Ноќевање на монтажен кревет прицврстен среде карпа на 200 метри надморска височина во прекрасниот пејзаж на Демир Капија. Ова е една од авантурите што ќе ви ги приреди алпинистот Дарио Милошевиќ и неговиот тим од Rock Climbing Macedonia во Демир Капија. За идејата да го промовира ова место во светот, за потенцијалите што ги има, за љубовта кон планината, кон карпите, за позивот да се спаси човечкиот живот без да се бара ништо за возврат… ...

Амбасадорите Дејвид Гир и Кшиштоф Гжелчик во Македонски Брод – граѓаните заинтересирани да реализираат проекти со ЕУ-поддршка Општина Македонски Брод има огромен потенцијал за развој, а во тој процес од голема помош е поддршката од Европската Унија. Ова беа само дел од ставовите на граѓаните на Македонски Брод, со кои амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, и полскиот амбасадор, Кшиштоф Гжелчик, вчера имааа отворена средба во Домот на културата. ...

Анатомијата кај тој мал пациент беше толку променета, што моделот на вештачка интелигенција кој го користевме не успеа да препознае ниедна структура, па мораше целиот модел да се прави „пешки“, вели Арсеников Како што не постојат исти луѓе, така не постојат исти органи. Секој е различен. Затоа за хирурзите е особено важно да можат да ги видат во 3Д форма органите што треба да ги лекуваат. Понекогаш, ова може да значи и спасување нечиј живот. ...

Четири филма од португалската кинематографија ќе бидат прикажани во Кинотеката во Скопје идната недела. Станува збор за ремастирани копии на општествено ангажираните, неколку децении стари филмски творби. – Ова е несекојдневна можност да се видат вакви филмови, кои се речиси непроценлив историски документ, создадени во центарот на турбулентните настани во тогашната Португалија. Тоа се и своевидни манифести за односот меѓу киното и политиката, ...

Македонскиот танчер и кореограф Бојан Мицев ја освои втората награда од публиката во Оснабрук, Германија за неговата нова кореографија “Limitless” во тамките на вечерта за млади кореографи. Станува збор за програма каде кореографите ги создаваат и презентираат своите дела во склоп на репертоарната програма на Театар Оснабрук со вкупно 5 претстави, а публиката при секоја претстава гласа која кореографија најмногу им се допаѓа. Годинава беа ...

Четворица средношколци ја претставуваат Македонија на 6. Балканска олимпијада по физика, пто се одржува во Никшиќ, Црна Гора. Македонија ја преставуваат: Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, Елена Трифуновска и Марко Митевски од Математичко-информатичката гимназија од Скопје и Даниел Христовски од „Јахја Кемал“ од Скопје. Водачи на тимот се бидат Ирена Златановска и Гоце Геговски, додека член на Научниот одбор на оваа ...

Во Музејот на македонската борба вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржат флејтистките Јана Каевска и Ана Трсунова и пијанистката Ивона Базгалоска. Тие ќе изведат дела од Г. Коларовски, Ф. Мартен, С. Прокофјев, А. Грнин, П.И. Чајковски и од Т. Прокопиев. Концертот е во рамките на манифестацијата Скопско лето. Јана Каевска е родена во Скопје, 1999 година. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2021 година како дел од ...

„Вештачката интелигенција, културниот идентитет и личноста“ е темата на јавната дискусија што ќе се одржи денеска во 18.30 част во бифето во демирхисарското село Смилево. На дебата ќе учествуваат: проф. д-р Благој Ристевски, декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, проф. д-р Ивица (Иван) Џепароски, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Александар Прокопиев, професор на Институт за македонска ...

„Во постојано движење“ е насловот на завршната групна изложба од програмата „Артс хаб“ што ќе се одржи денеска од 12 до 22 часот во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Ќе бидат претставени петте колаборативни и партиципативни пректи на повеќе автори. Настанот почнува напладне со мал хепенинг во кој Никола Узуновски ќе подготвува храна користејќи го методот на соларна кујна, а изложбата ќе може да се погледне во текот на целиот ден. Ќе бидат ...

Без никаква поддршка од Град Скопје, со намален буџет од Министерството за култура вечерва во 20.30 часот во Куршумли ан ќе биде отворено 45. издание на Скопско лето. Манифестацијата почнува со концертот на хрватскиот пијанист Звјездан Ружиќ. Во наредните 40 дена, посетителите ќе проследат 22 концерта, 7 театарски претстави, исто толку изложби и две промоции на книги. Фестивалот ќе биде затворен со концертот на Камерниот оркестар на Музичка ...

Охридскиот архив ќе ја преземе архивската документација на Охридско лето. Целта е да се сочува документарното богато наследство на фестивалот. Според меморандумот за соработка помеѓу Охридско лето и Државниот архив, тимот на Арховот ги заврши архивските процедури да преземе дел од документите на трајно чување. – Свесни за значењето на богатата историја на Охридско лето презедовме голем чекор за трајно да ги сочуваме сведоштвата на сè она што ...

Стотина гости, еминентни претставници од светот на културата и кинематографијата и љубители и поддржувачи на македонската филмска индустрија присуствуваа на доделувањето на почесните награди во рамките на филмската ревија „Златна рамка“ на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) во Младинскиот културен центар во Скопје. Наградите им беа врачени на Тони Михајловски како најистакнат актер, Владимир Анастасов-Вац за најистакнат ...

„Време“ е темата на традиционалната модна ревија која вечерва во 20 часот ќе се одржи на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Со свои дела ќе се претстават студентите од Институтот за текстилно инженерство, под менторство на проф. Лидија Георгиева, по повод прославата на 65-годишнината од основањето на ТМФ. – Тие го истражуваа поимот време како континуум, река која постојано тече и со себе го носи наследството од минатото низ патеките ...

Шест и пол децении Факултетот за електротехника и информациски технологии се етаблираше во водечка образовна и научно-истражувачка институција кај нас и во регионот. Денес не го славиме само 65-годишниот јубилеј, туку и нашето патување исполнето со бројни достигнувања, труд и справувања со предизвици рече проф. д-р Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ на одбележувањето на јубилејот. Од 1959 година до денес, ФЕИТ се разви во стожер на ...

Им оддаваме чест на тројцата брилијантни научници, д-р Хабенер, д-р Мојсов и д-р Холст кои ги поставија темелите на оваа извонредна приказна со клучните револуционерни откритија, велат од Фондацијата Македонката Светлана Мојсов заедно со Џоел Хабенер и Јенс Јуул Холст се добитници на престижната награда Танг за биофармацевтска наука кој во азискиот свет е своевиден пандан на Нобеловата награда. Признанието се доделува на истакнатаи научници ...

Во книжарницата „Антолог“ во Центар, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на „Ехо на споделеното лудило“ од Благоја Стојков, издание на „Антолог“. Промотор ќе биде Алек Василевски, а модератор е Билјана Велкова. Благоја Стојков (2003, Кочани), живее на релација Зрновци-Скопје. Студент е во Скопје. Автор е на четири книги – „Гонејќи дух“, „Двете ѕвезди“, „Пеколен меден месец“ и „Ехо на споделеното лудило“. Своето слободно време го ...

Во хотелот „Сириус“ во Струмица денеска почна Втората светска конференција за дијалог и соработка во религијата. До 22 јуни онференцијата ќе ги собере водечките експерти од целиот свет за да дискутираат за важни прашања поврзани со религијата и нејзината улога во меѓународните односи и дипломатијата. Ова е одлична можност за сите заинтересирани да се вклучат и да дознаат повеќе за оваа значајна тема. Годинава активно ќе учествуваат околу 60 ...

Театар Куманово освои награда за колективно уметничко остварување на 34. Фестивал во Враца, Бугарија. На Фестивалот за малите театарски форми во Враца, театарот од Куманово ја освои наградата за колективно уметничко остварување за претставата „Драма изгубена во времето“, според текст на Сашко Насев, а во режија на Владлен Александров. Во претставата играат: Кети Дончевска-Илиќ, Горан Илиќ и во улога на гостин во краткиот филм актерката ...

Галеријата „Грал“ и Младинскиот културен центар ја организираат изложбата „Чемерски: Низ цртеж, отпосле“ на реномираниот македонски уметник и академик Глигор Чемерски. Изложбата ќе биде отворена на 24 јуни во 20 часот, во галеријата на МКЦ. – Во текот на 1980-тите и на почетокот на 1990-тите, Чемерски често престојуваше во Париз, каде што беше застапуван од галеријата Галери ди Флев (1983 – 2003). Постојано присутен на тамошната ликовна ...

Претставата „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, ќе гостува на фестивалот „Скопско лето“, на 24 јуни во 20.30 часот , на малата сцена во Националната опера и балет во Скопје. Претставата е копродукција помеѓу штипскиот театар и „Моушн нетворк“, а е поддржана од Министерството за култура. Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов. Сценографија е на Трајчов Ѓаурски и на ...

„Одисеја 2024“ насловот на традиционалниот концерт на отворено кој Македонската филхармонија ќе го изведе вечерва во 21 часот во Градскиот парк во Скопје. Под диригентската палка на маестра Дијана Имери-Илкоска, ќе бидат изведени музички теми од големите композиторски имиња од светот на класичната музика: Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, а кои ги одбележаа маестралните филмови: „Одисеја 2001“, ...

Ниту Агенцијата за филм ниту Министерството за култура побарале извештај од нас. Во Друштвото поминаа сите можни инспекции од Министерството за култура, финансиската полиција, Државниот завод за ревизија, Комисијата за спречување корупција. Кај нас е сè чисто, рече Игор Иванов-Изи Друштвото на филмските работници на Македонија е формирано во 1950 година, веднаш по основањето на Друштвото на писателите на Македонија и на Друштвото на ...

Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на „Британскиот совет“ распиша повик за мобилност на млади таленти. Ова е втор повик што мрежата го распишува, по успешниот повик за филмски работилници на кој се пријавија 40-ина млади од сите шест земји од Западен Балкан. Млади на возраст од 15 до 25 години, граѓани на една од земјите ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола (УКЛО) е првиот и единствен македонски универзитет рангиран на Тimes Higher Education World University Rankings (THE) на листата University Impact Rankings за 2024 година. THE Rankings се смета за најрелевантно рангирање на универзитети во светот, заедно со „Академското рангирање на светските универзитети“, познато уште како „Шангајска листа за рангирање“ и QS World University Rankings“. – ...

Актерот Тони Михајловски, продуцентот Владимир Анастасов-Вац и Марина Колоска, филмскиот работник се добитници на почесните награди на 6. издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Наградите ќе им бидат врачени утревечер на свечена церемонија во Младинскиот културен центар, каде од денеска до четврток ќе се одржи „Златна рамка“. Филмските ентузијасти ќе ...

Продуцентската куќа ,,Контраст филм” го заврши снимањето на краткометражниот игран филм ,,Мизантроп” по сценарио и во режија на Бранко Kостески. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм. Филмот е современа комедија која претставува обид да се портретира мизантропот од денешна перспектива, приказна за осаменоста и отуѓеноста на еден човек кој се противи на лагата и лицемерието во современото општество, но истовремено и на ...

Идејата беше во весникот да претставиме успешни приказни од училиштето и од нашата средина, вели наставничката по македонски јазик Милева Манчиќ-Пауновска Основците од скопското училиште „Вера Јоциќ“ неодамна го објавија првиот број на списанието „Мозиак“. Тие имаат редакција како вистински медиум. Предводени од својата наставничка по македонски јазик, Милена Манчиќ-Пауновска го „извадија“ првиот број на 36 страници, а покрај електронското ...

На летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка вечерва во 20 часот целовечерен концерт ќе одржи Сашко Митев и инструментална чалгиска група. Митев е вокалист и инструменталист, член на амсамблот „Танец“, а ќе настапи во придружба на Костадин Андоновски (виолина), Влатко Терзиски (кларинет), Тимко Чичаковски (канон) и Дамјан Зифовски (тарабука). Настанот е извонредна можност кривопаланчани да се запознаат и потсетат на вистинскиот дух ...

Поетесата Славица Гаџова-Свидерска доби награда за песната „Картографија на себеси“ на 25. издание на поетскиот фестивал „Мелнички вечери на поезијата“ во Мелник, Бугарија. Фестивалот има долга традиција и секоја година ги собира поетите од регионот во живописниот Мелник. На фестивал своевремено биле наградувани и македонските поети Гане Тодоровски, Раде Силјан и Христо Петрески. Ова е втора поетска награда за Гаџова-Свидерска во Бугарија. ...

Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство „Вулгус“ од Скопје вечерва во 20 часот во „Мала станица“ во Скопје ја организира изложбата Aeterna Nova (кованица од латинските термини „вечна“ и „нова“). Станува збор за мултимедијална изложба посветена на облековната култура на сите етнички заедници кои живеат во Македонија. Оваа изложба презентира нов начин на промовирање и претставување на начинот на облекување од ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
81%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
9.26
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
80%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.71
95%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.24
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
5.66
80%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
34%
1000
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
92%
1014
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159322.70

Платина

83354.78

Бакар

12.10

Цинк

3.37

Иридиум

221848.72

Паладиум

56617.46

Кобалт

64.04

Сребро

3663.67

Калај

49.78

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.06