
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Овој залив за само неколку години стана непрепознатлив за Миријам Арс. „Овој залив престана да биде залив. Целосно е покриен, осакатен“, вели Арс. Арс цел живот живее во заедницата во близина на новото пристаниште Чанкај во Перу. Таа вели дека изградбата на пристаништето и штети на животната средина и на 20-те илјади семејства кои живеат во близина, бидејќи отпадот од проектот завршува во океанот. „Риболовот исчезнува. Таму каде што се гради ...
Израелската војска го погоди центарот на Газа со воздушни напади додека во средата објави почеток на „целни оперативни активности“ во две области. Војската соопшти дека напаѓа „терористички цели, вклучително и воени комплекси, складишта за оружје и подземна инфраструктура“ во Деир ал Балах и Буреј. Жителите во областа пријавија силно бомбардирање во текот на ноќта. Израелската војска, исто така, соопшти дека ги продолжува борбите во јужниот град ...
Американската вселенска агенција НАСА повторно лансираше двајца астронаути до Меѓународната вселенска станица на новиот вселенски брод Боинг Старлајнер. Двата претходни обиди да се испратат американските астронаути Буч Вилмор и Сунита Вилијамс на Меѓународната вселенска станица на првиот лет со екипаж на Старлајнер беа откажани пред лансирањето. Вилмор и Вилијамс штотуку влегоа во капсулата на 6 мај кога копнените службеници забележаа неисправен ...
СКОПЈЕ – Со измени во Законот за организација на работата на органите на државната управа (ЗОРОДУ) владејачкото мнозинство предводено од ВМРО – ДПМНЕ ќе го официјализира новиот изглед на Владата со четири нови министерства и реорганизација надлежностите во постоечките. Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека очекува утре да го добие мандатот за составување на Влада од претседателката Гордана Силјановска – Давкова и не откри дали ...
Додека Израел ја продолжува воената кампања во Газа, договорот за прекин на огнот за ослободување на заложниците со Хамас се чини недостапен, дури и со дипломатските напори на САД. Во меѓувреме, речиси две и пол години од инвазијата на Русија, Украина ја отфрла можноста за отстапување територии и директно преговарање со Русија. „Во двата случаи, можете да аргументирате дали САД во голема мера се вклучени без нужно да размислувате за последиците ...
Американскиот претседател Џо Бајден слета во Франција за да ја одбележи 80-годишнината од инвазијата во Нормандија - и планира да ја искористи приликата за да ја нагласи потребата од силен трансатлантски сојуз наспроти руската агресија во Украина. Бајден ќе се сретне со претседателот на Украина и со преживеаните американски ветерани од инвазијата на плажата во 1944 година, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан. Бајден ќе ги ...
Неделниот пазар околу 100 километри јужно од Париз, е добро место за средба со локалното население, особено пред изборите за Европскиот парламент во Франција на 9. јуни. Пред неколку години, многу гласачи можеби се двоумеле да разговараат со овие членови на екстремно десничарската партија Национален марш. Денес помалку. „Нешто треба да се направи затоа што луѓето тешко врзуваат крај со крај. Јас претходно гласав за Национален марш. Не се срамам ...
Почна трката за лидерската позиција во СДСМ. Тројца претенденти за фотелјата испразнета по оставката на Димитар Ковачевски денеска поднесоа кандидатури. Станува збор за двајца актуелни пратеници, инаку поранешни министри, и актуелниот директор на Технолошко-индустриските развојни зони. Тоа се Славјанка Петровска, Венко Филипче и Јован Деспотовски. Прв во партиското седиште се појави Филипче – образложи дека решил да се кандидира зашто верува ...
СКОПЈЕ – По десет круга гласање конечно се појави бел чад од Уставниот суд и заврши кризата. По десет круга гласање уставните судии го избраа Дарко Костадиновски за нов претседател на Уставниот суд и наследник на Добрила Кацарска чиј мандат истече во неделата. Тој доаѓа од редовите на уставните судии и ќе има мандат од три години. Иако официјална најава за седница денес немаше, по координација утрово, уставните судии се договориле да продолжат ...
Со години, еколозите во Калифорнија се обидуваат да ги убедат жителите на Лос Анџелес дека на локалниот див свет му требаат мостови, исто како и на луѓето. За животните, проблемот е автопат со десет ленти. „Гледаме дека многу животни се приближуваат до автопатот во оваа област.... Автопатот 101 ја дели Санта Моника и сè друго на север, и животните не можат да преминуваат“, вели Сет Рајли од Рекреативниот парк, Санта Моника. На Денот на планетата ...
Кремљ денес рече дека е разбирливо што некои земји одбиваат да учествуваат на мировниот самит за Украина, организиран од Швајцарија, овој месец, бидејќи на собирот му недостасуваат јасни цели и оти е апсурдно да се одржи без Русија. Украина соопшти дека повеќе од 100 земји и организации се согласиле да присуствуваат на самитот на 15-16 јуни, на кој Москва не е поканета. „Ова е целосно апсурдна активност, ова е безделничење“, изјави за новинарите ...
Беше важно да се обелодени пред јавноста за тоа што го кажува овој предлог, особено веднаш откако беше пренесен до Хамас, изјави во интервју за Гласот на Америка портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, одговарајќи на прашањето да го објасни предлогот на претседателот Џо Бајден за прекин на огност во Газа. САД во понеделникот соопштија дека сакаат Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) да усвои резолуција со која ќе го ...
Претставничкиот дом на САД, предводен од републиканците, усвои предлог-закон со кој ќе се воведат санкции на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради одлуката на неговиот обвинител да бара налози за апсење на израелски службеници поврзани со војната во Газа. Гласањето беше 247 против 155, а 42 демократи им се придружија на републиканците во поддршката на мерката. Немаше републикански гласови „против“, иако двајца гласаа „присутни“. Мерката не се ...
Американскиот претседател Џо Бајден, кој се` повеќе го критикува однесувањето на Израел во неговата војна против милитантите на Хамас во Газа, додека бројот на жртвите меѓу Палестинците расте, во ново интервју вели дека има причина да се верува дека премиерот Бенјамин Нетанјаху го одолжува конфликтот да се спаси себеси политички. Како што војната се ближи до осум месеци, израелскиот лидер се соочува со спротивставени барања од Бајден и другите ...
Израел верува дека повеќе од една третина од преостанатите заложници во Газа се мртви, покажа владиниот извештај денес, додека САД се обидуваат да го истуркаат предлогот за прекинување на војната со Хамас. Од околу 250 луѓе вовлечени во појасот Газа од палестински вооружени лица предводени од Хамас, за време на прекуграничното дивеење на 7 октомври што ја предизвика војната, голем број беа ослободени во ноемвриското примирје, додека други беа ...
Хамас не може да се согласи на никаков договор доколку Израел не преземе „јасна“ обврска за траен прекин на огнот и целосно повлекување од појасот Газа, изјави денес висок функционер на палестинската милитантна група. Катар, кој заедно со САД и Египет посредуваше во разговорите меѓу Хамас и Израел, исто така, го повика Израел да обезбеди јасна позиција што ќе ја има поддршката од целата нејзина влада за да постигне договор. „Не можеме да се ...
Има нови предупредувања за потенцијални напади кои имаат за цел да ги попречат претстојните Летни олимписки игри во Париз, вклучувајќи го и потенцијалот за нови терористички заговори како оној што минатата недела го прекинаа француските власти. Во извештајот објавен во вторникот од страна на компанијата за сајбер безбедност Рекордед Фјучр се наведува дека и покрај големата веројатност за сајбер напади, најголемиот ризик за игрите во Париз ќе ...
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во вторникот се состана со највисоките претставници на Камбоџа за да разговараат за продолжување на заедничките програми за воена обука, во услови на зголемена загриженост за врските на земјата од Југоисточна Азија со Кина. „Имавме суштински разговори за начините за зајакнување на одбранбените врски меѓу САД и Камбоџа и со нетрпение очекувам понатамошен дијалог“, рече Остин во објавата X. Портпаролот ...
Кинеските државни медиуми наведуваат дека вселенското летало без екипаж се упатува назад кон Земјата откако во вторникот се лансирало од далечната страна на Месечината. Кинеската Национална вселенска администрација соопшти дека модулот за воздигнување на сондата Chang'e-6 влегол во претходно поставената орбита на Месечината кратко по полетувањето, според извештајот на новинската агенција Шинхуа. Сондата Chang'e-6 слета на далечната страна на ...
Хантер Бајден пристигна на неговото кривично судење за обвиненијата за оружје, пред воведните изјави и потенцијално сведочење за употребата на дрога извадено од неговата автобиографија и телефонски пораки за кои обвинителите велат дека го инкриминираат синот на претседателот. Хантер Бајден (54) е обвинет дека не ја открил неговата употреба на нелегални дроги кога купил револвер „Колт Кобра“ со калибар 38 и дека нелегално го поседувал оружјето 11 ...
Американските медиуми велат дека претседателот Џо Бајден денеска ќе објави извршна наредба со која остро ќе се ограничи бројот на луѓе кои бараат азил на границата меѓу САД и Мексико. Според претставници на администрацијата, наредбата ефективно ќе ја затвори границата штом неделниот просек на баратели на азил ќе достигне 2.500 помеѓу влезните точки. Наредбата ќе стапи на сила веднаш по потписот на Бајден, бидејќи тој број е веќе многу над тој ...
Јужна Кореја целосно го суспендираше договорот за намалување на тензиите со Северна Кореја, соопштија претставници на одбраната, дозволувајќи му на Сеул да ги продолжи сите воени активности долж меѓукорејската граница. Одлуката, одобрена од јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, е дел од одговорот на Сеул откако Пјонгјанг испрати бранови балони полни со ѓубре и измет над Јужна Кореја. Одлуката ја ослободува Јужна Кореја да продолжи со воените ...
СКОПЈЕ – На мнозинството во Собранието му недостасуваат два гласа за да го има неопходното двотретинско мнозинство неопходно за да се изгласаат двата клучни закони на стартот на мандатот, Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ) и законот за локална самоуправа. По денешната координација кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, од мнозинството соопштија дека имаат 78 гласа но и дека се надеваат дека ...
Шефицата на државата не сака да ги коментира предупредувањата од Грција до што може да доведе нејзиното, а и одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ – партијата победник на изборите, да го изговара уставното име не земјата, нешто што Атина го смета за кршење на Преспанскиот договор. Откако Гордана Сиљановска-Давкова ја презеде должноста, грчките власти, пред се премиерот Мицотакис, во неколку наврати јасно порачаа дека „Северна Македонија е име за севкупна ...
Судбината на предлогот за привремено запирање на борбите во Газа, зголемување на хуманитарната помош и ослободување на некои заложници кои ги држеше Хамас, остана неизвесна во вторникот, при што Хамас допрва треба да одговори на предлогот, израелските власти се сомневаат во некои од деталите и САД бараат поддршка од Советот за безбедност на ОН за прифаќање и спроведување на договорот. Нацрт-резолуцијата на САД, видена од Гласот на Америка, го ...
Во предградијата на Најроби, жителите како Јеротич Сеи размислуваат за нивниот следен чекор да ја запрат, како што велат, нелегалната градба на нивниот имот. „Сега страдаме поради неплански проекти. Немате канализација, пошироки патишта, противпожарни станици, доволно училишта, болници; а сè што правите е само градење објекти без потребното планирање“, вели Јеротич Сеи, активистка за социјална правда. Килимани е една од областите каде што ...
Ентузијазмот за изборите во ноември во САД е „просечен“ меѓу гласачите, според неодамнешната анкета на Галуп. Гласањето е право кое не треба да се зема здраво за готово. „Гласањето е најфундаменталниот начин да се слушне вашиот глас“, смета Пилар Кели, гласач. „Мораме да гласаме за работите кои ќе и помогнат на нашата земја“, додава Џени Вилсон, жителка на САД со право на глас. Американците можат лично да гласаат на денот на изборите или ...
САД во понеделникот соопштија дека сакаат Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) да усвои резолуција со која ќе го поддржи предлогот на претседателот Џо Бајден за прекин на борбите меѓу Израел и палестинските милитанти Хамас во појасот Газа. САД испратиле нацрт-текст, виден од Ројтерс, до 15-члениот Совет. За да биде усвоена резолуцијата потребни се најмалку девет гласа „за“ и да нема вето од страна на САД, Франција, Велика Британија, ...
Најновите бројки на Европската унија објавени овој месец покажуваат дека просечниот животен век во ЕУ во 2023 година бил 81,5 години - речиси една година повеќе во однос на 2022-та, со оглед на окончувањето на пандемијата со коронавирус. „Во Европа, гледаме висок животен век во земји како Шпанија, Италија, Шведска, Норвешка, но некои земји заостануваат, а тоа ја вклучува и Британија. Источна Европа постигна многу напредок од пост-советската ...
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денес изјави дека САД би можеле да се соочат со „фатални последици“ доколку ги игнорираат предупредувањата на Москва да не ѝ дозволат на Украина да користи оружје обезбедено од Вашингтон за да напаѓа цели во Русија. Рјабков ја коментираше одлуката на претседателот Џо Бајден од минатата недела, да одобри употреба на оружје испорачано од САД за да се погодат цели во Русија, кои биле ...