Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција (13–15 февруари), каде што ќе оствари средби со европски партнери, соопшти Стејт департментот. Посетата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу САД и дел од сојузниците по изјавите на претседателот Доналд Трамп за Гренланд. По Минхен, Рубио ќе ја посети Братислава на разговори за регионалната безбедност, енергетиката и соработката во рамки на ...

Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ најави укинување на 6.000 работни места ширум светот и ревидирање на прогнозата за раст на профитот за годинава. Компанијата, која вработува 85.000 луѓе, предвидува годинава профитот да порасне од 2 до 6%, наместо претходно најавените 4–8%. Причина за тоа е намалената побарувачка на пиво на глобалните пазари. Новата стратегија на „Хајнекен“ до 2030 година се фокусира на поголем раст со помалку ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови и по влажни коловози. На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради сообраќајна незгода. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека неодамнешниот спор околу Гренланд е сигнал за можно влошување на односите со САД. Тој порача дека Европа не смее да се потпира на привидното затишје, туку мора да ги забрза економските реформи и да ја зајакне својата политичка и финансиска моќ. Макрон ја поддржа идејата за заедничко задолжување на земјите членки на ЕУ за финансирање стратешки инвестиции и намалување на зависноста од ...

Драмата во училиштето „Phatong Prathan Keeriwat“ во близина на Хат Јај заврши откако 18-годишниот напаѓач се предаде по повеќе од два часа полициска опсада. Тој влегол вооружен и отворил оган, при што беа повредени директорот и една ученичка, додека друг ученик се здобил со повреди обидувајќи се да избега. Повредените се хоспитализирани и се во стабилна состојба. За време на инцидентот учениците и наставниците биле задржани во објектот ...

Левица најостро реагира на скандалот со следењето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, што кулминираше со јавно објавување на снимка на која тој е заедно со неговите малолетни деца. Ова е злоупотреба на безбедносни механизми и демонстрација на режимска сила насочена против синдикалното организирање. Откако Христијан Мицкоски наместо достоинствено да одговори на барањата на работниците, јавно најави дека „ќе се виделе снимки” од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните руски напади врз Украина покажуваат дека безбедносните прашања во моментов се клучен приоритет за Киев и дека сите други прашања мора да се разгледуваат заедно со нив. „Додека Русија продолжува да убива луѓе и да ја уништува нашата инфраструктура, нема да има доволно јавна доверба дури ниту во активната дипломатија“, напиша Зеленски на Икс. Украинскиот претседател ...

Уапсен е 32- годишен маж од Крушевац под сомнение за убиство на својата мајка. Трагедијата се случила денес во семеен дом во Крушевац. Се сомнева дека 30-годишниот Ј. Б., по вербален конфликт, смртно ја повредил својата 59-годишна мајка со нож. Несреќната жена починала од повредите на местото на настанот. Полициски патроли и екипи на брза помош излегле на местото на настанот веднаш по пријавата, но лекарите можеле само да ја констатираат ...

Десет лица, меѓу кои и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Тамблер Риџ, на североистокот од канадската покраина Британска Колумбија, соопшти канадската полиција. Во нападот се повредени уште 25 лица. Според информациите на полицијата, шест жртви биле пронајдени во просториите на средното училиште Тамблер Риџ, едно лице починало за време на транспорт до болница, додека телата на уште две лица биле пронајдени ...

Денеска, на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставнички на Women in Tech-Macedonia, организација којашто е дел од глобалната иницијатива Women in Tech, a која поттикнува инклузија, разновидност и еднаквост на жените во STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика). Тие ја информираа дека нивните активности се главно насочени кон едукација на невработени ...

Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од околу еден месец биле одземени бакарни кабли со вкупна должина од два километри и проценета вредност од околу 200.000 евра. По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, го лишиле ...

Возачите од земјите надвор од ЕУ се соочуваат со засилени контроли во Шенген-зоната поради строгата примена на правилото 90/180 за дозволен престој. Неколку македонски возачи веќе се вратени, а последниот случај е регистриран во германското пристаниште Росток. Од „Макамтранс“ информираа дека македонски возач бил затекнат со пречекорување од три дена над дозволените 90 во период од 180 дена и му била изречена казна од 150 евра. Тој ќе ја ...

Сѐ она што го говореше СДСМ во изминатиот период се потврдува. 1.Власта сака да ја укине техничката Влада, единствената можност за чесни и фер избори. Да се влијае на слободната волја на граѓаните а опозицијата да не види што се прават по министерствата. 2.Криминалот и корупцијата цветаат. 161 тендер за само една фирма, 51 тендер за омилената компанија на власта преку општините, 9 милиони евра за фирма со еден вработен, 1,2 милиони евра преку ...

Младата македонска фудбалерка Меланија Грозданова (17) повторно го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност. По четиридневниот собир на А-репрезентацијата на Македонија, таа денес се наоѓа во Белград со својот клуб Љуботен, каде ќе одигра пријателски натпревар против Црвена Звезда. Според информации од фудбалски извори блиски до скаутските кругови, натпреварот ќе го следат и претставници на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, кои ...

Се обновува неврохируршката служба во градската општа болница „8-ми Септември“ по повеќе години пауза. Денеска успешно се оперирани двајца пациенти со тежок деформитет на ’рбетниот столб и стеноза на спиналниот канал . Од ,,8-ми Септември” велат дека интервенциите се изведени согласно најсовремените медицински протоколи, а пациентите се во стабилна постоперативна состојба. ГОБ „8-ми Септември“ посочува дека обновувањето на службата ...

Започна расчистувањето на просторот во Градскиот парк во Скопје, каде што е планирана изградбата на новиот луна парк. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи информираше дека се отстрануваат постојните објекти кои, како што наведе, биле бесправно изградени, со цел да се подготви теренот за реализација на проектот. Во објавеното видео се гледа механизација како ги отстранува старите објекти на локацијата, а ...

Поддршка за законот за пушење даде и Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ). Но истакнаа дека треба се обезбедат мерки што нема да доведат до намалување на бројот на работници во секторот. – СУТКОЗ има забелешки и ќе ги доставиме. Очекуваме и угостителите, преку Комората на работодавачи, да го дадат своето мислење. Нашата цел е да не се загубат ...

Општина Аеродром продолжува со засилен инспекциски надзор на активните градилишта, при што е изречена глоба од 1.000 евра за правно лице и 300 евра за одговорното лице поради прекршување на Законот за јавна чистота. При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдиле дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми, со што била нарушена чистотата на ...

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дното во политиката е пробиено кога лица, кои на никаков начин не се поврзани со производство и трговија на дрога, Богданка Кузевска по насока на Зоран Заев излегува на прес и обвинува невини лица. Ова покажува дека СДС ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади. Според него, таков потег би бил премногу радикален и би можел да значи мешање во основните слободи. „Премногу е радикално кога државата се одлучува на чекор да забрани некоја алатка, бидејќи доколку би тргнале да се движиме во таа насока, тогаш можеме да стигнеме и до нарушување на правото на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.И.(49) од с.Калиманци, виничко и А.А.(31) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено „продолжено кривично дело“ во врска со кривично дело „кражба“, против Ј.П.(59) од Виница, управител на правно лице од Виница, за „несовесно работење во службата“, против С.Ѓ.(64) од с.Лески, виничко, вработен во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Х.(46) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’. Како што информираат од полицијата, тетовецот на 08.01. годинава изнајмил возило од рент а кар компанија од Скопје и требало да го врати за три дена, но во меѓувреме го продал на друго лице СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Х.(46) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено ...

Синдикалците утре во 12 часот ќе ја блокираат раскрсницата пред Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата, во знак на револт поради игнорирањето на работничките барања. Барањата на ССМ остануват исти, итно зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување на сите останати плати за 6.000 денари. „Пред Стопанската комора ќе блокираме газди кои ги блокираат работниците 36 години, газди кои ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија“, каде што поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, заедно со уште двајца онколози, е обвинет за несовесно лекување пациенти. На рочиштето словенечкото вешто лице Маја Равник сведочеше за медицинските наоди и за терапиите дадени на повеќе пациенти. Продолжи и денес судењето за ,,Онкологија” во основниот кривичен суд. ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата беше нагласена исклучителната важност на Стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД како клучен двигател за зајакнување на институционалната соработка, економскиот развој и долгорочната стабилност на државата. ...

На 10.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Његошева” во Скопје, патничко возило „рено” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(46) удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констат ирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. По преземени мерки, возачот е пронајден, со него бил извршен службен разговор и ...

После измислените црни кампањи против претедателот Филипче, со исмилесни зграда во Дубаи, златни визи, Венеција, скијање и скокови во далечина, следеше неколку неделна црна кампања осмислена од ВМРО а пласирана од ВМРО-Орбан медиумите преку др Жан и Алфа телевизија која служеше како дефокус од одлуката за носење 10.000 „економски работници”. Од тоа нема ништо. И денеска на сите им е јасно. А го нема ниту д-р Жан да отиде до обвинителството и ...

„Ние овој закон за банкарски трошоци го доставувавме и во времето кога седевме во влада и го лобиравме законот внатре со тогашниот заменик министер за финансии и се дискутираше во рамки на пратеничката група во која ние пак бевме тогаш независни пратеници и пробувавме да им објасниме дека не е возможно. Тогаш беше и КОВИД пандемијата, а најголеми профитери беа банките. Пробавме да им објасниме дека со кратење на одредени трошоци и со ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а во присуство на македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов и претставници на домашните винарии, вчера во Париз се обрати на настан посветен на промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена. Настанот беше организиран во рамки на работната посета на ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Во тек е координирана политичка операција чија цел е враќање на Никола Груевски и целосно уривање на правниот систем во државата. Откако ги видовме резултатите од истражувањата во Унгарија, станува извесно е дека блискиот пријател на Мицкоски, Орбан може да се соочи со пораз на изборите. Тоа го виде и Никола Груевски. Наместо во Идризово, ВМРО му планира враќање во Белата палата. Така изгледаат „реформите” во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
53%
1028
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
54%
1027
weather icon

Загреб

13ᴼ / 8ᴼ
2.06
55%
1024
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
4.63
51%
1031
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.69
71%
1031
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
73%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
6.17
64%
1027
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
71%
1025
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
66%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 5ᴼ
3.13
66%
1033
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
4.47
56%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
9.26
74%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Сребро

2696.16

Цинк

3.24

Калај

50.61

Кобалт

66.14

Злато

164352.04

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Бакар

11.57

Родиум

374556.20

Паладиум

52052.06

Алуминиум

3.42

Платина

68931.20