
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Во јули низ медиумите на македонски јазик можеа да се прочитаат повеќе типови руски наративи поврзани со состојбите во Украина, а доминираа оние поврзани со самитот на НАТО во Вилнус, со касетната муниција одобрена од САД за Украина, со судбината на Пригожин, при што се обнови и наративот дека Полска сака да окупира делови од Украина, но станаа актуелни и нападите со дронови на Москва Историскиот самит на НАТО во Вилнус, кој беше оценет како ...
Во постот се прави обид информацијата за постоење на редок несакан ефект на миокардитис и перикардитис после примањето на ковид вакцината на „Фајзер“, да се претстави како некаква добро чувана тајна, па уште и се прикажува како нешто што фармацевтскиот гигант го знаел, а не го споделил со јавноста. Но, тоа не е вистина. Се работи за јавно позната информација, којашто е достапна уште пред да биде изработен документот споделен во постот кој го ...
Силното торнадо ја погоди Северна Каролина, а не Калифорнија, како што невистинито се тврди во оваа објава. Во невремето не е комплетно уништена фабрика на „Фајзер“, туку е сериозно оштетен магацин за специфични лекови кои се даваат на пациенти по пат на инфузии или инјекции. Исто така, овој објект не е на никаков начин поврзан со вакцините против ковид-19, туку со производство на други материјали круцијални во здравствената пракса во ...
Жените во Северна Македонија заработуваат помалку и се наоѓаат во повисок ризик од сиромаштија во споредба со мажите. Пониските приходи, пократкиот работен век и високата неактивност на пазарот на труд придонесуваат за поголем ризик од сиромаштија, поголема економска несигурност и влошени финансиски изгледи за жените во секоја фаза од нивниот живот, пишува во новообјавеното истражување Национален индекс на родова еднаквост што го објави ...
Градскиот парк во Велес; Фото: Мета.мк „Во тек е изготвување на проектна програма за распишување на тендерска постапка за проектирање на проектот “Реконструкција на Градски парк со поставување на тартан патека во должина од 800м” со средства од Општина Велес. Преку УНДП се обезбедени средства за изработка на проектна документација за Велосипедски парк околу Велес“, информираат во кабинетот на градоначалникот Марко Колев Во периодот на ...
Дел од медиумите на македонски јазик во првиот дел од јуни јавија дека Русија за првпат по 2014 година се вратила во топ десет економии во светот. Во вестите што се нижеа на порталите ретко имаше извор. Но, по проверка на податоците Вистиномер може да заклучи дека македонската јавност, преку преземена вест од српски медиуми, за оваа новина е известена еден месец подоцна од оригиналната објава на РИА Новости На 10, 11 и 12.06.2023 во ...
Видеоматеријалот споделен во постот не потекнува од актуелните временски непогоди во Србија. Ова видео постои на интернет со години, првпат е објавено пред седум години – на 24 мај 2016 година, на Јутјуб каналот на приватен корисник со наслов „Торнадо Србија 2016 Пијавица“ Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Околина на Белград вечерва! Во рамките на објавата се споделува видеоматеријал на кој се гледа ...
Читателите треба да бидат многу внимателни при изборот на онлајн медиуми од кои се информираaт. Во онлајн медиумите во голема мера се дистрибуираат медиумски производи со сензационална и дезинформативна содржина, кои имаат за цел да привлечат што повеќе кликови, а не да го информираат јавноста. Типичен пример за овие случаи е содржината што ја рецензираме, а се однесува на лекување на дијабетисот, пишува Portalb.mk. Интернет читателите често се ...
Со оглед на информациите добиени од страна на Комисијата за хартии од вредност, како регулатор на пазарите со хартии од вредност во земјава, а особено со оглед на фактот што лицата кои ја промовираат инвестицијата не се лиценцирани брокери/инвестициски советници, како и со оглед на фактот што во промоцијата на понудата не се појавува овластено правно лице (брокерска куќа, овластена банка или друштво за управување со инвестициски фондови), како ...
Никогаш досега пропагандната машинерија на Кремљ не била концентрирана на ширење толку многу дезинформации за една личност, како што тоа сега се прави кога станува збор за Володимир Зеленски. Секојдневните и постојани напливи на невистини за украинскиот претседател покажуваат дека тој претставува трн во окото на режимот во Москва и главна пречка за неуспехот на „тродневната инвазија“, чие времетраење го помина 500-иот ден и чиј крај не е на ...
Тврдењата за хибриден центар насочен кон ДУИ, како и на скриена албанофобија на секое споменување на некаков скандал поврзан со ДУИ, се извртување на вистината или спин, бидејќи не е понуден ниту еден аргумент во насока на кредибилноста на таквите тврдења, иако Османи го тврди токму спротивното. Од анализата пред вас може да се види јасна линија на еволуција на една во друга форма на спин – секоја критика која беше појаснувана досега со ...
Владата во својата Програма за работа за периодот 2022-2024 година вети активности за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки од канабисот. Сепак, за време на мандатот не презеде никакви чекори за остварување на ова ветување. Дури ни Работната група, која беше формирана во 2021 година, не продолжи со работа Ветување: Владата во следниот период ќе работи на следниве прашања: – ...
Веста за 18 истраги на ОЛАФ во С.Македонија за пет години секако дека е има своја тежина и е предупредувачка, без оглед што недостасуваат многу елементи како што се институциите и типот на препораките што се дадени откако истрагата завршила. Но кога ќе се употреби во теза дека тоа покажува дека СДСМ и ДУИ се расадник на криминалот, тогаш тоа е спин, зашто се извртува вистината преку манипулирање на значењето на бројот на отворени (или затворени) ...
Јавниот долг годинава и догодина ќе биде во пораст. Наспроти досегашните проценки, новите покажуваат дека годинава и јавниот и државниот долг ќе бидат во пораст, а овој тренд ќе се одржи и во 2024 година. Следниве години државата треба да исплати стотици милиони евра само по основ на доспевање на еврообврзници, пишува Порталб.мк. Освен од странство, ќе се бараат заеми и на домашен пазар – преку граѓански, зелени и проектни обврзници Лимитот за ...
Нема абер од новиот закон за плати, за кој премиерот уште пред четири месеци кажа дека се подготвува и дека единствено во него гледа конзистентно решение за праведно димензионирање на функционерските плати. Во меѓувреме, функционерите од април почнаа да добиваат значително повисоки плати, откако Уставниот суд укина две законски одредби. Па, иако Ковачевски уверуваше дека „тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица ...
Според истражувањата на Галуп и на ИРИ, доминантното мислење на граѓаните на С. Македонија не се совпаѓа со тврдењето во постот дека Русија е сакана „100 пати повеќе“ од Велика Британија и САД Во објава на социјалната мрежа Фејсбук е искажано следното за мислење: Народот овде си ја сака Русија 🇷🇺, 100 пати повеќе отколку Британија 🇬🇧 и Америка! 🇺🇸 На 25 aприл 2023 година, Gallup објави истражување во врска со имиџот на лидерството во ...
Проверката покажува дека од шесте споделени фотографии во постот, за коишто се тврди дека го претставуваат невремето што го зафати Балканот изминатите денови, само две се автентични и навистина го прикажуваат неодамнешното невреме. Останатите четири немаат никаква врска со Балканот, ниту, пак, се снимени во 2023 година. Во објавата, исто така, неточно се тврди дека невремето на Балканот е вештачки креирано преку ХААРП напади. Но, ХААРП ниту е, ...
Во својата програма градоначалничката Данела Арсовска вети најдобар луна парк на Балканот кој ќе биде отворен во првите две години од нејзиниот мандат. Со оглед на тоа што половина од нејзиниот мандат завршува во ноември, а сè уште не е започната изградбата на луна паркот, ова ветување го оценуваме како неисполнето. Ветување: Најдобар луна парк на Балканот и два нови забавни парка Спомените од скопскиот Луна парк не смее да останат само ...
Не е точно дека Украинци умираат и се раселени поради Зеленски. Русија ја нападна Украина, а Зеленски ја предводи нацијата во нејзината битка за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет. Украина добива помош од ЕУ и НАТО земјите, но тоа не го прави Зеленски марионета. Не е точно дека НАТО сфатил дека не може да победи во војна против Русија – НАТО не е во војна со Русија и не сака да влезе во војна со Русија. Она што го прави НАТО е ...
НАТО не е во војна со Русија и не бараме конфронтација со Русија. Она што го прави НАТО е поддршка за Украина во нејзиното право на самоодбрана, како што е наведено и во Повелбата на ОН. Во текот на изминатите месеци, преземавме исклучиво одбранбени мерки за да го зголемиме присуството на НАТО трупи во источниот дел на Алијансата, пишува на страницата на НАТO, каде што се дебанкирани разни митови, кои се шират од извори на пропагандата на Кремљ, ...
Фотографијата не е направена во претседателскиот кабинет, туку пред четири години за време на кампањата за претседателските избори, кога Пендаровски беше кандидат за претседател. Службите немаат исти надлежности за претседателските кандидати, како за личноста којашто ја има функцијата претседател на државата. Следствено на тоа, тие немале надлежност да прават какви било проверки за лицата кои му приоѓале на Пендаровски за фотографирање, кога тој ...
фото: Мета.мк Во Програмата на Владата стои дека ќе се воведе платена работа за студентите во студентските домови. Сепак, до овој момент овој проект не е реализиран, поради што ветувањето го оценуваме како неисполнето Во Програмата за работата на Владата за периодот 2022 – 2024 година, на која како мандатар е потпишан актуелниот премиер Димитар Ковачевски, во делот „Младите во фокусот“, ветил, меѓудругото, дека ќе се воведе платена работа за ...
Во еден ден негативни реакции против ДКСК дојдоа од четири места од ЈО (жестока), од МВР, од ДИК (жестока), од Државно правобранителство, а ден претходно и од градоначалничката на Скопје. Повод – наодите и заклучоците на ДКСК за три предмети – (не)извршување на заплена на имот во случајот Труст (милионски суми во евра), сомнежи за кражба на лични податоци и сомнежи за корупција при набавка на „фингерпринтите“ за изборните процеси од страна на ...
Силното невреме кое ја погоди Словенија, не е резултат на ХААРП, туку е природна појава. Станува збор за суперклеточна бура со грмотевици која се карактеризира со присуство на мезоциклон: длабок, упорно ротирачки нагорен проток. Поради ова, овие бури понекогаш се нарекуваат ротирачки грмотевици. Научниците и метеоролозите велат дека ХААРП не може да го промени времето Пост на Фејсбук тврди дека силното невреме кое деновиве ја погоди Словенија ...
Тврдењето дека Франција принудува 14 африкански земји да плаќаат колонијални даноци, е неточно. Овие земји се членки на монетарната унија која ја користи валутата ЦФА франк. Учеството на 14-те земји во валутата и монетарната унија е доброволно, а во 2019 година беше отстранет и условот за чување на половина од девизните резерви на овие земји во Франција. ММФ во март 2022 година извести дека сметката на која се чувале овие резерви е затворена. Од ...
По објавување на детали од ревизорскиот извештај за Општина Тетово, Порталб.мк објави и наоди за работењето на други општини во земјава чие финансиско работење беше под лупа на ревизорите Општина Карпош: Судски тужби во вредност од речиси 30 милиони евра Неостварени приходи и нереализирани расходи како што било планирано – на приходната страна се собрале 78 отсто од планираното, на расходната се потрошиле 77 отсто во однос на планот. ...
На една година до крајот на мандатот на актуелниот пратенички состав, ветувањето на владејачката СДСМ дека ќе се укинат патните трошоци на пратениците и дека тие ќе бидат заменети со станови за секој пратеник, е неисполнето Во изборната програма „Можеме“ (стр 11), со која СДСМ излезе на предвремените избори во 2020 година, владејачката партија вети дека ќе ги укине патните трошоци за пратениците во Собранието. Една година до крајот на мандатот ...
Рускиот ракетен напад врз Краматорск бил намерен и извршен врз цивилни објекти. Факт е дека во нападот на пицеријата во Краматорск биле убиени 12 цивилни лица, а десетици биле повредени. Тоа што американски војник бил таму за да јаде, не го прави објектот „легитимна воена цел“, како што тврди Русија. Постот ја форсира руската пропаганда дека целта на нападот биле воени објекти, притоа го заобиколува фактот кој е нагласен во видеото кое го ...
Стив Кирш, кој говори во видеото од постот, самиот за Асошиејтед Прес кажал дека за неговото излагање пред сенатот во Пенсилванија немал најдено какви било медицински студии, туку само го кажал своето лично искуство дека меѓу Амишите не можел да најде лица кои страдаат од канцер, дијабетес, аутизам, автоимуни болести… Но, и самиот вели дека тоа не значи оти тие не постојат во оваа заедница. Голем број на студии и експерти потврдуваат дека добар ...
Тврдењето дека „САД во биолабораториите во Украина работеле на создавање на биолошко оружје засновано на ДНК на одредена етничка група, односно на Русите и Кинезите“, е сосема произволно и без никакви докази. Департментот за одбрана на САД уште на 10 март 2022 година објави дека Русија и Кина лажно обвинуваат за употреба на биолошко оружје, оттаму се децидни дека нема лаборатории за биолошко оружје на Департментот за одбрана ни во Украина, ни на ...