Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нa ГП Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од Мaкедонија, времето на чекање е 30-ина минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, ...

Домашниот туризам традиционално бележи пораст во летните месеци. Патуваат и млади и стари. И двете категории може да ги користат и бесплатните возови. Веста дека железничките транспортни врски на Битола се сведени на еден воз од Битола за Скопје заврши пред три месеци кога ЈП „Македонски железници“ ги врати истите линии на поаѓање од и доаѓање во градот. Според сознанијата сеуште важат поволностите за младите и пензионерите за бесплатно ...

18-те вработени кои добија ангажман од поранешната директорка Бесија Иљази повеќе не работат на Токсикологија откри новиот директор Андон Чибишев. Тој вели дека овие лица работеле со незаконски договори и со тоа внесувале немир помеѓу вработените и незаконски престојувале во институцијата со невалидни договори и довивале плата. „Со тоа Буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го ...

Во Полициската станица Гевгелија синоќа околу половина час по полноќ, било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од с.Селемли, општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од с.Стојаково, општина Богданци. -Во несреќата со тешки телесни ...

Овен Овни, можни се неочекувани предизвици на работа. Бидете подготвени да се прилагодите на новите ситуации. Денеска ќе почувствувате потреба за слобода во љубовните врски. Разговарајте со партнерот за вашите чувства. Занимавајте се со физичка активност за да го намалите стресот. Бик Фокусирајте се на долгорочните цели. Вашата упорност ќе биде наградена. Можни се недоразбирања со партнерот. Обидете се да бидете трпеливи и отворени за разговор. ...

Потенцијално опасниот астероид за Земјата, „2024 МК“ мина крај нaшaтa планета на оддалеченост од околу 300.000 километри, соопшти Институтот за применета математика „Келдиш“ при Руската академија на науките. Инаку, „2024 МК“, релативно голем астероид што ѝ припаѓа на групата Аполо, беше следен од телескопски мрежи додека минуваше околу 300.000 километри покрај Земјата, пренесоа руските медиуми. Според Европската вселенска агенција, астероидот ...

Најдраматичното видео од невремето во Белград е снимено во Петлово брдо на кое се гледа како жена се дави во поплава. На видеото се гледа жена во далечина која се обидува да одржи рамнотежа додека оди низ вода Меѓутоа, жената изгубила рамнотежа и неколку пати паднала во водата. За среќа, на видеото се слушаат гласовите на двајцата мажи кои и пришле на помош. Трчај, трчај, жената се дави! View this post on Instagram A post shared by 192.RS ...

Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена. Истовремено директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат ...

Жената на околу педесетина години врз која попладнево падна дрво кај „Европски универзитет“, не е во животозагрозувачка состојба, потврди за МИА, доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје. - Наша екипа со помош на пожарникари ја извлекле. Таа немала надворешни видливи повреди. Се пожалила на болки во кичма и по телото, по што е однесена на опсервација на клиника. Треба да се направат снимки за да се види дали има некаква ...

По најавите за врнежи на целата територија од државата, а со оглед на тоа што почвите и теренот се релативно влажни од УХМР предупредуваат дека во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од одрони и свлечишта. Од Секторот за хидрологија при Управата за хидометеоролошки работи на внимателност повикуваат во ...

Анастасија Ражнатовиќ по венчавката во Србија замина на заслужен одмор, а вистинска полемика настана околу цената на костимот за капење што го носеше. Имено, одредени страници на Инстаграм дознале дека костимот за капење чини околу 2.500 денари. По оваа објава, луѓето почнаа да коментираат дека очекувале таа да носи многу поскапи костими за капење. -Жената покажа дека е без никакви комплекси. Многу ми е драго што е ваква и што е добар пример ...

МВР поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. против полицаец вработен во ПС Струмица, кој бил на службена должност како обезбедување на поранешниот премиер Заев. Покрај ова против него е изречена и мерка за остранување од работното место, до завршување на дисциплинската постапка. „Имено, пријавениот Т.А. на 29.06.2024 година околу 6,20 часот, во својство полициски службеник, напуштајќи го работното ...

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи го најави укинувањето на институцијата економски директори во јавните здравствени установи. Тој посочи дека владата на денешната седница ќе ги разгледа измените на предлог законот за здравствена заштита. „Со оваа мерка се стремиме кон подобрување на ефикасноста во управувањето со нашите здравствени установи, намалување на административните трошоци и насочување на средствата кон подобрување на ...

Не стивнуваат реакциите од резултатите по пописот во Албанија каде бројот на Македонци драстично падна на сметка на бројот на Бугари. Свое видување на работите даде и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ каде на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека најголемиот борец за Македонците во Албанија, Едмонд Темелко до ден денес се влече по судовите во Македонија. „Најголемиот борец за Македонците во Албанија Едмонд Темелко до ден денес државата Република ...

Овен Имате доволно енергија и ентузијазам да ги завршите сите задачи навреме. Фокусирајте се на приоритетните проекти и бидете флексибилни во соработка со колегите. Денес е идеален ден за романтични средби. Изненадете го партнерот со посебен гест или подарок кој ќе му го стопи срцето. Слободните може да очекуваат ненадејна средба со некој интересен и привлечен. Бик Вашата упорност и посветеност ќе бидат наградени. Очекувајте напредок во ...

Силно невреме со грмотевици попладнево ја зафати Словенија и северозападните делови на Хрватска со тенденција да се придвижи кон Унгарија. Силната бура ја зафати областа северно од Новo Место во Словенија, а паѓаше и град со дијаметар од најмалку два сантиметри во близина на Шентвид. Од Агенцијата за животна средина (Арсо) од каде што издадоа портокалово предупредување за целата држава, предупредија дека невремето ќе продолжи во попладневните ...

Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на Северна Македонија. Оттаму додаваат дека се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 % во однос на одлуката од 28.6.2024 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното ...

Следниот петок, на петти јули почнува Фестивалот „Златни денови 2024“. Во духот на добрата забава и традицијата, „Златни денови Кратово 2024“ одново ќе ја докаже посветеноста и лојалноста кон публиката, благодарение на одличната музичка програма. Првата фестивалска вечер е во петок (05.07.2024) и градот ќе заживее во ритамот на најубавата македонска музика, благодарение на сите реномирани музички уметници кои ќе настапат. Честа за остварање на ...

Паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци која беше ветена, а нереализирана од претходното владино раководство, Министерството за образование и наука информира дека ќе започнат да се исплаќаат од понеделник, информираат преку соопштение од Министерството за образование и наука. На првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжи ...

Во период од само 3 дена, од 29.06 до денес, за време на одржувањето на „Д Фестивал“ во Стар Дојран полицијата уапсила дури 19 лица поради поседување на дрога. Лишени се од слобода А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, ...

Едно лице е убиено, а едно е тешко рането при пукање од автомобил кое утрово се случило во скопското село Батинци. Од МВР велат дека пукотницата се случила во 09:25 часот. Пукано било од автомобил „мерцедес“ кон патничко возило „форд“ кон две лица од селото Црн ВРВ на возраст од 31 и 34 години. -во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое ...

На првите избори за претседател на СДСМ во 2021 година Зоран Заев беше реизбран за претседател со речиси 60 илјади гласови. За волја на вистината тој беше и единствен кандидат каде партијата тогаш во тоа време одлучи изборот да биде „за“ или „против“. Партијата тогаш во своето соопштение кажа дека се регистрирале 68999 лица а гласале 59249 или речиси 90 отсто од вкупно запишаните во избирачкиот список на партијата. За споредба новоизбраниот ...

Овен Овни, бидете сигурни во себе и во своите способности. Имате многу што да понудите, само треба да се потрудите да го покажете тоа пред колегите. Денеска е ден кога ќе се чувствувате многу страсно и смело во љубовта. Бидете храбри и покажете му ги емоциите на партнерот. Доколку сте слободни, можно е да запознаете личности која ќе ве освои на прв поглед. Бик Бидете организирани и фокусирани на задачите кои ви се на располагање. Вашата ...

Луѓето родени во хороскопскиот знак Рак се најемотивните во светот на зодијакот. Нежни се и секогаш се грижат за сечии чувства и емотивно реагираат на се што им се случува во животот. Еве неколку причини зошто тие се најемотивните луѓе: Тие се многу сочувствителни Раковите се исклучително сочувствителни и имаат одлична интуиција. Тие лесно препознаваат како се чувствуваат другите луѓе и брзо се поврзуваат со нив на длабоко емотивно ниво. ...

Третопласираната финалистка на „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Перушовска ги освои публиката и жирито со својот моќен вокал, но не недостигаа комплименти ниту на сметка на нејзиниот физички изглед. Откако се појави на натпреварот, атрактивната Македонка не се потпира само на гласот, туку се трудеше да го заокружи својот сценски настап со стајлинзи кои често ја оставаа јавноста без здив, а својата убавина и сексипилност секогаш ја покажуваше на ...

Џерид Вилсон е сопруг, татко, автор и блогер. На својот блог тој јавно го пишува текстот со наслов „Се состанувам со девојка иако сум женет“. Многумина би рекле дека тоа звучи ужасно и веднаш би го осудиле. Но, треба да ја прочитате неговата приказна. Иако не верувате, бидете сигурни дека ќе ве освои. „Таа е неверојатна девојка. Убава е, паметна, силна и има неверојатна верба во Бог. Сакам да ја носам на вечера, во кино, да излегуваме на кафе ...

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места ширум земјава, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23 илјади акредитирани партиски членови. Во трката за нов лидер на СДСМ остануваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА Александар ...

Истрагата за смртта на американскиот глумец Метју Пери е при крај и полицијата верува дека треба да бидат обвинети повеќе луѓе, изјави полициски извор за списанието „Пипл“ (People). Ѕвездата на „Пријатели“ почина во октомври 2023 година. Првично се мислеше дека неговата смрт е случајна, но извештајот од обдукцијата покажа дека тој починал од акутни ефекти на „Кетамин“ и давење. Според цитираниот извор, американското Државно обвинителство ...

Веќе две недели трае мистеријата со исчезнувањето на 45-годишната Злата Јанкова од Свети Николе, семејна жена, мајка и сопруга, на која и се изгуби траг среде бел ден во селото Орел, каде имаат семејна викендичка, откако тргнала да си оди дома во Свети Николе. Нејзиниот сопруг Дејан за ,,Фокус” раскажува дека изминатиот период сите се вознемирени и се во потрага по одговори. Не знаат како може да исчезне возрасна жена среде бел ден, во мало ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
66%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
67%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
69%
1012
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
1.34
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
66%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
73%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52