Денеска во Скопје Директорот на Бирото за јавна безбедност, заедно со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, се обрати на отворањето на регионалниот семинар посветен на истрагите за перење пари и управувањето со имот стекнат од криминални активности, организиран со поддршка на француската Дирекција за одбрана и безбедност и Амбасадата на Франција во Скопје. Во своето обраќање, директорот истакна дека ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржа во рамки на бугарското претседавање со оваа најстара и најзначајна политичка иницијатива за регионална соработка во Југоисточна Европа. Состанокот е посветен на одбележувањето на три децении од ...

Поранешен пилот управувал со комерцијални авиони речиси 17 години без да поседува соодветна лиценца, извршувајќи повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, соопшти вчера полицијата од Онтарио. Истрага за измама и фалсификување откри дека пилот на авиокомпанијата, кој во текот на својата кариера од 1998 до 2025 година летал за Ер Канада, фалсификувал лиценца што му била неопходна кога во 2009 година бил унапреден во капетан, се наведува во ...

Реформата на јавната администрација не може да биде успешна доколку се спроведува исклучиво во институциите. Таа мора да се гради заедно со граѓаните, преку партнерство, транспарентност и активно учество во процесите на донесување политики. Токму ова беше централната порака што ја упати министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на четвртата регионална конференција „Граѓаните на прво место: Деценија на унапредување на јавна ...

Македонскиот народен театар утре ќе настапи на јубилејното 60-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот, кој важи за еден од најзначајните театарски настани во земјава и регионот, а годинава одбележува шест децении постоење. „Страв и надеж“ е современа сценска приказна која ги ...

Квалитетот на тутунот зависи од правилното третирање во текот на производството. За тутунарите, тоа значи заштита на годишната инвестиција, зачувување на производот и намалување на ризиците при откупот. СЕКЕ Прилеп ги потсетува тутунарите на пет клучни правила: користење препорачани препарати, почитување на дозата, лична заштита, исправна опрема и стручна консултација. За третирање на тутунот се препорачуваат Chlomazone против плевели, ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.06.2026 година (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ...

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка Вистината е дека граѓаните денес живеат многу тешко. Цените растат секој месец, храната станува луксуз, а платите не успеваат да го следат поскапувањето. Вистината е дека за едно четиричлено семејство денес се потребни речиси 69.000 денари месечно само за основните животни трошоци, односно речиси три минимални плати. Вистина е дека нема 600 евра минимална плата, работниците ...

На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. По преземени мерки и активности дојдено ...

Општина Кисела Вода организира бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците под мотото „Спремни за средно!“, наменета за сите ученици кои го завршуваат основното образование во оваа општина. Настанот ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при ООУ „Невена Георгиева Дуња“ и ќе трае до 23:30 часот. Се очекува присуство на околу 560 ученици, кои ќе имаат можност заеднички да го одбележат ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа. Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ...

Јордан и Кувајт денеска соопштија дека биле цел на ирански ракети и оти нивната противвоздушна одбрана ги елиминирала заканите, додека иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека цел на нивните напади во текот на изминатата ноќ била и американската Петта флота во Бахреин. Јорданската војска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле пет ракети лансирани од Иран кон подрачјето Ал ...

Соопштение на ВЛЕН: Економскиот развој на Северна Македонија за ВЛЕН е тесно поврзан со продлабочувањето на стратешките партнерства и конкретната соработка со пријателските земји. Во таа насока, по повеќе од 12 години, Северна Македонија и Турција го обновуваат дијалогот на високо ниво за патниот транспорт, што претставува значаен чекор кон зајакнување на економската и институционалната соработка меѓу двете земји. Во Скопје, ...

На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г.(250 и Б.Т.Б.(20), сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија ...

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз. Како што информираат од ...

Бројот загинати во силниот земјотрес што го потресе јужниот дел на Филипините се искачи на 45 лица, 630 се повредени, а 17 се водат како исчезнати, соопшти денеска претставник на Националната агенција за цивилна заштита. Најмногу од новопријавените жртви се од провинцијата Давао Оксидентал, каде шест лица загинале во свлечиште, а две починале откако врз нив паднале делови од урнати објекти, изјави заменик-директорот на Канцеларијата за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу. Таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, ...

Соопштение на Левица: Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека, преку писмено пратеничко прашање, побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката за енергетика, Сања Божиновска, го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, меѓународни ...

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. ...

Собранието денеска ќе ја започне 104. собраниска седница на која како прва точка на предложениот дневен ред е Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Пленумот треба да се изјаси за потребата за носење на повеќе закони во прво читање и по скратена постапка, како и за Предлогот на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието. Интерпелацијата за министерот за ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Денешниот ден во Македонија ни носи променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, ...

Воените сили на Украина во текот на ноќта и утрово извршија напади врз повеќе руски градови и региони, а меѓу целите беа Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област, како и објекти на инфраструктурата во Владимирската област, соопштија руските власти. Силите за противвоздушна одбрана на руското Министерство за одбрана одбија напад од четири дрона, соопшти утрово градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. „Службите за вонредни ...

Дел од корисниците од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ (Аминта III) во општина Центар, како и кафулињата „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“ и останати објекти денеска од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во период од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селото Долно Соње лоцирани на улиците „6“, „8“ и „12“, а од 9:00 до 15:00 часот и дел од крисниците од селата Мирковци и ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло ...

Иницијативата „За пристоен Капиштец“ ги повика граѓаните на мирен протест, револтирани од, како што велат, долгогодишниот проблем со прекумерната бучава, нарушувањето на јавниот ред и недоволната реакција на надлежните институции. Протестот ќе се одржи на 11 јуни со почеток во 19:00 часот, кај кошаркарското игралиште во паркот Капиштец. Од иницијативата посочуваат дека жителите со години се изложени на прекумерна бучава од околните ...

Пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, преку објава на социјалните мрежи започна, како што наведува, евалуација на работата на Министерството за одбрана по изминатата половина од мандатот на актуелната Влада. Според Петровска, првата тема на која се осврнува е состојбата со човечкиот потенцијал во Министерството за одбрана, кој, како што истакнува, претставува столб на македонскиот одбранбен систем. Таа ...

Пратеникот и поранешен вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ направи споредба меѓу периодот кога го водеше ресорот за добро владеење и актуелната состојба, оценувајќи дека борбата против корупцијата денес е целосно ставена во втор план. Според Николовски, токму во периодот кога бил воспоставен неговиот кабинет, Европската Унија ги нотирала последните конкретни ...

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата утре во Собранието ќе ја отвори интерпелацијата против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Пратеникот и поранешен министер за земјоделство Љупчо Николовски, во пресрет на собраниската расправа, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ порача дека интерпелацијата претставува јасно барање за политичка одговорност и оставка поради, како што оцени, катастрофалните резултати ...

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИЗДФ), Ејал Замир, изјави дека Израел е подготвен да започне нов, длабок удар врз Иран штом ќе ја добие наредбата. Според изјавите објавени на официјалната веб-страница на израелската војска, Замир рекол дека неодамнешниот напад врз Иран бил само „подготовка за многу позначаен и потежок удар“. Трамп го обвини Иран за соборувањето на хеликоптерот Во меѓувреме, тензиите меѓу САД и ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал активна забрана. Три лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по едно во Кичево, Тетово, Кавадарци и Кочани. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што за него има активна забрана. По целосно документирање ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
4.35
59%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.35
64%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.63
36%
1020
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.96
80%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
8.03
71%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
54%
1020
weather icon

Атина

36ᴼ / 32ᴼ
3.13
53%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.1
40%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
0.55
48%
1013
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
4.02
90%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
42%
1017
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
1.35
100%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.2685

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Платина

52052.06

Алуминиум

3.17

Злато

130879.26

Кобалт

56.29

Бакар

13.11

Цинк

0.00

Калај

53.55

Родиум

263636.12

Сребро

1888.57

Паладиум

40702.85