Министерката за образование и наука Весна Јаневска, која е именувана на позицијата минатата недела, ќе оствари средба со здруженијата во следните неколку денови – велат од МОН Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се сретне со претседателите на здуженијата на математичарите, хемичарите, физичарите и биолозите кои во текот на месецов треба да ги однесат 28-мина најталентирани македонски средношколци во овие области и 12 водачи, ...

Книгата „Уметност и револуција“ на еден од најзначајните и најпредизвикувачките теоретичари на уметноста и филозофи, Гералд Рауниг, ќе биде промовирана вечерва во 19.30 часот во Чифте амам во Скопје. Делото ќе биде промовирано низ дијалог помеѓу Рауниг и Ивана Драгшиќ. Преводот е на Катерина Шекутковска. Промоцијата е во рамките на 9. КРИК – фестивал за критичка култура. Мотото на фестивалот е „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“. ...

Претставата „Собирачи на пердуви“ (Skupljaci perja), во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на Српско народно позориште од Нови Сад, ја освои првата награда на фестивалот „Театар во тврдината“ во Смедерево. На овој традиционален фестивал кој се одржува веќе 11 години, публиката ги оценува претставите. Во сериозна конкуренција имаше пет претстави, а највисоката оценка (4,81) на годинешниот фестивал, на кој публиката имаше можност да ги ...

Два долгометражни документарци се на програмата на Фестивалот на документарни филмови „Скопје синема сити“ вечерва во летното кино на Кинотеката. „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“ во режијана Брус Вебер ќе биде прикажан во 20.15 часот, а два часа подоцна, следува „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“ на Џулијан Темпл. Филмот „Ајде да се изгубиме“ е фокусиран на турбулентниот живот и кариера на џез трубачот Чет Бејкер, кој починал 4 месеци пред ...

Претставата „Собирачи на пердуви“ (Skupljaci perja), во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на Српско народно позориште од Нови Сад, ја освои првата награда на фестивалот „Театар во тврдината“ во Смедерево. На овој традиционален фестивал кој се одржува веќе 11 години, публиката ги оценува претставите. Во сериозна конкуренција имаше пет претстави, а највисоката оценка (4,81) на годинешниот фестивал, на кој публиката имаше можност да ги ...

Во рамки на поетскиот фестивал „Стих у регији“, завчера во живописното хрватско гратче Врбовец, се одржа разговор и поетско читање на македонските автори ученици на фестивалот. На средбата учествуваа младите македонски поети Павлина Атанасова, Андреј Медиќ Лазарвески и Ивана Јовановска, а настанот го модерираа директорот на фестивалот Иван Херцег и Славомира Рибарова. Се разговараше за тековите во македонската современа поезија, за ...

На плажата Сараиште од утревечер до 7 јули ќе бидат организирани бесплатни проекции на филмови од шпанската кинематографија, како најава за претстојниот 7. Beach Film Festival ќе се одржи од 17 до 21 јули во Охрид, а ќе биде во знакот на богатата шпанска кинематографија. Фестивалот нуди богата програма со филмски проекции и музички перформанси на 4 локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински културен ...

Секоја година се бориме со истиот проблем. Питачиме за да ја претставиме надежта на македонската наука во светот – децидни се универзитетските професори. Поради изборите и системските трансформации во изминатите мецеси, учениците и водачите нема да ја добијат и досегашната поддршка од Агенцијата за млади и спорт која им обезбедуваше дел од средствата за учество на натпреварите. Годинава изостана и поддршката од ТИРЗ 28 талентирани ...

На 88-годишна возраст денес почина големиот албански писател Исмаил Кадаре Книгите на Исмаил Кадаре се преведени на повеќе од 45 јазици, а за неговите дела има освоено меѓународни награди. Исмаил Кадаре е роден 1936 година во Ѓирокастро, мало гратче во планините во јужна Албанија. Напишал многу познати дела, како „Генералот на мртвата војска“, „Големата зима“, „Куклата“. Во 2020 година, Кадаре ја доби наградата „Прозарт“ за особен придонес во ...

Ликовниот уметник Синиша Кашавелски доби награда од Летниот салон за ликовни уметности за делото Magna Mater (Genesis 3\13) во Париз. Делото е изработено во техника масло на платно, со димензии 89×116. Ова признание што го доделува жири од Националното здружение за ликовни уметности, ме исполнува со огромна гордост и благодарност, изјави тој. Награденото дело беше изложено во Оранжери ди Сена, во Луксембуршката градина во Париз, на 26 јуни. ...

Летен попуст на книги организира книгоиздаелството „Или-Или“ од Скопје. Од денеска до 20 јули можете да кулпите книги со попуст од 20 до 70 отсто. Изборот е голем и на дела од македонски автори и на книги од стански писатели. – Веќе го живееме долгото и топло лето, како што гласеше насловот на популарната серија од 80-тите години на ТВ Скопје. Од 1 до 20 јули ви нудиме супер летни попусти на сите наши изданија. Ве каниме да наминете во дуќан ...

Претставата „Хамлет – Денот на убиствата“ според пиесата на Бернар Мари – Колтес, во режија на Марјан Неќак ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Центарот за култура во Битола, на вториот ден на Битола Шекспир фестивал. Јубилејното 10. издание синоќа беше отворено со изведбата на „Едвард Втори“ на театарот од Велес и Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија. Претставата „Хамлет – Денот на убиствата“ минатата недела ја доби наградата ...

Можеби тие научија нешто од мене, но јас сигурно научив многу од нив. И’ благодарам на Библиотеката, а најмногу на младите креативци, што со заеднички сили успеавме да ја извадиме на светлината на денот оваа „Антологија на иднината“ – вели Русјaков, кој ги водеше низ двомесечната работилница Каква луда железница од метафори, слики, атмосфера. Од лирика до метафизика, од драматичност до егзистенцијализам и толку многу креативност, толкав ...

За љубовта кон филмот, за предизвикот да се биде режисер на документарни истражувачки филмови, но и за убавите влијанија на наставници, режисери, уметници зборуваме во шестата, последна епизода од првиот циклус од „Умен поткаст“ со режисерот Трифун Ситниковски. Премиерата е вечерва во 19 часот на јутјуб-каналот 101 Podcast Studio. Десетина кратки филмови тој веќе ги снимил, се разбира дека сонува и за долгометражен филм, но знае дека патот не ...

Со два бронзени медали и една пофалница се закити македонската репрезентација на 28. Јуниорска балканска математичка олимпијада што се одржа во Анталија, Турција. Никола Стојковски и Андреј Тасиќ освоија бронзен медал, а со пофалница се закити Теа Ангелова, известуваат од Сојузот на математичарите на Македонија. На ЈБМО 2024 Македонија ја претставуваа и Дијар Адеми, Филип Калкашлиев и Калина Грашкоска. Водач на тимот е Петар Филиповски, а ...

Издавачката куќа „Артконект“ ја објави илустрираната книга за млади и возрасни „М како море“ од Јоана Консехо. Станува збор за прекрасна приказна за главниот лик М. за кој откриваме многу малку, како на пример дека има сини очи и дека сака да биде како морето, дека понекогаш извикува гласно и ветрот ги разнесува неговите зборови, размислува многу и си поставува безброј прашања додека стои на брегот на морето: „Како може да се биде толку тажен ...

Филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата музичка гитарска легенда Карлос Сантана, вечерва во 21 часот во киното „Мирно лето“ во Кинотеката, ќе го отвори 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Филмот се осврнува на животот на големата ѕвезда, кој од уличен музичар на 14 години стана седумкратен добитник на наградите „Греми“. До 4 јули проекциите на филмовите ќе започнуваат во 20.15 часот во летното кино, а во ...

Бесплатен летен камп за најдобрите млади информатичари кои ќе ја претставуваат Македонија на меѓународните олимпијади по информатика и оваа година организира Здружението „Бистри умови“. Летниот еднонеделен подготвителен камп ќе почне утре во хотелот „Магнолија“ на Пониква кај Кочани. На отворањето на свечено обраќање ќе има градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Ќе учествуваат вкупно 12 најдобри ученици/ натпреварувач, нивните ...

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, ќе биде отворен до 1 јули (понеделник). На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта ...

Познатиот српски актер Никола Ѓуричко, заедно со својот бенд „Џони миднајт трио“, ќе одржи концерт на 3 јули (среда) во „Јавна соба“ во Скопје. Овој неодамна формиран рок бенд е како да гледаме стaри ноти на песни на легендарни екс ЈУ бендови, но со многу силен личен печат. Обработените песни, кои ги слават авторите кои ги почитуваат како Џони Штулиќ, ЕКВ, Шарло акробата и други, се отсвирени многу поинаку. Нивната песна „Лептир” личи како да ...

Љубителите на уметност ќе можат да ги видат делата создадени за време на годинешната уметничка работилница во „Арт Поинт – Гумно“ во демирхисарското село Слоештица денеска попладне од 18 до 21 часот. „Слоештица – име за цел еден свет“ е темата што ги инспирира уметниците кои годинава гостуваат на меѓународната уметничка колонија „Арт Поинт – Гумно“. Од 15 до 30 јуни десетмина уметници од Македонија, Грција, Чешка и од Србија создаваат ...

Самостојна изложба на познатиот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Градскиот музеј во Крива Паланка. Изложбата се отвора на иницијатива на Градскиот музеј кој од оваа година почнува со организирање годишни изложи на по еден учесник на Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“, што се одржува во истоимениот манастриски комплекс. Стефан Хаџи-Николов е долгогодишен учесник на колонијата и ...

„Месечината јасно свети во ноќите како оваа“ – цитатот од „Венецијанскиот трговец“ е мото на 10. јубилејно издание на Шекспир фестивалот во Битола што ќе биде отворен вечерва во 20 часот со изведбата на претставата „Едвард Втори“ во режија на Андриј Жолдак, копродукција помеѓу Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес и Драмски театар од Пловдив, Бугарија. Јубилејниот фестивал ќе се состои од шест претстави, од кои половината се ...

На сцената на Тетовскиот театар вечерва и утревечер е закажана премиерата на претставата „Тартиф“ според Молиер, во режија и адаптација на Андреј Цветановски. Молиер е еден од најзначајните автори на класичната дранатургија и е голем зафат за целата екипа, вели режисерот Цветановски. Оваа претстава се работеше во интензивен процес кој изобилуваше со креативност и добра енергија. Во насловната улога настапува: Ѓорѓи Нешкоски, Петрит Незири, ...

Халкбанк го креираше пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy), кој покрај банкарски услуги, ќе понуди и финансиска едукација на студентите и младите претприемачи, културно – забавни активности и корисни општествено – одговорни практики, пред сè насочени кон заштита на животната средина, едукација, стимулирање активен спортски живот, дружба и забава. Со цел да биде прилагоден на животниот стил на младите, Halk EZ нуди бесплатно мобилно и ...

Пишува: м-р Маја Георгиева Павловски, семеен и системски советник Изминативе години често се пишува за анксиозноста, за видовите на анксиозност, за симптоми, техники и совети што помагаат за оваа состојба. Моето секојдневно искуство со личности кои се соочуваат токму со анскиозност говори дека, за жал, бројот расте сè повеќе секојдневно. Анксиозноста е состојба која многу често доведува до попречување на секојдневното функционирање. Луѓето ...

Спектакуларното улично дефиле и претстава „Сонот на Ербер“ на француската театарска трупа „Кидам“ вечерва ќе заврши прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Настанот почнува 21 часот пред Музејот на град Скопје, потоа низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата. – Низ волшебна музика, пет обемни фигури, високи 4 метри, ќе ...

Проекција на кратки видеоарт филмови се во фокусот на 6. издание на изложбата „Фемина 8“ вечерва во 20 часот, во Кинотеката во Скопје. Станува збор за кураторски проект на Јана Манева-Чупоска во рамките на програмските активности на Друштвото на ликовните уметници на Македонија чија цел да обедини повеќе различни ликовни стилови, знаци и пораки. Ќе с еодржат 13 проекции на кратки видео арт филмови на македонски и странски уметници. Изложбата ...

Умно.мк во соработка со Europe House Скопје ја креира рубриката „Надреден знак“ во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумна на теми што нè засегаат Пишува: Мила Јовановска, комуниколог, екоактивист Сите наидуваме на клише изреки кои ги кажуваме со потсмев и невистини, но всушност најчесто клишеата се жива вистина. Но кога станува збор за одговорност и преземање акција, нема поточна изрека од онаа во насловот на оваа колумна. Да ...

Во галеријата „Остен“ во Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски (1924-2006). Изложбата се поставува во чест на големиот сликар-наивец кој е добитник на наградата „Светско културно наследство“ на „Остен биенале Скопје 2024“. Наумовски е роден во охридското село Скребатно во 1924 година. Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје, но во 1947 година е исклучен како ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
66%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 5ᴼ
0.51
68%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
1.54
65%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
58%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.65
94%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1020
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
71%
1015
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
80%
1015
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
56%
1017
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Родиум

350443.14

Бакар

10.68

Паладиум

45911.27

Иридиум

258288.78

Калај

43.90

Сребро

2840.84

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.18

Злато

166450.52

Платина

60154.05

Рутениум

56199.51

Цинк

3.07