Цитатот е од ноември 1968 година, откако Ричард Никсон е избран на претседател на САД. Оригиналниот цитат е забележан од страна на Вилијам Ф.Бакли во журнал на Обединетите Нации, се атрибуира на Хенри Кисинџер и гласи: „На Никсон треба да му се каже дека веројатно целта на Клифорд (секретар за одбрана на Џонсон) е да го смени Тиеу (претседателот на Јужен Виетнам Нгуен Ван Тиеу) пред да биде инаугуриран Никсон. На Никсон треба да му се каже дека ...

Не е готов гасоводот од Скопје кон Тетово, кој се брзаше да биде направен и заради кој се ископа сртот на планината Водно. Иако беше најавено дека оваа гасоводна делница ќе биде завршена оваа година, сепак изградбата е сè уште заглавена во решавање на имотно-правни односи и ваквото ветување е во тек на реализација и не е сигурно дали ќе биде комплетиран до крајот на годинава. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на 1 март годинава ...

Општина Сарај со највисока стапка на реализација на приходите по основ на данок на имот во период од половина година. Дел од општините имаат позначајни приходи и од наплата на такси и надоместоци. Платите, придонесите и надоместоците се доминантна расходна ставка во општинските буџети, пишува Порталб.мк Приходи и трошења на Струга, Тетово, Чаир, Сарај, Липково Општина Струга во првата половина од годинава од данокот на имот наплатила 568.400 ...

Станува збор за повторувачки про-Кремљ дезинформациски наратив за војната во Украина. Од почетокот на воената инвазија Русија излегува со различни лажни објаснувања и изговори за својата агресија. Во објавата е монтиран дел од цитатот на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, преземен од неговиот говор на заедничкиот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој се одржа на 7 септември. Генералниот секретар не ...

Не постои ваква изјава од Лојд Остин на ниту еден медиум. Наводната изјава ја има на форумот Редит, но под неа е забрането да се коментира од страна на администраторот, затоа што не постои извор за истата, односно сомнежите на заедницата на Редит се дека станува збор за невистинита, измислена изјава Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Американскиот министер за одбрана, апелира до Русите да не ги ловат американските ...

Не постои ниту еден збор, изјава, контекст, што било од почетокот на иницијативата Отворен Балкан во 2019 година до денес, кој би укажал дека станува збор за идеја за помирување. Иницијативата е јасно насочена кон интеграција и унапредување на економската соработка меѓу земјите учеснички, преку имплементација на четирите европски слободи на движење луѓе, стоки, услуги и капитал Министерот за надворешни работи Бујар Османи во тв емисија изрече ...

Во оваа објава на Фејсбук намерно се пропушта контекстот и се прави пропаганда дека руската армија е хумана со украинските воени заробеници. Притоа се манипулира со несреќите предизвикани од руската инвазија врз Украина, а руските затвори се претставуваат како хумани места, иако бројните извештаи говорат дека во нив има тортура, репресија, тепање, нечовечко постапување и мачење на украински заробеници. Исто така, нема статистика за самоубиства ...

Во објавата е споделена неточна информација дека ќе се прави мобилизација на жените Украинки во војската. Станува збор за неодамнешна законска обврска, според која, почнувајќи од 1 октомври, жените со медицинско или фармацевтско искуство треба да се регистрираат за воена служба, но, за разлика од мажите на возраст меѓу 18 и 60 години, нема да им биде ограничено да ја напуштат Украина освен ако не бидат мобилизирани. Се работи за регистрација на ...

Нема ниту еден елемент во преговарачката рамка со ЕУ со кој е засегнат македонскиот идентитет. Оттаму, изјавата „за благонадежни Блгари“ за тие што ја прифатиле е спин. Сосема е друго прашање за руската политика на Балканот и заедничките точки со изборот на водење на македонска државна политика по принципот на реципроцитет, како и цената и последиците од таквата политика по земјата барем за извесен временски период, доколку соседната земја не ги ...

Станува збор за чаевите против паразити, преку чие рекламирање се злоупотребуваа ликови на познати медицински лица од земјава. „Вистиномер“ во повеќе наврати пишуваше за овој вид манипулации со јавноста Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 34-годишно лице и фирма за злоупотреба на лични податоци. Обвинетиот 34-годишник, како одговорно лице во фирмата, во периодот од ноември 2022 до април 2023 година, спротивно на Законот ...

Двата контекста во кои Бајден и Путин се сретнаа со децата на кои им се обраќаат, се различни. Во случајот со Путин може да се види дека станува збор за однапред договорено интервју и средба, со оглед на тоа што камерите на видеото се веќе поставени, а тој се однесува согласно ситуацијата којашто е инсценирана. Видеото од Бајден, од друга страна e спонтано, снимено од мобилен телефон и Бајден не му кажува непристојни зборови на детето, како што ...

Највисоки трошоци за плати, придонеси и надоместоци. Најголема приходна ставка се трансферите. Наплатата на данок на имот во првите шест месеци е со бавно темпо. Колку и по кој основ се полнеле и трошеле локалните буџети? Порталб.мк во две продолженија на анализата ќе објави детали за буџетските сметки во првата половина од годинава Милионски суми за договорни услуги, комуналии и привремени вработувања. На приходната страна Општина Арачиново ...

Врз основа на сликата од терен, како и врз основа на одговорите од институциите, можеме да заклучиме дека ветувањето за изградба на велосипедска патека од Охрид до Св. Стефан, не е исполнето Во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година, тогашниот кандидат за градоачалник од ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, Кирил Пецаков, даде ветување дека ќе изгради велосипедска патека од Охрид до Свети Стефан за, како што рече, безбедно движење на ...

Со Преспанскиот договор не постои никаква националност „граѓани на Северна Македонија“, како што се тврди во објавата која ја анализираме. Државјанството е Македонско/граѓани на Северна Македонија, а националноста е Македонец. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна Анализираме објава на мрежата Фејсбук, која тврди дека со Преспанскиот договор не постои веќе националност Македонец. Ова не е точно. Во времето на СФРЈ беше: Државјанство ...

Невистина е објавата во која се тврди дека украинските медиуми со монтажа сакале да претстават дека за време на говорот на Зеленски во ОН во публиката имало повеќе слушатели отколку што навистина имало. Станува збор за монтажа на оригиналното видео од украинските медиуми од страна на познат рускиот пропагандист Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео од говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во ...

Во неделата на 24 септември, германското Министерство за одбрана ја демантираше информацијата што ја пренесоа руските државни медиуми дека наводно е уништен германски тенк Леопард со екипаж од Бундесверот во воената зона во Украина. Покрај ова, општо е познато дека западните земји внимаваат да не испраќаат свој персонал во Украина заедно со военат помош поради што и се организираат долготрајни обуки на украинските војници пред да ја преземат ...

Елизабета Ѓоргиевска и Јованка Тренчевска се обратија на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати Фактите зборуваат дека и 75 години по усвојувањето на Декларацијата за човекови права, родовиот јаз во платите сè уште постои, вклучително и кај нас. Ова го истакна сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, која присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост ...

Изминатиот месец се зголеми тензијата меѓу Запад и Москва и одделно меѓу западни земји и Русија, со честа употреба на неколку класични дезинформациски наративи од страна на Русија, како што се Западот војува со Русија до последниот Украинец, Западот е лошото момче, а Русија се брани од проширувањето на НАТО, Западот е декадентен, а Русија ги брани традиционалните вредности, па сè до директно обвинување дека САД и Велика Британија издале команда ...

фото: dole777 на Unsplash Како дел од пошироките напори за борба против руските дезинформации, ЕУ побара од Фејсбук и останатите платформи да вложат повеќе ресурси за проверка на факти во содржините во источна Европа, каде што руските дезинформациски кампањи се сметаат за закана Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од ...

Фото: Фондација Метаморфозис Новата анализа „Геополитичка перспектива на дезинформациските текови во Западен Балкан“ објавена од Фондацијата „Метаморфозис“ укажува на поврзаноста меѓу странските штетни влијанија и домашните актери кои користат дезинформациски наративи за дестабилизација на регионот и попречување на евроатлантската интеграција Дезинформациите и лажните вести не се само медиумски проблем, туку се и безбедносен. Тие ги ...

Руската амбасада во С.Македонија ја доведува во корелација ситуацијата меѓу Крим и Косово, а клучниот аргумент на рускиот претседател, Владимир Путин, за оправдување на ратификaцијата на договорот за прием на Крим во Русија е фактот што Западот ја призна косовската декларација за независност од 2008 година. Но, во 2014 година, тогашниот косовски премиер Хашим Тачи изјави дека Русија треба да престане да го користи случајот со независноста на ...

Ребалансот на Буџетот веќе е во Собрание. Оваа буџетска прераспределба се однесува на периодот до крајот на оваа економска година Помалку пари за водовод и канализација, за градежни зафати и за невладини организации со буџетскиот ребаланс. Во дел од институциите и министерствата има и кратење на сумите за договорни услуги и за патни и дневни трошоци, но кај дел има зголемување, пишува Порталб.мк. Буџетски поместувања тешки стотици милиони евра ...

Виралното видео со наводната грешка на билборд на среде Тајмс сквер во Њујорк, каде што пишувало „Слава на урината“ наместо „Слава на Украина“ е целосна лага и дезинформација, пуштена да му наштети на угледот и на Украина и на претседателот Володимир Зеленски и на земјата домаќин. За жал повеќе медиуми на македонски јазик без проверка ја објавија оваа дезинформација и на веб сајтовите и на социјалните мрежи Рецензираме објава на социјалната ...

Пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов ем не го прочитал законот за амнестија, ем е уверен дека „е превара“, зашто ништо е им верувал на овие од власта. Паушално и без аргументи се изјаснува и за амнестијата и нејзините цели од 2018 година, за кредитите за реконструкција на затворите, итн. Сепак, има право дека власта можела да стори многу повеќе, зашто состојбата е многу лоша, а амнестијата нема да ја поправи на среден и долг рок Пишува Теофил ...

Градот Скопје и по повеќе од 26 месеци од почетокот на градежните работи на терен, нема абер да го заврши проширувањето на булеварот Борис Трајковски меѓу населбите Пинтија и Драчево. Првиот рок зададен од претходниот градоначалник Петре Шилегов и Град Скопје, дека изградбата на оваа сообраќајница ќе трае неполни две години, не успеа да ја доврши во зададениот рок неговата следбеничка Данела Арсовска односно ова ветување не е исполнето во ...

Бил Гејтс не продава вакцини, туку има донирано во севкупниот глобален фонд во обид да се возврати на пандемијата и сиромашните држави да добијат вакцини за да се намали смртноста. Веќе е познато дека Бил Гејтс е заговорник за вакцинација со оглед на тоа што така може да се подобри квалитетот на животот на луѓето, да се одговори на глобалните епидемии и да се продолжи животниот век на луѓето Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во ...

Не може да се тврди, како што е тоа случај во објавата, дека антирелигиозната цивилизација, односно Западот, се борела против Русија. Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во говорот на Путин на два дена пред годишнината од руската агресија, кој уште еднаш нагласи дека ова е „војна за заштита на нашите деца од деградација и дегенерација“. Мит е ...

Ако главниот кабает за овој срам за владеењето на правото во Македонија е на власта предводена од СДСМ и ДУИ, опозицијата, вклучувајќи ја и најголемата партија во нивните редови, ВМРО-ДПМНЕ, нема да може никако себе си да се амнестира, затоа што со неактивност во Собранието ги дозволија измените во еден ден и со тоа станаа учесници и корисници на бенефициите од измените. Премијата може да биде од Талир 2, за кој треба да решава Апелација ...

Без никакви аргументирани тврдења, во објавата се манипулира со цитирана новинарска сторија од НБЦ њуз, при што се прави исмевање со тоа што на лекарите им било тешко да ги разликуваат актуелните симптоми на ковид 19 од други горно-респираторни заболувања, се манипулира дека позитивни на ковид биле и одредени храна и пијалоци, како и дека бројките на грип наеднаш исчезнале. Ништо од ова не е точно Објава на Фејсбук манипулира и изнесува низа ...

Имајќи предвид дека НАТО не е во војна со Русија и не испраќа војници на фронтот во Украина, како и дека Армијата на Република Северна Македонија учествува единствено во НАТО и ЕУ мисии и вежби, не може да се тврди дека МО вработува војници за желбите на Зеленски, односно за да ги испрати да се боорат во Украина, како што се тврди во објавата. Тоа е манипулација и лага која свесно ја туркаат поддржувачите на руската агресија Анализираме објава ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
44%
1016
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
50%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
47%
1008
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
9.77
43%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
5.94
52%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
76%
1009
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
42%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
64%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
73%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
7.2
44%
1021
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
5.14
53%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
7.2
43%
1021
Currency

61.535

Currency

54.1067

Currency

71.7806

Currency

34.5717

Currency

38.9336

Currency

66.2263

Currency

7.35491

Currency

0.65121

Currency

0.37868

Currency

0.52386

Currency

1.41738

Currency

0.63126

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15479.36

Рутениум

20190.67

Калај

30.82

Сребро

1056.65

Злато

107634.58

Бакар

9.40

Паладиум

30607.51

Платина

30892.50

Родиум

174417.80

Цинк

2.54