Шеесет и петгодишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако во својот дом упатувал сериозни закани кон своите синови и физички нападнал едно од нив. Според полициските информации, инцидентот се случил на 7 февруари 2026 година околу 21:30 часот, а полициски службеници од ОВР Свети Николе интервенирале и го привеле мажот во 22:45 часот. При интервенцијата било утврдено дека тој користел остар предмет при заканите кон двајцата ...

АА-Села: Министерот за правда да поднесе оставка, правосудниот испит да се одржи на албански јазик Премиерот Христијан Мицкоски денес потврди два неоспорни факти што многу негови подредени се обидоа да ги негираат или манипулираат. 📌 Младите албански правници имаат право да го полагаат испитот по правосудство на албански јазик, додека за досегашното одбивање и кршењето на ова право, министерот за правда треба да биде разрешен бидејќи ги ...

Полициски службеници од СВР Струмица, односно ОВР Гевгелија, денеска го лишија од слобода 21-годишниот Б.С. од Република Албанија. Интервенцијата се случила околу 01:55 часот, на излезот од Гевгелија кон автопатот А1, кога полицијата запрела патничко возило марка „мерцедес“ со албански регистарски таблички, кое го управувал приведениот. При извршената контрола било констатирано дека во возилото се превезувале пет лица мигранти – четворица ...

Од УХМР велат дека ќе има промена на времето од утре, со променлива облачност и врнежи од дожд во поголем дел од земјата. Посебно предупредување е упатено за југозападните делови, каде се очекува да паднат над 15 литри на метар квадратен. На повисоките места, дождот ќе премине во снег, а во котлините се очекува појава на магла, што дополнително ќе ја намали видливоста. Поради најавениот умерен до засилен ветер, се препорачува зголемена ...

На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека на 06.02. и 07.02.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица. Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на ...

Денеска, во кафе бар Синдикат, се одржа слушачка промоција на новиот албум „Ентропија” на Никола Бочваров Квартет, со што официјално беше означен почетокот на неговиот живот пред публиката. „Ентропија” е второ издание под името Никола Бочваров Квартет и претставува 51 минута современ џез, изведен од квартет во состав: Иван Петровски (гитара), Александар Ванчовски (тапани), Филип Димишковски (клавијатури) и Никола Бочваров (бас). Албумот е ...

Полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар ноќеска спровеле акциска контрола во угостителски објекти во централното градско подрачје на Скопје, со цел санкционирање на присуство на малолетници по полноќ и точење алкохол на лица под 18 години. Контролата била реализирана во периодот од 19:00 до 03:00 часот на 7 кон 8 февруари 2026 година, при што во угостителски објект на подрачјето на Центар биле затекнати малолетници кои консумирале ...

Би сакам да се приклучам кон информацијата којашто и Трпе и Благоја од името на УПОЗ и САДУ ја пренесоа до медиумите и до јавноста и до вработените во администрацијата, но и до вработените во судовите и обвинителствата така што ова е еден поширок пакет каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11.000 вработени и со ова целосно, Владата како најголем работодавач, практично со своите колеги ...

На 07.02.2026 во 02:55 часот, на улицата „Борис Кидрич” во Кичево, од слобода е лишен Ф.В.(21) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со кичевски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги осуди антиолимписките демонстранти како „непријатели на Италија“ по насилството на протестот во Милано синоќа и саботажните напади врз националната железничка мрежа. Инцидентите се случија на првиот целосен ден од натпреварите на Зимските олимписки игри, чиј домаќин е Милано, италијанската финансиска престолнина, заедно со алпскиот град Кортина д’Ампецо. Мелони ги пофали илјадниците Италијанци кои, ...

Министерот за транспорт Александар Николовски преку објава на социјалните мрежи информираше дека институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец. Како што наведува Николовски, Министерството за транспорт, како надлежна институција за објекти од прва категорија – меѓу кои аеродроми, болници, објекти за високо образование, спортски сали и други инфраструктурни објекти од ...

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски синоќа бил киднапиран во Белград по настап во познат ноќен клуб, а неговиот тим преку официјалната Фејсбук страница потврди дека инцидентот навистина се случил. Според соопштението на ПР тимот, пејачот е во добра здравствена состојба и по неколкучасовен престој во полиција се вратил дома. Како што се наведува, по настапот во близина на Бетон Хол, Кајмакоски бил пресретнат од две лица, за кои се ...

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар Почитувани, Помина цела недела од објавата на картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија која била запленета во соседна Србија. Со денови нема одговор на најважното прашање: како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара? Нема приведени, нема осомничени. Има само дефокус. Од јавно објавените фотографии може да се види дека запленетата ...

Довербата е ретка валута, а уште поретки се луѓето на кои можеме да им ја дадеме без двоумење. Некои луѓе природно зрачат со дискреција, стабилност и тишина што не крие осуда, туку сигурност. Меѓу хороскопските знаци , некои се издвојуваат токму поради оваа исклучителна способност – тие знаат како да ги чуваат туѓите тајни како да се свои, без да бараат ништо за возврат. Рак Раковите се исклучително емотивно приврзани кон луѓето за кои се ...

Авион на авиокомпанијата Wizz Air кој утрово полетал од Скопје кон Париз прогласил вонредна состојба околу два часа по полетувањето, додека се наоѓал над Луксембург, пренесуваат специјализирани сервиси за следење на летови. Станува збор за летот W64719, управуван од авион „Airbus A321neo“. Според достапните информации, екипажот одлучил да го прекине летот и да го пренасочи кон аеродромот Брисел–Шарлроа, каде што леталото безбедно слетало ...

Скопјанката Сања преку објава на социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за напад од глутница кучиња кој, како што наведува, се случил рано наутро на скопскиот кеј. Според нејзиниот фејсбук статус, инцидентот се случил во вторникот, на 3 февруари, околу 4:30 часот, додека излегла да трча пред работа. Таа раскажува дека на дел од кејот, во близина на Палас, најпрво ѝ се приближиле неколку кучиња кои почнале да лаат, а набрзо им се ...

Белград и Срем синоќа биле сцена на драматичен инцидент каков што ретко се случува, а според пишувањата на српските медиуми, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран под закана со оружје во центарот на главниот град. Според неофицијалните информации, драмата започнала околу 00:50 часот, откако Кајмакоски го напуштил ноќниот клуб „Лафајет“ во Бетон Хол, каде што претходно имал настап. Кога влегол во своето бело возило „Волво XC60“, ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица. Негови први пријатели на кои им даваше тој заедно со Венко Филипче лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели, гледаме деновиве дека тие за тоа не го користеле канабисот ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски направи уште еден авторитарен чекор во ВМРО. Ги отстрани сите потпретседатели. Муцунски, Николовски, Мисајловски, Кочовска, сите се отстранети. Мицкоски си воспостави бизнис модел сам да си владее со партијата. Исто како што сака да си владее со Македонија. Се е поставено. Наместо реформи ВМРО денеска функционира како приватна фирма на еден газда каде сè е приватен бизнис и заштита на тој ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во неделата објави дека во Дубаи е уапсен маж осомничен за вооружен напад врз висок руски воен разузнавачки офицер Владимир Алексеев во Москва. Осомничениот е екстрадиран во Русија, изјавија руски извори за Ројтерс. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, беше застрелан повеќе пати во петокот во станбена зграда во Москва, потврдија ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Цела недела откако во соседна Србија беше запленета огромна количина од 5 тони дрога која дошла од Македонија нема одговори како поминала преку граница. Како е можно 5 тони дрога да поминат преку македонската граница без никој да понесе одговорност? Камери од „Сејф сити”, скенери, мобилна царина, контроли на граничните премини, ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од структури на ...

Според српски медиуми, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски синоќа околу 20.00 часот бил киднапиран во Белград. Според написите, Кајмакоски бил врзан и насила внесен во својот автомобил. Киднаперите наводно странски државјани, барале откуп од 20.000 евра и со возилото се упатиле кон градот Рума. Таму тие направиле сообраќајна несреќа по што избегале а Кајмакоски останал во возилото. Се очекуваат детали од српското МВР или од самиот ...

Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Во јавноста со години се повторува истата теза: „Нема доволно пари за пензии”, „Пензискиот фонд е во дупка”, „Буџетот мора да помага”. Со текот на времето, оваа констатација се прифати како природна состојба, како нешто што не може да се смени. Но што ако проблемот не е во количината на пари, туку во начинот на кој тие се организираат? Во архитектурата постои едно едноставно правило: со ...

Поранешниот премиер на државата Зоран Заев се обрати преку социјалните мрежи демантирајќи ги наводите за негова поврзаност со заплената на марихуана од неколку фабрики низ државата. „Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Многу влажниот период со чести и обилни врнежи од дожд и снег на планините продолжува и во следните месеци според најновото ажурирање на прогностичките материјали. Во периодот февруари / април 2026 година многу често ние на Балканот ќе бидеме под влијание на циклонски активности а со тоа и очекувам појава на чести и обилни дождови а со повремените заладувања и продори на ладен воздух од север очекувам и ...

Малолетник е лишен од слобода поради безобѕирно управување со возило во рамки на зајакната акциска контрола што денеска (07.02.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот ја спроведе СВР Скопје. Како што информираат од полицијата, акцијата била реализирана од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за недозволена трговија, при што против малолетникот ќе следува соодветна постапка за сторено кривично дело по член ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп во среда ќе се сретнат во Вашингтон за да разговараат за ситуацијата во Иран и преговорите што Вашингтон ги води со Техеран. „Премиерот верува дека сите преговори мора да вклучуваат ограничување на балистичките ракети и прекин на поддршката за иранската оска“, објави кабинетот на Нетанјаху. САД и Иран вчера одржаа индиректни разговори во Оман со акцент на ...

На протестот против Зимските олимписки игри во Милано денеска дојде до конфликт меѓу демонстрантите и полицијата. Иако митингот започна како мирна прошетка, ситуацијата ескалираше кога некои учесници почнаа да фрлаат факели и шишиња кон полицијата, карабињерите и членовите на Финансиската гарда. Полицијата одговори со употреба на водени топови и солзавец, објавува Милано Тудеј. Протестот, на кој учествуваа околу 10.000 лица, беше организиран ...

Некои луѓе природно почнуваат од себе, од своите потреби и од впечатокот што го оставаат, честопати очекувајќи околината да се прилагоди на нивните желби. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци се повеќе склони да веруваат дека заслужуваат посебно внимание и признание. Лав Луѓето родени под знакот на Лав природно се во центарот на вниманието каде и да се појават. Тие сакаат внимание, пофалби и потврда на нивната лична вредност и ...

Шефот на данската дипломатија, Ларс Леке Расмусен, денеска изјави дека верува оти преговорите со САД за Гренланд можат да доведат до решение што го почитува територијалниот интегритет и правото на самоопределување на арктичкиот остров, јави ДПА. По повторените закани од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд, САД, Данска и Гренланд кон крајот на минатиот месец започнаа дипломатски разговори за ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
70%
1029
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
59%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 3ᴼ
0.51
69%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
7.72
75%
1031
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.7
80%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.86
74%
1025
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
5.66
66%
1026
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1033
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.68
60%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
7.72
77%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Цинк

3.24

Платина

68931.20

Родиум

374556.20

Сребро

2696.16

Паладиум

52052.06

Бакар

11.57

Алуминиум

3.42

Рутениум

47358.05

Кобалт

66.14

Злато

164352.04

Калај

50.61

Иридиум

231355.22