Во силни бури загинаа најмалку 15 луѓе, стотици беа повредени и оставија широка трага на уништување во неделата низ Тексас, Оклахома и Арканзас со уништени домови и постојки за камиони каде десетици бараа засолниште за време на налетот на смртоносните бури што го погодија централниот дел на Соединетите држави. Невремето предизвика најголема штета во регионот кој се протега од северен Далас до северозападниот агол на Арканзас, а системот се ...

Двопартиска конгресна делегација од Соединетите Држави се сретна со новиот претседател на Тајван во Тајпеј во понеделникот и ја повтори силната поддршка на Вашингтон за демократскиот остров. За време на состанокот со американската делегација, Лаи Чинг-те, кој ја презеде функцијата на 20 мај, вети дека ќе продолжи да се залага за одбранбени реформи во Тајван и да му покаже на светот дека „Тајванците се решени да ја бранат својата татковина“. Тој ...

Кога ќе се отвори интернет-страницата на Собранието се гледа дека за утре е закажана една седница - за конституирање на новиот парламентарен состав, со 4 точки меѓу кои и верификација на мандатите на пратениците, но и избор на новиот претседател на парламентот. Оваа седница на законодавниот дом може да трае најмногу 3 дена и мора да заврши со избор на спикер. Тоа значи дека оваа недела земјата ќе го добие новиот собраниски претседател. ...

Новинарката од Алсат телевизија, Фатлуме Дервиши, беше дел од група од 21 новинар од различни делови на светот и единствена од Северна Македонија, каде при посетата на повеќе медиуми во САД, како што е Гласот на Америка, средби со искусни новинари, но и претставници на Стејт департментот, универзитетски професори, се здобила со искуства за тоа како САД се справуваат со дезинформациите. За Дервиши, која била дел од програмата за новинари, „Едуард ...

Нови тензии во конфликтот меѓу САД и Русија во вселената… „Русија лансираше сателит во ниската орбита на Земјата, за кој проценуваме дека е веројатно контравселенско оружје, способно да нападне други сателити во ниската орбита на Земјата. Русија го распореди ова ново контравселенско оружје во истата орбита како сателитот на американската влада”, изјави Пат Рајдер, портпарол на Пентагон. Embed share Лансирањето руски „убиец на сателити“ ги крена ...

Високите лидери од Кина, Јужна Кореја и Јапонија ветија поголема „практична соработка“ околу областите на несогласување додека се состанаа во понеделникот во Сеул, оживувајќи го дијалогот на високо ниво за прв пат по речиси пет години. Кинескиот премиер Ли Кианг го поздрави состанокот како „рестартирање и нов почеток“, додека им се обрати на новинарите по средбата со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и јапонскиот премиер Фумио Кишида. Во ...

Агенцијата на ОН за палестински бегалци ја опиша ситуацијата во Газа како „пекол на земјата“ во понеделникот по израелскиот напад во јужниот град Рафа, во кој палестинските здравствени власти велат дека убиле најмалку 35 луѓе. „Информациите што доаѓаат од Рафа за понатамошни напади врз семејства кои бараат засолниште се застрашувачки“, соопшти УНРВА. „Има извештаи за масовни жртви, вклучувајќи деца и жени меѓу загинатите“, се додава во ...

Имтиаз Еисам Абу Еида и нејзините шест деца бегаат од војната во Газа веќе четири пати кога неодамна почнаа да паѓаат летоци, предупредувајќи ги жителите да се евакуираат од Рафа, што се сметаше за последниот „безбеден“ град. Оттогаш, Абу Еида и стотици илјади други луѓе - повеќето од нив раселени неколку пати - побегнаа подлабоко во Газа додека војната во близина на египетската граница се интензивираше, а хуманитарната помош останува заглавена ...

Мобилните единици на руските трупи се обидуваат да заземат украински села на околу 30 километри северно од градот Харков. Киевските сили ја објавија оваа снимка направена во последните денови во близина на пограничниот град Вовчанск. Embed share Руските напади кај Харков ја тестираат украинската одбрана Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available ...

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот ги отфрли повиците на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, како и тројца високи претставници на Хамас во Газа, за наводни воени злосторства за време на седумте месечен конфликт. Бајден на прес-конференција во Белата куќа беше прашан дали САД имаат докази дека Израел го користи гладувањето на ...

Остриот став кон Кина е еден од ретките за кои се согласуваат и демократите и републиканците, вклучувајќи го и претседателот Џо Бајден. „Со години кинеската влада вложува државни пари во кинески компании во индустриите како за производство на челик и алуминиум, полупроводници, електрични возила, соларни панели – индустрии на иднината“, рече Бајден, исто и неговиот претходник, поранешниот претседател Доналд Трамп. Embed share Тарифната политика ...

Голем дел од фокусот на оваа претседателска кампања е фокусиран на жените и на законите за абортус и репродуктивните права. Но, Американките се грижат за повеќе прашања освен за абортус, а кампањите опфаќаат пошироки теми, вклучително и економијата, здравствената заштита и криминалот. Во Минесота, гласачот Ребека Џенсен вели дека претседателот Џо Бајден заслужува пофалба оти, како што вели, донел правилни одлуки. „Мислам дека прашањата за ...

Стејт департмент и Службата за надворешна акција на Европската Унија (ЕЕАС) започнаа заеднички механизам за координација за Западен Балкан, фокусиран на манипулации со информации и надворешни влијанија (ФИМИ), што вклучува дезинформации и пропаганда. „Препознавајќи ја нашата заедничка политика кон Западен Балкан и странските актери кои го таргетираат регионот со операциите на ФИМИ, механизмот ќе го зајакне интегритетот на информацискиот простор ...

Израелските сили го нападнаа Појасот Газа во петокот, додека Врховниот суд на ОН треба да донесе одлука за молба да се запре воената офанзива поради обвинувањата за „геноцид“. На теренот во Газа, очевидци и дописници на АФП известија за воздушни и поморски напади во текот на ноќта врз градот Газа и пукотници на југот, со неколку жртви пријавени во две одделни рации на станбени блокови во северниот дел и центарот на градот. Израел на почетокот на ...

Норвешките компании доминираат во туристичката индустрија овде во Свалбард, далечен норвешки архипелаг, приближно 600 километри северно од копното. Една компанија, Брим Експлорер, е на врвот, користејќи хибридни електрични мотори за некои од нејзините бродови, меѓу првите во светот што го направи тоа за туризам на море. Но, Русија, исто така, го насочи погледот кон туристичката индустрија на овој остров. Поради необичната правна рамка на ...

За резолуцијата гласаа сите земји од поранешна Југославија, освен Србија - Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Документот, чие официјално име е „Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница 1995 година“, го подготвија Германија и Руанда. Во резолуцијата не се споменува никаков вид одговорност на која било нација или држава, но, меѓу другото, се повикува на безрезервна осуда на негирањето на геноцидот во ...

Фериботот Стејтен Ајленд, е еден од најстарите оперативни системи во Њујорк, за превоз на патници меѓу Менхетен и неговите околни населби долго пред да бидат изградени мостовите. Денес, фериботот превезува речиси 22 милиони патници годишно, додека секојдневно околу 70.000. Одделот за транспорт во Њујорк е одговорен за одржување на флотата од десет фери бродови заедно со бројни објекти, вклучувајќи ги терминалите Сент Џорџ и Вајтхол во Стејтен ...

Кога суперјахта вредна 230 милиони долари се повлече на пристаништето Еверет, Вашингтон на поправка минатиот месец, предизвика внимание во градот со 110.000 жители. Луксузната јахта долга над 100 метри, познат како „Амадеа“ моментално е во сопственост на американската влада, која тврди дека јахтата му припаѓа на санкционираниот руски олигарх и политичар Сулејман Керимов, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Гледајќи над пристаништето, ...

СКОПЈЕ – Утре или најдоцна задутре ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ да ја одржат најавената прес конференција на која ќе ја соопштат поделбата на ресорите во идната Влада како и кадровските решенија. Во исчекување на официјалните информации веќе се наѕираат контурите на следниот владин кабинет кој ќе го предводи лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Можеби денеска или утре ќе биде објавено дефинитивно договорот меѓу идните владини ...

Ники Хејли изјави дека ќе гласа за Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, забележително покажување поддршка со оглед на нивното интензивно и често лично ривалство за време на предизборната кампања на републиканците. Но, Хејли, исто така, јасно стави до знаење дека чувствува оти Трамп има работа за да ги придобие гласачите кои ја поддржаа во текот на предизборната кампања. „Ќе гласам за Трамп“, рече Хејли, поранешна амбасадорка на ...

Работата од далечина овозможи зголемување на тајни „работни станици“, кога работниците работат од далечина, често од локација за одмор, без да кажат на нивниот шеф. Пандемијата на ковид-19 помогна да се поттикне овој тренд, не само затоа што поттикна работата од далечина, туку и затоа што пандемијата им даде на луѓето време да го преиспитаат нивниот живот, според експерт за постигнување поголеми резултати при работа Руди Рикстинс. „Почнаа да се ...

Во јуни социјалдемократите ќе организираат избори за нов шеф на партијата откако претседателот Димитар Ковачевски на синоќешната седница на извршниот одбор поднесе оставка. Со тоа почнуваат да течат статутарните рокови за избор на нов претседател, но и на ново раководство зашто актуелното исто така се повлекува. „Извршниот одбор донесе одлука за формирање работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски ...

На Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, треба да му се суди за федерални даночни обвиненија во септември, откако судијата во средата го одобри неговото барање за одложување на судењето, кое се приближуваше следниот месец. На Хантер Бајден сè уште треба да му се суди на 3 јуни за федерални обвиненија за поседување оружје во случај во државата Делавер. Тој се изјасни за невин по двете обвиненија, за кои неговите адвокати ...

Украинските власти соопштија дека во руските напади загинале најмалку четири лица во четвртокот во североисточниот град Харков. Олех Синиехубов, регионалниот гувернер, на Телеграм рече дека Русија ја погодила областа најмалку 15 пати. Во западниот руски регион Белгород, официјални лица во четвртокот пријавија штета од украинските воздушни напади. Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило 35 украински ракети и три воздушни беспилотни ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека администрацијата на Бајден има длабока загриженост за затворањето на клучната влезна точка за помош во градот Рафа во јужниот дел на Газа. Коментарот на Блинкен дојде за време на сведочењето во средата пред Поткомитетот за доделување средства во Претставничкиот дом. „Имаме длабока загриженост за преминот во Рафа, за која се обидов јас и претседателот Бајден се потруди да се отвори во ...

Израелските сили во четвртокот го завршија дводневниот напад во окупираниот град Џенин на Западниот Брег, во кој палестинските здравствени власти соопштија дека убиле најмалку 12 лица, а раниле 25 други. Израел ја започна операцијата во вторникот и рече дека се бори со милитантите во областа. Израелските одбранбени сили, исто така, објавија дека во четвртокот извршиле копнени борби и воздушни напади во јужниот град на Газа, Рафа, во централна ...

Околу половина од регистрираните гласачи им кажале на анкетарите дека, доколку им се даде шанса, ќе ги заменат и претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп на овогодинешното гласање и ќе го додадат Роберт Кенеди Јуниор. „Ако замислите како ќе изгледа оваа држава во ноември ако победи или претседателот Трамп или претседателот Бајден, поделбата ќе продолжи, гневот, витриолот, хаосот, поларизацијата ќе се влошат. Единствениот ...

Политичка игра за привлекување гласачи од која може да страдаат меѓусоседските односи и европската иднина. Така грчкиот новинар, аналитичар и познавач на балканските состојби, Спирос Сидерис ги толкува новите случувања околу Преспанскиот договор. Embed share Сидерис: Новите тензии околу Преспанскиот договор се штетни популистички политики Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No ...

„Брза реакција“ е дел од Defender 24, најголемата вежба на НАТО предводена од САД во Европа, која опфаќа повеќе од 17.000 американски и 23.000 членови на мултинационалните служби од над 20 сојузнички и партнерски земји. Обуката има за цел да ја подобри способноста за одвраќање закани, вели директорот на европската команда на САД, генерал-мајор Џејмс Кризел, кој ја води вежбата. Тој забележува зајакнување на НАТО со приемот на Шведска како 32-ра ...

Ирска, Норвешка и Шпанија во средата објавија признавање на палестинска држава, наведувајќи ја војната меѓу Израел и Хамас во Газа и потребата да се постигне решение со две држави за траен мир во регионот. „Тековната војна во Газа многу јасно стави до знаење дека постигнувањето мир и стабилност мора да се заснова на решавање на палестинското прашање“, рече норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе. „Војната е најниската точка во продолжениот ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 14ᴼ
6.17
85%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.0
70%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.46
89%
1014
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
89%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 12ᴼ
2.57
85%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
74%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.17
87%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52