Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Дел од граѓаните се задолжуваат, а дел штедат пари на сметка во банка. Податоците на Народната банка покажуваат дека во јули годинава има годишен раст од 13 проценти и на кредитите и на депозитите. Вкупните кредити во домашните банки во јули достигнаа над 8,54 милијарди евра. Граѓаните се задолжени со вкупно 4,3 милијарди евра, а речиси исто толку 4,2 милијарди е задолжувањето преку кредити на компаниите. „Во јули 2025 година, вкупните кредити ...
Изјавата на министерот за правда Игор Филков дека треба да се размислува за ревидирање на Бадентеровото мнозинство при гласањето, за потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми е опасна идеја. Според него ваквите идеи ќе ги заострат меѓуетничките односи, но и претставуваат директен напад на Охридскиот рамковен договор. „За жал се повеќе им се дава простор на политички сили и на политичари кои имаат опасни идеи и кои мислат дека мултиетничките држави не ...
Денеска (21.08.2025) околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки ...
Голем пожар избувна во поранешниот објект на фирмата „Макотекст“, во близина на кејот на реката Вардар, во скопски Карпош 4. Пожарникаритe добиле пријава за пожарот малку пред 12 часот на пладне, по што веднаш реагирале со 2 противпожарни возила од единицата во Тафталиџе. Кога пожарникарите увиделе дека пожарот веќе земал замав, веднаш побарале дополнителна помош од единицата во Ѓорче Петров. Потоа пристигнала помош и од Автокоманда, како и две ...
Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да се откаже од обидите за организирање билатерална средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, објави „Гардијан“ , повикувајќи се на извори во американската администрација. Според изворите на британскиот весник, Трамп одлучил Москва и Киев сами да ги организираат преговорите лице в лице меѓу претседателите, што, според Трамп, треба да биде следниот чекор кон завршување на војната. Трамп нема да ...
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали се планира набавка на медицински возила со оглед дека сегашните се застарени, посочи дека на последната седница е донесена одлука за отпочнување на набавка за купување на 100 нови модерно опремени амбулантни возила. „Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму ...
Данска планира да го укине највисокиот данок на книги во светот во обид да ги охрабри луѓето да читаат повеќе. Данокот на книги во Данска е 25 проценти, а владата верува дека таквата политика придонесува за растечка „криза на читање“. Министерот за култура Јакоб Енгел-Шмит објави дека владата ќе предложи во својот буџетски план да се укине данокот на книги, што ќе ја чини земјата 330 милиони дански круни (44 милиони евра) годишно, објавува ...
На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с.Велешта, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Е.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама, денеска ги разгледа наводите и прибавените докази, по што против осомничениот одлучи да поведе истрага за продолжено кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот, во периодот од 15.07.2025 до 28.07.2025, со намера да се ...
Халкбанк, преку ХалкЕко платформата за грижа кон природата и заедницата, со исклучително креативен пристап потсетува на иницијативата за засадување на 1.000.000 садници низ државата. „Во Сенка“, краткиот филм со кој банката го поддржа овој проект, е одговор на прашањето што сѐ носи една сенка со себе? „Во Сенка“ преку низа кратки, автентични и искрени моменти опфатени под само едно дрво во текот на само еден сончев ден, ја доловува магијата на ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека пожарот кој попладнево изби во опожарените бараки, познати како „лепенки“, во скопската населба Влае е ставен под контрола. Во гаснењето учествуваа повеќе противпожарни возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, под водство на командантот Звонко Томовски. Благодарение на нивната брза реакција, спречено е ширење на огнената стихија кон соседните ...
Италијанската полиција уапси маж за кој се тврди дека е вмешан во бомбардирањето на гасоводите „Норд стрим“ во Балтичкото море, соопшти Федералното обвинителство, пренесува Билд. Апсењето се случило во покраината Римини. Мажот бил украински државјанин Серхиј К. Ова лице е обвинето за поставување на експлозиви на гасоводите „Норд стрим1“ и „Норд стрим 2“ во близина на данскиот остров Борнхолм во Балтичкото море во септември 2022 година. Серхиј ...
Поради силни турбуленции на летот на „Ер Франс“ помеѓу Париз и Ајачо на Корзика, повредени се пет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот, јавува денес телевизијата BFM. Ербасот А320 со 143 патници вчера се најде во зона на грмотевици на голема надморска височина, што радарот на авионот претходно не го регистрирал, каде што наишол на силни турбуленции, а инцидентот се случил додека екипажот проверувал безбедносни појаси. Кога пристигнале на ...
Директорот Гоце Димовски заедно со амбасадорот во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски денес во Загреб оствари средба со Матија Шешок, претседател на управниот одбор на хрватската компанија Елка, која е дел од Искра групацијата. На средбата се разговараше за потенцијалните можности за изградба на нова фабрика за електрични кабли во рамките на ТИРЗ, која би била специјализирана за производство на високонапонски до екстремно високо напонски кабли. ...
Руски борбен дрон „Шахед“ летал над Полска околу два и пол часа пред да се сруши, објави украинскиот портал „Милитари“, специјализиран за воени теми. Според анализата на украинскиот надзор на воздушниот простор, дронот прелетал над регионите Житомир, Хмелницки, Тернопол и Лвов во Украина во ноќта од вторник кон среда, а потоа влегол во Полска. Растојанието од границата до местото на падот во селото Осини е околу 200 километри. Со оглед на ...
Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два „Ролекс“ и еден „Омега“ часовник со вкупна вредност од 2,34 милиони денари или 38 илјади евра. Против лицето е поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело – криумчарење. Непријавените часовници, Rolex Submariner, Rolex Sky-Dweller и Omega Speedmaster, се пронајдени при детален ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва ќе се обрати и ќе го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата, коешто се одржува под нејзино покровителство. Во рамките на свеченото отворање на фестивалот ќе бидат одржани „Поетските меридијани“, коишто ќе започнат со претставување на добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2025 година, словачкиот поет Иван Штрпка. На Меѓународното поетско читање на првата ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека Украина е подготвена за билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, но дека таа не може да се одржи во Москва. „Веднаш одговорив на билатералната средба. Ние сме подготвени. Но, што ако „Русите“ не се подготвени? Европејците го покренаа ова прашање. Ако „Русите“ не се подготвени, тогаш би сакале да видиме силна реакција од Соединетите Држави на ова“, рече Зеленски на ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против шест полициски службеници и две други лица. Од обезбедените докази произлезе дека првообвинетиот заедно со уште две лица, за кои истражната постапка е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. ...
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам. Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – ...
Индиските власти објавија дека успешно извршиле тестирање на балистичката ракета со среден дострел „Агни-5“, која во иднина ќе може да носи нуклеарна боева глава и да погоди цели на територијата на Кина. Тестирањето било извршено во средата во источната држава Одиша, а според официјалното соопштение, сите технички и оперативни параметри биле успешно потврдени, пренесува британскиот Гардијан. „Агни-5“ е дел од серијата индиски балистички ракети ...
Федералниот апелационен суд на Соединетите Американски Држави ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја поништи привремената заштита од депортација и работните дозволи за повеќе од 60.000 имигранти од Никарагва, Хондурас и Непал. Пресудата на Апелациониот суд за Деветтиот округ веднаш ги поништува заштитите за непалските државјани, чиј статус истече на 5 август, додека заштитата за имигрантите од Хондурас и Никарагва ...
Овен Четврток ви носи освежителна мешавина од социјална радост и олеснување. Очекувајте контакт со стари пријатели или роднини што ќе ве исполни со топлина. Енергијата на денот ве турка кон нови кариерни предизвици – не двоумете се да го направите смелиот чекор за кој размислувате со недели. Дарежливоста во романтичните врски ќе ве награди на неочекувани начини, а хуморот ќе создаде пат кон посилна интимност. Бик Четврток ве поканува да ги ...
Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени. Во петок и сабота во западните и северните делови ...
Литванија би била подготвена да придонесе со војници и опрема за која било мировна мисија во Украина, изјави претседателот Гитанас Науседа во телевизиско интервју во среда. „Подготвени сме да придонесеме со онолку војници колку што дозволува парламентот за мировни операции, како и воена опрема“, изјави Науседа за комерцијалната телевизија ТВ3. Во услови на забрзани дипломатски напори за завршување на војната, западните земји разговараат за ...
На граничниот премин Славонски Шамац, полицијата пронашла бисквити со THC кај патник во автобус и ги конфискувала. Како што соопшти Полициската управа Брод-Посавина, ноќта помеѓу 19 и 20 август, полициски службеници провериле автобус со босанско-херцеговска регистрација, возачот, багажот и патниците. Тие пронашле два бисквити кај 24-годишен државјанин на Босна и Херцеговина за кои се сомневале дека содржат THC. „Форензичката истрага ги потврдила ...
РУСИЈА денес соопшти дека им забранува влез на 21 лице кое го обвини за соработка со „деструктивни британски медиуми“ за промовирање антируски наративи. Листата вклучува новинари, експерти и членови на невладини организации. Нивните имиња се приклучуваат на стотици други западни државјани на кои Русија им забрани влез во земјата од почетокот на војната во Украина. Одговор на Британците Овој потег на Русија доаѓа откако Обединетото Кралство ...
На 20.08.2025 година, до 18:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои активни се 4 пожари, 1 под контрола и изгаснати 8 пожари. АКТИВНИ: 4 3.Општина Гостивар: Неготинска петља кон атарот на село Чегране(ниска вегетација); ПОД КОНТРОЛА: 1 ИЗГАСНАТИ: 8 1.Општина Гази Баба: ул.Перо Наков б.б (ѓубриште); 2.Општина Петровец: с.Средно Коњаре (ѓубриште); 3.Општина Петровец: с.Средно Коњаре ( ниска ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал ...
Едно лице загина во бурата што го погоди северниот дел на Италија по продолжениот топлотен бран, објавија денес италијанските медиуми. Четириесетгодишен маж загина откако неговиот автомобил беше однесен од надојдената река Криза во Леонфорте во вторникот, а неговото тело беше пронајдено денес, објави Анса. Спасувачките служби спасија две лица од надојдената река. Heavy storms yesterday unleashed a debris flow in Bionaz, in the north-eastern ...