Граѓаните, согласно Договорот од Преспа, треба да ги сменат личните документи со новото име на државата до февруари 2024 година. Владата не го измислила овој датум, како што се наведува во објавата, туку тој произлегува до Договорот кој го потпишаа Северна Македонија и Грција. Покрај пасошот, граѓаните треба да ги сменат и личните карти и возачките дозволи, бидејќи тие можат да се користат надвор од државата и се опфатени со техничкиот период ...

Наспроти тврдењето во објавата, НАТО директно не испраќа оружје во Украина. Оружје и помош праќаат земјите-членки индивидуално, како и други земји кои не се членки на НАТО и тоа е јасно нагласено на веб-страницата на НАТО, а го има посочено и генералниот секретар Столтенберг. Не е вистина ниту тврдењето дека НАТО не испратил помош во Словенија која беше погодена од поплавите. Како што е објавено на веб-страницата на НАТО, помош испратиле неколку ...

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, Путин е тој кој одлучи целосно неиспровоцирано да го нападне територијалниот интегритет на суверена држава. Исто така, Вашингтон постојано потенцира дека Русија може да ја прекине војната во Украина уште утре, ако се повлече од нејзината територија. Што значи дека САД не сакаат да има војна во Украина, но ја поддржуваат украинската позиција на самоодбрана Рецензираме објава на социјалната ...

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани. Така што православието е доминантно во Украина и нелогично е да се враќа нешто што е веќе доминантно. Исто така, објавата манипулира дека мирот во Украина зависи од религијата, иако таа е еден од камењата на сопнување со Русија. Но, таму не може да се бара решението за војната, туку во потезите на рускиот политички врв предводен од Владимир Путин, кој одлучи да изврши ...

Во Германија марката не е официјална валута од 2002 година кога беше прифатено еврото. Нема никакви најави дека ќе се врати марката во употреба, ниту дека Германија ќе излезе од ЕУ. Ваквите гласини датираат уште од 2011 година, но никогаш не се остварија. Се работи само за шпекулации и подбуцнувачки наративи кои доаѓаат од одредени политички центри противници на Европската Унија, како што е германската крајно десничарска партија – АФД ...

Изнесените тврдења за наводна трговија со луѓе и органи во Украина не се поткрепени со никакви докази и истите се базираат на произволни тврдења на Јутјуберот Морис, кој и претходно изнесувал дезинформации во своето шоу. Ова е позната руска пропаганда и дезинформација, според која западните земји наводно ја злоупотребуваат војната во Украина и вршат трговија со луѓе и органи, а рускиот претседател е тој што се бори да го запре ова. Но, за ...

Според она што е официјално објавено, во рускиот ракетен напад на Покровск загинале цивилни лица, а не странски платеници и персонал на НАТО, како што се тврди во оваа објава на Фејсбук. Во нападот биле погодени две станбени згради и еден хотел. Персонал на НАТО не може да се најде во Украина од проста причина што НАТО не учествува во војната со Русија. НАТО само ѝ помага на Украина да се одбрани од руската агресија Анализираме објава на ...

Фото: Мета.мк Сумата што извршителите присилно ја наплатуваат се зголемува на годишно ниво. Минатата година, според Годишниот извештај за работата на Комората на извршители, бил наплатен рекорден износ на долг од фирми, граѓани и од државата во вкупен износ од 144,3 милиони евра Највисоки износи на долгови присилно се наплатени од фирмите, потоа од граѓаните, а на трето место е државата. Во исто време, компаниите биле и први на листата ...

Целата објава изобилува со руски наративи и манипулации кои имаат за цел да шират пропаганда и да ја оправдаат руската воена агресија врз Украина. Украинците не се со испрани мозоци како што се тврди во објавата, туку тие се обидуваат на секој начин да ја одбранат својата земја од Русија. Русија е таа која ја почна војната, а западните земји само ѝ помагаат на Украина да се одбрани и да го зачува територијалниот интегритет и својот идентитет ...

Не е точно дека НАТО поттикнува војна и дека има за цел да се бори против Русија преку грбот на украинските граѓани. Таквиот наратив е дел од руската пропаганда, којашто сака да ја претстави Украина како вазал на западните држави, односно дека прифатила да војува против Русија и да ги жртвува своите граѓани за целите на НАТО. Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, која има сосема легитимно право да се брани и да ...

Вистиномер го пронајде делот од видеото споделено во оваа објава на Фејсбук, за кое се тврди дека наводно е од Хаваи и од пожарите во август, но тоа е објавено на кинески на твитер профил уште во мај 2023 година, кога на Хаваи немаше пожари. Теоретичарите на заговори се разжестија со нови идеи по избувнувањето на пожарите на Хаваи и нивниот обид да ја залажат јавноста стана предмет на анализи на познати светските медиуми Рецензираме објава на ...

Кражбите во продавница кои не надминуваат 1.000 долари, Предлогот 47 (Proposition 47) донесен во 2014 година во Калифорнија и кој не важи во сите држави на САД, ги прекласифицира овие дела од кривични во прекршочни. Тоа не значи дека за ваква кражба не се одговара. За вакво дело крадците може да се соочат со парична казна до 1.000 долари, или и парична казна и затвор. Со Предлогот 47 се воведе нов прекршок наречен „кражба во продавница“, кој се ...

Годинава, исто како и секоја година во август во изминатите над две децении, главните македонски партии на политичката сцена во земјава испукаа неколку комуникациски куршуми при одбележувањето на трагичните настани во месноста Карпалак и Љуботенски Бачила од 8 и 10 август 2001 година. Иако нема сомнеж во искреноста на желбата да се одаде почит, факт е дека за начините како да се стори тоа, давањето трајна почит, се спинува и од СДСМ и од ...

Оваа објава на Фејсбук шири невистини дека на жителите на Слупчане им се простени долговите за електрична енергија и дека 10 години нема да плаќаат струја. Напротив, тие треба да си ги платат сите долгови и ќе плаќаат за електрична енергија онолку колку што ќе потрошат. Како што изјави за медиумите претседателот на Советот на Општина Липково, со ЕВН е договорено мештаните долговите да ги плаќаат на рати, а ЕВН од денес (9 август) да почне со ...

Со пребарување на Интернет не се наоѓа ниту еден кредибилен напис дека Путин ги забранил 5Г кулите, како што е наведено во објавата. Исто така, оваа вест не е потврдена од ниту еден официјален руски извор. Напротив, според информации објавени на веб-страниците на Владата на Русија и на руското министерство за дигитален развој, комуникација и масовни медиуми, во земјата постојат активни програми со цел да се зголеми опфатот на 5Г мрежата Објава ...

Не е точно дека на видеото се гледа министерот за финансии на Нигер како плаче, затоа што наводно му се заканува стрелање доколку не објасни каде завршиле парите на народот. Видеото е од 2021 година, на него е претставен поранешниот министер за правда Мароу Амадоу и истото нема никаква врска со министерот за финансии или пучот што се случи во Нигер Рецензираме oбјава на социјалната мрежа Фејсбук во којашто се споделува видеоматеријал од човек ...

Во објавата неточно се тврди дека временските неприлики се неприродни, вештачки креирани од некого. Вистината е дека климатските промени се реални и водени од човековата активност, за што постои консензус во научната јавност. Фотографијата којашто е прикачена на објавата прикажува огромно парче лед, кое според контекстот на објавата треба да претставува парче град. Но, оваа фотографија е стара повеќе од 11 години, а прикажаното парче мраз е ...

Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами Новите законски решенија стапија на сила, а извршителите добиле насоки индивидуално да ги почнат пресметките и анализата за запирање на наплата на затезна камата во предмети каде таа го достигнала износот на основниот долг Извршителите ги започнаа пресметките за наплата на затезна камата според новите усвоени законски решенија – се стопира наплатата каде износот на каматата го одстигнал главниот долг. Но, во ...

Промената на календарот на Украинската православна црква нема врска со нацизмот, ниту, пак, може да се влече паралела со нацистичката окупација на Украина во 1941 година, бидејќи во конкретниот случај Украина е нападната од Русија. Украинската православна црква е признаена и независна, а смената на црковниот календар е со цел да се дистанцира украинската од руската православна црква. Исто така, ваквата промена не е мандаторна, туку опционална – ...

Во С. Македонија на 5 август 2023 година, кога е објавен постот имаше невреме, ама на ниеден начин непредизвикано од ХААРП. Станува збор за еден од најпопуларните истражувачки проекти во кој се вклучени различни партнери, индустријата, американското министерство за одбрана и бројни универзитети во Соединетите Американски Држави. Наспроти изнесеното во постот, на страницата на Универзитетот Алјаска е објаснето дека радиобрановите во ...

Наспроти тврдењето во објавата, според интервладиниот панел за климатски промени, тело во рамките на Обединетите нации кое е формирано за да се занимава со науката поврзана со промените на климата, модерниот човек никогаш порано не видел вакви промени на глобалната клима, а некои од тие промени се неповратни и за враќање во првобитната состојба треба да се работи наредните стотици до илјадници години. Глобалниот просек на атмосферски јаглерод ...

Фото: Марјан Лазаревски, преземена со дозвола (30.07.2023) Иако на овој проект се работи и за истиот се сменија двајца градоначалници кои излегоа со различни проценки, оценуваме дека реконструкцијата и изградбата на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада во скопската општина Аеродром не е исполнета во предвидените рокови Пред повеќе од две години, на 21 јули 2021 година, поранешниот градоначалник на Скопје, ...

Министерката за труд и социјална политика јавно кажа дека лично не се согласува со толкаво големо зголемување на платите. Исто така, Тренчевска не изјавила дека зголемувањето на пензиите од 6 отсто им е доволно на пензионерите. Таа објави дека од септември пензиите ќе бидат зголемени за 6 отсто и дека ова е второ покачување оваа година, откако претходно во март пензиите беа покачени за 8.4 отсто. Но, никаде не спомнува дека покачувањето на ...

Протоколот којшто МНР го објави нема никаква врска со ограничувања на слободата на Македонците, ниту менување на нивната култура или историја. Постот е насочен да шири дезинформации за измените на Уставот и да се отежни процесот на Република С. Македонија кон приклучување на Европската Унија Во објава на социјална мрежа Фејсбук, се тврди следното во врска со Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, одржан ...

Проверувачите на факти на Ројтерс пишуваат дека до 2 август, а според нашите проверки и на трети август, кога е пишувана оваа рецензија, не постојат официјални потврдени информации од властите на Нигер, ниту од оние кои го спроведоа пучот врз претседателот на Нигер, за наводно прекинување на извозот на ураниум и злато во Франција Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Не знам како ова може да заврши поинаку освен ...

Фото: ЗОО Скопје И покрај ветувањата, скопската Зоолошка градина засега нема добиено нов аквариум, а воедно и го изгуби кандидатскиот статус за членство во ЕАЗА Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во својата програма а во однос на работата на Зоолошката градина, вети дека „нехуманите живеалишта ќе заминат во историјата“, но и дека ќе воведе нови содржини, како што е изградбата на аквариум. Сепак, и покрај ветувањата, скопската ...

Постот произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна, дека вакцините биле смртоносни и дека климатските промени се лажни, односно се прават со помош на системот ХААРП. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето. Нема докази дека вакцините предизвикуваат смрт. Тврдењето дека климатските промени не постојат, дека се вештачки и дека за тоа е виновен ХААРП се дезинформација ...

Во постот погрешно се тврди дека видеото кое се споделува прикажува украински војници кои се предаваат на руските сили. Видеоматеријалот е од размена на заробеници меѓу групата Вагнер и украинските вооружени сили во мај годинава во Украина. Размената тогаш беше потврдена од страна на двете држави На вирална објава на социјалната мрежа Фејсбук споделено е видео за кое се тврди дека прикажува стотици украински војници како ѝ се предаваат на ...

Стратегијата на ЕУ „Од фарма до виљушка“ има цел да се намали употребата на штетни пестициди. До 2030 година, 25 проценти од вкупното обработливо земјиште треба да биде искористено за органско земјоделство, употребата на хемикалии и пестициди треба да се намали за 50 проценти, а продажбата на антимикробни средства во ЕУ за фармските животни и земјоделството треба да се намали за 50 проценти. Овие цели, наспроти изнесеното во постот, не ...

Причината за глобалното затоплување е човечки фактор, најмногу поради придонесот на емисии на CO2 во атмосферата. Наводното испуштање „од авиони на милиони тони тешки метали“ нема никаква врска со ефектот на стаклена градина Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, заедно со фотографија од агрегаторот Time.mk со наслови поврзани за актуелниот топлотен бран, се тврди следното: Нит’ се климатски промени, нит’ се емисии на CO2 во атмосферата ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
44%
1016
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
50%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
47%
1008
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
9.77
43%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
5.94
52%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
76%
1009
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
42%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
64%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
73%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
7.2
44%
1021
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
5.14
53%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
7.2
43%
1021
Currency

61.535

Currency

54.1067

Currency

71.7806

Currency

34.5717

Currency

38.9336

Currency

66.2263

Currency

7.35491

Currency

0.65121

Currency

0.37868

Currency

0.52386

Currency

1.41738

Currency

0.63126

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15479.36

Рутениум

20190.67

Калај

30.82

Сребро

1056.65

Злато

107634.58

Бакар

9.40

Паладиум

30607.51

Платина

30892.50

Родиум

174417.80

Цинк

2.54