Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Албанската опозиција, предводена од Демократската партија на Сали Бериша вечерва ќе го одржи третиот национален протест пред Владата, на булеварот „Народни херои“ во Тирана. Како што објави полицијата, за безбедноста ќе бидат ангажирани 1.350 полицајци, од сите сектори, што е за повеќе од 200 полицајци од последниот протест, а во приправност ќе биде и Националната гарда и специјалните полициски единици. Покрај објектот ќе бидат стационирани и ...
Се со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар, Владата на денешната 149 седница ја разгледа информацијата во врска со лиценци за производство на канабис за медицински цели, ги донесе следните заклучоци: Владата ги задолжи институциите во рамките на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли ...
Да се преземат активности за опремување на лаборатории со соодветна опрема со која ќе се овозможи испитување на што поголем број забранети и штетни супстанци во производите, апелира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во денеска објавениот Конечен ревизорски извештај за Државниот санитарен и здравствен инспекторат за 2024 година. Ревизорите констатираат дека во делот на вршење на инспекциски надзор во постапки по барање на странка за увоз на ...
Холандската полиција приведе 15 лица под сомнение дека на платформата ТикТок дистрибуирала пропаганда на Исламска држава (ИД), при што ги убедувале луѓето да извршат терористички напади. Обвинителството на Холандија соопшти дека приведувањето уследило откако на ТикТок била дистрибуирана пропаганда на ИД со холандски титлови. Објавите на ТикТок во кои се агитирало за приклучување кон ИД и се величало мачеништвото имале над 100.000 прегледи. ...
Екипите на Шкендија и на Тиквеш остварија победи во првите два натпревара од вториот дел од шампионатот (17.коло). На дербито во Тетово, Шкендија дури во финишот го „скрши“ отпорот на второпласираниот тим Струга со 2:0. Триумфот на тетовчани го најави Себастијан Спахиу во 78.минута, а воедно беше асистент на вториот гол кој го постигна Фахд Нзенгуе во 88.минута. На вториот дуел Шкупи „формално“ беше домаќин во Кавадарци и беше поразен со ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”. На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село ...
Меѓународна криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд е разбиена во заедничка операција на полициите на Исланд, Литванија и Шпанија, со поддршка на Европол и Евроџаст, соопшти денеска Европол. Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со дрога, се наведува во соопштението. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени се 24 лица од кои ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од опозиција глуми социјалдемократ, а на власт се богати од тендери и не му текнува на народот. Замислете Филипче дури сега дознал дека во Македонија се плаќале патарини, ама не му текна дека се истите цени од времето кога тој беше на власт. Цените за кои Филипче вика дека ги нема никаде во Европа, се истите кога беше СДС на власт и за кои неговиот сопартиец Бочварски викаше дека се ниски. За потсетување, ...
Владина делегација во состав Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање; како и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваа во работна посета на Париз, каде ...
Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Гоце Димовски денеска остварил средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Каво Отомотив (Cavo Otomotiv) која планира да отвори фабрика во ТИРЗ Тетово. На средбата, како што соопшти прес-службата на ТИРЗ, се разговарало за текот на инвестицискиот проект кој би требало да отвори над 400 нови работни места, за потенцијалите што ги нудат зоните, како и за условите и ...
Чести промени на терапијата без медицинско објаснување, давање лекови кои меѓусебно го поништуваат дејството и аплицирање хемотерапија во терминална фаза, која наместо да помогне, го скратувала животот на пациентите, се дел од заклучоците што денеска ги презентираше вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, на рочиштето за случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен суд Скопје. Вештачењето е изработено врз ...
Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со стручната јавност да се продискутираат предложените измени и дополнувања. Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да го поттикнат развојот на туризмот, енергетскиот и здравствениот сектор, ...
Во периодот јануари – декември 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 128 милиони денари, објави денеска Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство лани изнесува 156.365 илјади денари, што е за 58,7 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во 2025 година градежната оператива од државава во странство извршила ...
Сопругот и братот на почината жена упатувале закани кон екипа на Итната медицинска помош, откако лекар констатирал смрт кај жената во семеен дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полициското соопштение, случајот бил пријавен на 10 февруари 2026 година околу 02:45 часот во СВР Скопје, од страна на Итната медицинска помош. Екипа составена од лекар, медицинска сестра и возач ...
Триесет години по атентатот на првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глиговор се бараат одговори на четири клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот, кои се можните нарачатели и извршители, дали можеше и зошто не беше превениран атентатот и зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања. Дел од учесниците на денешната научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски денеска информираа дека во рамки на тековната истрага се одземени околу 40 тони марихуана, која, како што беше посочено, била произведувана и складирана спротивно на законските прописи. Тошковски изјави дека станува збор за канабис за кој комисија при Министерството за здравство констатирала дека бил произведуван, складиран и чуван надвор од утврдените протоколи и ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека досегашната заплена на над 40 тони марихуана во акцијата што ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција претставува само почеток на истрагата, оценувајќи дека случајот може да добие многу поголеми размери. Тој не наведе конкретни детали, но посочи дека индициите со кои располагаат институциите, како и доказите што се прибираат во ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека СДСМ во наредниот период ќе предложи повеќе законски решенија за помош на граѓаните, меѓу кои ќе има и законско решение за намалување на цените на патарините, како дел од поширок пакет мерки за олеснување на трошоците на граѓаните. „Во следните недели ќе излеземе со предлог на повеќе закони согласно нашите вредносни ...
Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 4 проценти, одлучи на седница Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи утре, понудата ќе изнесува 54 милијарди денари, а за наредните аукции ќе се утврдува согласно со проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа. Просечната стапка на инфлација за ...
Тоа што оваа влада постојано прави е дефокус, а никој од власта не одговара на главното прашање – како пет тона дрога завршиле во Србија, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче посочи дека власта упорно не дава одговор како таа огромна количина дрога поминала низ државната граница и никој не понесува одговорност. „Нема одговор како таа дрога ја поминала ...
Кавадарчанец во полиција пријавил пукање кон неговиот дом при што бил оштетен ѕидот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци, Б.Н., 69-годишен кавадарчанец, пријавил дека во периодот од 24.01.2026 до 08.02.2026 било пукано кон неговиот дом во Кавадарци и бил оштетен ѕид, а на терасата биле пронајдени две испукани дијаболи – појаснија од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. – Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина. Висината на ...
Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. Корените на ова верување најчесто се поврзуваат со Јуда, кој го предал Исус Христос и се смета дека бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. Оттогаш, во многу култури се задржало верувањето дека е лош знак ако на една маса седат точно тринаесет луѓе. Колку овој број се смета за „баксузен“ покажува и практиката во современиот свет. Во многу хотели, авиони и аеродроми често ...
Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“. Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на договорот на Владата со синдикатите, изјави: „Па овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, дека во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 до април 2028, околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе ...
Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители. Овој закон претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем. Клучни измени во Предлог-законот: • Детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено барање од најмалку ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка И после десет дена од објавувањето на овој скандал нема одговори: Како 5 тони дрога, со неколку камиони, ја преминале македонската граница? Кој ќе одговара? Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка. Затоа што е јасно, без поддршка и логистика на структури во власта, во МВР, во Царината и во други ...
Прес коференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за минимална плата, откако минатата недела беше вратен од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за некои технички недостатоци наводно. Меѓутоа нема да навлезам во причините за враќањето и насоките за тоа како треба да се средат некои ...
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 11 возачи, од кои еден во Штип и еден во Демир Капија поради управување возило под дејство на алкохол, двајца во Битола затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола и седум возачи (двајца во Велес и по еден во Тетово, Куманово, Свети Николе, Битола и Ресен) затоа што управувале возило иако имале мерка забрана за управување ...
На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници” во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп. При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива” со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено ...