Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Среќен играч од Крањ, Словенија, освои повеќе од 37 милиони евра. Тој ја доби оваа неверојатна добивка на Евроџекпот во последен момент, објавува 24ur. Како што е пропишано со закон, од таа сума веднаш беше одбиен данок од 15 проценти, со што новопечениот милионер стана побогат за неверојатни 31,7 милиони евра, додека неговата општина во која постојано живее ќе добие дополнителни 5,6 милиони евра. – Со големо задоволство потврдуваме дека ...
Француската полиција испрашува маж под сомнение за убиство откако четири тела беа пронајдени во Сена, во близина на Париз. Првата жртва ја забележал минувач на 13 август во близина на мост во Шоази-ле-Роа, југоисточно предградие на главниот град. Истиот ден, за време на пребарувањето на областа, полицијата откри уште три тела во водата. Според обвинителите, една од жртвите била задавена, додека другата покажувала повеќе знаци на насилство, ...
И покрај тоа што во последно време постојат сигнали од Вашингтон за можна средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Кремљ засега ја отфрла таквата можност. Си-Ен-Ен пишува дека рускиот претседател не е подготвен, а можеби никогаш нема да биде, да седне на маса со Зеленски. Откако Белата куќа соопшти дека идејата за билатерална средба е договорена, Кремљ веднаш ги намали очекувањата. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека „имало ...
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е здравствена установа со висока репутација во земјата и регионот, изградена во текот на изминатите 25 години. Болницата е дел од втората најголема групација на болници во светот и препознатлива по врвниот медицински тим од 260 доктори, кој на секој пациент му пристапува со професионалност, стручност и целосна посветеност. Благодарение на овој пристап, во нашата болница секоја година се регистрираат над ...
Не знам што треба да направиме повеќе за да се задоволни независните иницијативи. Ова беше реакцијата на премиерот Христијан Мицкоски на коментарот на независните граѓански иницијативи дека и покрај намалувањето на бројот на потписите тие за претстојните локални избори не се рамноправни со другите партии. „Навистина не знам што можеме ние како Влада повеќе од ова да направиме, за да на некои луѓе им удоволиме, односно да ги задоволиме нивните ...
Ќе поскапат ли становите по Нова Година? Министерството за финансии анализира дали становите што се продаваат за првпат ќе се даночат со повластена стапка на Данок на додадена вредност (ДДВ) од 5% или таа ќе се зголеми на 18 %?! Повластената стапка со која даночењето на првиот промет на станбени згради и станови е со 5 % важи до крајот на оваа 2025 година. Одлуката колкав данок ќе се плаќа од наредната година треба да се донесе брзо. „Во рамките ...
По укинувањето на Законот за солидарен данок од страна на Уставниот суд, Министерството за финансии понуди план за враќање на средствата кои компаниите ги уплатија во буџетот. Станува збор за над 49,2 милиони евра што ги платија 156 фирми. Предлогот е парите да се исплатат на две рати. „Првата исплата да биде во март 2026 година, а втората во март 2027 година, без дополнителни побарувања од страна на даночните обврзници“, наведува Министерството ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. На 05.08.2025 во Скопје во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, по претходно недоразбирање, пријавениот, осуденик, физички го нападнал И.Т.(62), исто така, осуденик, и со стаклен предмет му нанел повреди, по што починал во Комплексот клиники „Мајка ...
МВР информираше дека во текот на вчерашниот ден биле пронајдени две починати лица во скопското подрачје. Едниот од нив починал во магацин на приватна фирма каде бил вработен, додека другиот бил 50-годишен бил пронајден починат во својот дом во Кисела Вода. „На 19.08.2025 во 17:49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил пронајден починат вработениот М.А.(39) од с.Ржаничино, скопско. ...
„ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од акцијата за намалување на училишниот прибор. „Владата на седница донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15% на маржата, во зависност дали е на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, истакна дека рудникот Казандол нема да се отвора, и дека Владата ја доби арбитражата на суд. „Ова е втора арбитража која што оваа влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот кој што следи, вели Мицкоски. Премиерот Мицкоски посочи дека треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет, а сега истите тие се добиваат. „Вистинското прашање е како во ...
Туристи денес бегаа од меѓународниот аеродром Малпенса во Милано откако маж запали шалтер за пријавување за време на напад на бес, пред да биде совладан и уапсен, објави Дејли Меил. Мажот, чие име не е објавено, беше приведен на Терминал 1 во среда откако наводно беснеел низ аеродромот користејќи чекан, палејќи канти за ѓубре и откако нападнал персонал. Снимките од аеродромот покажаа црн чад како се издига од терминалот додека патниците бегаат ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин ...
На видеолотариските терминали во Ново село, Александар Павлески го освои Милионер џекпотот во износ од 1.621.296 денари! Александар Павлески од Скопје се приклучи на семејство среќни милинери на Видеолотарија. Тој на 08.08.2025 го освои Милионер џекпотот вреден 1.621.296 денари. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на Александар за освоениот Милионер џекпот. Оваа добивка, нека му донесе уште повеќе радост, исполнети соништа и многу убави ...
Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот простор на изнајмено возило. Против едно лице, државјанин на Косово, Одделението за истраги во Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“. Станува збор за аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори во стаклени вијали, кои биле во рефузна ...
По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди значителен број на неплатени обврски. Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец. Дел од неплатените аконтации ...
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ќе продолжи да ја одржува линијата Франкфурт–Скопје и во зимската сезона, но со значително намален распоред, пренесува порталот „Екс ју авијација“. Првично компанијата планираше целосна суспензија на летовите од 1 февруари до 28 март 2026 година. Сепак, по ревизија на плановите, одлучено е во овој период да се реализираат три неделни лета – секој понеделник, петок и недела, наместо досегашните десет. На ...
Flex Pay потпиша ексклузивен договор за соработка со Capital transfer doo претставник на Ria Money Transfer, една од водечките глобални мрежи за парични трансфери. Со потпишувањето на овој договор, клиентите сега ќе можат да испраќаат и примаат пари преку Ria – една од најбрзорастечките мрежи за парични трансфери во светот, присутна во над 190 земји и со повеќе од 500.000 локации глобално. Услугата ќе биде достапна преку Flex Pay, а активностите ...
Халкбанк АД Скопје донесе одлука за намалување на дел од своите тарифи, во согласност со променетиот тарифен модел на Народната банка на Република Северна Македонија. Со оваа одлука значително се намалуваат надоместоците за услугите за граѓаните и компаниите, при што клиентите ќе добиваат уште поповолни услови за извршување на финансиските трансакции. И досега, Халкбанк во многу сегменти нудеше атрактивни услови во однос на тарифите. Така, ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху заслужува статус на „воен херој“ и дека самиот е еден од нив, поради одлуката да се испратат американски бомбардери во иранските нуклеарни постројки. Во интервју со радио водителот Марк Левин, Трамп рече дека тесно соработува со Нетанјаху за ослободување на заложниците и го пофали израелскиот лидер како „добар човек и се бори таму“, ...
Неидентификуван предмет паднал преку ноќ во поле со пченка во близина на градот Осина во Полска и експлодирал, а полицијата на местото на настанот пронашла јагленисани метални и пластични остатоци. Во инцидентот нема повредени, а прозорците на три блиски куќи биле скршени во експлозијата, пренесува ПАП. „Во полето со пченка пронајдовме изгорени парчиња со различна големина расфрлани во радиус од неколку десетици метри. Станува збор за изгорени ...
Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва, со која дополнително се зајакнува улогата на овој инструмент во поттикнување на штедењето во домашна валута и на подолги рокови. Воедно, овие промени претставуваат и дополнителна поддршка на монетарната политика на централната банка. Со измените и дополнувањата на Одлуката за задолжителна резерва се зголемува стапката на ...
Шест отсечени машки глави се пронајдени на патот што ги поврзува мексиканските држави Пуебла и Тласкала, соопштија локалните власти. Мексиканската полиција не наведе можен мотив за убиствата, ниту ја идентификуваше одговорната криминална група, пишува Би-Би-Си. Сепак, според локалните медиуми, до телата е пронајдено ќебе со предупредувачка порака до соперничките банди, очигледно потпишана од група наречена „Ла Баредора“, односно „чистачот“. Иако ...
На 3 септември, Кина ќе одржи голема воена парада по повод 80-годишнината од победата во Кинеската народна војна на отпор против јапонската агресија и Светската антифашистичка војна, објавија денес високи воени функционери. Претседателот Си Џинпинг, кој е и генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и претседател на Централната воена комисија, ќе ги провери формациите на војниците по должината на авенијата ...
Регионалниот пат Македонски Брод – Скопје и натаму се затворен за секаков вид на возила поради пожар во Националниот парк „Јасен“, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез е околу 30 минути, на ГП ...
ОВЕН Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и се посветите на саканата личност ако сакате вашиот однос да води до брак и заедница во иднина. Најдете време за одмор. БИК Можеби очекувате премногу на деловно поле од денешниот ден. Не би било добро да се залетувате со вложувања. Поработете на комуникацијата со партнерот за да се подобри односот. Можни се проблеми со срцето. ...
Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран покрај источниот брег на Камчатка. Сеизмолозите регистрирале подземен земјотрес во Тихиот Океан источно од Камчатка со магнитуда од 5,4 степени, соопшти огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките, пренесува РИА Новости. Епицентарот на сеизмичкиот настан се наоѓал во водната област, на 205 километри од Петропавловск-Камчатски. ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес објави дека Самитот на Алијансата во 2026 година ќе се одржи на 7 и 8 јули во Претседателскиот комплекс Бештепе во Анкара, Турција, соопшти НАТО. „Би сакал да ѝ се заблагодарам на Турција за домаќинството на овој важен состанок. Турција е силен сојузник на НАТО повеќе од 70 години и даде непроценлив придонес за нашата заедничка безбедност“, рече Руте. Според него, на претстојниот самит, лидерите ќе ...
Во текот на денешниот ден до 18 часот на територијата на Македонија има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, а изгаснати се 6 пожари, информираат од ЦУК. АКТИВНИ 2 1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума). 2. Општина Студеничани :с.Калдарец-Китка (мешана вегетација) ИЗГАСНАТИ: 6 1 Општина Битола: с.Српци (ниска вегетација); 2 Општина Струмица : с.Банско (депонија) 3. Општина Брвеница : с. ...
Изградбата на Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на Плоштад Скендербег стануваат реалност. За овие крупни проекти се обезбедени 65 милиони евра од државниот буџет, соопшти првиот вицепремиер Изет Меџити. Според него, реализацијата на овие проекти ќе започне многу скоро. „Сè е подготвено за нивниот почеток. Овие инвестиции ќе донесат долгорочни придобивки за студентите, граѓаните и економскиот развој на Скопје. Во таа ...