Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
На 09.02.2026 во 21:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица e пријавено дека околу 20:30 часот, при извршување работни задачи во рудник во Македонска Каменица, со тешки телесни повреди се здобил Б.А.(26) од село Моштица, општина Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од ОВР Делчево и рударски инспектор. На 09.02.2026 во 21:30 часот ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки на денешната седница на Владата, изјави: „Па да, јас тоа го најавив дека во периодот којшто следи ќе се направи проверка и во други објекти. Денеска на Влада ќе се донесе тоа задолжение. Јас поради други активности нема да ја водам денешната седница, ќе ...
Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, велат од МВР. Денеска ...
Фондацијата „Заедно за едно”, основана од Македонската банкарска асоцијација, вчера реализираше значајна донација на современ медицински апарат за длабока транскранијална магнетна стимулација (Deep TMS) на ЈЗУ Општа болница Кочани. Овој апарат ќе биде ставен во функција на рехабилитација и унапредување на менталното здравје и благосостојбата на сите лица кои беа директно и индиректно афектирани од трагичниот пожар во Кочани. Длабоката ...
Најновиот извештај на „Транспаренси Интернешнл“ покажува дека борбата против корупцијата на глобално ниво е во застој. Слабнењето на демократските механизми и притисокот врз медиумите се посочени како главни причини за падот на транспарентноста кај повеќето земји. Состојбата во Македонија Македонија во 2025 година останува со ист резултат од 40 поени (на скала од 0 до 100), што укажува на стагнација во сузбивањето на корупцијата во јавниот ...
На 09.02.2026 во 15:30 часот на ул.„Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.Џ.(69) од Гостивар. При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во вторник дека нема причина за ентузијазам околу притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп врз Европа и Украина, нагласувајќи дека мирот во Украина е сè уште далеку. Неговите коментари дојдоа само неколку дена по разговорите во Абу Даби кои САД, Украина и Русија ги опишаа како тешки, но конструктивни, но сугерираа дека постигнувањето конечен договор би можело да биде ...
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов од ССМ утрово упати директно обвинување дека пратениците се кријат од сопствениот народ. Според него, многумина од нив дошле на работа уште пред 9 часот само за да не ги погледнат работниците во очи. „Добро утро на сите, освен на пратениците. Зошто освен на нив? Затоа што веќе две години го блокираат предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на работничките плати, за ...
Во сабота, на 14 февруари, Скопје ќе биде центар на една од најочекуваните музички вечери оваа година. Сенидах за првпат ќе одржи солистички концерт во главниот град, и тоа во СЦ „Јане Сандански”, на датум што симболично ги слави љубовта, емоцијата и виното. Вратите на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат отворени од 19:30, а концертната програма започнува во 21:00 часот, што на публиката ѝ остава доволно време за пристигнување и за вовед во вечерта ...
Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада утрово го имаше првиот настап на Зимските олимписки игри во Милано Кортина. Јада настапи на корс кантри спринтот од 1,6 километри. Тој, патеката ја мина за време од 3.59.56 заостанувајќи за над 52 секунди зад првопласираниот. Јада на крајот го освои 89тото место во конкуренција од 94 тркачи (еден од пријавените тркачи не настапи). Следниот настап на Јада ќе биде на 13 февруари на трката од 10 ...
Сојузот на синдикати на Македонија утрово од 9.00 часот ги блокираше приодите кон Собранието. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, утрово пред Собранието ги критикуваше пратениците за тоа што две години го блокираат предлогот на синдикатот за зголемување на минималната плата и сите работнички плати за најмалку 6.000 денари. Трендафилов најави мирна блокада на две локации, која ќе трае до почетокот ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената на над 40 тони марихуана повторно се вплеткани имињата на Зоран Заев и Филипче. Заев сам ја потврди поврзаноста брзајќи да се оправда и да си ја тргне мувата од капата. Наместо да се извини Заев на граѓаните за целиот криминал, тој индиректно си ја призна вмешаноста обидувајќи се да се одбрани и ...
Во последниот квартал(октомври, ноември и декември) од 2025 година, во Македонија се изградени и регистрирани 1.004 нови станови, што е за 159 повеќе од претходниот квартал, покажува извештајот на Регистарот на цени и закупнини. Во Агенцијата за катастар се запишани и 27.522 листови за предбележување градба, што укажува на дополнителни објекти кои наскоро ќе се најдат на пазарот. Најголема продажна цена на стан по метар квадратен е 182.404 ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денес дека Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД и да го сфати неодамнешниот „момент на Гренланд“ како повик за будење за спроведување на долгоодложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската Унија. Во интервју објавено во неколку европски весници, Макрон рече дека Европа не треба да го менува смирувањето на тензиите со Вашингтон за трајно поместување ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Додека над 200 илјади работници едвај врзуваат крај со крај со плати под 30.000 денари, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Мицкоски планира купување нов авион. За зголемување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се потребни околу 200 милиони евра. Пари во буџетот има само владата треба да се откаже од луксузот и парите да ги пренамени за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од ( с.Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п. Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30м, Ѓавато до 100м и планинскиот превој Крушево до ...
На борилиштата во северна Италија вчера заврши третиот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Милано Кортина. На листата на најуспешни нации во освоени медали на врвот на Норвешка со три злата, едно сребро и две бронзи. Со исто толку златни, но еден бронзен медал помалку, зад неа е Швајцарија, додека на третото место е Јапонија со две злата. Златни медали имаат освоени уште и САД, Германија, Италија, Холандија, Австрија, Чешка и ...
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од запад кои ќе бидат поврзани со длабоката циклонска активност со центар над Џеновскиот залив до крајот на седмицава во Македонија ќе имаме многу променливо време со чести повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни а за време на викендот ќе бидат проследени и со локална појава на грмежи. Повремено ќе дува засилен а за време на викендот и силен ветер од јужен и од југоисточен ...
Студентите сместени во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид веќе 12 часа се соочуваат со сериозни услови за престој, откако објектот останал без електрична енергија. Според информациите објавени на Инстаграм профилот „Студентарија.мк“, студентите во моментов се движат и учат со свеќи, во целосна темнина, без официјална информација кога ќе биде нормализирано снабдувањето со струја. Освен без електрична енергија, студентите останале и без ...
Сонот е период кога телото се обновува и одмара, но во исто време и продолжува да троши енергија. За оние што се обидуваат да ослабат, добрата вест е дека со неколку едноставни промени во секојдневните навики може да се поттикне согорувањето калории – дури и за време на спиењето, пишува списанието Hello!. Според д-р Даниел Аткинсон, специјалист по семејна медицина, телото согорува калории и во состојба на мирување, што е познато како базална ...
Иако киселата зелка важи за здрава и хранлива намирница, нејзината висока содржина на сол може да претставува сериозен ризик за одредени категории луѓе, особено за оние со висок крвен притисок, бубрежни заболувања и проблеми со задржување течности. Солта е клучна во процесот на ферментација, но таа останува во голема мера присутна и по миењето на зелката. Прекумерниот внес може да доведе до покачен крвен притисок, дополнително оптоварување ...
Жителите на Струга од вчера попладне се соочуваат со сериозни проблеми во водоснабдувањето, откако од чешмите почнала да тече темно кафеава вода. Поради состојбата, надлежните институции воведоа целосна забрана за користење на водата. Главниот извор за снабдување на градот, Шум, е целосно заматен, а првичните анализи на Центарот за јавно здравје покажуваат дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата е прогласена за технички ...
Луѓето кои со години редовно консумирале кафе или чај со кофеин имаат значително помал ризик од развој на деменција, покажува анализа на здравствените податоци на повеќе од 130.000 лица, објавена од „Гардијан“. Истражувањето опфатило период до 40 години и укажува на 15 до 20 проценти понизок ризик кај оние кои пиеле две до три шолји кафе или една до две шолји чај дневно. Според научниците, лицата што пиеле кафе со кофеин покажале и побавен ...
Поради постојаните руски напади врз енергетската инфраструктура, жителите на Киев на -20 целзиусови степени остануваат и по 20 часа. „Во мојот дел од градот сме без струја околу 20 часа дневно и имаме само четири часа електрична енергија. Имаме само ладна вода и слабо греење. Тоа е сè што имаме“, изјави професорот на Институтот за меѓународни односи во Киев, Максим Камењецки, додавајќи дека во некои домови температурата не надминува 5 ...
Mинистерот за правда Игор Филков реагираше на изјавата на вицепремиерот Беким Сали во врска со барањето на студентите за полагање на правосуден испит на албански јазик. Филков смета дека времето кога Уставот и законите се толкуваа според дневнополитички потреби, а не според нивната содржина, заврши со заминувањето на СДСМ–ДУИ од власт. Во продолжение ја пренесуваме неговата реакција: Времето кога Уставот и законите се толкуваа според ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Владата, Христијан Мицкоски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека вечерва се одржала првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на партијата. Како што посочи Мицкоски, во рамките на кадровските освежувања, Извршниот комитет донел одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и за ...
Нацистички СС симболи и свастики се појавија на салата ,,Динко Лукаровиќ” во Козала,Риека. Графитите се појавиле и надвор и внатре, таму каде што тренираат деца и млади. Полициска управа Приморје-Горски Котар потврдила дека дејствува според овластувањата. Во моментот не е утврдено кој ги направил графитите ниту кога точно биле исцртани. Градот јавно го осудил инцидентот и соопштил дека симболите биле веднаш отстранети. Пораката била јасна. ...
Арбен Зибери, поранешниот пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), донесе одлука да ја промени партиската средина. Тој преминува во Демократското движење предводено од Изет Меџити, кое е дел од коалицијата ВЛЕН. Зибери е познат во јавноста како еден од најактивните пратеници во Собранието на Македонија.Покрај политичкиот ангажман, тој е и докажан медицински професионалец, а во минатото ја извршуваше функцијата ...
Четири малолетни лица од село во Скопско се обиделе да ја обијат металната кутија за доброволни прилози во манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка, информираа од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, децата биле дел од организирана екскурзија, а инцидентот бил пријавен и евидентиран. „Одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка на 7 февруари пријавил во СВР Тетово дека во ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, вторник, делови од општина Карпош ќе останат без водоснабдување поради дефект на уличен водовод (ф-100 мм) на крстосницата Његошева/Софиска. Прекинот ќе ги засегне корисниците од улиците: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхолмска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски. Водата ќе биде исклучена од 09:00 часот до завршување на санацијата. Од ЈП Водовод и Канализација ...