
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Според европскиот комесар, ЕУ нема да депортира никого спротивно на неговата волја. Тоа значи дека украинските мажи кои моментално живеат во Европа не се во ризик за присилна депортација. Исто така, ЕУ не планира да го забрани влезот на мажи од Украина Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели: ЕУ ќе фати Украинци на возраст од 18 до 60 години и ќе ги депортира назад во Украина. Буквално борба со Русија до последен човек. ...
Најавите за „бум” на јавните инвестиции останаа само на хартија, како буџетска неостварена проекција. Со ребаланс на Буџетот се кратат 300 милиони евра од капиталните расходи. Иако беше најавена агресивна политика за јавни инвестиции, полугодишните податоци од Министерството за финансии покажуваат дека има институции кои имаа нула реализација, а најголем дел од министерствата не успеале да остварат ниту една третина од планираните капитални ...
Владините претставници во 2018 година изјавуваа дека граѓаните нема да имаат никаков дополнителен трошок и дека патните исправи ќе се менуваат откако ќе им истече рокот, што не се покажа како точно Чекање за термини за нови лични документи, рок од само шест месеци да се извадат нови и неможност граѓаните да најдат термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош, се само дел од проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани откако МВР ...
Не е вистина изнесеното во постот кој го рецензираме, дека Стефан Васев од СДСМ е син на др. Нино Васев, поранешен директор на Клиниката за онкологија. Единствено заедничко им е презимето, но тие не се татко и син, ниту имаат каква било роднинска поврзаност Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели: #Следиме спреги на СДСМ со Онкологија! Портпарол на СДСМ е син на бившиот директор на Онкологија, Нино Васев! Стефан Васев ...
Објавата на Зоран Иванов воопшто не е насочена кон учесниците на протестот кои што споделуваа лични искуства, туку станува збор за коментар на транспарентот кој што на протестот го држеше претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев. Транспарентот содржи навредливи и вулгарни зборови кон владејачката партија СДСМ Објава на социјалната мрежа Фејсбук прави манипулација на јавноста затоа што погрешно и без соодветен контекст ...
Photo by Sandy Millar on Unsplash Откако стапи на функцијата градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов повеќе ниту еднаш не го спомена Дневниот центар за деца со аутизам Не е изграден Дневниот центар за деца со аутизам со Кочани што во својата предизборна програма го најави актуелниот кочански градоначалник. Ова ветување на градоначалникот Љупчо Папазов, и покрај тоа што рокот истекува, е неисполнето. Во својата предизборна програма за ...
Арсовска, Ѓоргиевски, Муцунски, Коњановски, Христоски и Таравари се дел од работната посета во Вашингтон, но она што е евидентно од нивните профили на социјалните мрежи е дека дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не објавуваат јавно за нивната посета, а дел од нив пак, објавуваат постови како да се физички присутни во земјава Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и градоначалниците на Кисела Вода, Аеродром, Битола, Крушево и ...
Локацијата во Трубарево каде што треба да се гради скопската пречистителна станица Фото: Архива на Мета.мк „Нема да дозволиме процесот да застане, а уште помалку да пропадне. Ќе почекаме уште еден или два месеци и ќе видиме што понатаму. Се работи за проект вреден 200 милиони евра, од кои 70 милиони се грант“, децидна е министерката Шукова Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје веќе требаше да започне, рокот е веќе ...
Со измените на членовите 353 и 353-в и 394, се дезавуираат сите други корисни предложени измени на членови во новиот КЗ, кои навистина значат усогласување со ЕУ. Но, воедно се дезавуира и секоја друга декларативна или напишана заложба на партиите од власта и нивните лидери, а и од најголем дел од опозицијата, дека сакаат да се справат со корупцијата во оваа држава и дека се подготвени за бескомпромисна борба во таа насока. Со други зборови, ...
Објавата е дезинформација со најверојатна цел да шири говор на омраза по етничка и политичка основа. Зашто ослободувањето од партиципација во јавните здравствени установи за крводарителите со над 10 дарувања продолжува како што било и е предвидено и во Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Македонија за 2023 година, донесена од страна на Владата. Странските пациенти, пак, трансфузираната крв ја плаќаат во рамките на ...
На Германија целта не и е Украина да се предаде, ниту пак, Киев да оди на преговори со Путин, а ниту пак, Шолц има изјавено било што во овој или сличен контекст. Напротив, тој смета дека Русија е таа што треба да се повлече Објава на социјалната мрежа Фејсбук манипулира дека Германија крева бело знаме во однос на војната која што се одвива во Украина. Ова не е вистина. 03.09.2023 Германија крeва бело знаме. Киев да оди на преговори со Путин. Во ...
Фото: Мета.мк Град Скопје има доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 5 милиони евра, а за три месеци долгот пораснал за околу 2 милиони евра, пишува Порталб Само првите пет најзадолжени јавни претпријатија на централно и на локално ниво, на крајот од јуни имале доспеани, а неплатени обврски во износ од 68 милиони евра, а петте најзадолжени општини (во кои е вклучен и град Скопје), на крајот од првото економско полугодие, заедно должеле ...
Нема договор потпишан од САД, Европа и Русија дека НАТО нема да се проширува. Идејата дека НАТО ќе се прошири подалеку од Германија не беше на агендата во 1989 година, затоа што постоеше Варшавскиот пакт. Ова е потврдено од Михаил Горбачов во интервју во 2014 година Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели: Џефри Сакс за кризата во Украина. САД ја поставија основата за специјална операција долго пред да биде избран Путин. ...
Видеото е од 2021 година, но тоа на ниедно место во објавата не се кажува, па кога ќе се погледне се добива впечаток дека станува збор за сегашен настан и непотребно се крева паника и страв во јавноста за смртоносен вирус. Во објавата се споделуваат и неточни информации дека овој вирус значи активирање на 5Г мрежата, како и „многу жртви од оние што имаат во телото наночипови и графен оксид“. Овој наратив е поврзан со разните дезинформации кои се ...
Недостасуваат повеќе елементи во равенката членство во ЕУ до 2030 година за да може некој да тврди дека ќе влеземе во ЕУ во 2030 година и тоа први на Балканот, само ако го смениме Уставот. Освен тоа, нема докази дека во моментов сме најдобри на Западен Балкан во однос на евроинтегративните процеси, без оглед што некои наши соседи во регионот поминуваат низ период на стагнација Пишува: Теофил Блажевски Претседателот на Владата, Димитар ...
Жив е или навистина загинал во авионски пад на 23 август? Ова е главната дилема што се наметнува во јавноста по серијата вести и (дез)информации околу падот на компанискиот авион на Евгениј Пригожин, во кој се наоѓал и самиот во моментот на падот, барем според официјалните списоци и официјалните информации што ги лиферува руската влада. Проблемот е што малку кој верува во информациите од Москва кога станува збор за легендарниот основач на ...
Не постои земја во Европа каде операциите за промена на полот се дозволени на 8 годишна возраст. Возраста за ваква операција без потребата да се согласи на неа родителот е 18 години во Бугарија, Кипар, Грција, Франција, Унгарија, Романија и Словачка, а 15 годишна возраст за Словенија. Исто така, во Австрија, Чешка, Хрватска, Данска, Финска, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска возраста за ваква операција ...
Објавата произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна и дека луѓето треба да се борат против некакви сатанисти и против некоја „длабока држава“. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето и за тоа има медицински докази и факти. Конспирациската теорија за длабока држава особено зема залет за време на претседателствувањето на Трамп во САД, а тој и некои републиканци ја ...
Не запира трендот на пораст на внатрешниот долг. Доспеаните а неплатени обврски на институциите на централно и на локално ниво, на јавните претпријатија, општините, државните фирми, на крајот од првото економско полугодие изнесуваат над 443,5 милиони евра, пишува Порталб.мк. Долгот на јавното здравство се приближува до 100 милиони евра – со пораст и на квартално ниво, но и во однос на лани. Долгот по основа на неплатени комуналии, греење, ...
Во Влае постои единствено пешачка патека долж кејот на Вардар, 14.8.2023 година; Фото: Мета.мк Врз основа на сите собрани податоци од сајтот на Бирото за јавни набавки, од сајтот на Агенцијата за катастар на недвижности и од увидот на терен на новинарската екипа на Мета.мк, можеме да утврдиме дека ветувањето за изградба на Зелен спортски кеј од Ѓорче до Долно Лисиче е неисполнето од страна на Градот Скопје и градоначалничката Арсовска Скопската ...
Претседателот на САД Џо Бајден го посетил Мауи откако претходно го прекинал неговиот одмор во Невада. Тој лично ја видел штетата настаната од страшниот пожар кој го зафати островот и кој однесе повеќе од 100 жртви. Доказ за неговата посета се извештаите на светски медиуми, а постојат и видеа од настанот Објава на Фејсбук тврди дека американскиот претседател Џо Бајден, заминал на одмор во Невада и сè уште не го посетил Мауи на Хаваи, кој беше ...
Не е вистина дека Николоски признал дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападна и дека е против ЕУ, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Очигледно е дека станува збор за монтирано видео, со цел да се оцрни најголемата опозициска партија. Доколку се слушне целосното интервју на Николоски, дадено за ТВ21, ќе се види дека тој зборува за наративот на власта која ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека е антизападна и против ЕУ Рецензираме објава на Фејсбук во која се ...
Термоелектрана „Неготино“, енергетскиот сектор е главен причинител на стакленичките гасови во земјава; Фото: Мета.мк Владиното ветување од Програмата за работа за периодот 2022-2024 година за трансформација и прилагодување на ТЕЦ „Неготино“ на работа на природен гас до денешен ден не е исполнето Владиното ветување за трансформација и прилагодување на термоелектрана „Неготино“ за производство на електрична енергија од природен гас не е исполнето ...
Во објавата на Фејсбук не е споделен целиот текст и не може да се види дека станува збор за евтаназија на свињи во Хрватска поради исклучително заразната болест африканска чума, а не за постоење на некаков глобален план за уништување на традиционалното производство на храна и префрлање на синтетичко. Нема светски заговор за уништување на земјоделството, целта на Европската комисија е во наредните 10 години 25 проценти од земјоделството да биде ...
Објавата изнесува низа теории на заговор и непотврдени факти во врска со вакцините и нивниот состав. Вакцините не содржат графен оксид, ниту пак, графен оксид или некаква нанотехнологија која генетски ќе го модифицира човекот за тој да биде управуван со помош на 5Г технологијата Рецензираме објава на Фејсбук која ги шири добро познатите теории на заговор против вакцините кои особено се засилија во време на ковид пандемијата и во голема мера им ...
Нема никакво бркање на клоци на фондацијата Сорос од Африка и Европа, како што се обидува да прикаже оваа објава. Фондацијата ќе го ограничи своето финансирање на проекти во ЕУ, но тоа не значи дека целосно се повлекува, а уште помалку дека некој ја избркал. Исто така, Фондацијата делува и во Африка, наспроти тврдењето во објавата дека е избркана од овој континент Рецензираме објава на Фејсбук која тврди дека фондацијата „Отворено општество“ ...
Илустрација: Мета.мк Населението во Кочани забрзано старее – од 10, 2 отсто во 2002 година, процентот на лица над 65 години во вкупното кочанско население во 2021 година изнесувал над 21 отсто, односно двојно повеќе. И покрај ова, изградбата на домот каде би се згрижувале стари лица не е ниту на повидок И покрај најавите и ветувањата во предизборната кампања на актуелниот градоначалник на Кочани Љупчо Папазов дека овој град на истокот од ...
Заклучно со крајот од првото економско полугодие, во земјава имало 337.054 пензионери. Просечната пензија во земјава изнесува 19.106 денари. Низ земјава пензионерите преку протести бaраат линеарно зголемување на пензиите. Владата преку Уставен суд ќе проверува дали е уставно ваквото решение. Економистите предупредуваат – внимателно со растот на пензиите, пишува Порталб.мк. ДА за подобар пензионерски стандард, но и за одржлив пензиски систем! ...
Не постои никаков глобален план за уништување на Рсуија и на Путин, бидејќи наводно биле последниот бранител на традиционалните вредности кои почиваат на темелите на православното христијанство. Мит е дека Западот сака да ги уништи „традиционалните вредности“, тоа е познат руски дезинфо наратив кој многупати можеше да се слушне во говорите на рускиот претседател. Факт е дека Русија ја нападна Украина со цел да приграби што е можно повеќе ...
Околу 13.000 луѓе беа убиени, од кои една четвртина цивили, а околу 30.000 беа ранети во војната во источна Украина од избувнувањето во април 2014 година до 2019 година. Дополнително, од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, заклучно со 13 август 2023 година, потврдени се вкупно 9.444 смртни случаи на цивили. Бројот на жртви е огромен и многу е погрешно за тоа да се обвинуваат НАТО и ЦИА, кога и двата конфликта ги ...