Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Скопје-Петровец со минус два степени беше најстуденото место утрово. Во Штип, Струмица, Крушево и Маврово во 8:30 часот беа измерени -1 степен. Нула степени беа измерени во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија, додека еден степен во Виница и Берово. Најтопло утрово беше во Гевгелија, каде беа измерени пет степени. Дожд во изминатите 24 часа имаше во Маврово и Попова Шапка, каде наврнаа 1 литар на метар квадратен. Времето ...
Овен Денес е идеален ден да забавите и да се посветите на себе. Вашето тело бара одмор, па трудете се да не се форсирате со физичка активност. Опуштање со лесна прошетка или медитација може да ви донесе внатрешна рамнотежа. Бик Вашето тело и ум денес бараат хармонија. Најдете време за уживање во омилената храна, но внимавајте да не претерате. Масажа или престој во природа може позитивно да влијае на вашето расположение и енергија. Близнаци ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека благодарение на активната дипломатија, сосема е реално во наредните денови да бидат финализирани чекорите за да се утврди како да се „заврши војната со достоинство“. Според него, вечерва, по американско време, украинската делегација треба да пристигне во Соединетите Американски Држави, а дијалогот ќе продолжи врз основа на точките од Женева, пренесува Укринформ. „Дипломатијата ...
Јавниот долг во третиот квартал од годинава, во јули, август и септември се зголеми за 16 милиони евра или за 0,1 насто повеќе во споредба со вториот квартал. Изнесува 57,6 отсто од бруто домашниот производ или во апсолутна бројка 9 милијарди и 730 милиони евра. Но, вистински предизвик за владата ќе биде како ќе се сервисира јавниот долг во наредните пет години, кога ќе треба да се вратат околу 6 милијарди и 680 милиони евра и тоа само како ...
УЈП ГИ ЧЕШЛА ПРИЛИВИТЕ ОД СТРАНСТВО НА ГРАЃАНИТЕ НА „МЕТА“ ТИЕ ОД 2020 ГОДИНА – ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВААТ И ТИЕ ДО СЕГА Управата за јавни приходи ги „чешла“ приходите од странство на нашите печалбари, но и на тие тука, кои имаат приливи од работа за странство. На „мета“ во првата фаза се приливите за периодот од јуни до крајот на 2020 година. А ќе се проверуваат и приходите од 2021 година до сега. До нашата редакција реагираа граѓани кои се ...
Најмалку 19 лица загинаа кога брод во Конго се преврте на езерото Маи-Ндомбе поради силни ветрови, изјави гувернерот на покраината Маи-Ндомбе. Бродот се движел од селото Кири кон Киншаса во петокот вечерта кога, според локалните власти, еден од неговите два мотори откажал поради бурни ветрови, што предизвикало бродот да се преврти, објави Ројтерс. Девет тела беа пронајдени првиот ден, а уште 10 следниот ден, додека 82 патници преживеаа, ...
Обилните врнежи од дожд кои во последните денови го зафатија источниот регион утрово предизвикаа поплавување на простории и дворови во повеќе објекти на различни локации во Општина Чешиново-Облешево, вклучително и во селата Чешиново, Облешево и Чифлик, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али. Али вели според информациите од градоначалникот на општината, локалната самоуправа со сите расположливи ресурси активно интервенира на терен. Во ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето. Првиот зафат е поради уличен дефект на ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервисот „Топал“. Во периодот од 11:00 часот, па сè до отстранување на дефектот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: Хо Ши Мин, Марко Крале, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека воздушниот простор над и околу Венецуела ќе биде целосно затворен. „Порака до сите авиокомпании, пилоти, дилери на дрога и трговци со луѓе: Ве молиме размислете за целосно затворање на воздушниот простор над и околу Венецуела“, објави Трамп на својата мрежа Truth Social. Администрацијата на Трамп има намера да воведе нови мерки за борба против трговијата со дрога, обвинувајќи го ...
Институтот за јавно здравје информира дека анализите на мострите од вода земени од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се целосно завршени и покажале дека сите параметри се во рамки на дозволените референтни вредности. Според ИЈЗ, во водата не се пронајдени тешки метали, а физичко-хемиската и микробиолошката анализа се уредни. Спротивно на тоа, резултатите од мострите од храна и работни површини во кујната на училиштето, како и во повеќе ...
НЛБ Банка го одбележа својот 40-годишен јубилеј со спектакуларен гала концерт. Настанот, одржан во присуство на претставници на институциите, партнери, соработници, клиенти, колеги и истакнати поединци, заслужни за незапирливиот раст на Банката беше незаборавна прослава посветена на четирите децении извонредност и партнерства. На коцертот настапи најголемиот македонски музички амбасадор, пијано-маестро Симон Трпчески, во придружба на ...
Грчката даночна администрација (AADE) откри и заплени 8.000 забранети ветеринарни вакцини против овчи сипаници, транспортирани од Турција. Вакцините со ознаки POXDOLL и POXVAC беа пронајдени на царината Кипон, скриени под резервната гума и во личниот багаж на патникот, пишува „Катимерини“. Во соработка со ветеринарните инспектори на Министерството за рурален развој и храна, беше утврдено дека станува збор за вакцина која е забранета во ЕУ ...
На 28.11.2025 година на Граничен премин Стар Дојран лишени од слобода се три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи”. Од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и полициски службеници од Фронтекс, во три одделни ...
Променливо облачно со сончеви периоди. На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. T=9°C. P=988hPa. U=80%. V=3m/s. До вторник ќе биде претежно облачно и ...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, континуирано инвестира во унапредување на инфраструктурата, услугите и современо патничко искуство на двата аеродроми во земјава. Во 2025 година на Меѓународниот Аеродром Скопје реализирани се значајни проекти со инвестиции во вкупен износ од 3,8 милиони евра со една цел – подобрување на ефикасноста и квалитетот на услугите и зголемување на удобноста за патниците. ...
За време на масовниот напад врз Украина во текот на изминатата ноќ и утрово, Русите лансираа околу 36 ракети и речиси 600 дронови, изјави претседателот на таа земја, Володимир Зеленски. „Главните цели на нападот беа енергетски и цивилни објекти, а голема штета беше предизвикана и од пожарите во станбените згради. Засега е познато дека десетици луѓе се повредени, а тројца се убиени“, рече Зеленски, пренесува „Униан“. Тој нагласи дека е ...
Европската авијациска корпорација „Ербас“ ги извести авиокомпаниите дека итните поправки на некои од нејзините авиони „А320“ поради софтверска грешка би можеле да се извршат порано отколку што првично се сметаше, потврдија денес извори од корпорацијата. Иако останува фактот дека околу 6.000 авиони имаат потреба од поправка, се проценува дека бројот на авиони на кои им е потребна долгорочна промена на хардверот наместо брзо решение на ...
Поради два беспилотни летала што нелегално прелетаа над северна Молдавија синоќа, целиот воздушен простор на земјата беше привремено затворен синоќа, кој беше повторно отворен во 1:27 часот, освен над северниот регион, објавија властите на земјата. Според властите, два беспилотни летала, кои не беа откриени на радарот, го преминаа воздушниот простор на Молдавија во правец на регионот на левиот брег на Днестар, објавува молдавскиот портал ...
Со засилена динамика продолжуваат градежните активности на автопатот Охрид – Кичево, особено на најтешкиот планински дел од трасата, објави на својот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој сподели и видео од теренот, на кое се гледаат активностите за стабилизација на најпроблематичните косини. „Интензивна работа на најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево. Со нови проекти се работи на целосно ...
Студено утро ја разбуди земјата, со минимални температури кои на поединечни места се спуштија и под нулата. Најниски вредности од -1 степен се измерени во Маврови Анови, Лазарополе и Пожар. Нулата ја бележат Пожаране и Крушево, додека 1 степен регистрираа Крива Паланка. Температура од 2 степени имаше во Претор, Охрид, Тополчани, Куманово и Виница. Утрински 3 степени измерија Тетово, Штип, Прилеп, Берово и Скопје – Зајчев Рид, а 4 степени ...
На 29 ноември 2025 година, од 08:30 часот, магистралниот пат Куманово–Крива Паланка е целосно затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода што се случила утрово. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот и утврдување на причините за несреќата. Од полицијата апелираат возачите да користат алтернативни патни правци и да возат внимателно. Дополнителни информации за нормализирање на сообраќајот ќе бидат објавени по ...
Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На работа не оди се баш како што сте замислиле, но обидете се да не се нервирате за работи на кои не можете да влијаете. Стресни сте, најдете начин да се опуштите. Бик Некои тајни кои неодамна излегоа на виделина ве вознемируваат, но обидете се повеќе да се фокусирате на иднината, а помалку на минатото. Внимавајте кому верувате ...
Британската служба за цивилно воздухопловство (CAA) денес објави дека се очекуваат можни прекини во работењето на авиокомпаниите и летовите во Велика Британија поради голема промена на софтверот на значителен број авиони Airbus A320. „Информирани сме за проблем што може да влијае на некои авиони од серијата A320 и за превентивната мерка што ја презеде Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA)“, изјави директорот за ...
Рускиот претседател Владимир Путин ќе го прими специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, во првата половина од следната недела, објави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Украина е во длабока криза и дека корупцијата во таа земја е поврзана со пари наменети за војна. „Во првата половина од неделата. Ќе го објавиме точниот датум навремено“, изјави Песков за новинарите, одговарајќи ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио веројатно нема да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО на 3 декември во Брисел, што претставува невообичаено отсуство за највисокиот американски дипломат од клучниот трансатлантски собир, дознава Ројтерс од два американски извори. Заменик-државниот секретар Кристофер Ландау ќе ги претставува Соединетите Држави, изјави еден од функционерите, кој инсистираше на ...
Управата за јавни приходи е задоволна како ги собира даноците, иако кај данокот на личен доход има значително отстапување од планираното за периодот јануари – октомври 2025 година. Задоволството на Управата е затоа што собрале повеќе пари во споредба со истиот период лани. Но, ако се погледнат бројките за 2025, кај персоналецот има потфрлање за околу 8. процентни поени (п.п.) од она што би претставувало идеално собирање за 10 – те изминати ...
Турската компанија „Трибека“, која обезбедува услуги за сите бродови што се закотвуваат во турските пристаништа, денес објави дека машинската просторија на танкерот „Каирос“, кој се наоѓал во Црното Море северно од Босфорскиот теснец, била погодена од експлозија и пожар, и дека се сомнева дека експлозијата е предизвикана од мина. Танкерот што пловел под знамето на Гамбија бил на околу 52 милји северно од Босфорот кога се случил инцидентот, ...
На 28.11.2025 год во 17:45 часот Регионалниот пат Р1105 делница с.Јосифово с.Пирава поточно кај место м.в Калковска Река поради обилни врнежи од дожд, повторно надојдена Калковска Река, сообраќајот е пренасочен за сите видови на моторни возила и е пренасочен према Маг. пат А1 од с.Удово кон с.Марвинци. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително ...
Попладнево во Загреб била нападната една часна сестра која, според првичните информации, е повредена со остар предмет, соопшти загрепската полиција. Повредената часна сестра е префрлена во една загрепска болница, пренесува порталот Index.hr. Полицијата била известена за нападот од лекарите од болницата веднаш по приемот на повредената сестра. За сега нема повеќе информации за околностите на нападот, мотивите или сериозноста на повредите, а ...
Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан. По долгата, па и маратонска евроинтеграција, заедничката географија, историја и култура треба да се заокружат со отворање на вратите за членство на балканските држави, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Балканскиот форум за интеграција 2025, во Црна Гора. Таа укажа дека пристапувањето мора да биде кредибилен процес заснован единствено на Копенхагенските критериуми, а ...