Собранието вечерва го поддржа Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој се воведуваат значително построги правила за работењето на приредувачите на игри на среќа и нови механизми за контрола на секторот. За законското решение гласаа 59 пратеници, додека девет беа против, објави на социјалните мрежи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Една од најзначајните новини е ограничувањето казината, автомат-клубовите и другите ...

Мексико со сигурна и убедлива игра го отвори Светското првенство, совладувајќи ја селекцијата на Јужна Африка со 2-0 на преполниот стадион „Ацтека“. Домаќинот уште од самиот почеток го наметна своето темпо, целосно ја контролираше играта и заслужено ги освои првите три бода на Мундијалот. Фудбалерите на Јужна Африка не успеаја да го покажат потенцијалот што се очекуваше од нив. Освен што тешко создаваа шанси пред противничкиот гол, ...

Општина Карпош продолжува редовно да ги извршува сите свои законски обврски и да ги сервисира услугите кон граѓаните, без никакви застои, и покрај актуелното отсуство на градоначалникот. Ова го изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, осврнувајќи се на јавните реакции поврзани со состојбата во општината. Според Перински, институциите во Карпош функционираат непречено ...

Жителите на скопската населба Капиштец повторно излегоа на протест поради, како што велат, долгогодишната бучава од угостителскиот објект „Интермецо“, предупредувајќи дека доколку и овој пат институциите не преземат конкретни мерки, нивниот следен чекор ќе бидат блокади на улиците. Протестот, организиран од граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, се одржа кај кошаркарското игралиште во паркот во населбата. На собирот присуствуваа и ...

Администраторот на НАСА, Џеред Ајзекмен, го правдаше изборот на екипаж составен исклучиво од мажи за орбиталната мисија „Артемис III“. Фактот дека ниедна жена не е дел од оваа мисија предизвика критики од набљудувачите и љубителите на вселената ширум светот. „Видов реакции коишто се движат од разочарување до негодување“, напиша раководителот на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, на „Икс“. – „Во свет со толку ...

Сезоната на свеж зеленчук започна сериозно, а тиквичките сè повеќе го заземаат своето место на трпезите. Тие се лесни за подготовка, имаат благ вкус и можат да се вклучат во голем број јадења, но нивната вистинска вредност лежи во нивниот богат нутритивен состав. Тие се полни со витамини, минерали и растителни соединенија кои можат да имаат значителни придобивки за организмот. 1. Моќни антиоксиданси и заштита на кожата Тиквичките содржат ...

Вечното прашање за кое се дебатира е: дали е подобро да се тушираме наутро или навечер? Љубителите на утринското туширање ќе кажат дека нема подобар начин да се разбудите и да го започнете денот свежи. Од друга страна, оние кои се тушираат навечер тврдат дека е клучно да се „измие денот“ и да се опушти пред спиење. Но, што вели науката за сето ова и која рутина е подобра за хигиената, објаснува микробиологот Примроуз Фристон, пишува „The ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Truth Social дека ги откажал планираните напади и бомбардирања на Иран вечерва. Како причина го наведе напредокот во преговорите со Техеран. Трамп тврди дека разговорите со Иран достигнале највисоко ниво на иранското раководство и се одобрени. Тој изјави дека поради ова, како претседател на САД, ги откажал закажаните напади, пишуваат медиумите. „Врз основа на фактот дека разговорите со ...

Министерството за здравство проверува можни злоупотреби поврзани со листите на чекање за операции, соопшти на денешниот брифинг министерот за здравство Азир Алиу. – За листа на чекање – сѐ уште сме во фаза на анализа. Имаме сознанија од пациенти, граѓани, но не можам ништо да кажам јавно бидејќи тоа не ни е доволно. Има примери кога пациент, кој треба да се оперира, се враќа назад бидејќи крвната слика не е доволно добра за да може да се ...

Светската банка очекува глобалната економија годинава да го забележи најслабиот раст од почетокот на Ковид пандемијата, поради последиците од војната со Иран. Во извештајот објавен денеска, институцијата ја намали прогнозата за светскиот економски раст во 2026 година за 0,1 процентен поен, на 2,5 проценти. За споредба, глобалната економија минатата година порасна за 2,9 проценти. Причините за ревизијата се високата инфлација и растот на ...

Барањето на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) за зголемување на уделот на општините од ДДВ на 10 проценти и од персоналниот данок на 50 проценти е оправдано само доколку државниот буџет располага со неограничени финансиски можности. Ова го истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оценувајќи дека пред да се бараат дополнителни средства од централниот буџет, општините треба да ги подобрат сопствените ...

Во ООУ „Исмаил Ќемали” во Чаир денес свечено беа отворени 30. Регионални спортски игри на пензионерите, во организација на Здружението на пензионери на Општина Чаир. Оваа традиционална манифестација веќе три децении промовира активен живот, дружење и спортски дух меѓу пензионерите. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, кој со своето присуство им оддаде почит на пензионерите и го поздрави организирањето ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција. Форумот, организиран од владите на двете земји, ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави се обиделе да испорачаат оружје на иранскиот народ со цел да придонесат за соборување на режимот во Техеран, но дека нивните регионални сојузници, Курдите, „ги изневериле“ и го задржале оружјето за себе наместо да го дистрибуираат. Трамп во интервју за Фокс њуз изјави дека САД испорачале оружје на Курдите, кои се регионални противници на Иран, но оти ...

Полските пратеници денеска усвоија закон со кој се воведува казна затвор до пет години за онлајн пренос на кривични дела како што се силување и убиство, како и за прикажување суровост кон животни, промовирање коцкање, лажно претставување, извршување кривични дела и понижување на други лица. Овој потег е дел од пошироките напори на Полска за заострување на регулацијата на онлајн содржините. Неодамна усвоените мерки предвидуваат забрана за ...

Најдобро и најевтино ќе биде новиот клинички центар да се направи близу ГОБ 8 Септември, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу, кој имаше брифинг, а потоа даде и изјава за медиумите, по повод една година откако е на министерската функција. Но, тој смета дека не е грешка да се инвестира и во местото каде што сега се наоѓа Клиничкиот центар Мајка Тереза, со оглед на тоа што дури и веднаш да почне да се прави, ќе бидат потребни ...

Соединетите Американски Држави и во мај ја надминаа Саудиска Арабија во извозот на нафта и нафтени деривати и го потврдија првото место на светската ранг-листа трет месец по ред, покажуваат податоците објавени денеска од компанијата за собирање податоци за поморскиот сообраќај „Вортекса“. Преземањето на титулата најголем извозник претставува пресврт за САД, кои со децении зависеа од блискоисточната нафта и на почетокот на 1970-тите претрпеа ...

Изгаснат е пожарот во викенд населбата Кумлак над градот Штип во кој беше повреден сопственик на викенд куќа спасувајќи си го својот објект од огнените јазици. Пожарникарот од ТППЕ-Штип, Александар Георгиевски кој учествувал во гаснењето на пожарот и спасувањето на сопственикот на викенд куќата вели дека повредниот е со изгореници по екстремитетите и има вдишано чад. Забележува дека денеска имале среќа што е спасен човечки живот. ...

Од ЕВН Македонија известуваат дека утре (12.06.2026) без електрична енергија ќе останат: · Од 08:00-12:00 часот на ул Партизански Пат (Општина Кисела Вода) ; · Од 08:00-14:00 часот с.Рашче, Хлорна станица Рашче, с.Бојане, с Копаница, дел од с.Кондово, (Општина Сарај); · Од 09:00-09:30ч дел од потрошувачите од ул.Иван Цанкар (Општина Карпош); · Од 09:00-12:30ч на ул.1 и ул.2 Нова населба Хиподром (Општина Гази Баба); · Од 09:00-15:00ч на ...

Американскиот атлетичар Џакоби Тарп постави нов светски рекорд на 110 метри со пречки, истрчувајќи ја патеката за 12,75 секунди во квалификациите за Универзитетското првенство на САД, во Јуџин. Резултатот на Тарп е за пет стотинки побрзо од претходниот рекорд, кој го држеше неговиот сонародник Ариес Мерит со 12,80 секунди од 2012 година. „Чувствував дека трчам брзо, но кога го видов времето, останав без зборови“, рече Тарп, кој настапува за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американските сили ќе започнат уште една рунда напади врз Иран и се закани дека ќе го заземат островот Харг како дел од пошироките напори за „преземање целосна контрола“ врз пазарите на нафта и гас во земјата. Во објава на Truth Social, Трамп рече дека американските сили ќе го нападнат Иран „МНОГУ ЈАКО ВЕЧЕРВА“. Тој додаде дека САД ќе го „заземат“ островот Харг, клучен центар за ...

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, денеска ја осуди втората ноќ од немирите во областа Белфаст, велејќи дека настаните претставуваат „расистичко насилство“, а не легитимни протести. Министерот за Скај њуз изјави дека нема сомнение за расистичката природа на инцидентите, наведувајќи дека поединци биле цел поради нивната „боја на кожа и етничко потекло“. „Ако ги напаѓате луѓето врз основа на бојата на нивната кожа, како поинаку ...

Мексиканските власти ќе распоредат 1.700 полицајци и службеници за итни случаи во Мексико Сити за да обезбедат безбедност и поддршка на масовните настани на денот на отворањето на Светското првенство, објави Пабло Васкез Камачо, министер за јавна безбедност на главниот град. -Секретаријатот за јавна безбедност спроведува операција во која ќе бидат вклучени 1.700 полицајци од полициските операции, контролата на сообраќајот, спасување и ...

Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и ...

Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер (21 часот) почнува 23. Светското фудбалско првенство 2026. Мундијалот ќе трае до 19 јули за кога е закажан финалниот дуел во Њујорк. За прв пат во историјата на турнирот, натпреварите ќе се одржат во три земји- САД, Канада и Мексико, Мундијалот ќе се игра во 16 градови (11 во САД, три во Мексико и два во Канада), а 1.248 играчи се наоѓаат на списокот на 48 екипи учеснички. Ќе видиме дури 104 ...

Утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk, потсетува Министерството за образование и наука. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...

Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре. Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак. Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница. На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна екипа од Штип, членови на Доброволното друштво ДПД Штип, како и екипи на штипски јавни претпријатија кои со помош на градежна механизација прават пресеци и ...

Во невремето што вчера ја зафати Горенска во Словенија значително се оштетени повеќе од 150 објекти, од кои над 100 само во општина Коменда, која беше убедливо најпогодена, изјави за СТА директорот на словенечката Управа за цивилна заштита и спасување, Леон Бехин. Според градоначалникот на Коменда, Јуриј Керн, причинетата штета е огромна. Бехин додаде дека во моментов на терен во погодените подрачја се ангажирани повеќе од 165 противпожарни ...

Соопштение на Левица: Собранието денес ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција. Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ”, поврзана со синовите на поранешната членка на ДКСК, Цвета ...

Со 56 гласа „за“ и еден „против“, Собранието денеска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата ја избра Катерина Зајковска Скопје, дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Испразнетото место во ДКСК беше по оставката на Цвета Ристовска, откако се утврди дека иако во анкетниот лист пријавила дека нејзините синови имаат фирми, таа не пријавила дека една од фирмите учествувала во изборната ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.84
66%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 18ᴼ
2.15
72%
1018
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.6
52%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.89
58%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
6.15
70%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.41
67%
1020
weather icon

Атина

35ᴼ / 31ᴼ
1.79
55%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.85
44%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.88
54%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
4.47
92%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
49%
1017
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 26ᴼ
1.38
100%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.2685

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Родиум

263636.12

Калај

53.55

Бакар

13.11

Алуминиум

3.17

Паладиум

40702.85

Кобалт

56.29

Злато

130879.26

Цинк

0.00

Сребро

1888.57

Платина

52052.06