Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Владата, Христијан Мицкоски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека вечерва се одржала првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на партијата. Како што посочи Мицкоски, во рамките на кадровските освежувања, Извршниот комитет донел одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и за ...
Нацистички СС симболи и свастики се појавија на салата ,,Динко Лукаровиќ” во Козала,Риека. Графитите се појавиле и надвор и внатре, таму каде што тренираат деца и млади. Полициска управа Приморје-Горски Котар потврдила дека дејствува според овластувањата. Во моментот не е утврдено кој ги направил графитите ниту кога точно биле исцртани. Градот јавно го осудил инцидентот и соопштил дека симболите биле веднаш отстранети. Пораката била јасна. ...
Арбен Зибери, поранешниот пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), донесе одлука да ја промени партиската средина. Тој преминува во Демократското движење предводено од Изет Меџити, кое е дел од коалицијата ВЛЕН. Зибери е познат во јавноста како еден од најактивните пратеници во Собранието на Македонија.Покрај политичкиот ангажман, тој е и докажан медицински професионалец, а во минатото ја извршуваше функцијата ...
Четири малолетни лица од село во Скопско се обиделе да ја обијат металната кутија за доброволни прилози во манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка, информираа од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, децата биле дел од организирана екскурзија, а инцидентот бил пријавен и евидентиран. „Одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка на 7 февруари пријавил во СВР Тетово дека во ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, вторник, делови од општина Карпош ќе останат без водоснабдување поради дефект на уличен водовод (ф-100 мм) на крстосницата Његошева/Софиска. Прекинот ќе ги засегне корисниците од улиците: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхолмска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски. Водата ќе биде исклучена од 09:00 часот до завршување на санацијата. Од ЈП Водовод и Канализација ...
Поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, е новата претседателка на Форумот на жени на СДСМ. Одлуката беше донесена на денешната седница на Извршниот одбор на партијата. Како што информираат од СДСМ, изборот на Шукова доаѓа по директен предлог на претседателот на партијата, д-р Венко Филипче. „На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, за нова претседателка на Форумот на жени ...
Европската комисија усвои мерки за забрана на уништување на непродадена облека, обувки и додатоци, со цел да се поттикне рециклирањето и да се намали штетното влијание врз животната средина. Забраната ќе важи за големите компании од 19 јули оваа година, а за средните компании од 2030 година. Исто така, фирмите ќе мора да ги известуваат властите за непродадените производи што ги декларираат како отпад. Се проценува дека секоја година во ...
Драматичен вооружен грабеж се случи денеска на автопатот меѓу Бриндизи и Лече на југот на Италија, кога група разбојници нападна оклопно возило за транспорт на пари. Напаѓачите блокирале сообраќај со неколку украдени автомобили и ги запалиле за да спречат интервенција. Потоа со експлозив ги разнеле задните врати на возилото и се обиделе да пристапат до касата со пари. Очевидци јавуваат дека сторителите биле тешко вооружени, вклучувајќи ...
Зимските месеци можат да бидат предизвикувачки за собните растенија. Помалку светлина, сув воздух од греењето и ниска температура често предизвикуваат застој во растот, опаѓање на листовите и слабеење на растенијата. Најчестите зимски грешки се прекумерното наводнување, ѓубрење во време на мирување и пречесто преместување на растенијата. Прекумерната влага во почвата може да доведе до гниење на корените, додека сувиот воздух предизвикува ...
Потона чамец со 55 мигранти во Либија. Само двајца се преживеани. Преживеаните биле спасени во критична состојба и веднаш биле пренесени на лекување. Тие сведочеле за ужасните моменти кога нивното пловило почнало да прима вода и набрзо потонало, оставајќи ги останатите патници во немилост на морето. Хуманитарните организации кои работат на оваа рута повторно алармираат за огромниот ризик на кој се изложени мигрантите кои се обидуваат да ...
Во судот во Милано денеска беше сослушан 80-годишен маж кој се сомничи дека учествувал во таканареченото „Сараево сафари“ – плаќал за да се пука во цивили за време на опсадата на Сараево, која траеше од 5 април 1992 до 29 февруари 1996 година. Осомничениот, поранешен возач на камион, преку својот адвокат тврди дека е невин. Италијанската полиција ја отвори истрагата во октомври, по објавите во весникот „Ил Џорнале“ за патувањата на „воени ...
Здружението на одгледувачи на говеда на Централна Србија најави блокада на патот Крагуевац-Книќ во среда, 11 февруари, со истурање неколку тони млеко. Како што изјави претседателот Милија Паламаревиќ, протестот е реакција на постојаното намалување на откупната цена и неактивноста на државата. Производителите бараат итно враќање на откупната цена на млекото над 40 динари, воведување субвенции за млечни производи и заштита на домашниот пазар ...
Опожарено возило во Чаир можело да се види викендов во Чаир. Во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир било опожарено патничко возило „ауди А3″ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 21-годишен скопјанец. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, нема повредени, а полицијата презема мерки за да ги пронајде сторителите. Опожарено возило во Чаир можело да се види викендов во Чаир. Во СВР ...
Четворица слушатели на курсот за професионални војници во касарната во Велес се со потврдена дијагноза на шуга. Состојбата им е добра и се на домашно лекување. Преземени сите неопходни мерки и дека состојбата внимателно се следи кај сите слушатели присутни на курсот. Потполковник Лариса Оранска, епидемиолог во Воено медицински центар (ВМЦ), информираше дека првиот случај бил пријавен минатиот четврток. -Дијагностицираното лице беше веднаш ...
Населението на Турција се зголеми за 427.224 луѓе во 2025 година и сега надминува 86,9 милиони. Ова го покажуваат податоците за демографската слика во земјата, објавени од Турскиот институт за статистика. Податоците се објавени врз основа на регистрација на адреси. Мажите сочинуваат 50,02 проценти, а жените – 49,98 проценти од населението. Според податоците, има 26.700 повеќе мажи отколку жени. Според статистичките податоци, има и зголемување ...
Маја Равник, потписник на вештачење во случајот ,,Онкологија” истакна дека давањето на погрешен лек, не само што нема да ги оздрави болните од рак, туку може да делува токсично. Равник, во исказ пред судот рече дека секоја промена на терапијата мора писмено да се евидентира, а конзилијарниот пристап бил златен стандард во лекувањето. Докторката констатира дека на скопска онкологија протоколите најчесто не се почитувале. „При анализира на 51 ...
Јавно предупредуваме за опасни политички маневри кои се случуваат во Македонија. Очигледни се напорите на ВМРО да го рехабилитираат и вратат во земјата осудениот бегалец Никола Груевски. Христијан Мицкоски е привремен чувар на фотелјата за вистинскиот газда на ВМРО. Станува збор за внимателно планирана операција која ги поткопува темелите на нашата правна држава. Како се прави сето ова за Груевски да се врати во земјата? Дозволете ми да ви ...
Македонските винарии од 9 до 11 февруари ќе учествуваат на еден од највлијателните меѓународни вински саеми – Wine Paris, преку заеднички национален штанд под името „Macedonian Wines”, претставувајќи го потенцијалот, квалитетот и автентичноста на македонското винарство пред светската винска јавност. Настапот се реализира со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за финансиска поддршка на ...
Претседателот на ССМ изјави дека на утрешната блокада ќе учествуваат и раководството и членството на УПОЗ, синдикатот на вработените во управата, правосудството и граѓанскиот сектор, кој неодамна, заедно со КСС, постигна договор со Владата за зголемување на платните додатоци за 40 проценти до 2028 година. Според Слободан Трендафилов, целта на блокадата е да се испрати јасна порака до пратениците поради, како што рече, повеќе од една година ...
Шведската влада најави значително заострување на условите за добивање државјанство. Според новите правила, странските државјани ќе треба да имаат најмалку осум години престој во земјата, стабилни примања и успешно да поминат тест за познавање на шведскиот јазик и општествениот систем. Централно-десничарската власт наведува дека мерките се дел од пошироката стратегија за построга миграциска политика, која се применува од мигрантската криза во ...
Кружниот тек кај Поштата во Струмица утре, 10 февруари, од 13 часот ќе биде местото каде екоактивистите од граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ ќе ја започнат новата блокада, како израз на револт поради состојбите со аерозагадувањето во градот. Од организацијата прашуваат дали надлежните институции имаат одговор за густиот чад што деновиве беше забележан над Струмица, посочувајќи дека станува збор за појава која, според нив, не може да ...
Прехранбени производи во вредност од околу 70.000 евра, кои според документацијата биле евидентирани во владините бифеа, не биле затекнати на лице место. По наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија, директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, денеска соопшти дека за случајот е покрената соодветна постапка. – Има некакви разлики,тоа е точно. Не би сакал понатаму да навлегувам, затоа што има ...
Во првите 100 дена од мандатот на битолскиот градоначалник, како што тој истакна, фокусот ќе биде на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше отворена новата градинка „Пчеличка“ со капацитет за 76 деца, адаптирана од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“. Во рамките на инфраструктурните проекти, се асфалтираа делови од улицата „16-та“, се поплочуваат тротоари на новата улица СРУ 5, а се ...
Полковникот на МУП Милан Миловиќ, кој повеќе од три децении работи на обезбедување на високи државни функционери, смета дека случајот со киднапирањето на пејачот Даниел Кајмакоски најверојатно не бил внимателно испланиран, туку станува збор за импровизиран и ситуациски криминален обид. Според Миловиќ, осомничените веројатно знаеле дека Кајмакоски настапува и претпоставиле дека по концертот носи поголема сума пари со себе, очекувајќи брза ...
Авион на Wizz Air што летал од Лондон до Тел Авив бил пресретнат од израелски борбени авиони и испратен до аеродромот во Тел Авив поради наводно заканувачка порака на телефон. Инцидентот се случил во неделата попладне. Според извештаите, алармот го предизвикало дете кое го променило името на hotspot мрежата во арапскиот збор за „терорист“ на телефонот на своите родители. Според извештаите, родителите на детето, кое тајно го преименувало ...
Во простории на Казнено-поправната установа Затвор-Скопје биле пронајдени и одземени мобилни телефони и други предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што соопштија од МВР, на 07.02.2026 година во 13:30 часот, во СВР Скопје било пријавено од страна на затворската установа дека при извршен преглед во една од просториите биле откриени недозволени предмети. За случајот бил известен јавен обвинител, а полициски ...
Собраниската седница утре ќе се одржи паралелно со протестот на ССМ. Иако влезовите за возила ќе бидат блокирани, претседателот на Собранието, Африм Гаши, очекува пратениците да најдат начин за да дојдат на работа. „Се договоривме дека треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест. Не верувам дека некој пратеник нема да дојде пеш“, изјави Гаши. Тој нагласи дека нема да има дополнително обезбедување на ...
Грчката полиција спроведе обемна операција во неколку региони на земјата и разби организирана криминална група вмешана во нелегално производство и трговија со тутунски производи. Во акцијата биле уапсени 26 лица, додека против уште 13 се поднесени пријави, меѓу нив и еден полициски службеник. Операцијата се одвивала во Аттика, Магнисија, централна Грција и на островот Евија, при што биле откриени три целосно опремени нелегални фабрики за ...
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за поддршка на спортските активности и афирмација на младите спортисти. „Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но најмногу за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме токму на тоа, на поддршка и градење на тимскиот дух кај ...
Соопштение на СДСМ: Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски. За туристички патувања, како она во Давос. Очигледно затоа одбива да им ги покачи платите на работниците. Одбива да се откаже од лукзуот и вели нема пари за минимална плата од 600 евра. За покачување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се ...