Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денес дека САД го повикале Израел веднаш да го истражи израелскиот воздушен напад во Газа, кој резултираше со смрт на седум хуманитарни работници. Блинкен го повтори повикот Израел да даде приоритет на заштитата на животите на цивилите. „Разговаравме директно со израелската влада за овој конкретен инцидент. Побаравме брза, темелна и непристрасна истрага за да се разбере што точно се случило“, ...
Белата куќа соопшти дека е огорчена од израелскиот воздушен напад врз Газа во кој загинаа седум лица кои работеа за World Central Kitchen (WCK), и дека американскиот претседател Џо Бајден му се јави на основачот на добротворната организација за да му изрази сочувство. „Бевме огорчени кога дознавме за нападот на ИД во кој вчера загинаа голем број цивилни хуманитарни работници“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби. Запрашан дали САД ќе ...