Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Претседателот на Собранието Африм Гаши најави усвојување на Декларација за фер и демократски избори, која најверојатно ќе се случи на 12 септември, откако претходно партиите ќе стават потпис на неа. Покрај тоа што со нејзиното донесување во Собрание, пораката ќе биде посилна и самата Декларација ќе има поголема „тежина“, таа е потребна со оглед на самите сомневања на премиерот Мицкоски дека наводно ДУИ и СДСМ подготвувале таен план за изборите, ...
По двегодишна опсежна предистражна постапка на Управата за финансиска полиција, што се водеше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на денешниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител, Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на општина Липково, Куманово и Желино. Се работи за сложена предистрага која ...
54-годишен хрватски планинар почина во недела попладне на Шкрлатица (2.740 м), вториот највисок врв во Словенија. Алпинистот се лизнал и паднал во клисура, умирајќи на самото место, соопшти денес полицијата во Крањ, пренесува СТА. Според податоците собрани од полицијата, група хрватски планинари се спуштале од Шкрлатица, одејќи по обележана рута на надморска височина од околу 2.100 метри кон планинарскиот дом Аљажев дом, кога еден човек што одел ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила во Македонија. На средбата присуствуваа министерката Сања Божиновска, директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, претставници на Биро за метрологија и Царината како и професорот Дарко Данев кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапат на сила од 1 ...
На видеолотариските терминали во Прилеп, Горан Крстевски го освои Милионер џекпотот во износ од 1.574.742 денари! На видеолотариските терминали во Прилеп, нашиот среќен играч Горан Крстевски го освои Милионер Џекпотот во вредност од 1.574.742 денари! Оваа добивка ја освои на 10.08.2025 година, а тој вели дека среќата, често е на негова страна. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште повеќе радост, ...
Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за ...
Британските служби за итни случаи објавија дека хеликоптер се урнал на островот Вајт, но сè уште не е познато колку патници имало на него, ниту дали има жртви. Несреќата се случила околу 9:24 часот по локално време, а на местото на настанот биле испратени лекари и специјалист за брза помош, пренесува Скај њуз. „Патот е затворен поради бројот на возила за итни случаи на местото на настанот, затоа ве молиме избегнувајте ја областа во овој момент“, ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 % во однос на одлуката од 18.8.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,985%, кај дизелот за ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне наместа облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за локален слаб дожд. Максималната температура ќе достигне од 25 до 32 степена. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. T=31°C. P=982hPa. U=32%. V=3m/s. UV index=6. До петок времето ќе биде претежно ...
SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск го откажа пробниот лет на својата мега-ракета StarShip во неделата, што е уште еден удар за милијардерот по серијата неуспешни тестови проследени со експлозии. „Десеттиот лет на Starship е откажан со цел да се реши проблемот со копнените системи“, објави SpaceX на платформата X. Мега-ракетата треба да биде лансирана од базата на американската компанија во Тексас, на југот на САД. Серија проблеми ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело, нанесувајќи – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Делото го сторил вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. На 23 август попладне оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда. Тој најпрво ...
Патнички авион со руски туристи, кој вчера летал за Санкт Петербург, бил принуден да слета во Естонија поради украинскиот напад со беспилотно летало врз руска територија. „Авионот беше пренасочен кон аеродромот во Талин бидејќи не можеше да слета во Пулково, кој беше привремено затворен“, потврди Маргот Холц, раководителка на комуникациите и маркетингот на аеродромот во Талин. Во текот на ноќта помеѓу саботата и неделата, украински беспилотни ...
Виетнамските власти ги затворија аеродромите, ги прекинаа часовите и евакуираа околу 30.000 луѓе поради тајфунот Каџики. Тајфунот има ветрови до 166 километри на час и се наоѓа на околу 110 километри од северниот дел на централниот брег на Виетнам и се очекува да стигне до копното денес попладне, соопшти Виетнамската метеоролошка агенција, според Ројтерс. „Ова е исклучително опасен тајфун“, се вели во владиното соопштение, во кое се предупредува ...
Земјотрес со јачина од 6,1 степени е регистриран денеска источно од Курилските острови. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил на длабочина од 10 километри, во 06:48 часот по универзално време (UTC). Епицентарот бил на координати 49.392; 160.036, оддалечен околу 420 километри југоисточно од Петропавловск-Камчатски во Русија, град со околу 187.000 жители, и околу 314 километри југоисточно од ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од ...
ОВЕН Работа: Ќе почувствувате притисок брзо да реагирате на промените што доаѓаат, но со трпение ќе успеете да го извлечете најдоброто од оваа ситуација. Ако сте тврдоглави, ризикувате да изгубите важна можност. Љубов: Слободните луѓе имаат шанса да запознаат личност која ќе ги изненади со оригиналност. Здравје: Стресот може да влијае на вашиот стомак, затоа внимавајте на исхраната. БИК Работа: Ќе бидете охрабрени да донесувате одлуки што сте ги ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 ...
Денеска, голем пожар избувна во складиште за приколки во близина на аеродромот Схипхол во Амстердам. Според портпаролот на аеродромот, тој не влијаел на воздушниот сообраќај. „Пожарот во моментов не влијае на воздушниот сообраќај и нема застои. Ја следиме ситуацијата. Доколку е потребно, ќе се префрлиме на друга писта“, изјави портпаролот, објави порталот Parool.nl. Голем број пожарникари се на местото на настанот и се вклучени во гаснењето на ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во неделата ги претстави клучните руски услови за постигнување мир во Украина, предлагајќи безбедноста на земјата да ја гарантира група нации во која би биле вклучени постојани членки на Советот за безбедност на ОН, пишува Ројтерс. Во интервју за американската NBC News, Лавров откри дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за прашањето за ...
Инцидент се случи утрово на фудбалски натпревар помеѓу 15-годишни деца во Штип. Играле пионерските екипи на Брегалница и на Шкупи, а во последните мигови од мечот, кога резултат бил 2-1 во корист на домаќините, неколку родители на фудбалерите на Шкупи влегле на теренот и настанала тепачка, по што две деца завршиле во болница. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро го осуди инцидентот. „ФФМ најостро го осудува инцидентот што се случи ...
Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е што секоја година се обидуваме да иновираме, добро е што другите политички партии од опозицијата можат да следат и да научат нешто ново, коешто, можеби во иднина ќе им биде корисно кога ќе презентираат дел од своите опозициски идеи, коишто, ние како Влада ќе можеме да ги анализираме, дел од нив и да ги ...
Јеменскиот главен град Сана беше погоден од израелски напади во неделата, објави телевизиската станица „Ал Масира“, контролирана од Хутите, два дена откако Хутите испукаа ракета кон Израел. Жителите на Сана изјавија дека нападите биле насочени кон области во близина на претседателскиот комплекс, ракетни бази и електрани. Израелската војска го потврди нападот и изјави дека целите во Сана вклучуваат воен комплекс во кој се наоѓа претседателската ...
Лет од Шпанија до Италија налетал на силни турбуленции, по што летот се претворил во пекол, па пилотот морал итно да го приземји авионот. Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции додека се обидуваше да се упати од Аликанте до аеродромот во Рим Кога авионот извршил итно слетување во Болоња, патниците се „заблагодариле на Бог што се живи“. Снимките од кабината го покажуваат авионот како се тресе силно, ...
Светскиот ден на комарците се одбележува секоја година на 20 август. На овој ден во 1897 година, британскиот лекар сер Роналд Рос открил дека женските комарци од родот Anopheles се преносители на маларија. Ова откритие било клучно за разбирање и контрола на ширењето на болеста и му донело Нобелова награда за медицина во 1902 година. Светкиот ден на комарците се одбележува со цел да се подигне свесноста за опасноста на болестите кои се ...
На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати министерот за транспорт Александар Николоски. Николоски истакна дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се работи на целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје, кое би било готово во периодот 2028-2029 година со што позитивно ќе влијание на бизнис климата во Битола. „Во моментов работиме заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта ...
Три и пол години по почетокот на војната, Володимир Зеленски им го честиташе Денот на независноста на Украинците. „Украина никогаш повеќе не смее да биде приклучена во срамот кој Русија го нарекува „компромис“. Потребен ни е мир. Нашата иднина ќе биде одлучена од нас самите. И цел свет го знае тоа. Ќе создадеме Украина со доволна сила и потенцијал да живее во безбедност и мир. “, вети Зеленски во своето обраќање емитувано на Телеграм. Во ...
На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – 600 милиони евра за развој и локален прогрес имаше претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека има огромна разлика од минатото и сега, каде општините не добивале поддршка од централната власт за капитални проекти а сега со промена на власта се инвестира подеднакво во сите општини, без поделба. „Како што кажа министерот Перински ...
На 23.08.2025 во 12:20 часот на магистралниот пат А2 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Н.Ц.(30) од Кичево. При радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „БМВ“ со кичевски регистарски ознаки со брзина од 125 километри на час во населено место каде брзината е ограничена на 50 километри на час, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Денеска (24.08.2025) во 00:30 ...
На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, дискутираше министерот за локална самоуправа Златко Перински. На самиот почеток Перински објасни за работата на Владата и нејзината поддршката кон општините со цел да се мотивираат градоначалниците и општинската администрација за креирање на проекти согласно потребите на граѓаните. „Оваа Влада даваше средства на сите локални самоуправи на база на проекти коишто ги добивме како инпут од ...
Дваесет патници на „Бритиш ервејс“ мораа да го напуштат летот од Фиренца до Лондон бидејќи авионот беше претежок за полетување. Поради екстремната топлина од 35 степени, воздухот бил поредок, па на авионот му било потребно дополнително гориво, што го намалило бројот на патници што можеле да останат на летот. „Пилотот рече дека луѓето морале да излезат поради екстремната топлина. Беше околу 35 степени и беше потребно дополнително гориво за ...