
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој на ...
На пистата на аеродромот Палма де Мајорка рано утрово се случи инцидент на летот на „Рајанер“ за Манчестер. Поради лажна пријава за пожар, авионот беше евакуиран, а 18 лица беа полесно повредени, потврдија локалните власти. Инцидентот се случил во саботата во 00:30 часот. Службите за итни случаи добиле пријава за пожарот во авионот што бил на постојката, а според порталот „Кроника Балеар“, противпожарни екипи и работниците за итни случаи веднаш ...
На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи. Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата ...
На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот законик на РСМ против лицето Д.И. (54) од село Трубарево, скопско. Имено, според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице ...
Во петок 11 јули 2025, 21 часот во Галичник на амфитеатарот на чешма Упија ќе биде изведена премиерата на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“, во чест на јубилејот 150 години од објавувањето на „Речник на три јазика“ на големиот Пулески. Монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ е инспирирана од неговиот живот посветен на борбата со зборот како оружје! Текстот го напиша Миле Бошњаковски на еден од неговите ...
Возачот на мотоцикл „Кавасаки“ кој на 24 јуни усмрти пешак на скопскиот Кеј, а потоа побегна од местото на несреќата без да укаже помош, наместо во истражниот затвор „Шутка“ ќе ги чека резултатите од истрагата во домашен притвор. Таква одлука донесе судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, кој не го прифати предлогот на обвинителката за определување мерка ефективен притвор, дознава „Скопје 1“. Од Јавното обвинителство ...
Прес-конференција, Соња Тодоровска, ОО СДСМ Куманово Скандалот со повлекувањето на Обвинителството во случајот против Максим Димитриевски ја откири целата вистина. Максо доби награда од Мицкоски за предавството што го изврши. Се покажа зошто Димитриевски влезе во коалиција со Христијан Мицкоски? За да се спаси себеси од одговорност и судски прогон. Тројанскиот коњ е конечно разобличен. Сите криминали на Димитриевски се под заштита на власта на ...
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, остро и иронично реагираше на социјалните мрежи по најавите за можни нови мерки поврзани со демографијата, посочувајќи ја како апсурдна идејата за „данок на неженети“. Во статус на својот Фејсбук профил, Јакимовски ја нарече Владата „патриотска“, но наместо решенија за младите, ја обвини дека нуди мерки од типот на наметнување даноци врз граѓаните врз основа на нивниот брачен статус. „Од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната конференција за новинари посветена на сработеното во досегашниот мандат потенцираше дека со преземањето на министерството затекнале нефукционален систем, институција без јасна организација, без услови за работа со изгубена доверба кај граѓаните и нагласи дека таква слика на тага и немоќ не смее никогаш повеќе да се види. „Бандите дивееја, а државните институции молчеа. Пасоши се чекаа ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција во Владата, информираше дека Министерството активно постапува по случаи поврзани со дивоградби, нагласувајќи дека за некои од нив веќе има издадена наредба од јавен обвинител. „Да, има наредба од страна на јавен обвинител и се постапува. Ве уверувам дека како и за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство, така и во иднина, нема да оставиме под знак ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, преку видео-објава на својот официјален профил на Фејсбук информираше за завршувањето на дел од експресниот пат Градско – Прилеп, поточно делницата од Дреново до Фариш, во должина од 25 километри. „Го изградивме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш (Прилеп). Ветивме пред граѓаните на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и целиот Тиквешки регион ...
Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието на Република Македонија – Африм Гаши од необалистичката „Вреди”, инструиран од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, противуставно и противзаконски ја поништи уредно закажаната Надзорна расправа за Кочани, која требаше да се одржи на 8 јули 2025 година (вторник), на Петтата седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Откако на Четвртата ...
Метео анализа на Славчо Попоски: На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ, односно од Африка кој зафаќа најголем дел од Европа му се гледа крајот. Токму ова многу топло време ќе го прекине многу ладниот Атмосферски фронт кој од 8 јули (вторник) од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски Континент, секако влучувајќи го Балканот и нашата Република Македонија. ...
Денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека Владата сериозно размислува да воведе дополнителни даноци за немажените и неженетите граѓани во државата предизвика реакција од ДОМ, од каде ја оценуваат мерката како недозволив и опасен преседан кој директно ги повредува темелите на уставниот поредок, човековите слободи и начелата на еднаквост. „Во Македонија, Уставот во член 9 гарантира дека сите граѓани и граѓанки се еднакви пред Уставот ...
Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица. Ова тој го објави и на социјалните мрежи. Некогаш, за да си ги видиш луѓето околу себе, не треба повеќе од една реченица. Толку е доволно да го прочиташ пулсот. Да видиш кој што мисли, кој мисли како тебе, кој не мисли воопшто. Да видиш која е вистинската состојба на партијата – има ли таму уште искрени луѓе или само спакувани ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека неговата администрација ќе почне да испраќа формални известувања до трговските партнери за воведувањето нови царини што ќе стапат на сила на 1 август и ќе се движат од 10 до 70 проценти, во зависност од земјата и категоријата на производи. Во обраќањето пред новинарите, Трамп рече дека веројатно ќе ги донесе сите одлуки за царините најдоцна до 9 јули, објави Блумберг. Новиот царински ...
Неколку земји, вклучувајќи ги и долгогодишните сојузници на САД како што се Австралија, Канада и Обединетото Кралство, почнаа да ги предупредуваат своите граѓани за ризиците од патување во САД, пишува Yahoo. Австралија го ажурираше своето предупредување во јуни, предупредувајќи за насилство со оружје, граѓански протести и непредвидливо спроведување на имиграциските закони. Иако предупредувањето останува на ниво 1 („преземете вообичаени мерки на ...
Министерството за внатрешни работи овозможи онлајн закажување термин за сликање за лични документи во државата и за македонската дијаспора, односно сите оние кои не поседуваат македонски телефонски број преку можност да извршат резервација преку електронската пошта, https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request. Од моментот на воведување на електронското закажување преку Веб страницата на МВР во текот на 2024 имало во просек по 7000 закажани термини ...
Не стивнуваат реакциите по изјавата на премиерот Мицкоски дека се размислува за воведување на данок кој би го платиле немажените и неженетите лица во Македонија со цел подигнување на наталитетот и бројот на склучени бракови во земјава. “Ако не си во брак поголем данок… Супер би била меркава како промоција на семејните вредности, но со вакви услови за живеење единствено што се постигнува е притисок врз младите и луѓето кои не се во брак да си ...
Добро организираната акција за откривање на амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, рече министерот Панче Тошковски, денеска при посетата на ГП Табановце-Прешево на кој беше промовиран „One Stop системот“ за побрз проток и помалку чекање на граѓаните. -Сето она коешто се случуваше во текот на вчерашниот ден е само уште еден доказ дека МВР е силно посветено против нелегалната трговија со дрога. Оне историски ...
“Познавам многу луѓе што функционираат одлично заедно и не се во брак, едноставно не гледаат потреба од тоа да имаат хартија што им потврдува дека се заедно. Познавам многу луѓе што се во брак и не ни живеат заедно, напротив, живеат одделни животи и нивниот брак е практично непостоечки освен на хартија. Во овој карневал каде речиси секој игра некаква улога, само уште тоа е потребно – да се стимулира наталитетот на сосема погрешен начин. И што ...
Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките на комисиската расправа за ребаланост на буџетот за 2025 година година истакна дека по три дена расправа се зборуваше за се, а најмалку за сите битни бројки и параметри кои ја носат државата далеку од фамозното четврто место според растот на БДП. Несомнено е евидентно дека овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента и базиран на нереални макроекономски проекции, ...
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни SMS пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори. „Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални ...
Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на денешната конференција со наслов „Демографски предизвици и можни решенија“. Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување. Мора да бидат сфери кои ќе им овозможат на младите квалитетен ...
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Предистражната постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи ...
Со шок и неверување СДСМ ја проследи намерата на Мицкоски да ги казнува дополнително граѓаните и да воведе данок на неженети и немажени. Оваа длабока конзервативна и погрешна идеја директно гази на правата, слободниот избор на граѓаните и ја ништи нивната волја. Ваквите недемократски мерки немаат место ни во земјите од третиот свет, а не пак во демократски држави за кои се смета Македонија, велат од СДСМ. „Од друга страна, Мицкоски со ова уште ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030 година, почнувајќи од денеска (петок, 4 јули), се активира фаза 3, што ќе трае до 8 јули, вторник. На предлог на Министерството, Владата ги донесе следните препораки: – Ослободување од работни обврски бремени жени и лица постари од 60 ...
🟡📣 И оваа година, Стокомак го зголемува својот регрес во знак на благодарност за трудот на своите посветени вработени! Во духот на континуирана грижа и почит кон трудот на нашите вработени, Стокомак со гордост ја информира јавноста дека оваа година секој вработен ќе му биде исплатен регрес со износ од 47.000 денари. Оваа одлука претставува наш начин да ја наградиме посветеноста, трудот, и континуираниот придонес на нашите вработени. Во време ...
Републичкиот јавен обвините Љупчо Коцевски очекува обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“ околу септември. -Таму предметот е се уште во истрага, со оглед дека нема притвор, има и законски рок за истрагата. Така да, се надеваме негде таму околу, да не дадам сега конкретни датуми, меѓутоа сигурно околу септември ќе се заврши истрагата, и тој предмет ќе се води во ОЈО за организиран криминал, со оглед дека тука нема ...
По добиената официјална потврда од Агенцијата за безбедност на храната на Република Косово за прв случај на болеста чума кај малите преживари во оваа земја, денес Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце-клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали ...