Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, денеска ја осуди втората ноќ од немирите во областа Белфаст, велејќи дека настаните претставуваат „расистичко насилство“, а не легитимни протести. Министерот за Скај њуз изјави дека нема сомнение за расистичката природа на инцидентите, наведувајќи дека поединци биле цел поради нивната „боја на кожа и етничко потекло“. „Ако ги напаѓате луѓето врз основа на бојата на нивната кожа, како поинаку ...

Мексиканските власти ќе распоредат 1.700 полицајци и службеници за итни случаи во Мексико Сити за да обезбедат безбедност и поддршка на масовните настани на денот на отворањето на Светското првенство, објави Пабло Васкез Камачо, министер за јавна безбедност на главниот град. -Секретаријатот за јавна безбедност спроведува операција во која ќе бидат вклучени 1.700 полицајци од полициските операции, контролата на сообраќајот, спасување и ...

Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и ...

Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер (21 часот) почнува 23. Светското фудбалско првенство 2026. Мундијалот ќе трае до 19 јули за кога е закажан финалниот дуел во Њујорк. За прв пат во историјата на турнирот, натпреварите ќе се одржат во три земји- САД, Канада и Мексико, Мундијалот ќе се игра во 16 градови (11 во САД, три во Мексико и два во Канада), а 1.248 играчи се наоѓаат на списокот на 48 екипи учеснички. Ќе видиме дури 104 ...

Утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk, потсетува Министерството за образование и наука. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...

Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре. Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак. Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница. На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна екипа од Штип, членови на Доброволното друштво ДПД Штип, како и екипи на штипски јавни претпријатија кои со помош на градежна механизација прават пресеци и ...

Во невремето што вчера ја зафати Горенска во Словенија значително се оштетени повеќе од 150 објекти, од кои над 100 само во општина Коменда, која беше убедливо најпогодена, изјави за СТА директорот на словенечката Управа за цивилна заштита и спасување, Леон Бехин. Според градоначалникот на Коменда, Јуриј Керн, причинетата штета е огромна. Бехин додаде дека во моментов на терен во погодените подрачја се ангажирани повеќе од 165 противпожарни ...

Соопштение на Левица: Собранието денес ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција. Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ”, поврзана со синовите на поранешната членка на ДКСК, Цвета ...

Со 56 гласа „за“ и еден „против“, Собранието денеска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата ја избра Катерина Зајковска Скопје, дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Испразнетото место во ДКСК беше по оставката на Цвета Ристовска, откако се утврди дека иако во анкетниот лист пријавила дека нејзините синови имаат фирми, таа не пријавила дека една од фирмите учествувала во изборната ...

Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавството и зајакнувањето на институционалното функционирање. Во двегодишниот извештај што г. Гаши го презентираше пред сопретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, беа истакнати дел од најзначајните закони и реформи, меѓу кои Законот за Медресата, Законот за ...

Обвинителството на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска во судницата во „Идризово“ презентираше докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, кои се однесуваа на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и обезбедувње, дозвола за работа, листа на вработени, како и доказен материјал обезбеден ...

Новопечениот носител на највисоката УЕФА Про лиценца и македонски фудбалски стратег Александар Таневски беше гостин во премиерното издание на „Мундокаст“ на 4ТВ, каде направи детална анализа на фаворитите, потенцијалните изненадувања и факторите кои би можеле да го одбележат претстојното Светско првенство во Северна Америка. Според Таневски, ако се анализираат тактичката поставеност, организацијата на играта и колективниот квалитет, Шпанија ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика сите компании кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат условите предвидени со Законот за финансиска поддршка на инвестиции да ја искористат можноста за државна поддршка и навремено да поднесат барање до Министерството за економија и труд. Министерот потсети дека рокот за поднесување на барањата е продолжен до 15 јуни и ги охрабри компаниите да ја искористат оваа можност за ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: * за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, * за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, * за третиот мерен ...

Високите трошоци за живот сè повеќе ги нарушуваат основните социјални и економски права на граѓаните на Европската унија, се наведува во годишниот извештај на Агенцијата на ЕУ за основни права (ФРА), со предупредувања и за сеприсутниот раст на омразата на интернет и проблемите во интеграцијата на странските работници. Директорката на ФРА, Сирпа Раутио, оцени дека граѓаните ширум ЕУ се соочуваат со „секојдневни притисоци поради продолжената ...

Денеска во Македонија беше изведена првата робот-асистирана уролошка операција, кај пациент со карцином на простата. Операцијата на Клиниката за урологија ја изведе тимот на Клиниката за урологија, предводен од д-р Виктор Станков, научен соработник и специјалист уролог. Интервенцијата е изведена со примена на современ роботски хируршки систем EdGe Medical и минимално инвазивен пристап. Оваа технологија овозможува поголема прецизност и помала ...

Европската централна банка денеска ја зголеми својата референтна каматна стапка од два на 2,25 отсто, што е прво зголемување од септември 2023 година, додека банката со седиште во Франкфурт го изложи својот одговор на економските последици од конфликтот во Иран, јави ДПА. „Војната на Блискиот Исток генерира инфлациски притисоци“, соопшти банката, предупредувајќи дека „перспективите остануваат неизвесни“. Се предвидува дека инфлацијата низ ...

Две лица загинале а едно било тешко повредено во тешка сообраќајка на новиот експресен пат Прилеп – Градско пред клучката за Кавадарци, потврдија за МИА од Брза помош Кавадарци и Територијалната противпожарна единица, кои интервенирале на лице место. Доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци, изјави дека директно се судриле две возила. Во едното загинале две лица од машки и женски пол, а едно тешко повредено лице ...

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина со големи очекувања ги завршува подготовките за својот втор настап на Светско првенство, а фудбалската еуфорија веќе ја обединува јавноста во земјата. Според анализите изнесени во емисијата „Мундокаст“, во која гостуваа спортски новинари од бошњачката заедница, избраниците на селекторот Сергеј Барбарез имаат реални шанси да ја минат групната фаза. Босна и Херцеговина на Мундијалот пристигнува со една од ...

Еден од најталентираните млади македонски фудбалери, Матеј Николов, кој настапува за пионерските категории на ФК Вардар под водство на тренерот Христијан Кировски – Џери, беше гостин во премиерното издание на емисијата „Мундокаст“ на 4ТВ, каде ги сподели впечатоците од своето незаборавно искуство во Шпанија. Николов неодамна помина две недели на проба во редовите на Атлетико Мадрид, каде настапуваше за генерацијата 2010 на престижен ...

За да престанат лекарите да инсистираат пациенти со трајни здравствени оштетувања да одат на прегледи на секои шест месеци или една година за да добијат пари за туѓа нега, министерот за здравство Азир Алиу денес кажа дека нема да има потреба од менување на законите. Проблемот најави дека ќе го реши со разговори со сите комисии. „Ние направивме работна група меѓу двете министерства и таа работна група после неколку состаноци, по мое барање да ...

Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со извршната власт, вклучително и контактите со премиерот, не ја смета за спорна и потенцира дека таа не влијае врз независноста во одлучувањето. Во контекст на зголемените јавни критики и изјави од политичкиот врв за работата на обвинителството, Савески истакна дека очекувањата за резултати се ...

Лидерот на опозицијата во Албанија, Сали Бериша објави денеска дека САД го избришале од листата на „непожелни лица“ на која беше ставен пред пет години. Бериша пристигна во парламентот со насмевка и од собраниската говорница рече „ Готово е, тука сум“, по што беше поздравен од сопартијците од Демократската партија, како и Партијата на слободата на Илир Мета. Информацијата дека веќе не е „персона нон грата“ за САД, Бериша сам ја објави и не ...

Претседателот на Здружението на металурзи и универзитетски професор Горан Начевски, во интервју за „А1он“, прашан за инвестицијата во рудник за бакар во Иловица, истакна дека таа претставува една од најголемите потенцијални рударски инвестиции во Македонија во последните децении. Според него, значењето се огледува во можноста за отворање нови работни места, зголемување на извозот, приходи во државниот буџет, локален економски развој и ...

„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е срцето и столбот на истата. Никогаш не било вака, на средината на месец јуни да нема сѐ уште субвенции за тутун. Оваа година и намалени, ги нема”, вели во изјава за медиумите советникот во Советот на Општина Могила од ЛДП, Илче Дамевски. Особено загрижува фактот дека од година в година тутунопроизводителите се соочуваат со растечки трошоци, неизвесни услови за ...

На 10.06.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар во автобус, додека извршувал работни задачи како контролор на ЈСП, бил физички нападнат од 50-годишната Д.Ц. откако претходно констатирал дека немала платено билет за превоз. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 10.06.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријави дека на подрачјето на ...

Во период од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер”. На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Северна Македонија и ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Мицковски денес изјави дека парламентарни избори ќе има многу скоро. Ова доаѓа откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори и дека мигрантите, односно економските работници нема да доаѓаат оваа година. Сега, одеднаш, изборите се „многу скоро”. Ова не е прв пат Мицковски да ја менува приказната според моменталната потреба. Има двајца Христијан Мицкоски. Едниот ќе го враќаше името, најавуваше ...

На 10.06.2026 во 18:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Народен фронт” во Скопје велосипед удрил во пешакот Х.А.(83) од Скопје, по што велосипедистот го напуштил местото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември” Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.06.2026 ...

Вистинска драма се одвивала вчера попладне на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, откако 26-годишен мотоциклист не застанал на полициски знак за запирање, удрил во полициски мотоцикл, повредил полициски службеник и се обидел да избега. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 18:20 часот, кога Б.Б. (26) од Скопје, управувајќи мотоцикл, не ја почитувал наредбата за запирање дадена од полициски ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
4.35
59%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.35
64%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.63
36%
1020
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.96
80%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
8.03
71%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
54%
1020
weather icon

Атина

36ᴼ / 32ᴼ
3.13
53%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.1
40%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
0.55
48%
1013
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
4.02
90%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
42%
1017
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
1.35
100%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.2685

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Бакар

13.11

Родиум

263636.12

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.17

Цинк

0.00

Калај

53.55

Злато

130879.26

Рутениум

53852.50

Платина

52052.06

Сребро

1888.57

Иридиум

252383.36

Паладиум

40702.85