв. Вечерва ќе доживеете неочекувано романтично изненадување од партнерот. Оние кои се слободни – подгответе се за флерт со личност која ќе ви го привлече вниманието. Обратете внимание на исхраната и избегнувајте брза храна. Физичката активност ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Бик Може да се појави можност за напредување ...

Сосема е логично бидејќи знаеме за нив и дека се многу чувствителни и романтични. Рак Тие се познати како најверниот знак на хороскопот, а сега знаеме дека тие обично сакаат само еднаш во животот. Имено, кога Раковите го даваат своето срце на една личност, тоа им значи засекогаш, дури и ако љубовта не заврши среќно. Навистина не гледаме начин како да згрешите, па некој припадник на овој знак да престане да ве сака. Риби Уште еден воден знак ...

18-годишно момче, двајца малолетници и еден маж користеле марихуана за време на музичка манифестација. Полицијата ги фати на дело. - На 26.07.2024 во 23.00 часот, по преземени мерки и активности, на Градскиот стадион во Виница за време на одржување на музичка манифестација, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Г.Г.(44) од село Градец, виничко, а ги привеле С.Х.(18) од Виница и двајца малолетници од Виница и Струмица затоа ...

Разбојнички кражби, тепачки, напади, нарушување на јавниот ред и мир...низа инциденти низ Скопје во изминатите денови. Полицијата расчистува повеќе вакви случаи, а еве што е нотирано во вчерашниот полициски билтен: - На 25.07.2024 во 20.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 17.00 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со ...

Овен Овни, денеска ќе бидете љубопитни и го активирате вашето креативно расположение. Ќе ве очекува ново и поучно искуство при средбата со вашите соработници. Со неколку вешти потези ќе можете да ги реализирате вашите емотивни намери. Вашиот партнер ќе се обиде да ве израдува на повеќе различни начини, а вие апсолутно ќе уживате. Бик Внимателно разгледајте ги алтернативните решенија за проблемите на работното место. Бидете трпеливи – нема ...

Новак Ѓоковиќ присуствуваше на гала вечерта со сопругата Јелена по повод почетокот на Олимписките игри. На само неколку дена пред почетокот на Олимписките игри, на престижната манифестација пристигнаа светски личности, а меѓу гостите беше и легендарниот Мик Џегер. Сепак, големо внимание привлече случајната средба на Новак со светската актерска сензација Зендеја. Актерката и пејачка на влезот ги сретна Ноле и Јелена и срдечно ги поздрави. Сето ...

Веѓите се украс на нашето лице. Изгледот на веѓите може да има големо влијание на изгледот на вашиот лик и да ве разубават. Но, според експертите, вашите веѓи можат да послужат за уште поголема цел. Тие можат да бидат прозорец во вашето целокупно здравје, давајќи ви индиции за тоа дали се храните добро или спиете доволно. „Тие исто така можат да откријат различни здравствени проблеми, од хормонален дизбаланс до автоимуни нарушувања“, вели др. ...

Костими, музички инструменти и други предмети позајмени од американската пејачка Тејлор Свифт ќе бидат изложени на привремената летна изложба во лондонскиот музеј „Victoria & Albert Museum“ (V&A). Насловена „Taylor Swift, Songbook Trail”, изложбата се состои од 13 инсталации распространети низ неколку музејски галерии. „Тоа е патување низ музејот. Тоа ги следи поглавјата од кариерата на Тејлор Свифт, а ние ги истакнуваме периодите и ги ...

Фитнес тренерот и експерт за слабеење, Shayne Rowland, тврди дека постои нешто што треба да го правиме секое утро ако нашата цел е да изгубиме тежина – треба да појадуваме. Rowland вели дека за губење на тежината без гладување, појадокот е исклучително важен, затоа што ако го прескокниме, ќе бидеме многу гладни во попладневните часови, што може да доведе до нарушување на режимот и можност да посегнеме по дополнителна храна. – Еден од ...

Земјотрес од 3,1 степен утрово е регистриран во околината на Пехчево и на Берово. Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се случил во 8 часот и 46 минути. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината. Вчера попладне во истиот дел од државата беа регистрирани два потреси од кои едниот во 18 часот и 28 минути, од 3.6 степени ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
51%
1029
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
2.57
67%
1028
weather icon

Загреб

18ᴼ / 13ᴼ
0.0
76%
1028
weather icon

Софија

15ᴼ / 11ᴼ
0.51
45%
1029
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.78
47%
1028
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1028
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.92
48%
1024
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1024
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
49%
1025
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 17ᴼ
0.45
76%
1027
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.72
40%
1025
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976