Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите национални предавства и порази се случија токму додека СДС беше власт, промена на името, промена на знамето, уставни измени, и сите овие оставија последици врз националното достоинство. Од СДС повторно, дури и во опозиција, испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Јавноста се изнаслуша изјави дека СДС се подготвени да ја редефинираат македонската историја, а Филипче гордо вели дека ...
Советниците во Советот на Град Скопје на денешната, 14-та седница, по предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе дискутираат по дваесетина точки од предложениот дневен ред, меѓу кои и за Предлог-изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година. Со овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на урбаното планирање, локалниот економски развој, комуналните работи, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал „позитивен“ разговор со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер и ја пофали нивната посветеност на работата за решавање на војната во Украина во наредните недели. „Многу позитивен разговор“, рече Зеленски, опишувајќи го разговорот за време на посетата на Кишињев, главниот град на Молдавија. Тој, исто така, изрази благодарност до американската страна за нејзината ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави најмалку 37 пати од крајот на март дека договорот со Иран е неизбежен или дека Техеран очајно сака договор. И покрај повторените најави дека решението е само неколку дена или недели оддалечено, договор досега не е постигнат. Сепак, Трамп повторно предвиде „тотална победа“ во следните две недели синоќа, според анализа на Си-Ен-Ен . Поминаа повеќе од два месеци откако Трамп објави прекин на огнот со ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Владата на Мицкоски објави „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во наредните 10 години”. Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните. Мицкоски веќе и додаде на Македонија преку 2,3 милијарди евра нов јавен долг за нешто повеќе од две години. Ако се реализира и дел од овие најави, долгот ќе надмине 12-13 милијарди евра, само нов долг. Тоа значи повисоки камати, поскапо ...
вечерашното издание на емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска ги изнесе своите ставови за функционалноста на институциите, потребата од техничка влада и предложените измени во Изборниот законик, нагласувајќи ја и важноста на парламентарниот надзор врз безбедносните служби. Петровска истакна дека парламентарниот надзор, особено врз безбедносните служби, е клучен механизам за контрола на институциите, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите. Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, таа рече дека е можно Советот на ЕУ да донесе интерпретативни заклучоци со општ карактер, со кои идентитетските ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова најави дека в среда во Софија ќе оствари средба со потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Таа очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Силјановска-Давкова истакна ...
Водечката технолошка компанија „Антропик (Anthropic)“ ја предупреди јавноста дека вештачката интелигенција се развива побрзо отколку што луѓето можат да ја следат. Според проценките на американката ВИ-компанија, постојните ВИ-системи наскоро би можеле да создадат свои, уште понапредни наследници. Стручњаците објаснуваат дека таков напредок би можел да донесе огромни придобивки за медицината и науката. Од друга страна, пак, брзиот, а ...
Британскиот пејач и текстописец Талај Рајли, чие вистинско име е Марк Орабији, почина на 35-годишна возраст откако бил избоден во источен Лондон, објави Скај њуз. Полицијата соопшти дека музичарот бил пронајден со убодни рани во населбата Силвертаун во петокот и починал на местото на нападот. Рајли беше добитник на Греми награда и соработуваше со голем број познати изведувачи, меѓу кои Дуа Липа, Бритни Спирс и Ели Голдинг. Во текот на ...
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека во моментов е тешко да се коментира за перспективите за преговори за мирно решавање на кризата во Украина. „Тешко е дури и да се коментира за перспективите за преговори во овој момент“, рече Лавров за време на заедничката прес-конференција во Москва со неговиот колега од Бангладеш, министерот за надворешни работи, Калилур Рахман, пренесоа руските медиуми. Тој рече дека Русија е ...
Општина Кратово попладнево соопшти дека со години е спречена да управува со локалитетот Куклица, кој е прогласен за споменик на природата, наведувајќи дека просторот е бесправно узурпиран и оти незаконски се наплаќа влез од туристите кои доаѓаат да го посетат. „Општина Кратово и Градоначалникот се спречени да постапуваат согласно член 7 од Законот за прогласување на локалитетот „Куклица“ за споменик на природата (“Службен весник на РМ бр. ...
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Меѓународен аеродром Скопје денеска (08.06.2026) во 11:30 часот го лишија од слобода Р.З. (26) од Тетово, поради сомнение за кривично дело ,,разбојништво” по член 237 од Кривичниот законик. Имено, претходно во текот на ноќта, во 02:00 часот во СВР Тетово, вработениот Г.С.(38) од Тетово пријави дека во спортска обложувалница во Тетово, едно лице со закана со остар предмет одзело ...
Во изминатите три дена, Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје го реализираше „Лајка фест – повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните околу една тема што со години е присутна во нашето општество – проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија. Фестивалот започна со панел-дискусија во Собранието на Град Скопје, каде ...
Критичните минерали стануваат еден од најважните ресурси на 21 век, а земји како Канада активно работат на нивна експлоатација и извоз. Во Македонија, пак, проектот „Иловица-Штука“ останува нереализиран и покрај долгогодишните подготовки и интересот на инвеститорите. Експертите предупредуваат дека земјата ризикува да пропушти значајна развојна можност во време кога побарувачката за бакар достигнува рекордни нивоа. Иако светот ја зголемува ...
Македонската фудбалска репрезентација до 20 години загуби од селекцијата на САД со 2-0 во контролен натпревар одигран попладнево на неутрален терен во бугарскиот град Петрич. Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа квалитетен и корисен контролен натпревар против силен противник, што ќе послужи како добра проверка и можност за дополнително воигрување на тимот. Македонската репрезентација добро се спротивставуваше во текот на ...
Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска гласаа дека е прифатлив и го проследија на натамошно читање Предлог на законот за оружјето, со европско знаменце. Образложувајќи го законското решение, државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски, истакна дека новиот закон ги поминал сите филтри на експертската јавност. Потенцира дека експлицитноста и потребата од овој закон е усогласување со ...
Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот, информираа од Општина Битола и потврдија дека екипи на ЈКП „Нискоградба“ Битола се на терен. Веднаш на терен излегоа екипи на ЈП „Нискоградба“ Битола при што интеренираа и интервенираат на следните места: – населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, – населба Карпош-Кланица ...
Палестинец, кој добил азил во Грција, е уапсен и обвинет за терористички дела поврзани со Хамас, јавија денеска грчките медиуми. Уапсениот пред една година пристигнал во Грција од Газа и добил азил. Триесет и седумгодишниот Палестинец е уапсен пред два дена на Крит, каде работел во хотел. Тој е обвинет за членство во Хамас и обука за терористички цели. Полицијата пронашла докази дека нарачувал експлозивни материјали преку интернет. При ...
Пишува: Фатмир Битиќи Конгресот заврши, но потребата од поширока, вредносно-политичка рамка остана. Рамка која ги надминува очекувањата само да се усвои програма, да се потврди одредена политичка насока или да се испрати порака дека продолжуваме понатаму. Да продолжуваме понатаму, но како, кон што, со кого? Тоа е прашањето кое бара одговор дали сите ние, или најголемиот дел од нас од кои извира виталноста на СДСМ, сме подготвени да се ...
И покрај тоа што Израел и Иран соопштија дека ги суспендираат нападите на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, двете страни се заканија со пожестоки напади во случај да не се почитува најновото примирје. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац најави дека армијата ќе продолжи да дејствува во Либан ако Хезболах го нападне Израел. – Секој напад врз северната заедница ќе доведе до напад врз Дахија, наведе Кац, алудирајќи на ...
Известителот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, оцени дека Србија, како најголема земја на Западен Балкан, има најголем капацитет да напредува во секоја смисла кон членство во ЕУ, но не го прави тоа и, наместо да отвора нови поглавја од преговорите, постојано отвора нови дилеми и создава тензии кон своите соседи. Како што пренесоа српски медиуми, Пицула истакна дека на Србија повторно и е даден грејс период за исполнување на ...
Во американската сојузна држава Тексас потврдени се уште два случаи на црв-месојад, соопшти американското Министерствои за здравство. Новите случаи се откриени кај теле и куче, кои не само што немале контакт, туку биле оддалечени стотици километри. Со ова, вкупниот број на случаи на инфекција со црв-месојад во САД се искачи на четири. Црв-месојад или шраф-црв всушност е вид на мува што произведува специфична месојадна ларва – јаде живо месо ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ стигна до 198 настапи за националниот тим, што го става на второто место заедно со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси. Модриќ 198. настап го забележа синоќа во Вараждин на пријателскиот натпревар против Словенија (2:1), каде што беше и стрелец. Португалецот Кристијано Роналдо останува рекордер со 227 настапи. Сите тројца се вклучени во составите на своите репрезентации за претстојното Светското првенство 2026. ...
Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8 %, а цените на мало раст од 5.6 %. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април годинава, изнесува 0.6 %. Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 %, Рекреација, спорт и ...
Средствата добиени од Планот за раст не се пари кои земјава ги добива директно на сметка и потоа ги троши, туку се даваат за одредени чекори и проекти кои треба да се реализираат, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека иако средствата се врзани за проекти, сепак, тие придонесуваат за раст на БДП и финансиска ликвидност. – За планот за раст има многу шпекулации, многу невистини и разни толкувања од одредени политичари. Планот за раст ...
Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови за појава на нестабилност и во југоисточните ...
Македонија ќе добие шест нови автопатски решенија. Проекциите се дека истите ќе бидат завршени до крајот на 2027 година, истакна денеска на брифинг со медиумите премиерот Христијан Мицкоски. Автопатот Кичево-Охрид продолжува да се гради, финансии во висина од 175 милиони евра се обезбедени од домашни банки, а делницата Извор-Врбјани ќе биде пуштена до октомври, додека делницата Врбјани-Ботун е веќе пуштена во употреба. Веќе во периодот од ...
Во Домот на културата во Кавадарци се одржа свечена манифестација по повод одбележувањето на 34 години од основањето на Лекарска комора на Република Северна Македонија. На настанот присуствуваа високи претставници на здравствените и образовните институции меѓу кои заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување д-р Сашо Клековски, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, деканите на ...
Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за подобрување на здравствените услуги и постигнување ...