Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Блокирањето на европскиот пат на земјава станува ризично не само за Македонија, туку и за целиот регион, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање пред присутните во штипската касарна „Јане Сандански“. Таа притоа истакна дека Армијата веќе 33 години ја пишува приказната како чувар на татковината. „Блокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја нашата, потенцирам, добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ...
Половина од градежните работи на системот за канализација во Арачиново е речиси завршена. Многу машини во понеделникот работеа на секундарната мрежа во еден дел од селото. Жителите од маалата излегоа да ги проследат работите одблиску. Млади и стари се собраа да ги пречекаат претставниците на владата. „Се работи добра работа, но требаше да се направи и порано. Малку се доцни, ама подобро подоцна отколку никогаш, како што вели народот. Малку ми е ...
Страшна сообраќајна несреќа во североисточниот дел на Грција, одзеде три животи, откако се запалиле по судар кој се случил меѓу градовите Ксанти и Комотини. Според грчките медиуми, се судриле два автомобила и еден камион, по што возилата се запалиле. Тројца од четворица патници во автомобил загинаа во пожарот , додека возачот на истото возило беше тешко повреден. Возачот на камионот, исто така, е тешко повреден, додека уште четири лица вклучени ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола Најдовски и ги посети институциите од областа на културата што го обликуваат културниот живот во овој регион. Во рамките на посетата, министерот ја разгледа меморијалната поставка посветена на великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски, во неговото родно село Слоештица. Тој посочи дека состојбата на ...
Во гимназијата „7 Март“ во Тетово, во двата уписни рокови се запишале само 22 ученици, додека третиот рок е на 21 август. Од ова училиште очекуваат бројот на ученици да се зголеми за да се пополнат осумте паралелки, земајќи го предвид фактот дека и бројот на поени е намален од 60 на 50. Во централната гимназија и во медицинското училиште, бројот на ученици е веќе пополнет. -Врз основа на дозволените поени, кои се намалија од 60 на 50, бројот ...
По средбата со Путин во петокот, Доналд Трамп ја промени сопствената објавена цел и крај на војната, почна да зборува за директен мировен договор. -Претседателот на Украина може или да ја прекине војната со Русија веднаш, ако сака, или да продолжи да се бори… Без враќање на дадениот од Обама Крим и БЕЗ ВЛЕГУВАЊЕ НА УКРАИНА ВО НАТО, рече претседателот на САД, Доналд Трамп. Во исто време неговиот специјален пратеник за Москва изјави дека во ...
Ако имате два потписи, ќе може да поднесете листа за советници на претстојните локални избори. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) вели дека не може да се спроведува постапка без да постои предвиден број кој треба да се соберат. -Иако од формално правен и процедурален карактер јас не се согласувам и имам поинакво мислење, сепак ќе гласам јас и колегата Оливер Ристовски за и ќе го поддржам овој правилник, бидејќи сметам дека тоа е ...
Премиерот Христијан Мицкоски, по повод 18 август, Денот на Армијата истакна дека Армијата е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина. „Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата. Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја, идејата за независна и слободна Македонија. Нашите претци ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека овие напади јасно ги покажуваат намерите и пристапот на Москва кон војната. Во своето обраќање, Зеленски изјави дека руските сили ги нападнале станбените згради и клучната цивилна инфраструктура во неколку региони. „Дури и во овој момент, Русите ги напаѓаат Харков, Запорожје, Сумската област и Одеса, уништувајќи станбени згради и нашата ...
Во Австрија, во близина на Грац, се случи страшен верижен судир, во кој учествуваа повеќе од 30 возила, а 29 лица беа повредени. Несреќата се случила во неделата, на автопатот А2, а дрон ги снимил немилите сцени. Несреќата се случила откако истечело гориво од резервоарот на кампер, кој го управувал маж (43) кој се движел во правец на Виена. Возилата што наишле на „дамка“ гориво почнале да се лизгаат по патот и се случила вистински карамбол. ...
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, денес поднесе оставка, наведувајќи дека тоа била негова доброволна одлука по нешто помалку од седум години на функцијата. „Одлучивме да избереме нова влада на Република Српска“, изјави Вишковиќ пред новинарите, додека Додик и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, стоеја до него. Тој рече дека очекува да ја напушти функцијата премиер откако беше назначен во 2018 година, додавајќи ...
Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“ – Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста беа построени ешалони од сите првопотчинети команди и единици на Генералштабот на Армијата, ешалони составени од новопромовираните офицери и подофицери во Армијата, а беше изложено и вооружување и опрема од Армијата. На централната свеченост се обратија: ...
На 18 август 2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 1 е ставен под контрола, а 4 пожари се целосно изгаснати. Ова е состојбата со пожарите во Македонија: АКТИВНИ (3): Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје „Јасен“ (мешана шума) Општина Студеничани – с.Драчевица – с.Цветово (мешана шума и ниска вегетација) Општина Липково – ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 19.08.2025 година (вторник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми и против ларви од комарци. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19.08.2025 година (вторник) до 22.08.2025 година (петок), од 22 до 03 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените ...
Видеолотарија Касинос Австрија и оваа среда ќе биде дел од навивачите кои ќе ја бодрат машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија во претквалификациите за Светскиот Куп 2027. На 20 август – со почеток во 19:00 часот, во СРЦ „Кале“, машката сениорска репрезентација на Македонија го игра последниот натпревар од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар, овојпат против репрезентацијата на Унгарија. Со овој меч, ...
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за ...
Пожарите што беснеат во Шпанија се проширија на јужните падини на планинскиот венец Пикос де Европа во понеделник, а властите затворија дел од популарната рута за поклонение Камино де Сантијаго. Околу дваесетина пожари, поттикнати од 16-дневниот топлотен бран, опустошија повеќе од 115.000 хектари во регионите Галиција и Кастилја и Леон во текот на изминатата недела. „Ова е ситуација со пожари каква што не сме виделе 20 години“, изјави ...
Регулаторната комисија за енергетика ја објави новата цена на горивата, и има поевтинување на сите видови горива. ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се намалуваат за 0,5 денари, и од утре ќе се продаваат по цена од 74 денари, односно 76 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 67,5 денари по литар. Екстралесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 67 денари. Мазутот поевтинува за ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од ...
Европските дипломати наводно добиле инструкции од нивните американски колеги да бидат во состојба на готовност за евентуална трилатерална средба меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски и Владимир Путин, што би можела да се одржи подоцна оваа недела, во зависност од исходот од денешните разговори, дознава „Скај њуз“. Според договорот меѓу американските и европските сојузници, состанокот треба да се одржи на европско тло, освен ако не дојде до ...
Шеесет и осум лица беа уапсени во Вашингтон преку ноќ како дел од федералните мерки за борба против криминалот, објави американската државна обвинителка Пам Бонди на социјалните мрежи. „Над 300 апсења во Вашингтон – и бројот на апсења расте: Само синоќа, нашите федерални партнери и органите за спроведување на законот во Вашингтон извршија 68 апсења и запленија 15 парчиња нелегално огнено оружје“, напиша таа. Минатата недела, американскиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, на својата платформа „Truth Social“, го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на три и полгодишниот конфликт со Русија. „Украинскиот претседател Зеленски може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да продолжи да се бори. Да се потсетиме како беше. Нема враќање на Крим кој го даде Обама, и Украина нема да се приклучи на НАТО. Некои работи никогаш не се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека пристигнал во Вашингтон, каде што треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека сака да ја заврши војната брзо, но притоа да има траен мир. „Сите имаме длабока желба брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна. Но, мирот мора да биде траен“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Икс“. Тој треба да се сретне со американскиот претседател денеска, во присуство на ...
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата “Славеј Планина”, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. До ...
ОВЕН Транзитите укажуваат на можност да упаднете во конфликт со најблиските. Кризата внатре во семејството може да потрае ако не се потрудите да преземете конкретни чекори, макар и да би биле непријатни по вас. Не заборавајте дека тие не ви се непријатели. БИК Овој викенд можна неочекувана семејна напнатост и тоа најверојатно поради финансии. Реагирајте трпеливо и не влегувајте во расправи затоа што решението доаѓа побрзо отколку што очекувате. ...
Поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, денес изјави дека го разбира стилот на претседателот Доналд Трамп во односите со авторитарните лидери, но верува дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, време е за решителна акција. Тој додаде дека Трамп, покрај средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, која е планирана за утре, треба да го покани и лидерот на републиканците во Сенатот, Џон Тун, веднаш да спроведе нов ...
До 21:00 часот низ земјава евидентирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои: Активни: 4 Под контрола: 1 Изгаснати: 21 Активни пожари (4) Општина Македонски Брод – ПП Јасен (мешана шума). Општина Липково – с. Лојане кон с. Миратовце (ниска вегетација и стрниште). Општина Куманово – с. Табановце и с. Сопот, место викано Сланиште (ниска вегетација и стрниште). Општина Куманово – с. Проевце, место викано Живкова Карпа (ниска вегетација). ...
авното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ги демантира шпекулациите околу безбедноста на жичницата „Милениумски крст“ и информира дека таа има валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година. „Во моментов се изведуваат сервисни работи кои се дел од редовниот годишен сервис и вклучуваат замена на одредени делови“, соопштија од претпријатието. Дополнително, денеска е извршен и вонреден технички инспекциски надзор од страна на Министерството ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа превентивна акција „Внимавај телефонски измами“ насочена кон едукација на нашите повозрасни граѓани кои се најчеста жртва на таквите измами. Преку непосреден разговор и делење на едукативен материјал граѓаните беа едуцирани дека најчест вид на измама е измамата со лажна сообраќајна незгода во која ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 40 минути, на ГП Богородица времето на чекање за ...