
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Шахи Мухала е вгнезден во уличките на стариот Лахоре од времето на Могал, или „кралското соседство“. Во неговото срце лежи Хера Манди, историска област на црвените светла во источната пакистанска метропола. Деновиве е во центарот на вниманието, благодарение на серијата на Нетфликс „Хираманди: Дијамантскиот пазар“. Фиктивната драма од осум дела на познатиот индиски режисер Санџај Лиела Бансали се фокусира на улогата на куртизаните во движењето за ...
Пластиката која се наоѓа во езерото со тек на времето се распаѓа, станува микро пластика и рибите се хранат со истата, вели Никола Паскали, нуркач од нуркачкиот клуб „Акватек“. Паскали додава дека секоја пластика е штетна. „Сега најнов проблем што се рекламира е еко пластика, а тоа е пластика која за многу побрз период ќе се распадне. Истото го добиваме само побргу“, вели Паскали. Embed share Контејнер во форма на риба за заштита на Охридското ...
Среде Глодок, најголемиот кинески град во Индонезија, мирисот на кафе ги привлекува посетителите речиси сто години. Индонезиецот со кинеско потекло Лионг Минг Џо е трета генерација во неговото семејство што го води ова кафуле, Копи Ес Так Кие. „Порано овде се собирале многу луѓе да пијат кафе. Тука се собирале трговци и работници, пиеле кафе и со часови разговарале и тоа е така уште од времето на дедо ми”, вели Лионг Минг Хо, сопственик на ...
Наместо намалување на бројот, новата Влада ќе има четири нови министерства. Ова е предвидено со измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, кој беше изгласан од новиот парламентарен состав. Но, дали станува збор за оправдан потег или не? Универзитетскиот професор Јове Кекеноски вели да. Според него, оваа Влада со себе носи нова политика и треба да се реализираат сите ветувања од нејзината програма. „Очигледно ...
ЛОНДОН (АП) - Принцезата од Велс денеска изјави дека „добро напредува“ во лекувањето на ракот и дека ќе присуствува на свечената роденденска парада на кралот Чарлс Трети во сабота, првото појавување на Кејт во јавноста по нејзината дијагноза. 42-годишната сопруга на принцот Вилијам оваа година не се појави во јавноста. Таа во март објави дека оди на хемотерапија за неодреден облик на рак. „Напредувам добро, но како што знае секој што поминува ...
ВАШИНГТОН, 14 јуни (Ројтерс) - Потпретседателката Камала Харис викендов ќе присуствува на меѓународниот самит за Украина во Швајцарија, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ќе се обрати до светските лидери. Таа ќе го нагласи исходот од војната со Русија и влијанието на целиот свет, рече американски официјален претставник, и ќе се заложи за максимален број земји да ја поддржат идејата дека инвазијата на Москва на ...
Координаторот за глобална антикорупција Ричард Нефју ќе патува во Црна Гора, Литванија и Албанија да ја нагласи тековната посветеност на САД за борба против корупцијата во Западен Балкан, зајакнување на владеење на правото и решавање на тековните заеднички предизвици, соопшти Стејт департментот. Посетата ќе биде од 16 до 21 јуни. „На 16-17 јуни, координаторот Нефју ќе ја посети Подгорица, Црна Гора за да се сретне со владини претставници и ...
Русија ги отфрли мировните предлози на Украина, велејќи дека нема да се откаже од ниту една украинска територија што ја зазеде, што изнесува околу една петтина од вкупната површина на самата Украина. Мировниот самит за Украина, чиј домаќин е Швајцарија, ќе се одржи во хотелот Бургенсток на езерото Луцерн со околу 90 земји што ќе учествуваат на собирот. Швајцарската влада вели дека самитот има за цел да „инспирира иден мировен процес“ кој на ...
Кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја посети Русија во септември имаше јасна цел: да се увери за напредното оружје на земјата. Ким од прва рака ги виде современите руски борбени авиони и бомбардери со нуклеарна способност. Тој посети воен брод - дел од руската пацифичка флота. Embed share Што очекуваат експерти од посетата на Путин во Северна Кореја? Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your ...
Руските власти соопштија дека на американскиот новинар Еван Гершкович ќе му се суди во градот Екатеринбург, каде што беше приведен пред повеќе од една година под обвиненијата што неговиот работодавец вели дека се лажни. Канцеларијата на руското државно обвинителство соопшти дека обвинението против Гершкович е финализирано и неговиот случај е поднесен до Регионалниот суд во Свердловск во Екатеринбург, град на околу 1.400 километри источно од ...
Претседателот Џо Бајден ја продолжи за една година националната вонредна состојба прогласена со Извршна наредба 13219 во однос на Западен Балкан. На 26 јуни 2001 година, со оваа извршна наредба претседателот прогласи национална вонредна состојба за Западен Балкан со цел да се справат со закана за националната безбедност и надворешната политика на САД конституирани од дејствијата на лица вклучени во, или помагаат, спонзорираат или поддржуваат ...
Аналогните астронаути го отвораат патот на човештвото до Месечината, Марс, но и другите планетарни тела. Овие смели поединци учествуваат во симулирани вселенски мисии, тестирајќи ги границите на човечката издржливост и технолошките иновации. 30-годишната Мартина Димоска од Кичево е првата Македонка и прва жена од Балканот аналогна астронаутка која учествувала во симулација на мисија на Марс поддржана од НАСА. „Како прва жена аналоген астронаут ...
За време на неговиот мандат, претседателот Џо Бајден јасно го кажа својот став за климатските промени. „Мојата администрација, САД, ја третираа оваа криза како егзистенцијална закана од моментот кога ја презедовме функцијата, не само за нас, туку и за целото човештво“, рече Бајден. Бајден ги прошири енергетските опции, вклучувајќи соларна и ветерна енергија. Тој, исто така, постави ограничувања за развој на нафта и гас на федерална територија. ...
Пристаништето изградено во САД за носење храна во Газа се соочува со еден од најсериозните предизвици досега - нејзиниот хуманитарен партнер одлучува дали може безбедно и етички да продолжи да ги доставува резервите што пристигнуваат од САД по поморски пат до гладните Палестинци. Обединетите нации, кои имаат најголем дострел за доставување помош во Газа, ја прекинаа својата работа со пристаништето по операцијата на израелските безбедносни сили ...
Израелскиот суд го потврди и го продолжи за 35 дена блокирањето на телевизискиот канал Ал Џезира со седиште во Катар, соопшти во петокот Министерството за правда. Ал Џезира, која се емитува на арапски и англиски, згасна од етерот за емитувањето во Израел по првична наредба од 45 дена на почетокот на минатиот месец. Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху имаше долготрајна расправија со Ал Џезира, чии односи се влошија од почетокот на војната во ...
(АФП) - Киев и Москва организираа десетици напади со беспилотни летала и проектили во текот на ноќта, соопштија официјални лица во петокот, оставајќи неколку ранети во Украина и оштетувајќи ги локациите за резервоари за гориво во руската погранична област. Двете земји ги зајакнаа прекуграничните воздушни напади во последниве недели, при што Киев беа насочени кон руските енергетски капацитети, а Москва започна бараж од одмазда. Русија објави дека ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера имаше емотивно обраќање пред пратениците во германскиот Бундестаг, говорејќи за долгата историја на војна во Европа, која им го ускрати мирот на генерации Европејци. „Затоа сонот за Европа што мора да биде континент на културата, мора да биде континент на луѓе, мора да биде континент без војна, се здоби со многу сила“, рече тој. „Јас лично имам доверба во ваква Европа“. Украинскиот лидер рече дека ...
„Кажете, ние не сме го изгласале, ние сме биле против, го гласале овие предавниците, ние мора да го почитуваме, тоа е фер однос кон државата“, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тоа е пораката на шефот на дипломатијата во заминување до идната влада во однос на Преспанскиот договор, прашање кое доби на актуелност откако новите власти најавија дека вербално нема да го користат уставното име на земјава со што ја испоровоцираа ...
Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа 10-годишен билатерален безбедносен договор со цел зајакнување на одбраната на Украина од руските напаѓачи. Договорот, потпишан на маргините на самитот на Г7 во Италија, има за цел да ги обврзе идните администрации на САД да ја поддржат Украина, дури и ако поранешниот претседател Доналд Трамп победи на изборите во ноември, изјавија официјални лица. Тоа ќе ...
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина треба да може да погоди воени цели во Русија за да се одбрани од напади. „Украина има право да напаѓа воени цели на руска територија [како] дел од правото на самоодбрана, а ние имаме право да ги поддржиме во одбраната“, рече Столтенберг денес, одговарајќи на прашање на Гласот на Америка во НАТО во Брисел, каде сојузниците и партнерите го одржуваа 23. состанок на Контакт групата за ...
Франција и САД ја повикуваат новата влада во Северна Македонија да остане фокусирана на патот кон ЕУ и да се придржува до меѓународните обврски, се вели во француско-американскиот патоказ, кој Белата куќа го објави на 8 јуни, по одбележувањето на 80 години од најголемата копнено-воздушно-поморска операција во историјата, Денот Д, за ослободување на Европа од нацистичката окупација. Белата куќа кажа дека Бајден и Макрон се заложиле за Европа - ...
Американскиот претседател Џо Бајден ќе потпише нов безбедносен договор со Украина денес за да ѝ вети долгорочна поддршка од Америка, за време на неговиот состанок со лидерите на Г7 во Италија, изјави висок американски функционер. Бајден вчера замина за Италија за да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина и врз Кина за нејзината поддршка на Москва и вишокот индустриски капацитет. Договорот јасно ќе стави до знаење ...
Кремљ денес рече дека нема причина ниту една земја, вклучително и САД да бидат загрижени за присуството на руски воени бродови во Куба на вежба. Фрегата на руската морнарица и подморница на нуклеарен погон се префрлија во пристаништето во Хавана вчера, попатна станица за која САД и Куба велат дека не претставува закана, но која нашироко се смета за руска демонстрација на сила додека се зголемуваат тензиите околу војната во Украина. Советникот за ...
САД работат на обезбедување пат за прекин на огнот во војната во Газа, откако Хамас одговори на повеќестепениот предлог со голем број амандмани. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, денес им рече на новинарите дека некои од промените на Хамас се „скромни и мали“ и дека може да се преработат, додека други „не се во согласност“ со параметрите детално опишани од претседателот Џо Бајден или оние одобрени од Советот за ...
Околу 4% од возрасните во САД на 65 години и постари велат дека им е дијагностицирана деменција, стапка која достигна 13% за оние на возраст од најмалку 85 години, според извештајот од национално истражување објавено денес. Извештајот издаден од Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) се заснова на националното истражување на здравје од 2022 година, со репрезентативен примерок на возрасни лица од САД на возраст од 18 години и ...
Американскиот претседател Џо Бајден доцна во средата пристигна во Бриндизи, Италија, пред неговиот состанок со лидерите на седум индустријализирани демократии или Г7. Тој дојде со најава за нови санкции за Русија, нов билатерален безбедносен договор за Украина, но без напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа кои сега се наоѓаат во критичен момент. САД соработуваат со посредниците Египет и Катар, откако го разгледаа одговорот на Хамас ...
Галуп проценува дека малку повеќе од седум проценти од возрасните Американци се лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци, трансродови или ја преиспитуваат својата сексуалност – познати како LGBTQ. Таа група протестираше против објава на Твитер во 2017 година кога тогашниот претседател Доналд Трамп соопшти дека им забранува на трансродовите лица да служат војска. Но, откако стана претседател, Џо Бајден ја поништи забраната. „Трансродовите лица ако се ...
Хеликоптерот Блек Хок демонстрира медицинска евакуација како дел од вежбата „Северна шума 24“, годишна вежба организирана оваа година од страна на финската војска. Во своето најголемо учество досега, САД испратија 2.000 војници да учествуваат во вежбите. Војниците патуваа во конвој низ Норвешка и Шведска, симулирајќи го засилувањето на Финска, една од најновите членки на НАТО, во случај на напад. Тоа е првпат да вежба ваков маневар. Запрашан со ...
Алба Галдамез ја сака кујната. „Од сите работи што ги имав, онаа што најмногу ме фасцинираше беше готвењето“, вели Галдамез, која е готвачка на локација за имигрантската храна во близина на Белата куќа. Галдамез е имигрантка од Ел Салвадор. Таа се преселила во САД пред околу 20 години. Работела на многу работни места. Но, готвењето ѝ го освоило срцето. „Овој ресторан е спој на сите земји во светот“, вели Галдамез. Преку нејзиното мени, ...
Американскиот претседател Џо Бајден денес отпатува за Италија на средби со лидерите на Г7 со цел да се зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина, и врз Кина за нејзината поддршка на Москва и вишокот индустриски капацитет. Лидерите на Г7 пристигнуваат на самитот соочувајќи се со огромен број проблеми дома, иако бараат решенија за многу од најгорливите проблеми во светот. Бајден (81) вчера вечерта ја помина во својот дом ...