Министерството за здравство информира дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите во врска со работењето на Стоматолошката комора, се доставени до Јавно обвинителство на РСМ за натамошно рагледување и постапување, согласно законските надлежности. Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното овластување на Стоматолошката комора од 25.02.2025 година, ...

Со краткиот филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот дански „Само на земјата“ на Робин Петре, синоќа во Куршумли ан во Скопје, започна шеснаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Отворањето беше збогатено со изложба на фотографии од Томислав Георгиев, создадени во рамки на Патувачкото кино на МакеДокс во Кочани. Оваа година, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со гордост е партнер на ...

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија. Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради: Во моментов се во ...

На 21.08.2025 во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од ...

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас. Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин. Операцијата беше во два акта – во вториот имаше пластична ...

Променливо облачно со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со услови за повремен дожд и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен југозападен, а кон крајот на денот северен ветер. T=34°C. ...

Во интервју за NewsMax Balkans, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зборуваше за европската интеграција на државата, регионалните прашања, членството во НАТО, партнерството со ЕУ во сферата на безбедноста и одбраната, како и за странските инвестиции. „Подготвени сме да ги завршиме тешките реформи – и веќе тоа го правиме. Со тоа јасно го демонстрираме стратешкиот правец во кој се движиме. Но време е и Европската ...

Почетокот на вонредната седница на Народното собрание на Република Српска во Бања Лука беше одложен за 11:30 часот поради анонимна дојава за експлозивна направа. Според РТРС, се вршат прегледи и проверки. По дојавата, пратениците, министрите во оставка, новинарите, како и персоналот на Собранието ја напуштија зградата за тековната проверка. Вонредната седница на Народното собрание требаше да започне во 10:00 часот, а на дневен ред е разгледување ...

На 8 септември, Маврово повторно ќе биде центар на спортот, рекреацијата и забавата со традиционалната хронометар велосипедска трка HalkVeloGreen, која Халкбанк веќе шеста година по ред ја организира во рамките на својата „зелена“ платформа ХалкЕко. Настанот е повеќе од спортска трка, тоа е ден исполнет со енергија, дружење, рекреација и уживање во природата. HalkVeloGreen и годинава ќе ги обедини љубителите на велосипедизмот, од најмалите ...

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен секретар на пратеничката група на Нова демократија, почина на 59-годишна возраст, откако доживеа срцев удар на плажа на Халкидики, во близина на Неос Николаос. На Везиропулос одеднаш му се слошило, по што паднал во бесознание. Неговите роднини веднаш повикале брза помош, и бил префрлен во Здравствениот дом „Агиос Николас“, но лекарите не успеаја да го спасат. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер го прогласи за отворено 64. издание на Струшките вечери на поезијата и во рамки на свеченото отворање на фестивалот го проследи Меѓународното поетско читање – „Поетски меридијани“. Во своето обраќање, таа ја нагласи историската важност на фестивалот и потсети на 1961 година, кога група македонски поети се собрале за да ја одбележат 100-годишнината од објавувањето на Зборникот на браќата ...

На 21.08.2025 Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено и казниво по член 193-а став 3 од Кривичниот законик. По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на ...

Во најновата информација за пожарите утрово, до седум часот имало активни осум пожари на територијата на Македонија. Изгаснати се 19 пожари, додека нема пожари под контрола. Ова е најновата состојба со пожарите низ земјава: АКТИВНИ: 8 1. Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) 2. Општина Прилеп – с. Беловодица, место викано Ливада и с. Лењиште (букова шума) 3. Општина Долнени – с. Стровија и с. Долгаец (мешана шума) ...

34-годишен полициски службеник го загуби животот синоќа, откако бил застрелан од страна на 18-годишник вооружен крадец, јавува Билд. Крадецот му го грабнал службеното оружје на полицаецот, и го застрелал, по што службеникот им подлегнал на повредите. Инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот во местото Фелклинген во југозападниот дел на Германија во близина на границата со Франција, кога крадецот влегол на бензинска пумпа со намера да ја ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги проверува евиденциите на повеќе од 55 милиони луѓе кои имаат важечки визи во САД, за да утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до нивна депортација. Овој чекор значи заострување на мерките против странците на кои им е дозволено да останат во САД, јавува агенцијата АП. Стејт департментот ѝ соопшти на оваа агенција дека сите носители на американски визи, ...

Силен земјотрес утрово го потресе Мјанмар. Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтер, и се случил утрово нешто пред 5 часот. Епицентрот бил на 36 километри од Мавлаик, град со околу 45.000 жители, додека бил почувствуван и во Индија. Засега нема пријави за жртви или материјална штета. Земјотрес со јачина од 5 степени го погоди и преминот Дрејк, водна површина помеѓу Јужна Америка и Антарктикот, а Чиле најпрво издаде предупредувае за ...

ОВЕН Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе промени нешто што не сте го очекувале, па на крајот сето тоа може да ве збуни. Концентрирајте се на истражување на ситуацијата, особено ако тоа е работа и ако мислите дека нешто треба да биде поинаку. БИК Треба да избегнувате какви било групни финансиски потфати и би било идеално да се држите настрана од какви било ...

Вечерва во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“, Шкендија направи голем чекор кон групната фаза во Лигата на Европа. Првакот во ПМФЛ го совлада бугарскиот првак Лудогорец со 2-1, и оствари голема победа пред реваншот во Разград. Иако губеше со 1-0 по голот на Дуарте со првата шанса на натпреварот, откако претходно Љатифи не реализираше „зицер“ за водство. Дуарте со удар по земја го совлада Гаје и го донесе Лудогорец во предност. Меѓутоа ...

Американскиот Стејт департмент денес воведе санкции против две кинески компании кои управуваат со терминал и складиште за сурова нафта и нафтени деривати, а кои овозможија нелегален увоз на милиони барели иранска нафта преку голем број танкери регистрирани во САД. Според соопштението на Стејт департментот, ова е четврта рунда санкции против кинеските оператори на терминали кои играат клучна улога во иранската мрежа за трговија со сурова нафта ...

На ден 21.08.2025 година, до 21:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои активни се 7, 1 под контрола и 13 изгаснати, велат од ЦУК. АКТИВНИ: 7 1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) 2. Општина Струга: с. Подгорци (нискостеблеста шума) 3. Општина Прилеп: с. Беловодица – место викано Ливада и с. Лењиште (букова шума) 4. Општина Долнени: с. Стровија и с. Долгаец (мешана ...

Апелациониот суд во Њујорк денес ја поништи одлуката за казната во износ од околу 500 милиони долари што му беше изречена на американскиот претседател Доналд Трамп во граѓанска тужба за измама покрената од државниот обвинител на Њујорк, Летиша Џејмс. Денешната одлука, според CNN, значи дека Трамп останува одговорен за измамата и дека казната е укината за да може случајот да продолжи и понатаму да се разгледува во повисоките судови. „Иако ...

На ден 21.08.2025 година, до 18:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, 1 под контрола и 12 изгаснати, информираат од ЦУК. АКТИВНИ: 7 1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) 2. Општина Струга: с. Подгорци (нискостеблеста шума) 3. Општина Прилеп: с. Беловодица – место викано Ливада и с. Лењиште (букова шума) 4. Општина Долнени: с. Стровија и с. Долгаец ...

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП “Табановце” времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез околу 40 минути. На останатите ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, г. Барнабас Биркланд, како и со економскиот советник во Амбасадата, г. Јордан Дамчевски. Целта на средбата беше меѓусебното запознавање и иницирање на разговори за можни облици на продлабочување и унапредување на економската соработка. Во ...

Владата започна процедури за заштита на културното и природното наследство на Охрид. Министерот за култура, Зоран Лутков, од денешниот состанок во Охрид изјави дека се донесени конкретни одлуки, додека институциите се обврзани да достават предлози за измени на законите кои ќе го регулираат урбанизмот и отстранувањето на нелегалните објекти, секогаш во согласност со препораките на УНЕСКО. До јануари 2026 година, заедно со Албанија, треба да ...

Тинејџер од Инверклајд, Шкотска, кој планирал масовно убиство со палење џамија, денес е осуден на 10 години затвор. Тинејџерот имал 16 години кога бил уапсен во јануари откако полицајците го пронашле на пат кон џамија во Инверклајд, каде што имал намера да запали, која се надевал дека ќе биде полна со верници кога ќе ја запали. Тој се изјасни за виновен според Законот за тероризам на Високиот суд во Глазгов минатиот месец и денес е осуден, ...

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје,постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ. Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на ...

Американскиот судија Френк Каприо, ѕвезда на социјалните медиуми и медиумска личност познат како „најљубезниот судија на светот“, почина на 89-годишна возраст, објави неговиот син на Инстаграм профилот на својот татко. „Со длабока тага ја споделувам веста дека мојот татко, судијата Френк Каприо, почина мирно денес опкружен со семејството и пријателите по долга и храбра борба со ракот на панкреасот“, објави неговиот син во видео на Инстаграм на ...

Компаниите сè уште се изјаснуваат за предлогот на Владата парите од „Солидарниот данок“ да им бидат вратени на две рати, во март 2026 и март 2027 и тоа без камата. Дел од фирмите го прфаќаат, други не го прифаќаат понуденото решение. Владата ќе треба да им врати на 156 фирми 49,2 милиони евра, а ако се пресметаат и каматите, односно ако фирмите не се откажат од нив, сумата би се зголемила за дополнителни над 10 милиони евра. „Направивме една ...

Во периодот од 11.08.2025 – 17.08.2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 243 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарници и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани во повеќе градови низ државата, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
89%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
66%
1017
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.14
95%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
89%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
83%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
77%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
100%
1013
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1018
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
100%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.60009

Currency

1.25929