Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Министерството за правда со жалење констатира дека Дејанчо Цветановски од ЛДП пласира невистинити и тенденциозни тврдења во врска со работата на Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик. Особено е нејасно како Цветановски зборува за процес што наводно се водел „зад затворени врати”, кога токму тој како претставник на ЛДП активно учествува во работата на групата, присуствува на состаноците и има можност директно да ги ...
Собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во прво читање ги поддржаа Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба, кои претставуваат дел од клучниот реформски пакет за зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на правосудството. Двата закона се подготвени во рамки на обврските утврдени во Реформската агенда и Развојната секторска ...
Владата останува на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение. – Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да ...
Бродовите моментално плаќаат просечно од 1,5 до два милиона долари такса за да минуваат низ Ормуската Теснина, изјави членот на Комитетот за планирање и буџет на иранскиот парламент, Мохсен Занганех, пренесе иранската агенција Фарс. Потпретседателот на иранскиот парламент, Али Никзад, во мај објави нацрт-план во 12 точки за управување со Ормуската Теснина, потсетува Фарс. Исто така, беше основана нова државна агенција чија задача е да го ...
На 07.06.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза”- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје. Според пријавеното, на 06.06.2026 на ул.„Жан Жорес” во Скопје околу 21:00 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со повредите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. На 07.06.2026 во 16:40 часот во ...
Полската полиција заплени речиси еден тон хероин вреден 52 милиони евра, што е најголемата заплена на дрога во последните години, објавија властите. Британските медиуми пишуваат дека припадници на полската полиција пронајдоа големо количество наркотици во контејнери што пристигнаа од Обединетите Арапски Емирати во балтичкото пристаниште Гдиња, а властите информации за пратката добиле од британската даночна администрација. „Не треба да ви ...
Соопштение на СДСМ: Со новата платформа „Твоја држава, твоја шанса”, лансирањето на „Скопската иницијатива”, обединувањето околу Фронтот за вистина и правда и усвојувањето на новата програмска рамка, СДСМ отвори нова етапа на политичко дејствување. Но, промените не се случуваат само на програмски и политички план. СДСМ паралелно се зајакнува кадровски и организациски, отворајќи простор за нова енергија, нови идеи и нови луѓе. Во оваа насока, ...
Соопштение на Левица: Кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, проектот со „Бехтел и Енка” беше претставуван како симбол на криминал, нетранспарентност и штетно трошење на народните пари. Граѓаните слушаа ветувања дека договорот ќе биде репреговаран, дека ќе се утврди одговорност и дека ќе се стави крај на практиките кои ја чинат државата милијарди евра. Денес, наместо репреговарање, гледаме нешто сосема спротивно. Истата власт која ветуваше ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик. На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ...
Премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за причините за блокадата на акцискиот план за малцинства од страна на Бугарија, денеска изјави дека претпоставува оти „тоа е политика што трае со децении“, а претходните политички елити тоа не го препознале и направиле големи проблеми, кои Владата сега ги решава еден по еден. – Не знам. Тоа прашање ќе треба ним да им го поставите затоа што, претпоставувам, таа политика трае со децении. Не ...
Соопштение на ЛДП: „Должни сме да ја алармираме јавноста дека работата на работната група за измени на Изборниот законик не се движи во правилна насока. Наместо суштински реформи за подемократски процеси, зад затворени врати повторно сме сведоци на добро познато сценарио: големите политички партии се обидуваат да си обезбедат меѓусебна предност и да го заштитат својот монопол”, вели во изјава за медиумите членот на Извршниот одбор на ...
Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предметот со К.бр. 655/25 против З.Ј. за кривичното дело Загрозување на безбедноста на сообраќајот по чл. 298 ст.2 вв ст.1 од КЗ, по внимателна анализа на обвинението, изведените докази и релевантните законски одредби, оцени дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не ги содржат законските обележја на кривичното дела па заради тоа донесе ослободителна пресуда. Имено, согласно ...
Дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, не биле опфатени во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше посочено на продолжението на судењето за пожарот во кочанската дискотека. Во судницата на денешното рочиште за пожарот во „Пулс“ беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на Дирекцијата за заштита и спасување, потпишани со името на Шабан Салиу кој ...
Владата прави потрошувачко портфолио, кое што треба го услогласи со дистрибутерот ЕВН Хоум и со државниот производител ЕСМ и оваа или следната недела ќе имаат заеднички работен состанок, а со што би се обезбедила просечна цена на струјата од 5 до 10 отсто поевтина од сегашната, најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања за проектите за искористување на обновливи извори на енергија и како можат ...
Иран ги прекинува нападите врз Израел откако даде „болен одговор“ за израелските напади врз Либан, соопшти денеска иранската војска на националното радио, пренесе ДПА. Одлуката следи откако во текот на ноќта и утрово Израел и Иран изведоа повеќекратни напади што претставуваше најсериозната ескалација откако во април стапи на сила прекинот на огнот во војната меѓу САД и Израел против Иран. Иран синоќа лансираше ракети кон Израел, како одговор ...
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја заврши редовната консултација со Република Северна Македонија согласно член IV од Статутот на ММФ, при што даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем. Во својата оцена, директорите на ММФ истакнуваат дека домашната економија се соочува со неповолни влијанија од светскиот енергетски шок, што претставува ризик за забавување на ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека Општина Чаир ги започнува постапките за реализација на значаен културен проект – трансформација на просторот над плоштадот „Скендербег” во Албанска библиотека. Новата библиотека ќе биде современ простор наменет за ученици, студенти, истражувачи и сите граѓани, создавајќи нови можности за читање, учење, истражување и културен развој. „Ќе ја изградиме Албанската библиотека. Ја ...
Лидерот на СДСМ во интервју за српски Недељник вели дека владата во Скопје предводена од Христијан Мицкоски користи техники што им се познати на граѓаните на Србија – корупција, притисок врз медиумите, контрола врз судството и обвинителството, како и етикетирањето „предавници“, и дека поранешниот премиер Никола Груевски освен унгарско, има и српско државјанство. „Имаме јасни информации дека Никола Груевски има унгарско државјанство, а имаме и ...
Две момчиња на возраст од 15 години, се удавиле во Јужна Морава, во близина на населеното место Сталаќ, близу Крушевац Според информациите потврдени од Полициската управа во Крушевац, несреќата се случила во неделата додека момчињата се наоѓале во близина на железничкиот мост над реката. Тие биле на местото за да ловат риба, кога, според првичните информации, дошло до кобен момент во водата. Медиумските извештаи наведуваат дека постои сомнеж ...
На 07.06.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во паркот „Жена борец” во Скопје имало починато лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија. Извршен е разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле, одеднаш Х.Р.Г. паднал, по што тој повикал Итна медицинска помош. Извршен е увид, а по насоки на ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што во периодот од 13.02.2023 до 07.05.2024 склучил и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Сараево оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка меѓу двете држави, како и конструктивниот политички дијалог што се одвива на сите нивоа. „Одржуваме редовен и содржаен политички дијалог на сите нивоа и немаме отворени билатерални ...
Прес-конференција на Албрим Хоџа од ВЛЕН: Почитувани медиуми, почитувани граѓани, Правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. За првпат во историјата, ова право нема да остане само запишан принцип или политичко ветување, туку станува гарантирано, заштитено и задолжително за институциите. Досега многу работи зависеа од нечија волја, од расположението на некој министер или од политички пазарења. Со овој закон, на тоа му доаѓа ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на цените утврдени со претходната одлука од 1 јуни 2026 година. Како резултат на оваа одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР ...
Жителот на Кратово, Марио Станојковски, преку објава на социјалните мрежи алармираше за, како што тврди, незаконска наплата на влез и ограничување на пристапот до локалитетот „Куклите“, еден од најпознатите природни феномени во Македонија. Во својата објава тој наведува дека повторно бил спречен да влезе на локалитетот, а притоа разговарал и со туристи од Косово кои му кажале дека платиле по 10 евра за влез. „Куклите кај Кратово се природно ...
Живот посветен на образованието, а душа вљубена во уметноста. Тоа е приказната на Снежана Илиева, чиј творечки пат и богат ликовен опус се заокружени во монографијата „Исповед за акварелот“, која ќе биде промовирана утре, 9 јуни, со почеток во 18:00 часот, во просториите на Порта Македонија. Монографијата претставува сведоштво за повеќе од три децении творење во една од најсуптилните сликарски техники – акварелот, како и одбележување на 25 ...
На 07.06.2026 во 19:15 часот на патот Граничен премин Блаце – Скопје, кај тунелот „Блаце“, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го лишија од слобода Р.Ш.(42) од Косово. При преглед во товарно возило „фолксваген транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина на брендирана и друга разновидна стока за која не поседувал ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извшрниот одбор Со „Скопската иницијатива” и платформата „Твоја држава, твоја шанса” СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување. Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија. Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса” во конечната форма е јавно ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, денес изјави дека „на разнишаниот ционистички режим му остануваат само неколку дена“, во услови на ескалација на тензиите меѓу Иран и Израел. Доцна синоќа, Иран лансираше неколку серии ракети кон северен Израел, по израелскиот воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут. Потоа Израел изврши напади врз западен и централен Иран, а беа пријавени експлозии во неколку ирански градови, ...
о обвини Вашингтон дека е директно одговорен за континуираниот конфликт на Блискиот Исток откако Иран и Израел разменија оган за прв пат по прекинот на огнот на 8 април, а проиранските Хути повторно го нападнаа Израел по неколку недели. „Никој не верува дека ционистичкиот режим (Израел) би презел какви било чекори без претходна координација и соработка со Соединетите Американски Држави“, изјави портпаролот на иранското Министерство за ...