Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската Бизнис Заедница. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридор 10 и кракот 10 ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во периодот од 2017 до 2025 година, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор не утврдил правни и физички лица кои се сопственици, корисници или носители на право на ...

Основниот кривичен суд Скопје издаде упатен акт со кој Стевчо Јакимовски е упатен на издржување казна затвор во траење од една година. Според издадениот акт, Јакимовски има обврска да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година, кога треба да започне со издржување на казната. Со издавањето на упатниот акт се активира постапката за спроведување на правосилната пресуда. Тоа значи дека судската одлука влегува во фаза на извршување, во рамки ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави: „Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто ...

Државниот завод за ревизија во извештај објавен денеска соопштија дека утврдиле бројни слабости и неправилности во системот за остварување, исплата и контрола на правата од социјална заштита во земјава. Ревизијата, која го опфатила периодот од 2022 година до јуни 2025 година, покажала дека постапките не се целосно усогласени со законската регулатива и дека постојат пропусти во контролите, документацијата и размената на податоци меѓу ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: ДУИ ја призна вината за Правосудниот испит. Шефицата на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со свои зборови го кажа она што ВЛЕН го тврди со месеци: ДУИ додека беше на власт, не им даваше приоритет ниту на албанскиот јазик, ниту на Правосудниот испит. Само неколку месеци по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, ДУИ го изгласа Законот за Правосудниот испит без негова усогласеност. Пратениците на ...

На 10.06.2026 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачје на општина Ѓорче Петров и Сарај Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа преземени 156 мерки. Oд нив 35 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, седум мерки за возачи кои управуваат велосипед со помошен мотор без положен ...

Иранското Министерство за надворешни работи остро ги осуди американските воздушни напади врз Техеран во текот на ноќта, велејќи дека нападите го направиле договорот за прекин на огнот „практично бесмислен“. „Нелегалните и криминални напади од страна на Соединетите Американски Држави во последните неколку часа не само што претставуваат флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и основните правила на меѓународното право за почитување ...

Прес-конфереција на Панче Милевски Панта – претседател на Општинската организација Карпош: Каде е Сотир Лукровски? Зошто не им соопштува на граѓаните ништо? Официјалното боледување на градоначалникот Сотир Лукровски завршило на 29 мај. До денес тој не се појавил на своето работно место, ниту пак граѓаните на Општина Карпош добија јасно објаснување за неговото отсуство и за тоа кој и како ја води општината во овој период. Зошто не доаѓа на ...

Соопштение за јавност на Левица: Новиот бран поскапувања на основните прехранбени производи е уште еден доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема стратегија за справување со растот на трошоците за живот. Додека граѓаните секојдневно плаќаат сè поскап леб, брашно, тестенини и останати основни производи, власта се крие зад статистики и празни уверувања дека инфлацијата е под контрола. Реалноста во маркетите е сосема поинаква – секое ...

Соопштение за јавност на Партија за движење на Турците (ТХП) Фактот што ниту една турска граѓанска организација оваа година не доби поддршка од буџетот во износ од 17 милиони денари, наменет за здруженија и фондации од страна на Министерството за односи меѓу заедниците, предизвика големо разочарување и оправдана загриженост кај турската заедница. Меѓу 36-те проекти кои добија финансиска поддршка нема ниту еден проект насочен кон турската ...

Дали новиот Предлог-закон за игрите на среќа се носи за да се заштитат граѓаните или за да се задоволат нечии скриени, приватни и монополски интереси? Ова прашање денеска јавно се отвори пред Собранието, каде Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС), заедно со илјадници вработени, одржаа протестна прес-конференција во паркот „Жена Борец“. ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила напади врз 18 американски воени цели во Кувајт и Бахреин, додека иранската војска соопшти дека со беспилотни летала го гаѓала седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин како одговор на најновите американски напади врз јужен Иран и го затвора Ормутскиот теснец за целиот поморски сообраќај. Според соопштението на ИРГК, два брана напади погодиле цели во ...

Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега. За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат ...

Христијан Мицкоски повторно застана против македонските земјоделци и уште еднаш го спаси својот министер Цветан Трипуновски. По директен налог на Мицкоски, пратениците на ВМРО и владејачкото мнозинство во Собранието гласаа против интерпелацијата за Трипуновски. Со тоа Мицкоски уште еднаш застана против илјадниците земјоделци низ државата кои гласно бараа оставка од најеспособниот министер во историјата. Сега на сите земјоделци им е кристиално ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Корупцијата во Чаир станува аларм за државата, додека институциите продолжуваат да молчат. ДУИ бара итна истрага и ќе ги информира европските институции за сериозните сомнежи за корупција, селективното функционирање на институциите. Документите кои пристигнаа до ДУИ отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој се трошат јавните пари во Општина Чаир. Според достапните податоци, компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД ДООЕЛ, ...

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 05 часот и 36 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга, со интензитет од III степени според ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Од северозапад, преку Алспкиот регион кон Балканот и Македонија се движи ладен атмосферски фронт кој на Алпите донесе обилни снежи врнежи а ширум Балканот очекувам и појава на временски непогоди денес Четврток 11 Јуни 2026. Во Македонија овој ладен атмосферски фронт од северозапад ќе пристигне денес Четврток 11 Јуни 2026 во попладневните и во вечерните часови кога локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, ...

Големиот пожар што попладнево избувна над Штип и се движеше кон централното градско подрачје е ставен под контрола, благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците кои со часови се бореа со огнената стихија. Според локалните власти, со навремената реакција е спречено пожарот да се прошири кон куќите и викендичките, со што е избегната поголема материјална штета. Огнот избувнал во доцните ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) упати јавен повик до поранешни припадници на Полицијата, Армијата и противпожарните единици да се приклучат во борбата против шумските и пожарите на отворен простор во текот на летната сезона. Според повикот што го објави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, се бараат лица за ангажман како возачи на специјални противпожарни возила, оператори на противпожарни пумпи и оператори со противпожарни водни ...

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги потврди одлуките на Извршниот комитет за кадровски промени во партијата, при што за нови членови на Извршниот комитет беа избрани Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Истовремено, потврдени се и изборите на над 30 нови претседатели на општински комитети во четвртата и петтата изборна единица. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека партијата се реструктуира и реорганизира со цел дополнително ...

За помалку од 24 часа започнува Светското првенство во фудбал 2026, кое ќе влезе во историјата како прв Мундијал што ќе се одржи во три држави домаќини и со рекордни 48 национални репрезентации. Но, за македонските љубители на фудбалот ова Светско првенство ќе донесе и една непријатна новина. За првпат од осамостојувањето на државата, Македонската телевизија (МТВ) нема да ги пренесува натпреварите од најголемиот светски фудбалски настан. ...

Голем пожар попладнево избувна над Штип, при што огнената стихија зафати ридови обраснати со сува трева и грмушки. Од повеќе делови на градот се забележуваат високи огнени јазици и густ чад, додека противпожарните екипи водат интензивна битка за локализирање на пожарот. Според првичните информации, пожарот избувнал по удар од гром во реонот над викенд-населбите Плуждино и Новакова Чешма. Поради сувата вегетација и временските услови, огнот ...

За три, четири месеци, можеби и порано ќе поднесам оставка. Тоа попладнево за Радио Белград го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека на 27 јуни ќе биде претставена листата на владејачката СНС за претстојните парламентарни избори. Зборувајќи за потенцијалните датуми за одржување вонредни избори, тој рече дека „тоа нема да биде изненадување за никого“ и дека нема да каже „дека го скратува својот мандат, туку дека поднесува ...

На 09.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 15:00 часот на улица „Браќа Капчеви” во Велес, А.А.(47) од Велес, управувајќи мопед „кимко” со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. На 09.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 15:00 часот на улица „Браќа Капчеви” во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија и укажа на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес. Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оцени дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското ...

Три нови клинички болници во Штип, Кичево и Тетово, како и систем од клинички болници во Скопје ќе го подобрат македонското здравство, смета премиерот Христијан Мицкоски кој на денешниот брифинг со медиуми најави нови инвестиции во здравството како еден од клучните столбови на државата. Проектите чинат стотици милиони евра и ќе значат модернизирање на здравството, поквалитетни и побрзи услуги за пациентите и олеснување на работата на ...

Жена вработена во училиште во скопско село починала на работното место. Трагедијата се случила вчера претпладне откако ѝ се слошило. – На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во село Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за ...

Соопштение за јавност на СДСМ Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, порача дека земјоделството е доведено во алармантна состојба, а министерот мора да понесе политичка одговорност за неисполнетите ветувања, хаосот во секторот и корупциските скандали. „Денес расправаме за работата на најнеспособниот министер Цветан ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација, изјави: „Па јас вчера, во текот на брифингот, реков дека една од иницијативите која што ја имаме е сами, како држава, да го градиме, би рекол, ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
4.35
59%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.35
64%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.63
36%
1020
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.96
80%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
8.03
71%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
54%
1020
weather icon

Атина

36ᴼ / 32ᴼ
3.13
53%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.1
40%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
0.55
48%
1013
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
4.02
90%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
42%
1017
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
1.35
100%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.2685

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Калај

53.55

Родиум

263636.12

Сребро

1888.57

Платина

52052.06

Бакар

13.11

Злато

130879.26

Паладиум

40702.85

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.17