
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Не е одреден датум за планираното обраќање на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во американскиот Конгрес, соопштија во понеделникот неговиот кабинет и извори од Конгресот, по извештаите дека говорот на лидерот е закажан за 13 јуни. Без наведување извор, репортерот на Punchbowl News на X.com рече дека Нетанјаху ќе се обрати на состанокот на Претставничкиот дом и Сенатот на САД на 13 јуни. „Политико“ и „Блумберг“ подоцна го објавија истиот ...
Поранешниот водечки американски експерт за заразни болести, доктор Ентони Фаучи, негираше дека ја прикрил теоријата оти ковид-19 протекол од лабораторија во Кина, велејќи им на законодавците дека никогаш не влијаел на истражувањето за потеклото на вирусот. Првпат јавно да се осврне на наводите по 14-часовното сослушување одржано зад затворени врати во јануари, Фаучи, исто така, повтори дека верува оти најверојатното потекло на пандемијата е со ...
Лидерите на групата седум најразвиени држави (Г7) „целосно го поддржуваат и ќе застанат зад сеопфатниот“ договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците за војната во Газа, наведени од американскиот претседател Џо Бајден, и го повикуваат Хамас да го прифати, се вели во соопштението денес. Договорот „ќе доведе до итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на хуманитарната помош за ...
За неколку часа откако се приклучи на ТикТок, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп привлече милион следбеници на кратката видеоплатформа, која се обиде да ја забрани како претседател поради закана за националната безбедност. Одлуката да се приклучи на платформата ќе му помогне на поранешниот претседател да допре до помладите гласачи во неговата трета кандидатура за Белата куќа. Тој е во тесна трка со демократскиот актуелен ...
Израелската војска денес соопшти дека уште четворица од израелските заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври умреле во заробеништво, а нивните тела ги држи исламистичката група. Војската ги идентификувала четворицата мажи, кои сите биле снимени живи во заложнички видеа објавени од Хамас. Воениот портпарол, контраадмирал Даниел Хагари, рече дека војската ќе може да ја обезбеди безбедноста на Израел во секој договор за примирје и ослободување ...
Американската потпретседателка Камала Харис и советникот за национална безбедност Џејк Саливан ќе присуствуваат на мировната конференција за Украина во Швајцарија на 15 јуни, соопшти Белата куќа во понеделникот. Харис ќе отпатува во Луцерн, Швајцарија, за да ја нагласи посветеноста на Вашингтон да ги поддржи напорите на Украина да обезбеди праведен и траен мир, заснован на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и принципите на ...
Човештвото направи чекори во справувањето со глобалното затоплување, но и понатаму е на пат за „уништувачки висок“ пораст на температурата на Земјата, рече шефот на ОН за климата на почетокот од клучните преговори во понеделникот. Дипломатите се среќаваат секој јуни во Бон за да се обидат да ги унапредат најтешките точки во преговорите за климата за да можат политичките лидери да ги финализираат договорите на самитот на КОП на крајот на ...
Изборот на поротата започнува оваа недела во Делавер во федералниот случај за оружје против Хантер, син на претседателот Џо Бајден, по пропаѓањето на договорот со обвинителите што би го избегнал спектаклот на судењето толку блиску до изборите во 2024 година. Хантер Бајден е обвинет дека лажел на федералните формулари за купување оружје кога рекол дека не е зависник од дрога. Тој се изјасни за невин и тврди дека е неправедно цел на Одделот за ...
Маја Ѓорѓевска, e првата Македонка која ги истрча шестте најголеми светски маратони и со тоа се здоби со титула Six Star Finisher. Своето патешествие го започнува во 2022 година, кога најпрво го покори Берлинскиот маратон, а потоа и оној во Њујорк. Минатата 2023 следуваа маратоните во Токио и Чикаго. Нејзиниот сон стана реалност, најпрво со Бостонскиот маратон, а потоа и со маратонот во Лондон на 21 април оваа година. Embed share Маја ...
Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Калибаф во понеделникот ја пријави својата кандидатура за изборите во земјата на 28 јуни по смртта на поранешниот претседател Ебрахим Раиси и други лица во хеликоптерска несреќа во мај. Конзервативниот, тврдокорен политичар, Калибаф (62), им рече на новинарите по неговото кандидирање дека ќе го продолжи патот на Раиси. Тој рече дека сиромаштијата и зголемените цени се акутен проблем за Иранците додека ...
Претседателот на парламентот на Грузија го потпиша законот за „странски агенти“ што предизвика политичка криза во оваа јужнокавкаска земја и наиде на остри критики од нејзините западни сојузници. Спорот околу законот е тест за тоа дали Грузија, три децении меѓу попрозападните земји наследнички на Советскиот Сојуз, ќе ја задржи својата западна ориентација или ќе се приближи до Русија. Претседателот на парламентот Шалва Папуашвили го потпиша ...
Официјалните првични резултати објавени рано во понеделникот покажаа дека кандидатката на владејачката партија Клаудија Шејнбаум победи на претседателските избори во Мексико и стана првата жена претседател во земјата. Шефот на Националниот изборен институт рече дека репрезентативниот статистички примерок од целата земја покажал дека Шејнбаум, поранешна градоначалничка на Мексико Сити, освоила меѓу 58,3 и 60,7 отсто од гласовите. Нејзиниот главен ...
Новинарите и палестинските здравствени власти рекоа дека во израелски напади биле убиени најмалку 11 луѓе во Газа, додека Соединетите Држави се залагаат за договор за прекин на огнот што ќе вклучи првично запирање на борбите и ослободување на некои заложници кои ги држеше Хамас. Израелската војска во понеделникот соопшти дека нејзините сили извршиле воздушни напади врз повеќе од 50 цели во Појасот Газа, додека копнените трупи оперирале во ...
Новинарите снимаат додека полицијата ги расчистува демонстрантите од универзитетскиот кампус. Неколку новинари ширум САД се приведени или малтретирани додека известувале за воените протести меѓу Израел и Хамас. Ваквите инциденти, велат експертите, имаат застрашувачки ефект. „Ако одите да покриете протест и ве уапсат и доколку бидете насилно уапсени и повредени, ќе размислите два пати колку блиску до таа приказна сакате да стигнете следниот пат ...
Десет илјади американски војници се на ротација во Полска, фронтот на НАТО. Првата коњичка дивизија на Армијата на САД ја презеде контролата од Третата пешадиска дивизија за источноевропската мисија. Војската на САД тесно соработува со сојузниците во НАТО за зајакнување на одвраќањето. Embed share Десет илјади американски војници се на ротација во Полска Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your ...
Ова е трета пролет што психологот Полијана Шадрина и нејзината ќерка Софија ја поминуваат во Варшава, наместо во родниот Киев. Шадрина која е бегалка, и помага на својата ќерка со домашните задачи. „Каде е почетокот на задачата, а каде е крајот? Дали си сигурна дека ова е почеток?”, се прашува Шадрина. Тие живееле во Киев кога Русија ја започна инвазијата на Украина. Ќерка и има нарушување на спектарот на аутизам, а по еден месец менталното ...
Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, во петокот рече дека го поддржува правото на сојузот да и помогне на Украина да се одбрани додека нејзината војна против Русија еволуира, вклучително и дозволувањето на Киев да возврати со оган врз цели во Русија користејќи оружје што го испорачува НАТО. Столтенберг ги даде коментарите пред новинарите во Прага по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО. Тоа се случи кога сојузниците на НАТО, ...
Пенсилванија е политички поделена сојузна држава која може да го одреди исходот на овие избори. Мајкл Санчес предава политички науки на Универзитетот Темпл во Пенсилванија. „Доналд Трамп победи во 2016. Во 2020 година победи Џо Бајден. И во двата периоди разликата беше од 40.000 гласови или 80.000 гласови во сојузна држава од милиони луѓе. Значи, ние сме тесно поделени”, вели Санчез. Embed share Бајден и Трамп во трка за гласови од клучната ...
Кој е планот на Претседателката на Северна Македонија во однос на Преспанскиот договор? Запрашана за тоа на јавен настан во Охрид, Гордана Сиљановска Давкова вака одговори: „Планот е градење на добрососедски односи. Планот е нудење почит и барање почит... Дијалогот е здрава работа и ако нема взаемна почит нема да има резултат. Политиката бара дијалог и јас сум спремна ... взамено да ги надминеме проблемите“. Таа сепак не отстапува од користењето ...
Во промена на неговата претходна позиција, претседателот Џо Бајден и дозволи на Украина да користи оружје обезбедено од Америка за да се спротивстави на руските напади во Харков, вториот по големина град во Украина, кој се наоѓа на само 30 километри од границата со Русија. Говорејќи од Прага, во петокот, американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја потврди промената во политиката. „Во текот на изминатите неколку недели, Украина дојде кај нас ...
Телевизијата Ал Масира на Хутите во петокот јави дека 16 лица се убиени, а 35 се ранети во американските и британските напади врз јеменската провинција Ходеида. Извештајот објави дека нападите биле насочени кон зграда на радио во областа Ал-Хок во Ходеида и пристаништето Салиф. Војските на САД и Велика Британија соопштија дека во четвртокот извршиле напади врз цели на Хутите во Јемен, како дел од напорите да ја одвратат милитантната група од ...
Борба против криминалот и корупцијата, забрзан економски развој и реформи неопходни за евриоинтеграциите – ова ќе бидат трите приоритети на идната влада. Тоа идниот мандатар Христијан Мицкоски го кажува на серијата средби со дипломатите во Скопје, како денешната со швајцарската амбасадорка, кои сакаат, од прва рака, да се информираат за приоритети на владата во доаѓање. Најавите се дека новиот владин кабинет ќе ја преземе должноста не подоцна од ...
СКОПЈЕ - По шест месеци поминати во притвор и исто толку долга истрага, Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски, и официјално се обвинети за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. До Основниот кривичен суд денеска Јавното обвинителство го поднесе обвинителниот акт, според кој тројцата соизвршители ги сториле кривичните дела „убиство“ и грабнување“. Обвинителен акт е поднесен и за таткото на Вања, ...
Да се биде осуден за кривично дело - а камоли 34 кривични дела - е вид на удар што може да ги загрози амбициите на секој политичар. Наместо тоа, Доналд Трамп ќе се обиде да го претвори она што инаку би можело да биде пресуда за завршување на кариерата во гориво за неговата кампања. Трамп ќе се врати на кампањата во петок со прес-конференција во неговата кула што го носи неговото име на Менхетен, еден ден откако беше осуден за обид за незаконско ...
Соединетите Држави во четвртокот објавија дека и дале дозвола на Украина да користи оружје испорачано од САД за цел на Русија, но само во близина на Харков, вториот по големина град во Украина. Одлуката означува голема промена на политиката. До овој развој, претседателот Џо Бајден одбиваше да и дозволи на Украина да користи американско оружје за напади на руска територија. Украинската влада почна да бара од САД да ја сменат политиката откако ...
Израелските сили во петокот нападнаа цели низ Појасот Газа, при што сведоците пријавија воздушни напади околу јужниот град Рафа, најновиот фокус на речиси осуммесечната војна. Израел го започна својот воен упад во Рафа на почетокот на мај и покрај меѓународните приговори за безбедноста на цивилите кои се засолнуваат во градот на границата на Газа со Египет. Нападот што предизвика пожар и уби десетици во кампот за раселување изминатиот викенд, ...
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и кинескиот министер за одбрана Донг Џун ја одржаа својата прва средба лично на маргините на дијалогот Шангри-Ла во Сингапур во петокот. Двајцата функционери разменија мислења за низа спорни прашања, вклучително и зголемената тензија низ Тајванскиот теснец, тековната конфронтација меѓу Филипините и Кина во Јужното Кинеско Море, како и големите глобални конфликти како руската војна во Украина и ...
Поранешниот претседател Доналд Трамп рече дека „вистинската пресуда ќе биде на 5 ноември од народот“, откако поротата во Њујорк го прогласи за виновен по сите 34 точки од обвинението. „Ова беше наместена одлука уште од првиот ден. Не згрешивме ништо, јас сум многу невин човек. Ќе продолжиме да се бориме. Ќе се бориме до крај и ќе победиме“, рече Трамп на излегување од судницата. Трамп стана првиот американски претседател кој е осуден за кривично ...
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, рече дека „дојде време“ членките на воената алијанса повторно да разгледаат некои од ограничувањата поврзани со употребата на оружјето што ѝ го доставија на Украина за поддршка на борбата на земјата против Русија. Западните земји изгледаат поделени во последните недели за тоа дали на украинската војска треба да ѝ се дозволи да напаѓа цели на руска територија. Некои од сојузниците на Украина тврдат ...
СКОПЈЕ – И по четирите обиди за избор денеска немаше „бел чад“ од оџакот на Уставен суд. Две судијки остануваат во игра за наследник на Добрила Кацарска и тригодишен мандат без право на реизбор. Станува збор за Татјана Васиќ - Бозаџиева и Ана Павлова Данева. Гласањето за избор на нов претседател на Уставниот суд продолжува утре во 10 часот. „Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставен суд“, ...